Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-library6hs004j6anuiav7ZoZK

„Нема да го бесиме“! Кој е Ерфан Солтани, младиот демонстрант кој стана симбол на отпорот против исламистичкиот режим

Светот живееше во страв дека уште еден млад човек во Иран е погубен во тишина. Наместо потврда за егзекуција, од Техеран пристигна спротивна порака – дека смртна казна, наводно, никогаш не постоела.Станува збор за 26-годишниот Ерфан Солтани, момче од Иран, сопственик на мала продавница за облека од градот Фардис, близу Техеран, кој стана симбол на стравот од нов бран репресии по антивладините протести.Солтани беше уапсен на 8 јануари во својот дом. По апсењето, неговото семејство со денови немало никакви информации – ниту каде е задржан, ниту каква постапка се води против него. На 12 јануари, властите ги известиле дека е осуден на смрт и дека казната ќе биде извршена со бесење на 14 јануари.Токму таа информација ја крена меѓународната јавност на нозе.Но, на денот кога се очекуваше потврда за егзекуцијата, пристигна нов пресврт. Иранското судство соопшти дека казната е одложена, а потоа излезе со тврдење дека Солтани никогаш не бил осуден на смрт – без објаснување како и зошто семејството добило спротивни информации.Организациите за човекови права алармираат дека целиот случај е обвиткан со сериозни прекршувања. Според извештаите на Хенгау и Иран хуман рајтс, постапката била спроведена со екстремна брзина, без почитување на основните правни стандарди.Солтани, според нив, немал пристап до адвокат, ниту пак му било овозможено судење. Дополнително, на неговата сестра – која е адвокат по професија – ѝ било забрането да го види предметот, со образложение дека „нема активен случај“.Првично, против момчето од Иран било покренато обвинение за делото мохаребе – „водење војна против Бога“, едно од најтешките кривични дела во иранскиот правен систем, кое често завршува со смртна казна.Иако властите сега тврдат дека таква пресуда не постоела, судбината на Ерфан Солтани останува неизвесна. Тој и понатаму е во притвор, без јасни информации за правниот статус, а неговиот случај останува уште еден пример за нетранспарентноста и стравот што владеат во Иран по протестите.

Свет | пред 1 месец

media-librarycnt2t4m6h0d9dPg0lLl

Откриен е таен договор меѓу Израел и Иран: Го постигнале со посредство на Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно, со посредство на Русија, размениле пораки со кои меѓусебно се уверувале дека нема први да започнат напад. Неколку дена пред крајот на декември, кога во Иран избија протести, израелски претставници преку Москва го информирале Техеран дека Израел нема да го нападне Иран доколку прв не биде нападнат. Иран по истиот канал одговорил дека исто така ќе се воздржи од превентивен напад, наведуваат дипломати и регионални функционери запознаени со комуникацијата, пишува „Вашингтон пост“.Оваа комуникација е невообичаена со оглед на непријателството меѓу двата блискоисточни ривали, кои во јуни минатата година водеа 12-дневна војна. Според дипломатите, контактите ја одразувале желбата на Израел да избегне ескалација во период кога се подготвувал за воена кампања против Хезболах, либанската милиција поврзана со Иран.Приватните уверувања биле во спротивност со јавната реторика на израелските претставници кон крајот на минатата година, кога отворено навестувале можност за нови напади врз Иран со цел да се запре обновувањето на резервите на балистички ракети.Внимателност во ТехеранИако иранските претставници позитивно одговориле на израелската иницијатива, тие останале внимателни, изјавиле двајца функционери запознаени со размената на пораки. Иран сметал дека, дури и ако израелските гаранции се искрени, останува можност американската војска да изведе напади врз Иран како дел од координирана кампања, додека Израел би ја насочил својата воена моќ исклучиво кон Хезболах.Сепак, „за Иран тоа беше добар договор“ да остане надвор од можен судир меѓу Израел и Хезболах, изјавил висок регионален функционер под услов на анонимност. Американски претставници навеле дека иранската поддршка за Хезболах ионака ослабела, додека Техеран се соочува со внатрешни немири.Влијанието на протестите и американските заканиНе е јасно како протестите во Иран во последните недели ги промениле пресметките на двете страни и дали тие и понатаму ќе се придржуваат до приватниот договор. Аналитичарите сметаат дека ситуацијата дополнително може да ја искомплицира и фактот што американскиот претседател Доналд Трамп разгледува напади врз цели на иранскиот режим како одговор на задушувањето на протестите, што би можело да го испровоцира Иран на одмазда кон Израел.Висок ирански функционер изјавил за Ројтерс дека, доколку Иран биде нападнат, ќе возврати со удари врз американски воени бази на Блискиот Исток, без да го спомене Израел меѓу потенцијалните цели.Улогата на Москва во посредувањетоПоследната размена на пораки се случила кон крајот на декември, недолго откако иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ја посетил Москва. Русија и претходно се обидувала да посредува меѓу двете земји. Според руски академик близок до дипломатските кругови, Кремљ претходно му понудил посредување на Трамп, но тој ја одбил понудата, порачувајќи им на Русите „прво да се позанимаваат со Украина“.Не е познато дали размените во декември се одвивале со знаење на Вашингтон. Израелската јавна телевизија КАН минатата недела објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху неодамна побарал од рускиот претседател Владимир Путин да пренесе пораки до Иран. Портпаролот на кабинетот на Нетанјаху и портпаролот на Кремљ не одговориле на барањата за коментар.

Свет | пред 1 месец

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Светот на работ на нова ескалација: САД размислуваат за удар врз Иран по масовните убиства на демонстранти

Светската јавност со големо внимание ја следи драматичната ескалација на состојбата во Иран и дилемата дали САД ќе се одлучат на воен одговор. Американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се закани на иранскиот режим со воени удари доколку безбедносните сили продолжат со насилството врз демонстрантите, во услови кога протестите веќе однесоа, според различни извори, повеќе од две илјади човечки животи.Снимките што доаѓаат од Иран сведочат за размерите на кризата. Во Форензичкиот медицински центар Кахризак, јужно од Техеран, е формирана импровизирана мртовница, преполна со тела сместени во црни вреќи, додека очајни семејства се обидуваат да ги препознаат своите најблиски. Протестите траат од крајот на декември и се поттикнати од гневот поради колапсот на националната валута и драматичното влошување на животниот стандард.Во ваква атмосфера сè погласно се зборува за можен американски воен удар. Вашингтон одамна го смета Иран за еден од главните фактори на нестабилност на Блискиот Исток, а евентуална интервенција би претставувала најопасна ескалација на односите меѓу двете држави во последните години.Проценка изнесе и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека иранскиот режим, соочен со сериозни внатрешни проблеми, можеби се наоѓа во своите „последни денови и недели“. Сепак, не сите аналитичари се уверени дека воената интервенција е најизвесното сценарио.Во меѓувреме, од Белата куќа протекуваат информации дека Трамп ги разгледува и иранските сигнали за можни преговори. Според изјава за „Аксиос“, американскиот претседател е наклонет кон опцијата за удари како казна за убиствата на демонстранти, но сè уште нема донесено конечна одлука. Доколку се одлучи за акција, таа најверојатно би била насочена кон структури на режимот поврзани со внатрешната безбедност, кои се сметаат за директно одговорни за репресијата.Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави дека во моментов не постојат конкретни планови за воен напад, но истовремено нагласи дека таквата одлука може да се промени. Геополитичките експерти посочуваат дека САД располагаат со широк спектар алатки, од кибернапади и саботажи, до дронови и ракетни удари од воздух и море, како и можни напади врз нуклеарната и воената инфраструктура со цел да се намалат капацитетите на режимот и да се одврати од понатамошни дестабилизирачки дејства.Ковачевиќ дополнително истакнува дека ваков развој на настаните го посакува и значаен дел од поддржувачите на Трамп, кои веруваат дека уривањето на иранската власт би ја елиминирало заканата за Израел и би придонело за заштита на христијаните од, како што сметаат, верски непријателски режими. Во случај на промена на власта, се споменува и можноста за враќање на династијата Пахлави, иако таквото сценарио засега останува неизвесно.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп: „Сакам да победам во Иран. Сакам да победувам!“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе преземе „многу силни мерки“ доколку иранските власти оваа недела започнат со бесење антивладини демонстранти.Предупредување до иранскиот режим„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, изјави Трамп во ексклузивно интервју за CBS Evening News, разговарајќи со водителот Тони Докупил. Интервјуто е снимено во Дирборн, во сојузната држава Мичиген, и ќе биде емитувано во вторник навечер.Трамп рече дека е свесен оти во повеќе од две недели протести бил убиен „прилично голем број“ луѓе. Извори за Си-Би-Ес њуз наведуваат дека постои стравување оти загинале најмалку 12.000 лица, а можно е бројот да надмине и 20.000. Снимки, како што се наведува, прикажуваат вреќи со тела наредени во мртовница во Техеран.Во објава на социјалните мрежи, Трамп во вторникот предупреди дека иранските функционери ќе „платат висока цена“ за секое насилство, а до иранските граѓани упати порака дека „ПОМОШТА Е НА ПАТ“. Тој додаде дека ќе ги откаже сите средби со ирански претставници додека убиствата не престанат.„Целта е да се победи, сакам да победувам“За време на интервјуто, Трамп повтори дека „многу помош е на пат“ за иранските граѓани, наведувајќи дека таа доаѓа во „различни форми“, вклучително и економска поддршка. Тој ги спомена и американските воздушни напади минатата година врз три ирански нуклеарни постројки, но без да навлегува во дополнителни детали.На прашањето која е неговата крајна цел во Иран, Трамп одговори: „Крајната цел е да се победи. Сакам да победувам.“Запрашан што точно подразбира под „победа“, тој наведе низа воени операции од неговиот прв и втор мандат, меѓу кои и неодамнешното апсење на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, операцијата во Сирија во 2019 година што заврши со смртта на основачот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади, како и убиството на Касем Солејмани, командант на елитната иранска единица Кудс, во 2020 година.„Не сакаме ова што се случува во Иран да продолжи. Ако сакаат да протестираат, тоа е едно. Но кога почнуваат да убиваат илјадници луѓе, а сега зборуваме и за бесења – ќе видиме како ќе им заврши тоа. Нема да им заврши добро“, рече Трамп.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп им се обрати на Иранците: „Продолжете со протестите, преземете ги институциите – помошта е на пат“

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ упати директна порака до иранскиот народ, со посебен акцент на демонстрантите кои со денови масовно протестираат против иранскиот режим.Според досегашните информации, во жестоките протести во Иран загинале околу 2.000 лица. Во вакви околности, Трамп соопшти дека ја паузирал дипломатијата со Техеран, наведувајќи дека нема да одржи никакви средби со ирански официјални претставници додека не престане, како што рече, „бесмисленото убивање на демонстрантите“.Во објавата, американскиот претседател ги повика граѓаните на Иран да преземат конкретни чекори против властите.„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПРОТЕСТИТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ СВОИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запомнете ги имињата на убијците и крвниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските функционери додека не престане БЕСМИСЛЕНОТО УБИВАЊЕ на демонстрантите. ПОМОШТА Е НА ПАТ. MIGA!!!“, напиша Трамп.Акронимот „MIGA“ се однесува на слоганот „Make Iran Great Again“ („Да го направиме Иран повторно голем“), што претставува варијација на неговиот познат слоган „Make America Great Again“.Пораката на Трамп предизвика бројни реакции во меѓународната јавност, а засега нема официјален одговор од иранските власти.

Свет | пред 1 месец

media-libraryhmoiilavpn5c3prUKmK

Младиот Ерфан Солтани ќе биде обесен утре без судење: Погубувањето на 26-годишниот демонстрант ќе значи прва смртна казна поради протестите!

Иранските власти наводно планираат да го погубат 26-годишниот Ерфан Солтани, што би било првото извршување смртна казна поврзано со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата. Според организации за човекови права, Солтани, кој беше уапсен минатата недела во Караџ, треба да биде обесен утре, без спроведено судење, објави индискиот медиум НДТВ.Случајот на Ерфан СолтаниСолтани беше уапсен во саботата за време на протестите во Караџ и обвинет за „водење војна против бог“, кривично дело за кое во Иран е предвидена смртна казна. Норвешката невладина организација „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека на неговото семејство му било кажано оти е осуден на смрт и дека пресудата треба да се изврши на 14 јануари.Друга организација, Националната унија за демократија во Иран, наведе дека на Солтани му бил ускратен пристап до адвокат. „Неговиот единствен ‘злостор’ е борбата за слободата на Иран. Бидете негов глас“, порача организацијата во објава на социјалната мрежа Икс. Независна потврда за планираното погубување засега не е можна поради прекините на комуникациите во Иран, кои властите ги користат за да ги задушат протестите.Предупредувања од организациите за човекови праваОрганизацијата „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти дека потврдила смрт на 648 лица за време на протестите, меѓу кои и девет малолетници, но предупреди дека вистинскиот број веројатно е значително поголем и дека некои проценки говорат за повеќе од 6.000 жртви. Поради прекините на интернетот, исклучително е тешко независно да се проверат овие податоци, наведуваат од организацијата, додавајќи дека се уапсени околу 10.000 лица.„Убивањето цивили потсетува на злосторствата на режимот од 1980-тите, кои се препознаени како злосторства против човештвото“, изјави директорот на организацијата, Махмуд Амири-Могадам. Тој додаде дека меѓународната заедница има обврска да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства од страна на Исламската Република.Реакцијата на иранскиот режимИранските власти во понеделникот организираа масовни провладини собири низ земјата, кои врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги поздрави како доказ дека протестното движење е поразено. Хамнеи, кој е на власт од 1989 година, изјави дека одзивот на провладините сили бил „предупредување“ до Соединетите Американски Држави.„Овие масовни собири, исполнети со решителност, ги осуетија плановите на странските непријатели кои требаше да ги спроведат домашни платеници“, изјави Хамнеи, а пренесе државната телевизија. Во Техеран, претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф им порача на насобраните на плоштадот Енгелаб дека Иран води „војна на четири фронта“: економска, психолошка, „воена војна“ со САД и Израел и „војна против терористите“, при што под тоа ги подразбира протестите.

Свет | пред 1 месец

Tramp

Трамп се закани со трговски казни за цели држави: 25 отсто царина за секој што тргува со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 25 отсто за сите држави што имаат трговска соработка со Иран, предупредувајќи дека мерката ќе се однесува на целокупната трговија што тие земји ја остваруваат со САД.„Итно соопштение: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 отсто за сите трансакции со Соединетите Американски Држави“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.Тој нагласи дека одлуката е конечна и дека нема можност за исклучоци или жалби.Кина, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција се меѓу најголемите трговски партнери на Иран, што значи дека новата најава може да има пошироки последици врз глобалната трговија и односите со Вашингтон.Заканата доаѓа во услови на зголемени тензии, откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп не ја исклучува можноста за употреба на воена сила против Иран.Според неа, воздушните напади се „една од повеќето опции на масата“, при што додаде дека американскиот претседател, како врховен командант, внимателно ги следи случувањата во Техеран.

Свет | пред 1 месец

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Белата куќа: Претседателот не се плаши од воени опции кон Иран

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажал дека не се плаши да прибегне кон воени опции доколку оцени дека тоа е неопходно.Во обраќање до новинарите, Ливит нагласи дека Трамп и натаму ги разгледува сите можни пристапи во односите со Иран, вклучително и потенцијални воени дејствија. Таа посочи дека воздушните напади се само една од многуте опции што се разгледуваат, но истовремено подвлече дека дипломатијата останува приоритет на американската администрација.Според неа, претседателот јасно ставил до знаење дека постои значајна разлика меѓу пораките што иранскиот режим јавно ги испраќа и комуникацијата што приватно се одвива со Вашингтон. Ливит додаде дека Трамп веќе покажал оти е подготвен да користи воени средства доколку смета дека тоа е во интерес на безбедноста и националните цели на САД.„Претседателот докажа дека не се двоуми да употреби воени опции кога ќе процени дека се неопходни, а тоа никој не го знае подобро од Иран“, порача портпаролката на Белата куќа.

Свет | пред 1 месец

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Расте бројот на жртви во Иран: потврдени најмалку 572 загинати

Бројот на загинати за време на масовните протести во Иран продолжува да расте, а според најновите податоци состојбата добива размери на сериозна хуманитарна криза. Американската организација Human Rights Activists News Agency соопшти дека досега се потврдени најмалку 572 смртни случаи, со напомена дека реалната бројка најверојатно е значително поголема.Организацијата, чии податоци и во минатото се покажале како точни и доверливи, се потпира на широка мрежа соработници на терен во Иран кои ги проверуваат и вкрстуваат информациите. Според нивната евиденција, меѓу загинатите има 503 демонстранти и 69 припадници на безбедносните сили.Истовремено, повеќе од 10.600 лица се приведени од почетокот на немирите, а протестите влегоа во третата недела. Според извештајот, регистрирани се речиси 600 протести низ сите 31 иранска покраина, што укажува на масовност и географска распространетост на незадоволството.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, настапувајќи пред голем собир во главниот град, одговорот на властите го опиша како „борба против терористи“. Тој изјави дека Иран води „војна на четири фронта“, наведувајќи економска, психолошка и воена конфронтација со САД и Израел, додавајќи дека, како што рече, „денес станува збор за војна против тероризмот“.Галибаф порача дека „големиот ирански народ никогаш нема да му дозволи на непријателот да ги оствари своите цели“, додека присутните на собирот извикуваа слогани против Израел и Соединетите Американски Држави. Тој се закани дека иранските вооружени сили ќе му одржат, како што рече, „незаборавна лекција“ на американскиот претседател Доналд Трамп во случај на нов напад, предупредувајќи дека американските постројки во регионот би биле цел на одмазда.Во своето обраќање, Галибаф упати и лична порака до Трамп, повикувајќи го да не им верува, како што ги нарече, „лагите што му се пласираат“, во контекст на случувањата во Иран.

Свет | пред 1 месец

media-library5lbq3l1baqte2CC4fFw

(Видео) Се појавија потресни снимки од Иран: стотици вреќи со тела пред мртовечница јужно од Техеран

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки и потресни снимки од Иран, на кои, според достапните информации, се прикажуваат сцени пред мртовечница во местото Хризак, јужно од Техеран. Снимките ги објави турскиот новинар Рагип Сојлу, кој наведува дека на нив може да се видат стотици вреќи со тела.Според описот, видеата прикажуваат десетици, па и стотици семејства собрани пред објектот, во очај и солзи, додека се обидуваат да ги идентификуваат своите најблиски кои, како што се тврди, биле убиени за време на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.На снимките се слуша плач и лелек, а присутните семејства, видно вознемирени, се движат меѓу наредените вреќи со тела, надевајќи се дека ќе добијат информации за судбината на исчезнатите роднини. Иако автентичноста и точниот датум на снимките засега не се официјално потврдени од независни извори, тие дополнително ја зголемуваат загриженоста на меѓународната јавност за бројот на жртвите и размерите на насилството во Иран.Иранските власти досега не објавија целосни и официјални податоци за бројот на загинатите, додека организациите за човекови права и странските медиуми известуваат за значително поголем број жртви отколку што официјално се признава.СНИМКИТЕ ТУКА.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Сѐ повеќе протекуваат информации за опциите на Трамп против иранскиот режим

Сѐ повеќе информации излегуваат во јавноста за можните чекори што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп во однос на иранскиот режим, во услови на ескалација на протестите и насилството во земјата. Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон, објавува дека меѓу опциите на маса се наоѓа и можноста за воена акција против Иран.Според истите извори, на Трамп му биле презентирани и потенцијални цели кои опфаќаат делови од иранските безбедносни служби, за кои се смета дека се директно одговорни за насилните пресметки со демонстрантите. Во тие судири, како што наведуваат повеќе меѓународни извештаи, низ Иран загинале стотици луѓе.Истовремено, американските воени команданти, според информациите на „Телеграф“, го предупредиле политичкиот врв дека е потребно дополнително време за консолидирање на американските воени бази во регионот. Тие укажале и на неопходноста од подготовка на соодветни одбранбени мерки пред евентуални удари, со оглед на ризикот од сериозна иранска одмазда која би можела да следи.Извештајот доаѓа во период кога администрацијата во Вашингтон јавно испраќа пораки за поддршка на иранските демонстранти, додека зад затворени врати, според медиумските наводи, се водат интензивни разговори за тоа колку далеку САД се подготвени да одат во притисокот врз властите во Техеран.

Свет | пред 1 месец

media-library9arb689eolvd77EsFTi

Белата куќа со „сите опции на маса“ додека Иран тоне во насилство и блокада

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа можности за поддршка на антивладините протести во Иран и за слабеење на тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сѐ поголем број жртви. Според информации на порталот „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски функционери, во Вашингтон се водат интензивни разговори откако Трамп јавно порача дека е подготвен да употреби и воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Масовните протести продолжија и трета ноќ по ред, и покрај речиси целосната интернет-блокада во земјата. Според извештаи од Техеран, како и проценки на американски и израелски извори, безбедносните сили сѐ поагресивно ги задушуваат протестите. Израелски одбранбен функционер изјавил дека во последните денови на улиците излегле стотици илјади луѓе.Податоците за бројот на жртвите значително се разликуваат и засега нема официјална потврда. Организацијата за човекови права ХРАНА во саботата објави дека се убиени 116 лица, додека американски и израелски извори тврдат дека вистинската бројка е далеку поголема. Иранскиот опозициски телевизиски канал „Иран интернешнл“ дури објави дека во последните 48 часа биле убиени околу 2.000 демонстранти, а израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјавил дека бројот на загинати е „висок“.Во саботата, Трамп преку социјалните мрежи испрати порака со која ја засили реториката за можна американска интервенција, наведувајќи дека Иран „ја гледа слободата, можеби како никогаш досега“ и дека САД се подготвени да помогнат. Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран. Американски извори наведуваат дека разговорот бил претставен како рутински, при што биле допрени и теми поврзани со Газа и Сирија.Од другата страна, иранските власти го обвинија Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вмешување и за испраќање, како што тврдат, „изгредници“ меѓу демонстрантите. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати остро предупредување дека секој американски напад ќе биде возвратен со удари врз американски бази во регионот и врз Израел, додавајќи дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми што ги поттикнаа протестите.Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. Американски функционер изјавил дека „сите опции се на маса“, но дека конечна одлука сѐ уште не е донесена. Друг извор појаснил дека иако се разговарало и за воени удари, најголемиот дел од опциите во моментов се невоени, поради стравувањата дека директна воена акција би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу мерките што се разгледуваат се чекори на одвраќање, како распоредување ударна група носачи на авиони во регионот, како и кибер-напади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Израелски извори тврдат дека иранските власти и безбедносните структури биле затекнати од брзината и интензитетот на протестите што започнаа во четвртокот. Според нив, по првичниот шок следувала сериозна повторна проценка на состојбата, а постојат и индиции за несогласувања во рамки на безбедносните сили. Сепак, и американските и израелските функционери оценуваат дека, и покрај сериозната криза, режимот во Техеран засега не е пред непосреден колапс.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Откриено кои опции Трамп ги разгледува за поддршка на демонстрантите во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа опции со кои би им дал поддршка на демонстрантите во Иран и би го ослабнал тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сè поголем број жртви. Како што дознава „Аксиос“ од двајца американски официјални претставници, разговорите во Вашингтон се одвиваат во сенка на јавната закана на Трамп дека е подготвен да употреби воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Гушење на протестите и „црни бројки“Масовните протести и вчера го потресоа Иран, трета ноќ по ред, додека земјата и натаму се наоѓа под целосна интернет-блокада. Според извештаи од Техеран, како и информации од американски и израелски извори, безбедносните сили сè пожестоко ги задушуваат бунтовите. Еден израелски одбранбен функционер проценува дека во изминатите денови на улиците излегле стотици илјади Иранци.Податоците за бројот на жртви значително се разликуваат и ниту еден од нив не е официјално потврден. Додека организацијата за човекови права HRANA во саботата соопшти дека загинале 116 лица, американски и израелски извори тврдат дека реалната бројка е повеќекратно поголема. Иранската опозициска телевизија „Iran International“ извести за дури 2.000 убиени демонстранти во последните 48 часа, додека израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјави дека бројот на загинати е „висок“.Пораката на Трамп и дипломатските контактиПретседателот Трамп во саботата сугерираше можна американска интервенција на страната на демонстрантите, објавувајќи на социјалните мрежи: „Иран гледа кон СЛОБОДАТА, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!!!“.Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран, потврдија три американски извори. Еден од нив ја намали важноста на разговорот, наведувајќи дека бил „рутински“ и дека биле отворени и темите за Газа и Сирија.Техеран со обвинувања и заканиОд друга страна, Техеран го обвини Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вметнување „изгредници“ меѓу демонстрантите.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска упати остро предупредување, истакнувајќи дека Иран, во случај на американски напад, ќе возврати со удари врз американските бази во регионот и врз Израел. Тој додаде дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми кои и ги поттикнале протестите.Кои опции се на маса?Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. „Сите опции се на маса за претседателот Трамп, но одлука сè уште не е донесена“, изјави еден функционер.Друг појасни дека се разговарало и за воени удари, но дека мнозинството опции што моментално се разгледуваат се „некинетички“. Во администрацијата постои страв дека директна воена акција во оваа фаза би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу опциите се и мерки за одвраќање, како испраќање ударна група со носач на авиони во регионот, како и кибернапади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Режимот затечен, несогласувања во безбедносните сили?Високи израелски функционери тврдат дека иранскиот режим и неговите безбедносни служби биле изненадени од брзината и интензитетот на ширењето на протестите, кои започнаа во четвртокот.„По четвртокот, иранскиот режим беше значително вознемирен и спроведе сериозна повторна проценка на ситуацијата“, изјави израелски одбранбен функционер запознаен со разузнавачките информации. Американски и израелски извори наведуваат дека постојат индикации за несогласувања во рамките на иранските безбедносни сили, но засега не е јасно колку тие се распространети.И покрај сè, ниту еден од официјалните извори не смета дека режимот во Техеран се соочува со непосреден колапс.

Свет | пред 1 месец

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранските медиуми тврдат: Во немирите убиени најмалку 109 припадници на безбедносните сили

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили загинале во немирите што во изминатите денови зафатија повеќе делови од земјата, објави иранската новинска агенција Тасним. Во објавата не се наведува колку лица од редовите на демонстрантите го загубиле животот.Протестите започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, поттикнати од наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови, по што брзо се проширија и во други градови низ државата.Надлежните институции досега немаат објавено официјални податоци за вкупниот број на загинати. Американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency соопшти дека во немирите биле убиени најмалку 116 лица, а повеќе од 2.600 биле приведени.Во меѓувреме, лекар од Техеран, кој зборувал анонимно за списанието Тајм, изјавил дека шест болници во главниот град регистрирале „најмалку 217 смртни случаи меѓу демонстрантите“, при што најголем дел од жртвите, според неговите тврдења, настрадале од употреба на боево оружје.Спротивставените податоци и ограничениот пристап до независни извори дополнително ја отежнуваат проценката на реалните размери на насилството, додека состојбата во Иран и натаму останува напната и неизвесна.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryip5r3vut0r7n0L3AAZk

(Видео)Реза Пахлави: Не ги напуштајте улиците, моето срце е со вас

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, кој долги години е во егзил, сѐ поотворено се обидува да се наметне како политичка алтернатива на актуелниот ирански режим.Со последната порака до демонстрантите: „Не ги напуштајте улиците. Моето срце е со вас“, тој директно ја презема улогата на симболичен лидер на антивладиното движење во Иран. Тој повторно повика на нови протести, кои треба да се одржат вечерва во 18 часот.Неговата реторика е внимателно насочена кон охрабрување на масовноста и континуитетот на протестите, кои според него веќе „сериозно го ослабиле режимот“. Со ова Пахлави се обидува да го капитализира моментот на политичка нестабилност и јавниот гнев, претставувајќи се како фигура на национално обединување надвор од постојните фракции во Иран.Сепак, неговото влијание останува ограничено од две клучни околности: физичката оддалеченост од земјата и строгата интернет-блокада, со која властите настојуваат да го прекинат протокот на пораки што можат да ги радикализираат протестите. Дополнително, дел од иранската јавност сè уште со резерви гледа на наследството на шахот, што го прави Пахлави контроверзна, но истовремено и препознатлива фигура.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања