Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-librarysqlrta387mnb2FesoVl

Две експлозии во Иран: најмалку пет загинати, режимот негира напад врз воен командант

Најмалку пет лица го загубија животот во две одделни експлозии што одекнаа во Иран, во време на засилени регионални тензии, јавуваат меѓународните медиуми. Иранските власти ги демантираа гласините дека цел на нападите бил висок воен командант, оценувајќи ги таквите тврдења како целосно неосновани.Првата експлозија се случила во јужното иранско пристаниште Бандар Абас, каде, според локалните медиуми, едно лице загинало, а најмалку 14 биле повредени. Втората експлозија е регистрирана во Ахваз, град оддалечен повеќе од илјада километри, при што животот го загубиле четири лица, потврдија локални официјални претставници.По инцидентите, полуслужбената новинска агенција Тасним соопшти дека наводите на социјалните мрежи, според кои мета на нападот бил командант на морнарицата на Револуционерната гарда, се „целосно лажни“.Според извештај на агенцијата Фарс, експлозијата во Бандар Абас погодила осумкатна зграда, при што биле предизвикани сериозни оштетувања на првите три ката. Радио „Персиски Залив“ информира дека биле оштетени и неколку автомобили и деловни објекти. На местото на настанот веднаш интервенирале спасувачки и противпожарни екипи, додека причината за експлозијата засега останува непозната. Објавените снимки прикажуваат расфрлано стакло и урнатини околу зградата.Пристаништето Бандар Абас се наоѓа на стратешки исклучително важниот Хормушки Теснец, клучен поморски премин меѓу Иран и Оман, низ кој минува околу една петтина од светската нафта. Инцидентите се случуваат во период на растечки тензии, во услови кога Соединетите Американски Држави ја засилуваат својата воена присутност во регионот.Иран во последниот период се соочува и со масовни протести предизвикани од економската состојба, кои, според властите, прераснале во обиди за уривање на режимот. Демонстрациите биле задушени од Иранската револуционерна гарда, а според проценките, загинале илјадници луѓе.Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „голема армада“ се движи кон Иран, предупредувајќи дека доколку двете земји не постигнат договор, „ќе видиме што ќе се случи“.

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Ирански генерал му се закани на Трамп

Иранската армија издаде јавно предупредување дека секој нов чин на агресија против Иран ќе наиде на итен и решителен одговор, истакнувајќи дека искуствата од јунискиот дванаесетдневен судир суштински го промениле воениот пристап и правилата на дејствување. Според официјалните пораки од Техеран, повеќе нема простор за одложување доколку противникот повторно направи, како што беше оценето, „погрешна проценка“.Портпаролот на иранската армија, бригадниот генерал Мохамад Акрамнија, во телевизиска емисија изјави дека иранските вооружени сили сега постапуваат според јасни и недвосмислени насоки. Тој нагласи дека секој нов, неразумен потег од страна на противникот ќе биде дочекан со моментален одговор, потенцирајќи дека во последниот вооружен судир Иран научил дека колебањето и оставањето простор за маневрирање на противникот се апсолутно неприфатливи.Осврнувајќи се на дванаесетдневниот конфликт во јуни, кој вклучуваше директен судир со Израел и учество на Соединетите Американски Држави, Акрамнија оцени дека клучната грешка на Вашингтон и Тел Авив била погрешната проценка на иранските воени способности, националното единство и општествената кохезија. Според него, очекувањата дека со брза воена операција ќе се создаде хаос и ќе се дестабилизира државата целосно пропаднале, бидејќи наместо тоа, единството во Иран дополнително се зацврстило.Во своите изјави, портпаролот посвети значително внимание и на политиката на САД под водство на Доналд Трамп, оценувајќи ја како непредвидлива и заснована врз застарени доктрини на притисок. Тој изјави дека за време на конфликтот биле испратени пораки за капитулација на Иран, но дека по неколку дена бил направен обид за запирање на агресијата, откако станало јасно дека иранските сили располагаат со сериозна способност за одвраќање.Акрамнија оцени дека претставите за кратка и брза војна се илузорни и дека евентуален напад врз Иран би предизвикал широка регионална ескалација. Според неговите зборови, Техеран веќе ги има финализирано оперативните планови за различни сценарија и издал соодветни наредби, при што ниту еден, дури ни најмал удар врз Иран, нема да остане без одговор.Тој предупреди дека во случај на конфликт, опсегот на војната би се проширил на целата регија, вклучително и земјите каде што се наоѓаат американски воени бази, кои, според него, се целосно во домет на иранските ракети и беспилотни летала. Дополнително, беше посочено дека и американските носачи на авиони и поморската инфраструктура не се имуни, бидејќи, како што тврди Техеран, се ранливи на ракетните и хиперсоничните капацитети на Исламската Република Иран.

Свет | пред 1 месец

Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небенџа, им даде совет на Американците во врска со можен американски напад врз Иран: „трипати мери и не сечи“.„Трипати мери и не сечи“, порача Небенџа, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави можат да го нападнат Иран, но дека Техеран сега е подобро подготвен за тоа отколку што беше во јуни 2025 година.Небенџа истакна дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран во извесна мера се смирила откако завршија протестите во таа земја, но ситуацијата сепак е загрижувачка.„Нападот може да се изведе, но Иран овојпат е подобро подготвен за таков развој на ситуацијата отколку што беше во јуни“, рече Небенџа за руските медиуми.Американските медиуми пренесоа дека Трамп размислува за нов голем удар врз Иран откако претходните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за ограничување на иранскиот нуклеарен програм и производство на балистички ракети не напредуваа.Опциите што Трамп сега ги разгледува, вклучуваат американски воздушни напади насочени кон иранските лидери и безбедносни функционери за кои се верува дека се одговорни за убиства за време на протестите во земјата, како и напади врз иранските нуклеарни објекти и владините институции, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Ударната група носачи на авиони „USS Abraham Lincoln“ влезе во Индискиот Океан пред три дена и продолжува да се приближува кон Иран.

Свет | пред 1 месец

media-library4mrkvt9u9p3856AMael

Министерот за одбрана до Трамп: Подготвени сме за Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека армијата е подготвена да го спроведе секое решение на претседателот Доналд Трамп во врска со Иран, со цел да се спречи Техеран да продолжи со развојот на нуклеарно оружје.Со оглед на големите американски сили распоредени во регионот, Трамп на состанок со кабинетот побара од Хегсет да даде коментар за ситуацијата. „Тие не треба да тежнеат кон нуклеарни способности. Ќе бидеме подготвени да го извршиме сè што овој претседател очекува од Министерството за војна“, рече Хегсет, сугерирајќи на неофицијалното преименување на Министерството за одбрана во администрацијата на Трамп.Американските официјални лица наведуваат дека Трамп сè уште разгледува опции и не донел одлука дали ќе изврши напад врз Иран. Тензии меѓу САД и Иран нагло се зголемија по крвавото гушење на протестите низ земјата, додека Трамп повеќе пати закануваше интервенција ако Иран продолжи со насилство врз демонстрантите.Трамп истакна дека САД ќе дејствуваат доколку Техеран продолжи со развојот на нуклеарниот програм, особено по воздушните удари на израелски и американски сили врз клучни ирански нуклеарни објекти во јуни минатата година.

Свет | пред 1 месец

media-librarysl7chu3t2ngs3W3A1tG

Трамп има три воени опции против Иран

По недели протести низ Иран, врховниот лидер нареди насилно гушење кое резултираше со илјадници загинати. Претседателот Доналд Трамп, кој ги охрабруваше демонстрантите да останат на улиците, не интервенираше војно, но сега големи американски сили се распоредени во регионот, подготвени за напад ако биде издадена наредба.САД имаат три можни воени опции:Опција А – Економски притисок: Применување на економски ембарго и блокада со цел да се ослабне иранската економија и да се натера земјата да се откаже од нуклеарниот програм, ограничува дострелот на проектилите и поддршката на милитантни групи. Иран, сепак, ретко се покорува на санкции и има ресурси да ги избегне.Опција Б – Казнени удари: Ограничени воздушни и воени напади на објекти и единици на иранскиот режим, како што беа удари во Сирија 2017, со цел одвраќање без промена на режимот. Ризикот од одмазда на Иран е значителен, вклучувајќи лансирање проектили кон американските позиции и Израел.Опција Ц – Удар врз врвот на режимот: Најагресивна опција вклучува директни напади врз лидерите на Иран со цел промена на власта или обезглавување на режимот. Ова носи најголеми ризици и неизвесен исход поради религиозниот авторитет на Али Хамнеи и силната контрола на оружјето во земјата.Без јасен дипломатски пат, Трамп сега се соочува со тешки одлуки, додека распоредувањето на „големата армија“ во регионот го зголемува ризикот од воена конфронтација со Иран.

Свет | пред 1 месец

Iran

Иран го погуби обвинетиот за шпионажа за Израел

Иранскиот правосуден портал Мизан денес соопшти дека Хамидреза Сабет Есмаелипур е погубен поради шпионажа и соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.„Хамидреза Сабет Есмаелипур е обесен за злосторства шпионажа и пренесување доверливи документи и информации на непријателска разузнавачка служба, откако беа спроведени сите правни процедури“, наведува порталот Мизан.Есмаелипур беше уапсен на 29 април 2025 година, а неговата пресуда ја потврди и Врховниот суд на Иран. Ова е едно од повеќето погубувања на лица обвинети за соработка со Мосад, кои значително се зголемија по конфликтите меѓу Иран и Израел минатата година.

Свет | пред 1 месец

Iran

Во Иран погубени двајца мажи поврзани со Исламска држава

Во Иран се погубени двајца мажи поради поставување бомба во автобус кој превезувал аџии во 2023 година, а кои биле поврзани со Исламската држава (ИСИС), соопшти денеска иранската правосудна новинска агенција „Мизан“.Како што потсетува агенцијата, во нападот било убиено едно дете, а неколку други патници биле повредени во автобусот кој патувал од Техеран кон Илам, провинција во западниот дел на земјата, на границата со Ирак.Според „Мизан“, двајцата мажи биле директно инволвирани во поставувањето на експлозивната направа во автобусот, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Имаме огромна флота што се движи кон Иран, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму.„Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови што одат во таа насока, за секој случај, имаме голема флотила што оди во таа насока и ќе видиме што ќе се случи. Имаме голема сила што оди кон Иран. Подобро би сакал да не видам ништо да се случи, но ги следиме многу внимателно, рече Трамп за Иран.Според извештаите на американските медиуми, Вашингтон во моментов го зајакнува своето воено присуство на Блискиот Исток, вклучително и со распоредување на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и неколку придружни бродови.Носачот на авиони на нуклеарен погон вообичаено транспортира неколку илјади војници и десетици борбени авиони, а е придружуван од разорувачи на морнарицата. Досега нема официјална потврда за распоредувањето од Пентагон.Демонстрациите започнаа во Техеран кон крајот на декември како протести на трговците поради остриот пад на вредноста на иранскиот риал и влошувањето на економските услови, пред да се развијат во национално востание против авторитарниот систем на Исламската Република.Безбедносните сили одговорија насилно, а активистите изјавија дека повеќе од 4.500 демонстранти се потврдени како мртви, а илјадници други случаи сè уште се под истрага. Точни бројки не се достапни и таквите изјави е тешко да се потврдат. Иранските власти во средата го објавија официјалниот број на жртви на 3.117 лица, вклучувајќи ги и безбедносните сили.

Свет | пред 1 месец

erdogan

Ердоган: Турција е против каква било странска интервенција во Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со својот ирански колега Масуд Пезешкијан порача дека Турција се противи на каква било странска интервенција во Иран.„Турција ги цени мирот и стабилноста на своите соседи“, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесува агенцијата Анадолија.Ердоган нагласил дека решавањето на проблемите без понатамошна ескалација е од корист и за Анкара.Двајцата претседатели во разговорот размениле мислења и за билатералните односи, како и за актуелните регионални прашања, се наведува во соопштението.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvo7fdftn3834cN2bNsd

(ФОТО) Додека Иран крвари, децата на режимот се луксузираат

Додека иранските безбедносни сили брутално ги задушуваат протестите и има убиени, децата и роднините на врвот на режимот на социјалните мрежи објавуваат фотографии од јахти, приватни авиони, луксузни автомобили и скапи патувања – како ништо да не се случува.За народот интернетот е забранет, но не и за децата на видните личности. Дел од фотографиите од Инстаграм ги објави nova.rs.За многу Иранци, овие слики се симбол на длабоката неправда: систем во кој народот плаќа со страв, сиромаштија и репресија, а елитата живее без последици. Според официјалните власти, во немирите загинале најмалку 5.000 луѓе, додека независни извори говорат за над 16.000 жртви и десетици илјади уапсени.Потомците на моќниците, познати како „агазаде“, уживаат привилегии стекнати преку политичко влијание и корупција. Додека обичните граѓани ризикуваат апсење дури и за објава на интернет, децата на режимот јавно се фалат со раскошен живот, често живеејќи надвор од Иран.Во богатите квартови на северен Техеран, и покрај санкциите, елитата живее како во друг свет – со луксузни автомобили, кафулиња и бутици. Така се продлабочува јазот меѓу владејачката класа и народот, кој секојдневно ја плаќа цената на режимот.

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп со жестока закана до Иран: „Ако ми се случи нешто, од вас нема да остане ништо“

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека на континуираните закани за атентат врз него, кои доаѓаат од Техеран, ќе биде одговорено со целосно уништување на таа земја.„Не би требало да го прават тоа, но јас јасно им ставив до знаење. Што и да се случи, ќе ја дигнеме во воздух целата земја, целата држава ќе биде уништена. Имам многу цврсти инструкции – што и да се случи, ќе бидат збришани од лицето на земјата“, изјави Трамп за „Њуз нејшн“, пренесува „Хил“.Трамп претходно изјави дека оставил јасни инструкции САД да го уништат Иран доколку таа земја изврши атентат врз него.„Тие не го направија тоа и би било катастрофално за нив ако се осмелат. Не поради мене – ако го направат тоа, ќе бидат збришани. Тоа би бил крај. Оставив инструкции: ако го сторат тоа, ништо нема да остане“, нагласи Трамп.Тој предупреди и дека можноста за напад врз Иран е на маса поради антивладините протести во земјата, во кои, според него, биле убиени повеќе од 3.300 луѓе во судири со иранските безбедносни сили.Во меѓувреме, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини САД дека коваат заговор против иранската влада и дека стојат зад протестите, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го „проголта Иран“.„Немаме намера да ја туркаме земјата во војна. Но, нема да им дозволиме на криминалците внатре во државата да дејствуваат неказнето. Уште полоши од внатрешните криминалци се меѓународните криминалци – и нив нема да ги пуштиме“, напиша Хамнеи во една од своите објави на социјалната мрежа Икс.Американските разузнавачки служби, како што беше објавено претходно, го информирале Трамп за наводни закани по неговиот живот за време на претседателската кампања во 2024 година. Поранешниот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека заговорот бил одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран од САД во 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп.

Свет | пред 1 месец

media-library06khjvst9hfdbcWFSE5

Ирански функционер: Терористи убија најмалку 5.000 невини Иранци

Ирански висок функционер соопшти дека властите потврдиле дека во неодамнешните протести во Иран загинале најмалку 5.000 лица, меѓу кои и околу 500 припадници на безбедносните сили, при што за смртта на „невините ирански граѓани“ ги обвини „терористите и вооружените лица што предизвикувале нереди“.Функционерот, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на темата, за Ројтерс навел дека дел од најжестоките судири и најголемиот број жртви се случиле во курдските подрачја на северозападот на Иран, регион во кој дејствуваат курдски сепаратистички групи и каде што насилството традиционално е поизразено за време на периоди на немири.„Не се очекува конечниот број на жртви значително да се зголеми“, изјавил функционерот, додавајќи дека „Израел и вооружени групи од странство“ ги поддржувале и опремувале учесниците во протестите.Иранските власти редовно за немирите ги обвинуваат странските непријатели, меѓу кои и Израел, кој го сметаат за главен противник на Исламската Република и кој во јуни започна воени напади врз Иран. Од друга страна, американската организација за човекови права ХРАНА соопшти дека бројот на загинати изнесува 3.308 лица, додека уште 4.382 случаи сè уште се предмет на анализа. Организацијата потврдила и повеќе од 24.000 апсења.Иранската курдска организација за човекови права Хенгав, со седиште во Норвешка, објави дека дел од најтешките судири за време на протестите, кои започнаа кон крајот на декември, се случиле токму во курдските подрачја на северозападот од земјата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryp0n926i5olce1D9kuEx

Хаменеи го обвини Трамп

Протестите кои со недели ја потресуваа Иран сега се смирија, но по немирите останаа илјадници загинати и сериозни обвиненија од највисоките власти. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ предизвикани за време на протестите, додека организациите за човекови права наведуваат дека во нивното гушење се убиени повеќе од 3.000 луѓе, пренесува Sky News.Во својата прва објава на социјалната мрежа X на 12 јануари, Хаменеи изјави дека го смета Трамп за одговорен за „жртвите, штетите и клеветите изнесени против иранскиот народ“. Претходно, тој ги обвини демонстрантите дека делуваат во име на Трамп и други „странски терористи“, нарекувајќи ги „вандали и разбојници“ кои „ги уништуваат сопствените улици за да го задоволат претседателот на друга земја“. За време на немирите, дел од демонстрантите палеа слики на Хаменеи, што стана симбол на отпорот против режимот.Протестите избувнаа на 28 декември поради економски тешкотии, но брзо се проширија низ целата земја со повици за крај на клерикалната власт. Снимките од 30 декември прикажуваа студенти кои маршираа заедно со трговци во Техеран, викајќи пароли во чест на Реза Шах, основачот на династијата соборена во Исламската револуција во 1979 година.Американската група Human Rights Activists News Agency (HRANA) потврди 3.090 смртни случаи, вклучително и 2.885 демонстранти. Иранската државна телевизија, пак, наведе бројка од 300 жртви. Sky News независно потврди повеќе од 110 смртни случаи, меѓу кои шест жени и 11 деца, истакнувајќи дека приказните на жртвите покажуваат обиди на режимот да ја прикрие бруталноста.Во последните денови нема знаци на нови протести, а животот на улиците во Техеран и другите градови се враќа во нормала. Властите започнаа со пописување на штетите предизвикани од демонстрациите: оштетени се 350 џамии, 126 молитвени сали, 80 домови на имами, 400 болници и стотици возила на итните служби. Пристапот до интернет беше речиси целосно блокиран повеќе од една недела, што го отежнуваше добивањето проверени информации, а организацијата за кибернетичка безбедност NetBlocks забележа „многу слаб раст на интернет-поврзаноста“ по 200 часови прекин.По извештаите за убиствата, Трамп најави дека САД „ќе помогнат“ и воведе царина од 25% за земјите што тргуваат со Иран. Подоцна, тој го промени тонот и му се заблагодари на иранското водство за откажувањето на „над 800 егзекуции“. Американскиот претседател изјави дека никој не го убедил да не напаѓа, туку дека сам се уверил откако егзекуциите беа откажани.Во Вашингтон, на конференција за новинари, прогонетиот ирански престолонаследник Реза Пахлави изјави дека „Исламската Република ќе падне – не ако, туку кога“ и повика на меѓународна помош за свргнување на режимот. Тој понуди да води привремена влада која ќе ја врати земјата во демократија и ќе обезбеди слободни избори, иако аналитичарите сметаат дека неговата изјава за брз колапс на режимот е тешко проверлива, а и самиот Трамп претходно изрази скептицизам кон Пахлави.Поддршка за иранската опозиција се изрази и со протести низ светот. Пред иранската амбасада во Лондон избиле насилни немири, при што беа повредени неколку полицајци, а четири лица се пренесени во болница. Полицијата соопшти за бројни апсења поради фрлање проектили кон службени лица.

Свет | пред 1 месец

media-library5buh7sl3hifb7uVcrcJ

Иран повеќе не е поканет на Минхенската безбедносна конференција: „Тоа не би било соодветно“

Организаторите на Минхенската безбедносна конференција соопштија дека ги поништиле поканите упатени до претставници на иранската влада за годинашното издание на настанот, кое ќе се одржи од 13 до 15 февруари, поради жестоката репресија врз демонстрантите во Иран, пренесе агенцијата Франс прес.Портпаролот на конференцијата изјави дека поканите биле испратени пред неколку недели, но дека во светло на актуелните настани одлучено е тие да не бидат уважени. Одлуката доаѓа по масовните протести кои избувнаа во Иран на 28 декември поради високите трошоци за живот и прераснаа во едни од најголемите антирежимски демонстрации од прогласувањето на Исламската Република во 1979 година.Невладината организација „Иран хјуман рајтс“ од Норвешка соопшти дека има потврдени најмалку 3.428 загинати лица, според податоци проверени од организацијата или од независни извори. Други проценки наведуваат дека бројот на жртви надминува 5.000, а според некои дури достигнува и 20.000, но ограничениот пристап до интернет значително ја отежнува проверката на информациите од страна на медиумите и организациите за човекови права.Претходно, портпарол на германското Министерство за надворешни работи изјави дека не се смета за соодветно учеството на иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на конференцијата, имајќи го предвид, како што беше наведено, крвавиот однос на властите кон демонстрантите. Според министерството, на организаторите им било укажано дека таква покана не би била соодветна во актуелниот контекст.Минхенската безбедносна конференција е еден од најзначајните годишни настани на дипломатскиот календар и редовно собира водечки светски политички лидери и функционери. Минатогодишното издание остана запаметено по настапот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој ги критикуваше европските земји, обвинувајќи ги за поткопување на демократијата и слободата на изразување, оценувајќи дека состојбата со слободата на говор во Европа е позагрижувачка дури и од заканите од Русија и Кина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryg9sl1qlofg1c5Q5exrz

Канаѓанец загина во протестите во Иран: „Страдаше од раката на режимот“

Канаѓански државјанин загина во Иран за време на антивладините протести што ја зафатија земјата, потврдија властите во Отава. Канадската министерка за надворешни работи, Анита Ананд, соопшти дека жртвата настрадала од дејствувањето на иранските власти.„Тукушто дознав дека канадски државјанин загинал во Иран од раката на иранските власти“, изјави Ананд, додавајќи дека канадските конзуларни службеници се во контакт со семејството на жртвата во Канада.Таа нагласи дека мирните протести на иранскиот народ, кој бара неговиот глас да биде слушнат во услови на репресија и континуирани кршења на човековите права, довеле до флагрантно непочитување на човечкиот живот од страна на режимот. Ананд повика на итен прекин на насилството врз демонстрантите.Изјавата доаѓа во време на зголемени регионални и внатрешни тензии, вклучително и антивладините протести во Иран и засиленото меѓународно внимание кон состојбите во земјата.Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати вети поддршка за демонстрантите во Иран, каде, според различни извештаи, илјадници луѓе загинале во репресијата на властите. Министрите за надворешни работи на земјите од Г7, меѓу кои и Канада, ја осудија „намерната употреба на насилство“ против демонстрантите, повикувајќи на воздржаност и почитување на човековите права, со предупредување за можни дополнителни мерки.Во меѓувреме, иранските власти ги обвинија САД и Израел дека стојат зад, како што наведуваат, немирите и терористичките активности поврзани со протестите. Официјални податоци за бројот на загинати не се објавени, додека организации за човекови права тврдат дека од почетокот на протестите кон крајот на декември, илјадници луѓе биле убиени или повредени.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања