Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Како е убиен Хамнеи?

Израел и САД го темпирале нападот врз Иран за сабота за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи и неговите соработници, наведуваат два американски извора запознаени со спроведувањето на операцијата.Убиството на човекот кој речиси 40 години владееше со Иран, извршено вчера, беше потврдено во текот на ноќта на државната телевизија. Тоа претставува огромен момент за исламската нација.Израел објави дека, покрај ајатолахот, се убиени и поранешниот главен секретар на Советот за национална безбедност Али Шамхани и командантот на Корпусот на исламската револуционерна гарда Мохамад Пакпур.Два ирански извора изјавија за Ројтерс дека Хамнеи во саботата, непосредно пред почетокот на нападот, на безбедна локација свикал состанок на кој присуствувале Шамхани и актуелниот секретар на Советот за национална безбедност Али Лариџани.Трамп: Не можеше ништо против нашите разузнавачки податоциИранскиот врховен водач бил убиен откако разузнавачките служби го откриле неговото движење, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social.Не можеше ништо против нашите разузнавачки податоци и високо софистицирани системи за следење. Тесно соработувавме со Израел, ниту тој ниту другите лидери убиени заедно со него не можеа ништо да направат“, изјави Трамп.Блискиот Исток во нови судири: Иран возврати со ракети и кон арапските земјиАмериканските и израелските воени удари врз Иран го турнаа Блискиот Исток во нови судири, бидејќи Иран возврати со ракети не само кон Израел, туку и кон арапските земји од Персискиот Залив. Два американски извора и еден функционер, кој сакал да остане анонимен, изјавија дека потврдата за состанокот меѓу ајатолахот и неговите соработници била сигнал за почеток на нападот.Нападот најпрво требало да го погоди Хамнеи за да се постигне елемент на изненадување, додаде тој, но постоела загриженост дека иранскиот врховен водач би можел да избега доколку има можност.Поместување на терминот на нападот поради откриениот распоредАмерикански извор изјави дека споменатиот состанок првично се очекувал во сабота навечер во Техеран, но израелските разузнавачи откриле дека ќе се одржи во сабота наутро, што довело до поместување на почетокот на израелско-американскиот напад.Местото на состанокот не било веднаш познато. Комплексот на Хамнеи во Техеран бил нападнат уште на почетокот на операцијата, а сателитските снимки што ги разгледал Ројтерс потврдиле дека е уништен.Централната разузнавачка агенција на САД уште пред нападот проценила дека, во случај на неговата смрт, ајатолахот би можел да биде заменет со тврдолинијаши од Исламската револуционерна гарда.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf12uaa9i96u2b2ze2jA

По наводната ликвидација на Хаменеи: Дали Израел го преобликува Блискиот Исток?

Во изминатите две години, Израел повеќепати ја демонстрираше способноста да ги досегне и елиминира своите најжестоки противници, со и без директна помош од Соединетите Американски Држави.Од експлозивни уреди до прецизни ракети и бомби за пробивање бункери, израелските операции доведоа до ликвидација или сериозно ослабување на раководствата на Хамас во Газа, Хезболах во Либан, Хутите во Јемен и, според израелските тврдења, врвот на власта во Иран.Она што Техеран го нарекува „Оска на отпорот“, а Израел „Оска на злото“, претрпе сериозни удари. Во меѓувреме, поранешниот сириски лидер Башар ал-Асад се наоѓа во егзил во Москва.За Израел, евентуалната ликвидација на ајатолахот Али Хаменеи би претставувала кулминација на оваа кампања – отстранување на клучната фигура на регионалната антиизраелска алијанса.Израелските власти веруваат дека ја преобликувале геополитичката карта на Блискиот Исток. Воено и стратешки, земјата ретко кога изгледала посилна.Но иднината останува неизвесна. Иран, како голема и историски горда нација, влегува во период на потенцијална внатрешна нестабилност. Социјалните мрежи пренесуваат мешавина од еуфорија и тага, што укажува на длабока поларизација во општеството.Историјата покажува дека елиминацијата на непријателот е само првиот чекор. Управувањето со последиците и спречувањето хаос е далеку посложена задача. Блискиот Исток влегува во нова фаза, чиј исход засега е невозможно со сигурност да се предвиди.

Свет | пред 1 седмица

media-librarypsv3a3ksontf9wRLKmZ

Убиен шефот на иранската војска кој пред пет дена жестоко му се закани на САД

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран, Абдолрахим Мусави, бил убиен во нападите врз земјата.Според извештаите, Мусави бил меѓу околу 30 клучни политички и воени функционери кои наводно биле цел на заедничките американско-израелски удари.Пет дена пред нападите, токму Мусави во име на иранските власти упати една од најострите закани досега кон Соединетите Американски Држави, порачувајќи дека доколку „повторат грешка“, Иран ќе им нанесе тешки загуби.Засега нема независна потврда за информацијата, ниту официјално соопштение од иранското Министерство за одбрана со дополнителни детали за околностите на наводната смрт.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Затворен воздушен простор над Катар, авионскиот сообраќај во застој

Авиокомпанијата Qatar Airways соопшти дека нејзините летови остануваат привремено суспендирани поради затворањето на воздушниот простор над Катар.Од компанијата информираат дека операциите ќе продолжат откако Катaрската управа за цивилно воздухопловство ќе објави дека воздушниот простор е безбедно повторно отворен.Во соопштението се наведува дека нова информација ќе биде објавена утре во 9:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), односно на 2 март.Затворањето на катарскиот воздушен простор доаѓа во услови на сериозна безбедносна ескалација во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

siljanovska-davkova-1

Вонредна седница на Советот за безбедност во Вила Водно по ескалацијата во регионот

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации закажа седница на Советот за безбедност.Седницата ќе се одржи утре, 1 март 2026 година, со почеток во 18:00 часот во Вилата Водно.Како што се наведува во соопштението, на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Македонија | пред 1 седмица

media-library65sd3g29rph44Js33zx

(Видео) Иранската телевизија потврди: Убиен е ајатолахот Хамнеи

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во својот комплекс во главниот град Техеран, објавија иранските државни медиуми. Државната новинска агенција Фарс соопшти дека Хамнеи бил убиен во саботата рано наутро „во својот кабинет во резиденцијата на водачот“, додека „ги извршувал своите должности“.Сателитските снимки на компанијата Ербас, направени по нападот, прикажуваат густ црн чад како се издига од водачевиот комплекс во Техеран. Се чини дека снимките покажуваат оти неколку згради во комплексот се тешко оштетени од ударите.Комплексот во кој е убиен врховниот водач се наоѓа во центарот на Техеран, во близина на универзитетот. Станува збор за центар за донесување одлуки и клучно седиште на теократското раководство на Исламската Република.Водителот кој ја соопшти веста на државната телевизија, заплака за време на читањето на објавата.Поради неговата смрт, во Иран е прогласена 40 дневна жалост.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr27rqlpo4pplbRHPP9H

Ирански напад врз аеродромската зона во Дубаи, двајца повредени

Чад утринава се издигаше над пристанишно-аеродромската зона Џебел Али во Дубаи, по ирански напад врз објект во кој, според извештаите, во изминатите недели се концентрирале американски поморски сили.Локалните власти во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека најмалку две лица се повредени откако крхотини од пресретнати дронови паднале во дворови на две куќи.Според официјалното соопштение, силните експлозии што се слушале низ емиратот биле резултат на успешни операции на противвоздушната одбрана, која пресретнала повеќе летала.Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Иран и коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави, при што регионот на Заливот се соочува со зголемен ризик од проширување на судирот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrhmkjdsqbh3m60ZFnGD

(Видео) Нереди во Ирак: Демонстранти се обидоа да упаднат во Зелената зона во Багдад

Демонстранти во Ирак се обидоа да упаднат во строго обезбедената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа и Амбасадата на Соединетите Американски Држави, како реакција на наводното убиство на врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи.Според Си-Ен-Ен, судири меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили избиле во неделата наутро на мостот „14 Јули“, кој преку реката Тигар води кон Зелената зона. Видео-снимки прикажуваат чад и блесоци, по што демонстрантите се повлекле.Во Зелената зона се сместени канцелариите на ирачката влада и неколку странски амбасади, меѓу кои и американската.Истовремено, протести биле одржани и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што илјадници луѓе марширале, извикувајќи пароли и носејќи знамиња, осудувајќи го убиството на Хаменеи.Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Портпаролот на владата, Басем Ал-Авади, заедничкиот американско-израелски напад врз Иран го оцени како „очигледен чин на агресија и дело што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysekq3r5cadbj79w8x0U

Иран се заканува со најголема офанзива во историјата по убиството на врховниот водач

Иранската елитна Револуционерна гарда им се закани на Израел и на Соединетите Американски Држави со „најжестока офанзивна операција“ во историјата на Исламската Република, која треба да започне секој момент. Заканата следи откако во саботата, во американски и израелски напади, беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, што ги поттикна иранските власти веднаш да ветат одмазда.Корпусот на чуварите на исламската револуција (IRGC) кусо по нападот упати предупредување.Против окупираните земји и базите на американските терористи наскоро ќе започнат најжестоките офанзивни операции во историјата на Оружените сили на Исламската Република Иран“, порачаа тие.Иранската влада во соопштение наведе дека „овој голем злостор никогаш нема да остане без одговор и ќе сврти нова страница во историјата на исламскиот свет“.Во меѓувреме се огласи и Врховниот совет за национална безбедност (SNSC), кој порача дека заедничките американско-израелски напади врз Иран „ќе покренат масовно востание во борбата против светските угнетувачи“. Ова моќно тело, кое ги координира иранските одбранбени и безбедносни стратегии, додаде дека Иран и неговите сојузници по ова ќе бидат само „поотпорни и поодлучни“.

Свет | пред 1 седмица

media-library7768jeevv8d5cyZGYX2

(Видео) Бројот на загинати во нападот врз училиштето во Иран се зголеми на 118

Бројот на загинати во нападот врз училиште за девојчиња во јужниот ирански град Минаб се искачи на 118, соопштија иранските државни медиуми, препишувајќи ја одговорноста на Соединетите Американски Држави и Израел.CNN ја геолоцираше видеоснимката од местото на настанот и утврди дека станува збор за училиштето Шајаба Тајиба, кое се наоѓа приближно 60 метри од иранска воена база.Според анализата на сателитските снимки, се чини дека училиштето претходно било дел од базата, но е одвоено од воениот комплекс најмалку од 2016 година.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh732tl1r088fcUjk6hA

Кој е Али Хамнеи и што неговата смрт значи за Иран

За време на американско-израелските напади врз Иран и тврдењата на висок израелски функционер дека врховниот лидер Али Хамнеи е мртов, Исламската Република се соочува со најголемиот политички потрес од револуцијата во 1979 година.САД и Израел утрово започнаа координирани напади врз ирански воени и безбедносни цели. Американскиот претседател Доналд Трамп во видео-порака изјави дека целта на нападот е „да се стави крај на безбедносната закана за САД“ и на Иранците „да им се даде можност да ги соборат своите владетели“.Следуваа ирански противнапади со проектили врз Израел, но и врз американски воени локации во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Израел прогласи вонредна состојба, а регионот се наоѓа на работ од поширок конфликт.Во тој контекст, израелски функционер за Reuters изјави дека „ајатолахот е мртов и дека неговото тело е пронајдено“. Техеран засега официјално не ја потврди таа информација.Човекот кој владееше 36 годиниАли Хамнеи (86) доминираше со Иран од 1989 година, кога по смртта на Рухолах Хомеини ја презеде доживотната функција врховен лидер. Како највисок авторитет во политичкиот и верскиот систем, ги контролираше вооружените сили, безбедносните служби, правосудството и клучните политички одлуки.Во текот на трите децении на власт ги преживеа студентските протести во 1999 година, масовните немири во 2009 година, брановите побуни во 2019 година, како и движењето „Жена, живот, слобода“ во 2022 и 2023 година, предизвикано од смртта на Махса Амини во притвор. Секојпат режимот одговараше со репресија.Неговото владеење беше обележано со цврста контрола, потпирање на Револуционерната гарда (IRGC) и трајна конфронтација со САД и Израел. Одбиваше да го признае Израел и поддржуваше сојузнички групи низ Блискиот Исток.Војната што ги разоткри слабоститеЗа време на дванаесетдневната војна во јуни 2025 година, кога Израел изведе најдлабоки удари досега во внатрешноста на Иран, Хамнеи беше принуден да се крие. Војната откри сериозни безбедносни пропусти и продор на странски разузнавачки служби во иранските структури.И покрај тоа, во јавните обраќања нагласуваше дека Иран нема да потклекне. По повод 47-годишнината од Исламската револуција тврдеше дека револуцијата „го спасила Иран од странско влијание“ и дека силата на земјата е во единството.Сепак, аналитичарите во последните месеци оценуваа дека неговата позиција е покревка од кога било, особено поради економските проблеми, санкциите и растечкото незадоволство кај населението.Кој ја презема власта?Доколку се потврди неговата смрт, прашањето за наследството станува клучно. Според уставот, Советот на експерти именува нов врховен лидер. Во политичките кругови со години се шпекулира за неговиот син Мојтаба Хамнеи, кој од сенка управува со канцеларијата на својот татко и ужива силна поддршка од тврдолинијашите.Револуционерната гарда, како најмоќна институција во земјата, би можела да има пресудна улога во транзицијата. Американската ЦИА претходно проценуваше дека, во случај на смрт на Хамнеи, власта би можеле да ја консолидираат токму тврдолинијашите од IRGC.Иранскиот парламент во јануари порача дека секој напад врз врховниот лидер би значел „објава на војна на целиот исламски свет“ и би можел да поттикне прогласување џихад.Регионот на работПо нападите, Трамп разговараше со лидерите на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Консултациите следеа по иранските удари врз американските бази во регионот.Доколку Хамнеи навистина е убиен, Иран влегува во период на длабока неизвесност. Можно е внатрешно пресметување меѓу фракциите, но и дополнителна ескалација на конфликтот со Израел и САД. За режим што 36 години почиваше на една фигура, ова би можел да биде момент што менува сè.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydomes8p65jcc8SIoOqF

(Видео) Напад со дрон врз аеродромот во Дубаи, во тек е евакуација

Меѓународниот аеродром во Дубаи е погоден со дрон. Според неофицијални информации има повредени лица.По инцидентот, во градот е започната евакуација на населението. Луѓето се упатуваат кон подземните паркинзи.

Свет | пред 1 седмица

media-library8rfh3ncfrsdedITe4Q0

(Видео) Тел Авив во пламен по иранската одмазда

Тел Авив беше погоден од нов бран ракетни напади во рамки на иранската одмазда по американско-израелските удари врз Иран.Според првичните информации од израелските служби за итна помош, повеќе објекти во градот се зафатени од пожар, а над делови од метрополата се издига густ чад. Сирените за воздушна опасност одекнуваа низ градот, додека противракетниот систем Железна купола се обидуваше да пресретне дел од проектилите.Нападот претставува најнова фаза во ескалацијата меѓу Иран, од една страна, и Израел и Соединетите Американски Држави, од друга, со зголемен ризик конфликтот да се прошири на поширокиот регион на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library9ljpgctbjonj3VltdI6

Сарказам или порака? Трамп коментира можен наследник на Хаменеи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека во американските напади „исчезнал голем дел“ од иранското раководство и дека на Иран му била нанесена „огромна штета“.Во телефонски разговор за Еј-Би-Си њуз, Трамп рече: „Не знаеме сè, но знаеме дека многумина исчезнаа“. Тој додаде дека САД имаат „многу добра претстава“ за тоа кои би можеле да бидат новите ирански лидери.Во одвоено интервју за Ен-Би-Си њуз, на прашањето кој би можел да го наследи врховниот лидер Али Хаменеи, Трамп одговори: „Не знам, но во еден момент ќе ме повикаат да ме прашаат кого би сакал јас“. Потоа појасни дека станува збор за сарказам. „Само малку се шегувам кога го велам тоа“, додаде американскиот претседател.Изјавите доаѓаат во момент на висока неизвесност околу судбината на дел од иранското раководство, по серијата американско-израелски напади врз цели во земјата. Од Техеран засега нема официјална потврда за наводите за загуби во врвот на власта.

Свет | пред 1 седмица

media-library60hs7b3r9hcdbOjaEpm

Иранска ракета ја погоди американската база Ал Удеид во Катар

Иран изврши ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар, најголемата американска база на Блискиот Исток.Според канали за воено следење, испалениот проектил не бил успешно пресретнат и покрај активирањето на противвоздушниот систем Patriot. Засега нема официјална потврда од Пентагон за степенот на евентуалната штета или можни жртви.Паралелно со нападот врз базата во Катар, ирански ракети биле истрелани и кон Тел Авив. Според израелските служби за итна помош, најмалку седум лица се повредени во ударите врз градот.Ескалацијата доаѓа по заедничките американско-израелски напади врз цели во Иран, по што Техеран најави „разорен одговор“. Состојбата во регионот останува крајно напната, со зголемен ризик од поширок регионален судир.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања