Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Ескалација во Ормускиот Теснец: Напад врз танкер ја зголеми неизвесноста на клучната нафтена рута

Во Ормускиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на сурова нафта, повторно растат тензиите по зачестените напади во регионот на Блискиот Исток. По неделниот напад врз нафтен танкер, германската бродска компанија Hapag-Lloyd соопшти дека до понатамошно известување го прекинува сообраќајот на своите пловила низ теснецот.Ормускиот Теснец, кој ги поврзува Персискиот и Оманскиот Залив, на најтесниот дел е широк околу 21 морска милја и претставува единствен поморски коридор за извоз на нафта од регионот кон светските пазари. Неговата стратешка важност го прави чувствителен на секоја безбедносна закана.Оманскиот Центар за поморска безбедност соопшти дека танкерот „Скајлајт“ бил нападнат на околу пет морски милји од брегот на Масандам во Оман, при што четири лица биле повредени. Иранската новинска агенција Mehr објави дека танкерот бил погоден по наводен „неовластен премин низ Ормускиот Теснец“ и дека поради оштетувањата почнал да тоне, но засега нема официјална потврда дали станува збор за истото пловило.И покрај инцидентите, UKMTO соопшти дека преку официјалните канали за поморска безбедност не е најавено формално затворање на теснецот. Сепак, организацијата предупреди дека зголемените воени активности во регионот претставуваат сериозна закана за трговскиот поморски сообраќај и апелираше бродовите да пловат со зголемена претпазливост и да пријавуваат секоја сомнителна активност.Според податоците за пловидба, најмалку 150 танкери се задржани надвор од клучниот пловен коридор, додека десетици други бродови мируваат и од спротивната страна на теснецот. Пловилата се концентрирани во отворени води покрај бреговите на големите производители на нафта во Заливот, меѓу кои Ирак, Саудиска Арабија и Катар.Ормускиот Теснец е под контрола на Иран, кој претходно се закани со негово затворање. Секое евентуално блокирање би имало сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси и би предизвикало дополнителна нестабилност во веќе тензичниот регион.

Свет | пред 1 седмица

media-library06k58c4drjg58Ceiway

Властите во Абу Даби наредија продолжување на престојот на гостите, трошоците ги покрива државата

Министерството за култура и туризам нареди на хотелите во Абу Даби да им го продолжат престојот на гостите, бидејќи многумина чиј престој истекува не можат да патуваат во моменталните околности.Во дописот се наведува дека трошоците ќе ги покрие Министерството.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Израелски одбранбени сили: Во ударите во Иран убиени 40 клучни воени команданти

Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека во вчерашните почетни напади во Иран биле убиени 40 „клучни“ ирански воени команданти, вклучувајќи го и началникот на Главниот штаб Абдолрахим Мусави. Според тврдењата на армијата, овие 40 команданти, заедно со други високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, биле убиени во напади изведени за помалку од една минута.Од IDF наведуваат дека сега можат да ја потврдат смртта на Мусави во почетните удари. Мусави дошол на чело на армијата по Мохамад Багери, кој беше убиен во израелски напади за време на војната во јуни 2025 година.Според армијата, Мусави бил одговорен за „управување со иранскиот безбедносен апарат и надгледувал испукување на стотици балистички проектили кон израелска територија, кои убиле израелски цивили за време на операцијата“.IDF исто така соопшти дека „поголемиот дел од највисоките воени функционери на иранското безбедносно раководство се елиминирани“.

Свет | пред 1 седмица

Iran

Иранскиот ајатолах Ширази прогласи џихад против САД и Израел

Иранскиот ајатолах Насер Макарем Ширази прогласи џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, известуваат иранските медиуми, во време на драматична ескалација на судирите на Блискиот Исток.Според достапните информации, еден од највлијателните шиитски верски авторитети во Иран упати порака во која повикува на „свет отпор“ против, како што наведе, „агресијата и криминалните напади“ на САД и Израел врз иранските цели. Неговата изјава доаѓа по интензивирањето на воздушните напади и меѓусебните закани, кои го доведоа регионот на работ на поширок конфликт.Макарем Ширази, кој важи за еден од највисоките верски авторитети во Ком, и има големо влијание меѓу верниците, претходно имал остри ставови кон Вашингтон и Тел Авив, но сега, според иранските извори, ја подигнал реториката на највисоко ниво, користејќи го терминoт „џихад“, кој во овој контекст означува верска обврска за одбрана на земјата и исламот.Ескалација на судирите Иран – САД – ИзраелНајновата криза избувна по серија напади врз воени и инфраструктурни цели во Иран, за кои Техеран ги обвинува Соединетите Американски Држави и Израел. Иранските власти тврдат дека станува збор за директна агресија и кршење на меѓународното право, додека Вашингтон и Тел Авив наведуваат дека акциите се насочени кон спречување на безбедносни закани и дестабилизација на регионот.Иран повеќепати предупреди дека на секој напад ќе одговори „одлучно и без ограничувања“. Прогласувањето џихад од страна на еден од највлијателните ајатоласи дополнително ја зголемува тензијата и испраќа силна порака внатре во Исламската Република, но и низ целиот шиитски свет.

Свет | пред 1 седмица

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

(Видео) Филипче: Власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, тоа треба да го знаат САД

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди актуелната македонска власт со режимите во Иран и Венецуела, оценувајќи дека земјата се движи во опасна насока на авторитарност и институционално разградување. Тој има разбирање за нападот на САД кон Иран, со помош на Израел.„Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот во Венецуела. Очекувам да има деескалација на работите. САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики како властите во земјите со кои се соочуваат“, изјави Филипче.Тој обвини дека актуелната власт одржува отворени контакти со Москва.„Оваа власт има отворени контакти со Путин, преку контактите на вицепремиерот со ‘Ноќните волци’. Вториот човек во Владата не ги крие контактите со луѓе блиски до Путин“, рече Филипче откако претходно му замеруваа на министерот Иван Стоилковиќ за средбите во Белград.Според него, постои сериозно влијание врз судството, а институциите се под директна политичка контрола.„Премиерот преку телевизија именува и разрешува обвинители. Портпаролката објавува судски одлуки пред тие официјално да бидат донесени. Имавме враќање на бегалецот Груби по договор. Имавме случај со пет тони марихуана што поминала низ граница – нешто што не може да се случи без знаење на високи функционери. Се задушува слободата на говорот“, истакна тој.Филипче оцени дека ваквите состојби ја приближуваат земјата кон модел на управување што, како што рече, наликува на тоталитарни режими со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави на глобално ниво.„Имаме работа со терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада, кои се грижат само за себе“, додаде лидерот на СДСМ.

Настани | пред 1 седмица

media-librarykpa752eoajitcSSZVN6

(Видео) Иран го нападна Оман

Странски работник е повреден откако два дрона го погодиле пристаништето во Дукм, на источниот брег на Оман, објавија во неделата државните медиуми на Оман, пренесува Anadolu Agency.Државната новинска агенција ONA, повикувајќи се на официјален извор, наведе дека пристаништето, сместено во градот Дукм во покраината Ал Вуста, било „мета на два дрона“. Еден од дроновите погодил мобилна станбена единица за работници и при тоа повредил странски работник, додека делови од вториот паднале во близина на резервоари за гориво, без човечки жртви и без материјална штета, соопштил изворот.Покрај тоа, нафтен танкер бил нападнат утринава околу пет наутички милји од брегот на Масандам во Оман, соопшти поморскиот безбедносен центар на земјата. Во нападот се повредени четири лица, а дваесет члена на екипажот се евакуирани. Станува збор за пловило со име „Skylight“, кое пловело под знамето на Палау, мала островска држава во западниот Пацифик.Ова е прв удар на Иран врз Оман, кој повеќепати посредуваше во индиректните нуклеарни преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и има релативно пријателски односи со Техеран.Оманските власти го осудија инцидентот, порачувајќи дека „ги преземаат сите неопходни мерки за да се спротивстават на какви било дејствија што би можеле да ја загрозат безбедноста на државата и на лицата што престојуваат во неа“.

Свет | пред 1 седмица

putin-094091

Путин за убиството на Хамнеи: Тоа е циничен чин кој ги крши сите норми на човечкиот морал

Рускиот претседател Владимир Путин првпат официјално ги коментираше американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките удари што следеа. Целното убиство на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го нарече „циничен чин“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Според Путин, со тој потег биле прекршени „сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, објави CNN.Путин додаде дека Хамнеи во Русија ќе остане запаметен како „извонреден државник“.Москва и Техеран се долгогодишни клучни сојузници. Иран ѝ обезбедуваше воена поддршка на Русија, вклучително и беспилотни летала и балистички проектили, а ѝ помогна и во изградбата на постројки за производство на дронови за потребите на војната во Украина.Овие изјави доаѓаат еден ден откако руското Министерство за надворешни работи ги осуди американските и израелските напади врз Иран, оценувајќи ги како „безобѕирен чекор“ и „непредизвикан чин на вооружена агресија“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl3amt296gal0cy9JM1j

Воздушниот сообраќај во колапс: Патници заглавени по ескалацијата на кризата

Судирот доведе до затворање на клучните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха и до откажување на повеќе од 1.800 летови на големите блискоисточни авиопревозници, според податоците на аналитичката компанија Cirium. Од околу 4.218 планирани летови за сабота, откажани се 966, односно 22,9 проценти.За недела се откажани 716 од вкупно 4.329 планирани летови. Во меѓувреме, платформата за следење летови FlightAware објави дека до недела во 3:30 часот по средноевропско време, глобално биле одложени повеќе од 19.000 летови, а над 2.600 целосно откажани.Неизвесноста за патниците расте, бидејќи засега не е јасно колку долго ќе траат прекините во воздушниот сообраќај. Џонатан Ескот и неговата свршеница во саботата пристигнале на аеродромот во Њукасл во Англија, за да дознаат дека нивниот директен лет за Дубаи со „Емирати“ е откажан. Ескот се вратил кај семејството, кое живее на околу еден час од аеродромот, но не знае кога ќе може да отпатува.„Никој не знае“, изјавил Ескот. „Никој навистина не знае што се случува со судирот. Дури ни ‘Емирати’, ни тие немаат одговор. Никој нема јасна слика.“Како одмазда за нападите на САД и Израел, Иран започна серија напади врз Израел и врз заливските држави во кои се наоѓаат американски воени бази – Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Трите главни заливски авиопревозници – „Емирати“, „Етихад“ и „Катар ервејс“ – вообичаено превезуваат околу 90.000 патници дневно преку своите центри.Два аеродрома во Обединетите Арапски Емирати пријавиле инциденти. Властите во Дубаи соопштија дека четири лица се повредени, додека од Меѓународниот аеродром „Зајед“ во Абу Даби информираа дека едно лице загинало, а седум се повредени во напад со беспилотно летало. Напади биле регистрирани и на Меѓународниот аеродром во Кувајт.Иако Иран официјално не презеде одговорност, обемот на нападите, кои заливските држави му ги припишуваат, се прошири и надвор од американските бази што претходно беа посочени како цели.Аналитичарот за воздухопловство Хенри Хартевелд предупредува дека ситуацијата нема да се нормализира веднаш. „Патниците треба да се подготват за доцнења и откажувања во следните неколку дена, сè додека нападите траат и, се надеваме, не завршат“, изјавил тој.Аеродромите низ Блискиот Исток останаа затворени и во неделата, втор ден по ред. Управата на аеродромите во Дубаи потврди дека операциите на „Дубаи интернешнл“ и „Дубаи ворлд сентрал“ се суспендирани до понатамошно известување. „Емирати“ привремено ги прекина сите летови до и од Дубаи до недела во 15 часот по локално време.Летовите на Меѓународниот аеродром „Хамад“ во Катар исто така беа суспендирани, а „Катар ервејс“ најави дека ќе продолжи со работа откако катарските воздухопловни власти ќе го прогласат воздушниот простор за безбеден.Според FlightAware, најмалку 145 авиони што во саботата летале кон Тел Авив и Дубаи биле пренасочени кон Атина, Истанбул или Рим, додека дел се вратиле на полетната точка. Еден авион поминал речиси 15 часа во воздух откако полетал од Филаделфија, стигнал до Шпанија, па се вратил назад.Картата на FlightRadar24 покажува дека главниот воздушен коридор исток–запад над Ирак, еден од најпрометните што ја поврзува Азија со Европа, е речиси целосно празен, што ја нагласува сериозноста на нарушувањата.Заливските превозници „Емирати“ и „Етихад“ во саботата откажале 38, односно 30 проценти од своите летови, додека „Катар ервејс“ суспендирал 41 процент од летовите од Доха. Голем број европски и светски авиокомпании исто така ги прекинаа летовите кон и од регионот.Поради вонредните околности, патниците нема да имаат право на класична финансиска отштета за доцнењата, но авиокомпаниите се должни да обезбедат грижа – храна, пијалаци и, доколку е потребно, сместување. Во случај на откажан лет, патниците имаат право на целосен поврат на средствата.Експертите предупредуваат дека доколку кризата продолжи, летовите ќе мора да се пренасочуваат околу зоните на судир, што ќе го продолжи времетраењето на патувањата, ќе ги зголеми трошоците за гориво и можно е да доведе до поскапување на авионските билети.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytm5r1hd4lh6u7BoDE2o

(Видео) Експлозии во американска воена база во Ербил

Низа експлозии одекнаа во американска воена база во Ербил, на северот на Ирак, по што над базата почнал да се издигнува густ чад, јавуваат локални извори. Според нивните наводи, детонациите го потресле поширокото подрачје, а се верува дека станува збор за директен воздушен напад врз воени цели во рамките на комплексот, пренесува Anadolu Agency.Одговорноста за нападот набргу ја презеде ирачката шиитска група Сераја Евлија ед-Дем. Во соопштение наведоа дека со беспилотно летало ги нападнале американските воени инсталации во тој реон.По нападот, на небото над Ербил била забележана засилена активност на хеликоптери и беспилотни летала на меѓународната коалиција. Истовремено, на терен безбедносните сили воспоставиле засилени мерки за обезбедување околу целото подрачје на базата.Засега нема официјални информации за евентуални жртви меѓу американскиот воен персонал, ниту за обемот на материјалната штета. Претставниците на коалицијата сè уште не се огласиле со детали за нападот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

(Видео) Најмалку девет загинати на протест пред американскиот конзулат во Карачи, пробиена оградата

Најмалку девет лица загинаа во пакистанскиот град Карачи за време на протестите пред американскиот конзулат, кои избувнаа поради американско-израелските напади врз Иран, јавуваат агенциите повикувајќи се на спасувачките служби.Според информациите, пакистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, откако тие ја пробиле надворешната ограда на американскиот конзулат во Карачи. Новинар на Ројтерс пријавил и истрели, а видеоснимки од местото покажуваат запалени возила пред главниот влез на објектот.Локалните власти соопштија дека демонстрантите биле оттурнати од конзулатот, додека состојбата во градот останува тензична.Протести се одржаа и во други делови на Пакистан. Во северниот град Скарду, во покраината Гилгит-Балтистан, демонстранти ја запалиле зградата во која се сместени канцеларии на Обединети нации. Локалните власти информираа дека нема жртви во тој инцидент.Во Лахоре, стотици луѓе се собрале пред американскиот конзулат, но без сериозни инциденти. Според очевидци, полицијата ги спречила обидите за оштетување на безбедносната ограда без употреба на сила.Паралелно, протести се одржаа и во ирачкиот главен град Багдад, каде проирански демонстранти се собраа пред Зелената зона, во која се наоѓа и американската амбасада.Тензиите се прелеаја и во индискиот дел на Кашмир, каде илјадници шиити излегоа на улиците во знак на жалост и протест. Во регионалниот центар Сринагар се слушаа антиамерикански и антиизраелски пароли, но собирот минал без поголеми инциденти.Ескалацијата на протестите доаѓа во време на засилени регионални тензии по најновите воени случувања на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-librarynqbhi42s8v7q4fO4iea

Нов член на привременото Водечко тело во Иран по смртта на врховниот лидер

Иранските власти денеска го именуваа Алиреза Арафи за правен член на привременото Водечко тело, кое ќе ги извршува должностите на врховниот лидер сè додека Собранието на експерти не избере нов водач, јави агенцијата ИСНА, повикувајќи се на официјални извори.Арафи, влијателен клерик и член на Советот на чувари, ќе биде дел од привременото Водечко тело заедно со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, и претседателот на судската власт, Голамхосеин Мохсени Еџеи.Привременото Водечко тело има задача да ја обезбеди институционалната континуитет и стабилност на државата во периодот по смртта на врховниот лидер, додека Собрание на експерти не го избере неговиот наследник. Ова тело, составено од исламски правници, има уставна надлежност да го именува или разреши врховниот лидер на Исламската Република.Именувањето на Арафи доаѓа во чувствителен момент за Иран, во услови на ескалирани регионални тензии и внатрешна политичка неизвесност.

Свет | пред 1 седмица

media-library5dcc8n3212ja6bMRB41

(Видео) Иран подигна црвено знаме и се заканува: „Денес ќе ги погодиме Израел и САД со сила каква никогаш не сте искусиле“

Висок ирански безбедносен функционер упати жестока закана до Соединетите Американски Држави и Израел, најавувајќи нови напади.Али Лариджани на платформата Икс напиша дека Иран веќе испукал проектили кон двете држави и дека им биле нанесени штети.„Денес ќе ги погодиме со сила каква што никогаш досега не искусиле“, порача тој.Неговата изјава следи по предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп, кој на социјалните мрежи напиша дека Иран најавил силен удар и дека „подобро е да не го сторат тоа“, бидејќи во спротивно САД ќе возвратат со сила „каква што никогаш не била видена“.Во меѓувреме, Иран подигна црвено знаме над џамијата Џамкаран во градот Ком. Во шиитската традиција, црвеното знаме симболизира крв на неправедно убиените и повик на одмазда, а се крева по ликвидација на важни лидери или по големи напади.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се заколна на одмазда, оценувајќи дека атентатот врз ајатолахот Али Хаменеи претставува објава на војна против муслиманите.Размената на закани дополнително ја зголемува неизвесноста во регионот и ја продлабочува кризата што веќе предизвика сериозни воени и дипломатски последици.

Свет | пред 1 седмица

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарија ги осуди иранските напади на Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува нападите на Иран врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави. Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.Секој чекор што води кон ескалација на судирот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија ја поддржува деескалацијата“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа X.Тој истакна дека Унгарија стои во солидарност со своите пријатели во регионот, кои, како што наведе, се изложени на континуирани напади.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Оштетена е српската амбасада во Техеран, нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање го коментираше оштетувањето на српската амбасада во Техеран.Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. Нашиот амбасадор ќе замине во Баку со луѓето од дипломатското претставништво, но на лично инсистирање ќе се врати во Техеран, таму имаме еден брачен пар со сурогат бебе и сакаме да направиме сè што можеме за да им помогнеме“, рече тој.„Ние ги подготвивме авионите на Ер Србија, и тоа ме погодува, затоа што така и за време на короната им зборувавме на луѓето да не одат на Бали, па моравме на трошок на граѓаните на Србија да испраќаме авиони за да ги враќаме“, нагласи тој.

Свет | пред 1 седмица

mnr-5-1

Сè повеќе македонски државјани пријавуваат дека се затечени во загрозени подрачја

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните.Неговата задача е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција. Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните. Согласно информациите од Амбасадите на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството во Скопје, тековно се зголемува бројот на наши државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, информираат од МНР. За дополнителни информации и помош, на располагање се: СОС дежурен телефон (МНРНТ):075/273-732 Амбасада на Република Северна Македонија во ДохаТел: +974 50 173 111 Амбасада на Република Северна Македонија во Абу ДабиТел: +971 56 441 7532 Амбасада на Република Северна Македонија во Тел АвивТел: +972 54 500 8566Тел: +972 54 967 0546

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања