Промени тема
Контакт

„Нема да го бесиме“! Кој е Ерфан Солтани, младиот демонстрант кој стана симбол на отпорот против исламистичкиот режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library6hs004j6anuiav7ZoZK
Х

Светот живееше во страв дека уште еден млад човек во Иран е погубен во тишина. Наместо потврда за егзекуција, од Техеран пристигна спротивна порака – дека смртна казна, наводно, никогаш не постоела.

Станува збор за 26-годишниот Ерфан Солтани, момче од Иран, сопственик на мала продавница за облека од градот Фардис, близу Техеран, кој стана симбол на стравот од нов бран репресии по антивладините протести.

Солтани беше уапсен на 8 јануари во својот дом. По апсењето, неговото семејство со денови немало никакви информации – ниту каде е задржан, ниту каква постапка се води против него. На 12 јануари, властите ги известиле дека е осуден на смрт и дека казната ќе биде извршена со бесење на 14 јануари.

Токму таа информација ја крена меѓународната јавност на нозе.

— реклама —

Но, на денот кога се очекуваше потврда за егзекуцијата, пристигна нов пресврт. Иранското судство соопшти дека казната е одложена, а потоа излезе со тврдење дека Солтани никогаш не бил осуден на смрт – без објаснување како и зошто семејството добило спротивни информации.

— реклама —

Организациите за човекови права алармираат дека целиот случај е обвиткан со сериозни прекршувања. Според извештаите на Хенгау и Иран хуман рајтс, постапката била спроведена со екстремна брзина, без почитување на основните правни стандарди.

Солтани, според нив, немал пристап до адвокат, ниту пак му било овозможено судење. Дополнително, на неговата сестра – која е адвокат по професија – ѝ било забрането да го види предметот, со образложение дека „нема активен случај“.

— реклама —

Првично, против момчето од Иран било покренато обвинение за делото мохаребе – „водење војна против Бога“, едно од најтешките кривични дела во иранскиот правен систем, кое често завршува со смртна казна.

Иако властите сега тврдат дека таква пресуда не постоела, судбината на Ерфан Солтани останува неизвесна. Тој и понатаму е во притвор, без јасни информации за правниот статус, а неговиот случај останува уште еден пример за нетранспарентноста и стравот што владеат во Иран по протестите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 16 часа

iran

„Подготвени сме 100 отсто“: Иран тврди дека ги подобрил системите по последните судири

Свет | пред 19 часа

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Свет | пред 2 дена

SeKXr-

Нафтата поевтинува, фокусот е на новите санкции на САД за Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања