Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-library22fh9h15tdjlcIcu0Re

Нападнат нафтен танкер кај брегот на Оман, четворица повредени

Нафтен танкер бил нападнат во неделата на околу пет наутички милји од брегот на Масандам во Оман, соопшти поморскиот безбедносен центар на земјата.Во нападот се повредени четири лица, а целата екипаж од 20 членови е евакуирана, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за пловило со име „Скајлајт“, кое пловело под знамето на Палау, островска држава во западниот Пацифик.Во спасувачката акција учествувале оманската морнарица и вооружените сили, што според соопштението ја одразува подготвеноста на државата за справување со поморски инциденти.Инцидентот се случува во време кога Оман има важна посредничка улога во регионот. Земјата неодамна посредуваше во преговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави со цел постигнување нов нуклеарен договор.Засега нема информации за одговорноста за нападот, ниту детали за причините и начинот на кој бил изведен. Надлежните служби започнале истрага.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

Нови детали за ликвидацијата на Хаменеи: ЦИА ја лоцирала точната позиција

Израелски одбранбени сили објавија нови информации за нападите во кои беше убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на прецизни разузнавачки податоци од военото разузнавање и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што Хаменеи присуствувал на состанок со високи функционери.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разузнавачките служби го откриле движењето на Хаменеи и дека состанокот бил поместен од вечерните часови за сабота наутро, по што бил забрзан нападот.Според извештај на Њујорк тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со случајот, ЦИА непосредно пред координираниот напад ја утврдила точната локација на Хаменеи и обезбедила „високо доверливи“ информации што биле клучни за операцијата. Наводно, американските служби со месеци го следеле неговото движење и безбедносните рутини.Информациите биле споделени со Израел, по што двете земји го прилагодиле времето на нападот. Наместо првично планираниот ноќен термин, ударот бил изведен во 9:40 часот по локално време, во моментот кога се одржувал состанокот.Белата куќа и ЦИА одбиле официјално да го коментираат извештајот.Сателитска снимка од компанијата Ербас, направена во 11:06 часот по локално време, покажува густ чад и сериозни оштетувања во комплексот во централниот дел на Техеран. Според достапните информации, погодени се најмалку четири објекти.Во соопштението, ИДФ оцени дека Хаменеи „промовирал екстремистичка идеологија против државата Израел и Западот“ и дека бил „архитект на планот за уништување на Израел“. Со неговата смрт, израелската војска порача дека е „затворен историски круг со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.

Свет | пред 1 седмица

media-library944lkqcfobd40folDJM

(Видео) Израелска војска: Удираме во срцето на Техеран

Техеран го потресуваат нови експлозии, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.ИДФ пред нешто повеќе од половина час објави дека „започнале удари врз срцето на Техеран“.„Воздухопловните сили, водени од воената разузнавачка служба, токму сега започнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, додава војската.„Во текот на изминатиот ден, воздухопловните сили спроведоа обемни напади за да воспостават воздушна надмоќ и да го отворат патот кон Техеран“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 1 седмица

media-library1o0benahr62b5ENI9vG

Кој е Али Ларијани, човекот што ја презема лидерската функција во Иран?

Иранскиот политички ветеран Али Ларијани во неделата соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс. Ларијани минатата година повторно се издигна како една од највлијателните фигури во безбедносната структура на Иран.Тој раководел со широк спектар прашања – од нуклеарните преговори и регионалните односи, до одговорот на властите на внатрешните немири. Во август беше именуван за секретар на Врховниот совет за национална безбедност, функција што ја извршувал и претходно.Како близок соработник на Хамнеи, Ларијани учествувал во подготовките за индиректни нуклеарни разговори со САД во Оман, а во изминатите месеци повеќепати патувал и во Москва на средби со руското раководство. Тој зазема прагматичен тон за нуклеарното прашање, наведувајќи дека загриженоста на САД може да се реши, но истовремено истакнал дека иранската нуклеарна технологија „не може да се уништи“.САД во јануари му воведоа санкции, обвинувајќи го дека имал водечка улога во задушувањето на антивладините протести. Американското Министерство за финансии соопшти дека Ларијани повикал на насилен одговор против демонстрантите, додека организациите за човекови права наведуваат дека во пресметките биле убиени илјадници лица.Ларијани бил претседател на парламентот од 2008 до 2020 година и важи за влијателна фигура која одржува односи со различни фракции во системот. Роден е во 1958 година во Наџаф, во угледно клерикално семејство, а докторирал филозофија во Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Израелската војска со нови детали: Хаменеи убиен по прецизни разузнавачки информации

Израелски одбранбени сили објавија нови детали за нападите во кои, според нивните наводи, е убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на „прецизни разузнавачки информации“ обезбедени од Воената разузнавачка служба и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што се наоѓал Хаменеи заедно со други високи функционери.Според израелската верзија, разузнавачките служби го откриле неговото движење и информацијата дека состанокот што требало да се одржи вечерта е поместен за сабота наутро, по што бил забрзан нападот. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хаменеи и другите лидери „не можеле ништо да направат“ откако биле лоцирани.Сателитска снимка на компанијата Ербас, направена во 11:06 часот по локално време, прикажува густ чад и значителна штета на комплексот во централниот дел на Техеран. Според достапните информации, погодени се најмалку четири објекти.ИДФ во соопштението оценува дека Хаменеи „промовирал екстремистичка идеологија против државата Израел и Западот“ и дека бил „татко на планот за уништување на Израел“.Со неговата смрт, израелската војска тврди дека е „затворен историски круг со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.Иранските власти претходно потврдија дека врховниот водач е убиен, а во земјата е прогласена жалост. Ескалацијата на конфликтот продолжува со нови ракетни удари и закани од двете страни.

Свет | пред 1 седмица

media-library3ite0nhsfkoc9hmp4HD

Русија бара од Америка и Израел да ја прекинат агресијата врз Иран

Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија бара од Соединетите Американски Држави и Израел да ги прекинат агресивните дејства против Иран.Небензја на итната седница на Советот за безбедност на ОН за Иран, која беше свикана на барање на Русија и Кина, рече дека Русија смета дека ударите на САД и Израел врз Иран претставуваат „нож во грб“ и „вистинско предавство на дипломатијата“, бидејќи се изведени во време кога Техеран покажувал подготвеност за дипломатски преговори со Вашингтон, пренесува Спутник.Тој изјави дека Иран доследно соопштувал дека нема планови за создавање нуклеарно оружје и дека ги исполнува обврските во таа област, додавајќи дека ескалацијата околу Иран ја загрозува нуклеарната и радиолошката безбедност.Небензја наведе дека Русија ги смета за неосновани обидите на Западот да ја оправда „агресијата“ на САД и Израел против Иран, како и изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп дека нападот бил изведен за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.Според неговите зборови, Русија повеќепати добивала сигнали дека Израел наводно не е заинтересиран за воена конфронтација со Иран, но дека сегашните активности на САД и Израел ризикуваат да доведат до хуманитарна и економска катастрофа. Небензја додаде дека Русија очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, јасно да го осуди американскиот напад врз Иран.Во обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН тој рече и дека Русија со „особена болка“ ја примила веста за ударот врз училиште во Иран и дека презема неопходни мерки за безбедноста на руските државјани во Иран.Дејствата на САД и Израел ги оцени како неиспровоциран акт на вооружена агресија и кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право, како и дека воените акции се насочени кон отстранување на држава која е „незгодна за Западот“.САД и Израел го нападнаа Иран рано вчера наутро во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.Иран потоа започна масовни одмазднички удари врз Израел и врз цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh732tl1r088fcUjk6hA

Ирански медиуми: Убиени ќерката, зетот и внукот на Али Хаменеи

Новинската агенција Фарс, поврзана со Корпус на исламската револуционерна гарда, објави дека во нападите биле убиени ќерката, зетот и внукот на врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Агенцијата, повикувајќи се на „добро информирани извори“ од кабинетот на врховниот водач, наведува дека во нападите наводно загинала и една од неговите снаи. Претходно веќе се појавија информации за смртта на членови од семејството, но дел од нив подоцна беа демантирани.Иранските власти сè уште немаат официјално потврдено ниту смртта на самиот Хаменеи.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп јавно изјави дека Хаменеи е мртов, оценувајќи дека станува збор за „правда за иранскиот народ и за жртвите ширум светот“. Тој најави продолжување на воените операции и ги повика припадниците на иранските безбедносни структури да се откажат од борбата и да побараат имунитет.На профилот на Хаменеи на социјалната мрежа Икс претходно беше објавена порака со религиозна симболика, во која се споменува имамот Али, што дополнително ги поттикна шпекулациите за неговата судбина.И покрај тврдењата од израелски и американски извори, од Техеран и натаму нема официјална реакција која би ги потврдила овие информации. Ескалацијата на реториката и наводите за ликвидации на највисокото раководство ја продлабочуваат неизвесноста во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library4s82us8nkj6m6VJ0Y4A

(Видео) Демонстранти упаднаа во американски конзулат поради убиството на Хамнеи, има мртви

Стотици луѓе денес упаднаа во американскиот конзулат во пакистанскиот пристанишен град Карачи, кршејќи прозорци по американско-израелскиот напад врз Иран и убиството на врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.Пакистанската полиција соопшти дека во немирите се убиени најмалку шест лица.Полицијата и паравоените сили користеа палки и солзавец за да ја растераат толпата“, изјави полицискиот функционер Мохамед Џавад, пренесува АП.Нападот врз конзулатот беше изведен неколку часа откако ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во голем напад врз Техеран што го извршија Израел и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 1 седмица

media-library13lveq5j8sv000xKhVQ

Што по Хамнеи? Пред смртта одредил четири нивоа на наследување

Највисокиот ирански безбедносен функционер, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран Али Лариджани соопшти дека таа земја денес ќе воспостави привремен управен совет, јавува агенцијата Тасним.Тоа е привремена мерка која ќе се применува во согласност со Уставот по убиството на лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во американско-израелски напад, и ќе важи сè додека не биде избран наследник на Хамнеи.Говорејќи на државната телевизија, Лариджани денес истакна дека иранската нација ги осуетила плановите на САД и Израел и дека, зачувувајќи го своето единство и зрелост, ги неутрализирала американските и израелските заговори со цел распад на Иран.Тој наведе дека Уставот содржи одредби за иднината на Иран во услови на отсуство на раководство и дека привремениот управен совет наскоро ќе биде формиран.Како што објасни, според член 110 од Уставот, ако земјата остане без лидер, претседателот, шефот на судството и еден од правните членови на Уставниот совет привремено ќе ги преземат должностите на лидерот сè додека не се избере нов водач.Лариджани, исто така, денес ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека сакаат да го ограбат и дезинтегрираат Иран, пренесоа локалните медиуми.Привремениот совет за водство на земјата наскоро ќе биде формиран. Претседателот, првиот човек на правосудството и член од Советот на чуварите ќе ја преземат одговорноста до изборот на следниот лидер. Овој совет ќе биде основан што е можно поскоро. Работиме на тоа да го формираме веќе денес“, изјави Лариджани, кој бил советник на убиениот ајатолах Хамнеи.Лариджани за време на обраќањето на иранската државна телевизија предупреди дека „сецесионистичките групи“ ќе се соочат со остар одговор доколку се обидат на каква било акција.Хамнеи одредил четири нивоа на наследувањеДодека бил жив, врховниот ирански верски водач ајатолах Али Хамнеи му наложил на Лариджани и на неколкумина други блиски соработници да обезбедат земјата да преживее не само американски и израелски бомби, туку и каков било атентат врз него и највисокото државно раководство.Хамнеи на состанок со Лариджани на 22 февруари одредил четири нивоа на наследување на чело на државата и воената хиерархија.Исто така им рекол на сите на раководни позиции да именуваат до четири заменици и им делегирал одговорности на тесен круг доверливи лица да донесуваат одлуки во случај комуникацијата со него да биде прекината или ако биде убиен.Додека се криел за време на 12-дневната војна со Израел во јуни минатата година, Хамнеи именувал тројца кандидати кои би можеле да го наследат.Нивните имиња никогаш не биле објавени, но Лариджани речиси сигурно не е меѓу нив, бидејќи не е високорангиран шиитски верски водач, што е основен услов за секој наследник на чело на државата.Од друга страна, Лариджани бил во најтесниот круг доверливи соработници на убиениот ајатолах Хамнеи, во кој спаѓаат и воениот советник и поранешен врховен командант на Револуционерната гарда на Иран, генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, како и бригадниот генерал и актуелен претседател на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc5304n0jjhdu1r4TP2Z

(Видео) Погледнете го моментот кога Иран објави дека врховниот лидер Али Хамнеи е мртов, водител плачеше

Фарс и други државни медиуми во Иран објавија дека врховниот водач ајатолах Али Хаменеи бил убиен во својот комплекс во главниот град Техеран.Според информациите, Хаменеи загинал рано утрото во саботата „во својата канцеларија во резиденцијата на лидерот“, додека ги извршувал своите должности.Сателитски снимки на компанијата Ербас, направени по нападите, покажуваат густ црн чад кој се издига од комплексот во центарот на Техеран. На снимките се гледа дека повеќе објекти во рамките на комплексот се сериозно оштетени.Комплексот се наоѓа во централниот дел на градот, во близина на универзитетот, и претставува клучен центар за одлучување и седиште на теократското раководство на Исламската Република.Водителот на државната телевизија, кој ја соопшти веста за смртта, заплака додека го читаше официјалното соопштение.Поради смртта на врховниот водач, во Иран се прогласени 40 дена жалост.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytbm8sqq2pmd263aVMqL

(Видео) Шестмина загинаа во пад на хеликоптер во Кенија, меѓу нив и пратеник

Шест лица, меѓу кои и еден пратеник во парламентот, загинаа во саботата при пад на хеликоптер во западна Кенија, потврдија полициски и владини претставници.Несреќата се случила во округот Нанди, во регионот Норт Рифт, а причините за падот засега не се познати, пренесува Ројтерс.Командантот на окружната полиција Самуел Мукуси за телевизијата Citizen TV изјави дека во несреќата загинале пилотот, пратеникот и уште четири лица.Претседателот на Кенија, Вилијам Руто, на социјалната мрежа Икс потврди дека станува збор за пратеникот Јохана Нгену од изборната единица Емуруа Дикир.„Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите, жителите на Емуруа Дикир и сите жртви и семејства погодени од падот на хеликоптерот во Мосоп, во округот Нанди“, напиша Руто.Идентитетите на останатите патници сè уште не се објавени. Надлежните служби започнале истрага за утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 1 седмица

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп со директна закана до Иран: „Ќе возвратиме со невидена сила, подобро ви е тоа да не го правите“

Корпус на исламската револуционерна гарда ѝ се закани на Израел и на Соединетите Американски Држави со „најжестока офанзивна операција во историјата“ на Исламската Република, откако во американско-израелските напади, според израелски извори, беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хаменеи.ИРГЦ соопшти дека „против окупираните територии и базите на американските терористи“ наскоро ќе започне најсилната офанзива досега. Иранската влада порача дека „овој голем злостор никогаш нема да остане без одговор“ и дека ќе отвори „нова страница во историјата на исламскиот свет“.Се огласи и Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој оцени дека заедничките американско-израелски напади ќе предизвикаат „масовно востание против светските угнетувачи“ и дека Иран и неговите сојузници ќе станат „поотпорни и поодлучни“.На заканите реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Truth Social. Тој напиша дека Иран најавил силен удар, „посилен од кога било досега“, и упати директна порака:„Подобро да не го прават тоа, затоа што ако го направат, ќе возвратиме со сила каква што досега не е видена.“Ескалацијата на заканите и воените дејствија дополнително ја продлабочува кризата и го зголемува ризикот од поширок регионален конфликт.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryokkusqvqc6d06m5CjEH

(Видео) Запален дрон падна на кувајтскиот брег

На видеоснимка објавена на Икс се гледа, уривање на дрон „Шахед“ во Бнаидер, на кувајтскиот брег.Снимката прикажува вжарена силуета на леталото како паѓа од небото, оставајќи зад себе густ траг од црн чад, пишува CNN.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Иран тврди дека погодил 27 американски воени локации

Во услови на континуирана размена на ракетни удари на Блискиот Исток, Иран соопшти дека погодил 27 американски воени локации во регионот.Корпус на исламската револуционерна гарда наведе дека меѓу целите биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем комплекс на одбранбената индустрија во Тел Авив.Според соопштението на ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле употребени балистички ракети и беспилотни летала, пренесува Скај њуз. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но овие тврдења засега не се независно потврдени.Во соопштение што го пренесе државниот сервис ИРИБ, се наведува дека вооружените сили на Исламската Република „нема да дозволат да замолчат сирените за воздушна опасност на окупираните територии и во американските бази“.„Ќе продолжиме со повторени и болни удари, што претставува нов и многу тежок чекор на одмазда“, стои во пораката на иранската револуционерна гарда.Ескалацијата ја зголемува неизвесноста во регионот, каде веќе неколку дена трае директна конфронтација меѓу Техеран, Вашингтон и Тел Авив.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryimvvolr75rb01AbP2VZ

(Видео) Нов бран експлозии во Заливот: Доха, Манама и Дубаи повторно на удар

Експлозии одекнаа утрово во повеќе држави од Персискиот Залив, ден по американско-израелските напади врз Иран во кои, според израелски извори, е убиен врховниот водач ајатолах Али Хаменеи.Корпус на исламската револуционерна гарда соопшти дека започнал „десетици напади“ насочени кон американски и израелски позиции како одговор на ликвидацијата на иранскиот лидер.Во катарската престолнина Доха, очевидци пријавиле најмалку 11 силни детонации, јави Ал Џазира. Министерот за внатрешни работи на Катар информираше дека избувнал помал пожар во индустриска зона, предизвикан од остатоци од пресретнат проектил.Експлозии се слушнале и во Манама, главниот град на Бахреин, каде според сведоци одекнале најмалку четири силни удари. На социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетен хотел во градот.Во Дубаи утрово се регистрирани два нови бранa експлозии. Дописници на Франс прес јавуваат дека се слушнала серија детонации во краток временски интервал. Дим се издигал од пристаништето Џебел Али, каде во изминатите недели биле стационирани американски поморски сили.Властите соопштија дека две лица се повредени откако остатоци од пресретнати дронови паднале во дворови на куќи. Според официјалните информации, системите за противвоздушна одбрана успешно пресретнале повеќе закани.Синоќа во Дубаи избувна пожар и во луксузниот хотел Бурџ ал Араб, откако, како што наведоа властите, бил пресретнат дрон, а неговите остатоци предизвикале помал пожар на фасадата. Пожарот бил брзо ставен под контрола и нема повредени. Помал пожар бил регистриран и во хотелот „Фермонт“.Полуслужбената иранска агенција Тасним објави дека цел на нападите се 27 американски бази во регионот, како и израелски воени комплекси и објекти за вооружување во Тел Авив.Ескалацијата отвора сериозни прашања за стабилноста на регионот, каде се наоѓаат илјадници американски војници и клучна енергетска инфраструктура од глобално значење.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања