Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-library7087nb4bdemu2uvm2fJ

Тројца кувајтски војници повредени по напад врз база со американски персонал

Тројца припадници на вооружените сили на Кувајт се повредени во напад врз воздухопловна база во која престојува американски персонал, соопшти кувајтското Министерство за одбрана. Нападот се случил, како дел од иранската одмазда по американско-израелските удари.Портпаролот на Министерството, полковник Сауд Ал-Атван, изјави дека војниците биле повредени од остатоци што паднале врз базата „Али Ал Салем“, откако противвоздушната одбрана пресретнала балистички проектили и беспилотни летала.„Остатоците паднаа врз воздухопловната база ‘Али Ал Салем’ по пресретнувањето на балистичките проектили и дроновите. Притоа, тројца припадници на вооружените сили се здобија со полесни повреди, а настаната е и одредена материјална штета“, се наведува во соопштението.Освен воената база, напади погодиле и меѓународниот аеродром во Кувајт. Управата за цивилно воздухопловство потврди дека и таму има полесно повредени лица.Претходно, Министерството за здравство соопшти дека вкупно 12 лица се повредени за време и по нападите, но засега не е прецизирано дали во таа бројка се вклучени и тројцата повредени војници.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

ИДФ најави напад врз воена инфраструктура во индустриска зона

Израелски одбранбени сили издадоа итно предупредување за евакуација во индустриска зона во регионот Исфахан во Иран, најавувајќи дека следува напад врз воена инфраструктура.Во објава на социјалната мрежа Икс, на персиски јазик, ИДФ ги повика сите лица кои се наоѓаат во индустриската зона „Г“ во регионот Исфахан веднаш да ја напуштат областа, наведувајќи дека „за неколку минути израелската војска ќе нападне воена инфраструктура во оваа зона“. Со предупредувањето беше објавена и карта со означено подрачје и повторен апел за итна евакуација.Дополнително, ИДФ ги повика жителите на селото Мазраех да останат во своите домови до утринските часови и по нападот да избегнуваат приближување кон индустриската зона.Засега нема официјални информации од иранска страна за евентуални последици од најавениот напад.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj98eg67bvdqb1ak8J9Q

Ердоган: Нападите врз Иран го кршат суверенитетот

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека американско-израелските напади врз Иран претставуваат кршење на суверенитетот на таа држава и, како што рече, се насочени против мирот на иранскиот народ.Во говор одржан во Истанбул, Ердоган посочи дека и иранските напади врз земјите од Заливот се неприфатливи. Тој предупреди дека доколку изостане воздржаност и дипломатија, регионот може да биде „вовлечен во огнен круг“.Турскиот претседател повика на итна акција за спречување на натамошно крвопролевање и најави дека Анкара ќе ги засили дипломатските напори со цел да се обезбеди прекин на огнот и да се обноват преговорите.

Свет | пред 1 седмица

media-library3ite0nhsfkoc9hmp4HD

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски бес“

Американското Централно командување (CENTCOM) објави дека по нападите во Иран нема извештаи за американски жртви или повреди и дека операциите не се загрозени. Штетата на американските објекти е минимална, соопшти CENTCOM на социјалните мрежи.По првиот бран на американски и партнерски напади, силите на CENTCOM успешно се одбранија од стотици ирански ракети и беспилотни летала. Нема извештаи за американски жртви или повреди во борбите. Штетата на американските објекти беше минимална и не влијаеше на операциите“, стои во соопштението.Нападите беа изведени како дел од операцијата наречена „Епски бес“ (Epic Fury). Користено е „прецизно оружје лансирано од воздух, копно и море“ како и „евтини еднопатни јуришни дронови“, се додава во соопштението на Централното командување.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Зошто е толку важен Ормутскиот Теснец

Бродови кои пловат низ Ормутскиот Теснец примаат пораки од Иранската револуционерна гарда во кои стои дека „ниеден брод нема дозвола за поминување“. Ова го изјавил службеник од морската мисија на Европската унија Aspides, пишува Reuters.Ормутскиот Теснец е една од најважните светски патеки за извоз на нафта. Тој ги поврзува најголемите производители на нафта во Персискиот залив – меѓу кои Саудиска Арабија, Иран, Ирак и Обединетите Арапски Емирати – со Оманскиот залив и Арапското Море.Истиот службеник напоменал дека Иран сè уште официјално не ја потврдил таквата наредба. Сепак, Техеран со години се заканува со блокада на овој тесен пловен пат, наведувајќи го како можен одговор на било каков напад.Зошто е толку важен?Ормутскиот Теснец е еден од најважните нафтени коридори во светот и има исклучително геостратешко значење. Светската економија во голема мера зависи од протокот на нафта низ овој пат.Теснецот се наоѓа помеѓу Оман и Иран, го поврзува Персискиот залив на север со Оманскиот залив на југ и Арапското Море. На најтесниот дел е широк само 33 километри, а самиот бродски пловен пат изнесува само 3 километри.Преку Ормутскиот Теснец поминува околу 20% од вкупната светска потрошувачка на нафта. Според податоците на аналитичката компанија Vortex, помеѓу почетокот на 2022 година и минатиот месец, низ теснецот дневно протекувале меѓу 17,8 и 20,8 милиони барели сурова нафта, кондензат и гориво.Членките на OPEC (Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак) најголемиот дел од својата сурова нафта ја извезуваат токму преку овој пат, главно кон азиските пазари. За безбедноста на морската трговија во овој регион одговорна е Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин.Затворањето на теснецот би предизвикало нагло покачување на цените на нафтата и бран на инфлација, како во САД, така и глобално.Иранската нафта исто така излегува на светскиот пазар преку истата рута, а од неговото затварање особено би била погодена Кина, втората најголема светска економија, која купува речиси 90% од иранскиот извоз на нафта, и покрај меѓународните санкции.

Свет | пред 1 седмица

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Ескалација на Блискиот Исток: Над 200 мртви во Иран, напади во Дубаи и Бахреин, сирени низ Израел

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира откако Иран соопшти дека во нападите загинале повеќе од 200 лица, а над 700 се повредени. Според иранската државна агенција IRNA, 53 лица загинале во напад врз училиште за девојчиња.Во нов бран ирански напади погодени се објекти во регионот, меѓу кои хотел во Дубаи и зграда во Бахреин. Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека еден цивил загинал од крш што паднал по пресретнување на проектил.Истовремено, Катар , Кувајт, Јордан и Бахреин наведоа дека пресретнуваат проектили и беспилотни летала истрелани од Иран.Според агенцијата Reuters, во нападите биле убиени ирански министер и висок командант на Револуционерната гарда. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните удари во Техеран биле насочени кон локации каде се собираат високи политички и безбедносни функционери.Сирени за воздушна опасност непрекинато одекнуваат низ Израел, додека тензиите се шират низ целиот регион.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските граѓани: „Се приближува часот на вашата слобода“, изјава што дополнително ја зголеми дипломатската напнатост.Светските лидери во меѓувреме повикаа на итно враќање кон дипломатски решенија и деескалација, предупредувајќи дека постои реална опасност конфликтот да се прошири на поширокиот регион.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvqq5et9fgn288Pl1HUS

Ескалација на Блискиот Исток: Над 200 мртви во Иран, напади во Дубаи и Бахреин, сирени низ Израел

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира откако Иран соопшти дека во нападите загинале повеќе од 200 лица, а над 700 се повредени. Според иранската државна агенција IRNA, 53 лица загинале во напад врз училиште за девојчиња.Во нов бран ирански напади погодени се објекти во регионот, меѓу кои хотел во Дубаи и зграда во Бахреин. Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека еден цивил загинал од крш што паднал по пресретнување на проектил.Истовремено, Катар , Кувајт, Јордан и Бахреин наведоа дека пресретнуваат проектили и беспилотни летала истрелани од Иран.Според агенцијата Reuters, во нападите биле убиени ирански министер и висок командант на Револуционерната гарда. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните удари во Техеран биле насочени кон локации каде се собираат високи политички и безбедносни функционери.Сирени за воздушна опасност непрекинато одекнуваат низ Израел, додека тензиите се шират низ целиот регион.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските граѓани: „Се приближува часот на вашата слобода“, изјава што дополнително ја зголеми дипломатската напнатост.Светските лидери во меѓувреме повикаа на итно враќање кон дипломатски решенија и деескалација, предупредувајќи дека постои реална опасност конфликтот да се прошири на поширокиот регион.

Свет | пред 1 седмица

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Затворен Ормутскиот Теснец, Иран ја блокира клучната нафтена рута

Иранската револуционерна гарда го затвори Ормутскиот Теснец, што доведува до зголемување на цените на нафтата и преиспитување на транзитните политики.Иранската револуционерна гарда упати порака до бродовите дека не можат да поминат низ Ормутскиот Теснец, пренесува агенцијата „Тасним“.Претходно беше соопштено дека поголем број танкери за нафта или гас ја избегнуваат пловидбата низ Ормутскиот Теснец, кој го поврзува со нафта богатиот Персиски Залив со Индискиот Океан.Танкери со нафта и гас се натрупуваат и внатре и надвор од влезот во теснецот, при што некои сопственици ја преиспитуваат својата политика за транзит, а други одобруваат пловидба на своите бродови, но со зголемена претпазливост, пренесуваат западни медиуми.Ормутскиот Теснец е едно од најголемите жаришта во периоди на тензии со Иран, бидејќи секојдневно низ оваа рута поминува една петтина од светската морска нафта и течен природен гас.Што ќе се случи со цената на нафтата?До поголем и подолготраен раст на цените на нафтата би дошло доколку биде прекината нафтената инфраструктура или испораките, на пример поради попречување на танкерскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец.Низ Ормутскиот Теснец секој ден поминува околу 20% од светската испорака на нафта. Извозниците од Блискиот Исток – Саудиска Арабија, Ирак и Обединетите Арапски Емирати – најголемиот дел од извозот го испраќаат токму по овој правец.Аналитичарите претходно наведоа дека Иран нема мотив да се обиде да го затвори теснецот, бидејќи со тоа би го прекинал сопствениот извоз и би му наштетил на својот единствен голем купувач – Кина. Сепак, според сè изгледа Ормутскиот Теснец е затворен.Поширока војна што би вклучувала иранско попречување на танкерскиот сообраќај би можела да ја подигне цената на суровата нафта над 90 долари за барел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Иран: Над 200 загинати во нападите, повеќе од 700 повредени

Вечерва низ Иран се слушнале нови експлозии, а според првите извештаи погоден е и главниот град Техеран. Еден сведок за BBC Persian изјавил дека се слушнала силна детонација во западниот дел на Техеран, додека новинарите на агенцијата AFP јавиле за „низ нови експлозии“ во главниот град.За експлозиите во Техеран известила и иранската државна новинска агенција IRNA. Истовремено, иранската агенција Fars јавува дека два кварта во јужниот град Бушехр, каде што се наоѓа нуклеарната електрана, „биле цел на проектили“, пренесуваат светските агенции.Непосредно по веста за експлозиите, Израелските воздушни сили се огласиле на социјалната мрежа X. Во објавата стои дека „покренале уште еден воздушен напад и напаѓаат места за лансирање проектили и одбранбени системи во централен Иран“.Според податоците на Иранскиот Црвен полумесец, повеќе од 200 лица загинале, а 747 се повредени низ 24 провинции во настаните кои таа организација ги опишува како американско-израелска агресија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg8lou0s5brkc2Z9uAvD

(Видео) Портпаролот на иранското МНР: Не сум во позиција да потврдам дали членовите на иранското раководство се живи

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи изјави дека „не е во позиција да потврди“ дали членовите на највисокото иранско раководство, кои беа мета на нападите на САД и Израел, се се уште живи.Неговата изјава следи по изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи за NBC News, кој рече дека според неговите сознанија, врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи „е жив“, но дека Иран „можеби загубил еден или двајца команданти“, пишува BBC.По извештаите дека канцелариите и резиденциите на Хамнеи биле цели на нападите, главната меѓународна дописничка на BBC News, Лајс Дусет, побара од Багаеи да ги потврди или негира тие тврдења.Можам да ви кажам дека беа погодени многу места и многу цели низ целата земја“, одговори Багаеи, тврдејќи дека повеќе од 150 девојчиња биле убиени и осакатени во нападите.

Свет | пред 1 седмица

media-library4qhum85p2t5a1ZLreaW

(Видео) Израел објави снимка: 200 борбени авиони ја извршија најголемата воздушна операција

Околу 200 израелски борбени авиони извршија најголема воздушна операција во историјата на израелските воздухопловни сили, напаѓајќи ракетни и противвоздушни системи во западниот и централниот дел на Иран, изјави портпаролот на израелската војска.Портпаролот објасни дека операцијата ја воделa воената разузнавачка служба и воздухопловните сили. Според неговите зборови, биле фрлени стотици муниции врз речиси 500 цели, меѓу кои имало и лансери на ракети.Тој нагласи дека целта на нападот била да се прошири воздушната супериорност на Израел над Иран и да се нанесе штета на клучните офанзивни капацитети, вклучувајќи и лансирни места на западот на земјата.Како една од погодените цели, портпаролот го наведе Тебриз, каде што единица за ракети планирала да лансира десетици проектили кон Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryi9h5ie339pu46ekFhCe

(Видео) Погодена висококатница во Бахреин

Вo градот Манама во Бахреин се нападнати неколку станбени згради, потврдија властите.Екипи на Цивилната заштита се на терен и спроведуваат операции за гасење на пожари и спасување на погодените локации.Снимка која се шири на социјалните мрежи прикажува експлозија во висококатница која се наоѓа во близина на седиштето на 5. флота на американската морнарица.Иранските медиуми тврдат дека дрон погодил главно командно седиште на американската морнарица.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Агенција за атомска енергија: Не е регистриран никаков радиолошки ефект од нападите врз Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) изјави дека не регистрирала никакви „радиолошки“ ефекти од американските и израелските напади врз Иран или одмаздничките акции на Иран во други земји од регионот, иако не е наведено дали биле таргетирани иранските нуклеарни постројки.IAEA внимателно го следи развојот на настаните на Блискиот исток и повикува на воздржаност за да се избегнат нуклеарни безбедносни ризици за луѓето во регионот. IAEA е во постојан контакт со земјите од регионот и до сега нема докази за какви било радиолошки ефекти, објави на X Меѓународната агенција за атомска енергија.Соединетите Американски Држави и Израел нападнаа Иран, со што започна нов судир на Блискиот исток.

Свет | пред 1 седмица

mnr-5-1

МНР: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата на Блискиот Исток и е достапен 24 часа

Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани.Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.Министерството, со сите свои капацитети и преку дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање на македонските државјани и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите релевантни информации и понатамошни насоки.Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:Министерство за надворешни работи и надворешна трговијаТел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Македонија | пред 1 седмица

media-library7f5dhsn7k0s2bgVwh9i

Муцунски во разговор со израелскиот колега: Поддршка за координираните напори на САД и Израел кон Иран

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари конструктивен телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саʼар.Во разговорот беше реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања