Промени тема
Контакт

Младиот Ерфан Солтани ќе биде обесен утре без судење: Погубувањето на 26-годишниот демонстрант ќе значи прва смртна казна поради протестите!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryhmoiilavpn5c3prUKmK
Х

Иранските власти наводно планираат да го погубат 26-годишниот Ерфан Солтани, што би било првото извршување смртна казна поврзано со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата. Според организации за човекови права, Солтани, кој беше уапсен минатата недела во Караџ, треба да биде обесен утре, без спроведено судење, објави индискиот медиум НДТВ.

Случајот на Ерфан Солтани

Солтани беше уапсен во саботата за време на протестите во Караџ и обвинет за „водење војна против бог“, кривично дело за кое во Иран е предвидена смртна казна. Норвешката невладина организација „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека на неговото семејство му било кажано оти е осуден на смрт и дека пресудата треба да се изврши на 14 јануари.

Друга организација, Националната унија за демократија во Иран, наведе дека на Солтани му бил ускратен пристап до адвокат. „Неговиот единствен ‘злостор’ е борбата за слободата на Иран. Бидете негов глас“, порача организацијата во објава на социјалната мрежа Икс. Независна потврда за планираното погубување засега не е можна поради прекините на комуникациите во Иран, кои властите ги користат за да ги задушат протестите.

— реклама —

Предупредувања од организациите за човекови права

Организацијата „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти дека потврдила смрт на 648 лица за време на протестите, меѓу кои и девет малолетници, но предупреди дека вистинскиот број веројатно е значително поголем и дека некои проценки говорат за повеќе од 6.000 жртви. Поради прекините на интернетот, исклучително е тешко независно да се проверат овие податоци, наведуваат од организацијата, додавајќи дека се уапсени околу 10.000 лица.

— реклама —

„Убивањето цивили потсетува на злосторствата на режимот од 1980-тите, кои се препознаени како злосторства против човештвото“, изјави директорот на организацијата, Махмуд Амири-Могадам. Тој додаде дека меѓународната заедница има обврска да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства од страна на Исламската Република.

Реакцијата на иранскиот режим

— реклама —

Иранските власти во понеделникот организираа масовни провладини собири низ земјата, кои врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги поздрави како доказ дека протестното движење е поразено. Хамнеи, кој е на власт од 1989 година, изјави дека одзивот на провладините сили бил „предупредување“ до Соединетите Американски Држави.

„Овие масовни собири, исполнети со решителност, ги осуетија плановите на странските непријатели кои требаше да ги спроведат домашни платеници“, изјави Хамнеи, а пренесе државната телевизија. Во Техеран, претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф им порача на насобраните на плоштадот Енгелаб дека Иран води „војна на четири фронта“: економска, психолошка, „воена војна“ со САД и Израел и „војна против терористите“, при што под тоа ги подразбира протестите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 16 часа

iran

„Подготвени сме 100 отсто“: Иран тврди дека ги подобрил системите по последните судири

Свет | пред 19 часа

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Свет | пред 2 дена

SeKXr-

Нафтата поевтинува, фокусот е на новите санкции на САД за Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања