Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-libraryfhd441dhdgj04DJpbcJ

(Видео) Експлозии и сирени во Доха, Дубаи и Тел Авив

Во Доха, Дубаи и Тел Авив се слушаат експлозии и сирени за воздушна тревога, јавуваат тимовите на CNN од терен во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Израел. Новинарите и продуцентите од своите редакции известуваат за вознемирувачки звуци и сцени.Новинарите во Дубаи пријавиле дека се слушнале „неколку силни експлозии“.Во меѓувреме, вработени во CNN во Доха виделе проектили како го осветлуваат ноќното небо. Тие споделија и снимка на која јасно се слушаат далечни детонации.

Свет | пред 1 седмица

media-library13lveq5j8sv000xKhVQ

Иран ги демантира тврдењата за смртта на Ајатолахот: Лидерот на револуцијата е стабилен и цврсто командува на терен

Ирански извори демантираат дека Ајатолахот е убиен.„Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен и цврсто командува на терен“, изјави извор од иранските државни медиуми блиску до канцеларијата на Хамнеи.„Непријателот прибегнува кон ментална војна, сите треба да бидат свесни за тоа“, додаде шефот за односи со јавноста во канцеларијата на иранскиот врховен лидер.Претходно портпаролот на Израелските одбрамбени сили (IDF) изјави дека, „одреден број од највисоките ирански лидери“, вклучувајќи го и командантот на Револуционарната гарда, биле „цел“ на заедничките американско-израелски напади.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaqrs41050bvm4rI5Ods

(Видео) Прослава во Техеран по гласините за смртта на врховниот лидер

Во одредени квартови на Техеран вечерва започна прослава откако се проширија непотврдени вести за смртта на врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи.Како што јавуваат извори, на улиците одекнуваат од сирени на автомобили и радосни повици.Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека постојат „сè повеќе знаци“ дека врховниот лидер на Иран „не е повеќе жив“, но таа информација сè уште не е официјално потврдена, пишува BBC Persian.

Свет | пред 1 седмица

sad

Стејт департментот издаде итно предупредување: Американците ширум светот се во опасност

Американскиот Стејт департмент денеска издаде соопштение во кое им препорачува на граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот да „покажат зголемена претпазливост“ поради американските и израелските воени удари врз Иран.„По започнувањето на американските борбени операции во Иран, Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, треба да ги следат упатствата од најновите безбедносни предупредувања издадени од најблиската американска амбасада или конзулат“, се наведува во предупредувањето објавено на интернет-страницата на Стејт департментот.Се додава дека е можно да дојде до нарушувања во патувањата поради периодично затворање на воздушниот простор на некои земји.САД и Израел рано утрово извршија напади врз Иран во, како што е соопштено, „превентивни напади“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Потоа Иран изврши масовни удари како одмазда врз Израел, како и врз цели поврзани со САД во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

pedro-sances

Санчез остро против нападите врз Иран: „Ескалација што го прави светот понепријателски“

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, остро ги осуди американските и израелските напади врз Иран, оценувајќи дека тие претставуваат ескалација што може дополнително да ја дестабилизира регијата и да придонесе кон „понепријателски и понеизвесен меѓународен поредок“.„Ја отфрламе едностраната воена акција на Соединетите Држави и Израел“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека ваквите потези го поткопуваат меѓународното право и глобалната рамка за неширење оружје.Реакцијата на Мадрид беше подиректна од ставовите на дел од другите европски лидери. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, во заедничка изјава оценија дека ситуацијата е „длабоко загрижувачка“ и повикаа на воздржаност.Францускиот претседател Емануел Макрон нападите ги опиша како „избувнување на војна“ и најави дека Совет за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итна седница.Иако ги осуди нападите, Санчез ја критикуваше и иранската влада и нејзината Револуционерна гарда, повикувајќи на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право.Позицијата на Мадрид се вклопува во пошироката промена на шпанската надворешна политика, со која Шпанија се профилира како еден од најкритичните европски гласови кон политиките на Вашингтон, израелската воена кампања во Газа и репресијата врз протестите во Иран.Во 2024 година, Шпанија ја призна палестинската држава како дел од напорите за решение со две држави, а Санчез активно учествува на самити во арапскиот свет, позиционирајќи го Мадрид како можен посредник во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп: Имам две опции

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека има „две опции“ за развојот на операцијата „Епски бес“, големата воена кампања против Иран што беше започната во раните утрински часови.Во телефонски разговор од Мар-а-Лаго за порталот Аксиос, Трамп изјави дека може да се одлучи за долготрајна стратегија и „преземање контрола над сè“, или за кратка операција што би завршила за два до три дена, по што на Иран би му било порачано дека ќе следуваат нови последици доколку повторно започне со развој на нуклеарна и ракетна програма.„Како и да биде, ќе им требаат години да се опорават“, рече Трамп.Како клучни причини за нападот ги наведе неуспехот на преговорите што ги воделе неговите изасланици Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како и, според него, долгогодишното „деструктивно однесување“ на Иран во изминатите децении.Трамп тврдеше дека Иран започнал обновување на дел од нуклеарните постројки погодени во минатогодишната операција „Дванаесетдневна војна“, иако независни аналитичари засега потврдиле само градежни активности, без докази за обновување на нуклеарната програма.Според висок американски функционер, оперативниот план предвидува масовно бомбардирање во траење од најмалку пет дена, но времетраењето ќе зависи од развојот на настаните на терен.Еден од клучните фактори е судбината на врховниот лидер Али Хаменеи, кој, според израелски извори, бил означен како потенцијална цел во операцијата. Засега нема официјална потврда за неговата состојба.

Свет | пред 1 седмица

media-library65sd3g29rph44Js33zx

Израелски функционер тврди: Хаменеи е мртов, Техеран без потврда

Висок израелски функционер за Ројтерс изјавил дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, е мртов и дека неговото тело било пронајдено.Според тврдењата што ги пренесуваат израелските медиуми, телото на Хаменеи било најдено во урнатините на палата погодена во нападите. Повеќе високи израелски функционери дале слични изјави за различни медиуми, но засега нема официјална потврда од иранска страна.Телевизијата Канал 12 објави дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху наводно му била презентирана документација поврзана со телото на Хаменеи.И покрај овие тврдења што доаѓаат од Израел, од Техеран сè уште нема официјална реакција или потврда за судбината на иранскиот врховен лидер. Ситуацијата останува нејасна, а информациите не се независно верификувани.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Соработниците го молеле Трамп да се повлече од Иран: „Можеме да ја изгубиме власта“

Американскиот претседател Доналд Трамп со одлуката за широки напади врз Иран го презеде најголемиот надворешнополитички ризик во својот мандат, оценува во анализа Ројтерс, додека негови блиски соработници, според истите извори, приватно го предупредувале да се откаже од ескалација.Според анализата, советници на Трамп со недели го поттикнувале да се фокусира на економските проблеми и растечките трошоци за живот, предупредувајќи дека во пресрет на парламентарните избори во ноември Републиканската партија ризикува да го изгуби мнозинството во еден или во двата дома на Конгресот.„Можеме да ја изгубиме власта“, било пораката што ја добивал зад затворени врати.И покрај тоа, Трамп ѝ се приклучи на израелската операција и најави акција под името „Епски гнев“, со ограничено објаснување за целите на интервенцијата. Тој тврди дека ќе ја елиминира заканата од иранските балистички ракети и ќе им даде шанса на Иранците да го соборат режимот во Техеран.Меѓутоа, аналитичари предупредуваат дека идејата за промена на режимот преку воздушни напади е историски тешко остварлива без ангажман на копнени сили. Даниел Шапиро од Атлантскиот совет оцени дека многу Американци ќе се запрашаат зошто САД повторно влегуваат во војна на Блискиот Исток и која е крајната цел.Сомнежи има и околу тврдењата за непосредна закана од ирански проектили кон САД, при што дел од експертите повлекуваат паралели со оправдувањата за војната во Ирак во 2003 година.Во првиот бран напади, според извори, биле таргетирани високи ирански воени и политички функционери. Сепак, врховниот лидер Али Хаменеи не бил во Техеран во моментот на ударите и бил преместен на безбедна локација.Аналитичарите предупредуваат дека дури и евентуално елиминирање на врвот на режимот може да доведе до хаос во земја со 93 милиони жители или до доаѓање на уште порадикална воена структура на власт. „Тешко е да се промени влада од воздух“, оценува Џон Алтерман од Центарот за стратешки и меѓународни студии.Дали Трамп ќе ја плати политичката цена за овој чекор или ќе го претстави како стратегиска победа, ќе зависи од развојот на конфликтот и од тоа дали операцијата ќе остане ограничена или ќе се претвори во долготраен регионален судир.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Трамп во дипломатска офанзива по ескалацијата со Иран: Разговори со Ријад, Доха, Абу Даби и НАТО по нападите

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржал серија телефонски разговори со лидерите на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по ескалацијата на судирот со Иран.Информацијата на социјалните мрежи ја објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, наведувајќи дека консултациите со сојузниците следеле по иранскиот воен одговор на ударите изведени од САД и Израел.Истовремено, беа објавени извештаи за напади врз воени бази лоцирани во Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати, што дополнително ја зголеми загриженоста за ширење на конфликтот во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library705jkjsomcdpdm7t7jO

ЦИА: Ако падне ајатолахот, Иран ќе го преземат тврдолинијашите на Револуционерната гарда

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) процени, пред денешните напади на САД и Израел, дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, веројатно ќе биде заменет од тврдокорни припадници на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) доколку тој почине. Проценките, направени во текот на изминатите две недели, ги разгледаа можните исходи од воена интервенција на САД и нејзиниот потенцијал да предизвика промена на режимот во Исламската Република, за која Вашингтон сега отворено ја прогласи својата цел, објави Ројтерс.Двајца извори, кои зборуваа под услов на анонимност поради чувствителноста на темата, рекоа дека извештаите на разузнавачката агенција не предвидуваат никакво специфично сценарио со сигурност. ИРГЦ е елитна воена сила задолжена за заштита на шиитската клерикална влада на Иран. ЦИА одби да коментира за обвинувањата.Претседателот на САД, Доналд Трамп, со недели најавува дека САД се заинтересирани за промена на режимот во Иран, но не објасни детално кого Вашингтон смета дека треба да ја води земјата. Во видео обраќање рано утрово, Трамп ги нарече властите во Техеран „терористички режим“ и го повика иранскиот народ да ја преземе власта, велејќи дека американските воени напади ќе создадат услови за востание.Нападот на САД и Израел следеше по неколкудневни размислувања во рамките на американската администрација за тоа дали да се интервенира воено по смртоносните протести што избувнаа во Иран во декември. Американските претставници во последните недели се обидуваа да постигнат нуклеарен договор со Техеран за да избегнат интервенција.Државниот секретар Марко Рубио им рече на осум врвни конгресни лидери, познати како „Банда на осумте“, на брифинг минатата недела дека операцијата на САД веројатно ќе продолжи, но дека Трамп сè уште може да се предомисли, особено ако нуклеарните разговори вродат со плод. Тие преговори во Женева на крајот не доведоа до договор. Два познати извори потврдија дека Рубио ја информирал „Бандата од осумте“ во петокот вечерта дека нападот врз Иран веројатно ќе започне во рок од неколку часа, но повтори дека Трамп сè уште може да ја промени одлуката.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg9cfc6fusl884Ccuy0Q

(Видео) Објавени снимки од операцијата: „Епски гнев“ без загуби, минимална штета врз американските бази

Американското Централно заповедништво ЦЕНТКОМ соопшти дека по нападите врз Иран нема извештаи за американски жртви или повредени, како и дека операциите не се нарушени.„По почетниот бран американски и партнерски напади, силите на ЦЕНТКОМ успешно се одбранија од стотици ирански проектили и беспилотни летала. Нема извештаи за американски жртви или повреди во борбите. Штетата на американските објекти е минимална и не влијаеше врз операциите“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи.Нападите биле изведени во рамки на операцијата наречена „Епски гнев“, при што било употребено прецизно вооружување лансирано од воздух, копно и море, како и евтини еднонасочни напаѓачки дронови.Американската војска за првпат во борбена ситуација употребила ваков тип дронови. Во соопштението се наведува дека ударната група „Таск Форс Скорпион Страјк“ првпат во борба користела еднонасочни напаѓачки беспилотни летала. Оваа ескадрила, формирана минатата година, користи летала развиени преку обратен инженеринг на иранскиот дрон „Шахед“, кој американските сили го заплениле пред неколку години.Соединетите Американски Држави и Израел утринава извршија координирани напади врз Иран. Во Техеран се слушнале најмалку три експлозии, а погодени биле и други ирански градови.Претседателот Доналд Трамп изјави дека целта е отстранување на безбедносната закана за САД и отворање можност иранскиот народ да ја смени власта. Израел прогласи вонредна состојба поради очекувана одмазда со дронови и балистички проектили.Иран возврати со ракетни напади кон Израел и врз американски воени локации во Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Катар, со што конфликтот влезе во нова, сериозна фаза на ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-library5nc4soo10qvpb4tZHqq

(Видео) Трамп танцуваше на донаторска вечера во Мар-а-Лаго само неколку часа пред американските напади врз Иран

Само неколку часа пред американската армија да изврши напади врз Иран, Доналд Трамп е снимен како се приклучува на гостите на донаторска вечера во својот комплекс Мар-а-Лаго. Видео-снимки што се појавија го прикажуваат Трамп во опуштена атмосфера веднаш пред воената операција.Едно видео, до кое дојде Daily Mail, го прикажува Трамп како игра во салата за танцување под песната на Ли Гринвуд „God Bless the USA“, додека гостите пеат со него. На друга снимка, објавена од корисникот на Инстаграм Ник Шафер, исто така се гледа како Трамп се движи во ритамот на музиката.Во еден момент се обратил до присутните: „Сите забавувајте се убаво“, рекол Трамп. „Ние мораме да работиме. Јас морам да работам.“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh1mjpo8rj1uvb1MZzC1

Катар ги откажа сите јавни собири

Катар, во интерес на јавната безбедност, ги откажа сите јавни настани и собири, соопшти туристичката заедница на земјата. До понатамошно известување, откажани се и забавите во хотелите и туристичките објекти.Оваа одлука следува по тоа што претходно над Доха беше забележан чад по пријавените ирански ракетни напади.Во соседниот Дубаи исто така беше забележан инцидент, каде избувна пожар близу влезот на хотелот Fairmont The Palm. Пожарот, според извештаите, бил предизвикан од остатоци кои паднале од небото за време на иранскиот ракетен напад.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Техеран: Обвинувањата за нуклеарната програма се неосновани

Иран побара итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија, со цел да се разгледаат, како што наведува Техеран, „неоснованите“ американски и израелски тврдења за неговата нуклеарна програма.Иранската мисија при МААЕ објави на социјалната мрежа Икс дека, „во светло на континуираните акти на агресија на американскиот и израелскиот режим“, е поднесено барање за итна вонредна седница на Управниот одбор на агенцијата. Кон објавата беше приложена и фотографија од официјалното барање.„Одборот мора веднаш да ги разгледа неоснованите тврдења, злонамерните закани и незаконските акти на агресија против иранската мирољубива нуклеарна програма“, се наведува во соопштението.Барањето доаѓа по најновата ескалација на тензиите и нападите изведени во саботата, за кои Техеран тврди дека биле оправдувани токму со обвинувањата за неговите нуклеарни активности.

Свет | пред 1 седмица

media-library2sohldka4ocsaaTvY8q

Светската муслиманска лига остро ги осуди иранските напади: „Предавство“

Светската муслиманска лига (MWL) остро ги осуди, како што ги нарекува, предавничките ирански напади врз регионот Ријад и Источната провинција во Саудиска Арабија. Во соопштението на Генералниот секретаријат на Лигата, овие напади се опишуваат како очигледна агресија која го крши сите верски вредности и меѓународни закони, се наведува во објавата на Светската муслиманска лига.Генералниот секретар на Светската муслиманска лига и претседател на Организацијата на муслимански научници, шеик д-р Мохамед бин Абдулкарим Ал-Иса, ја осуди „оваа очигледна иранска агресија, која ги крши сите верски вредности, како и меѓународните и хуманитарните закони и норми“.Особено истакна дека тоа се случува „во светлината на јасната и одлучна позиција на Кралството Саудиска Арабија во однос на нападите од Иран и искрените и напорни обиди што ги вложи за да го поштеди иранскиот народ и регионот од нивните опасности“.Во име на советот, телата и глобалните собранија на Светската муслиманска лига, како и сите муслимански народи под нејзиното покровителство, Ал-Иса повторно ја потврди целосната солидарност со Саудиска Арабија во сите мерки што ги презема за заштита на својата безбедност.Изрази поддршка за напорите на Кралството да ја заштити „својата безбедност, стабилност и безбедност на својот народ“ и се помоли до Севишниот Бог да го заштити Кралството, неговата земја, водството и народот „од секоја штета и неволја“.Светската муслиманска лига (Muslim World League – MWL) е меѓународна исламска организација со седиште во Мека, основана во 1962 година со поддршка на Саудиска Арабија. Дејствува како покровителска организација која ги обединува исламските институции, научници и хуманитарни организации ширум светот, а формално се занимава со промовирање на исламски дијалог, образование, хуманитарна помош и меѓурелигиска соработка.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања