Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

Screenshot-2024-10-05-091727

(Видео) Иранска телевизија објави снимка од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут

Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала.Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен ракетен арсенал. Израелските воздухопловни сили го погодиле бункерот со околу 80 тони експлозив, пишува Wall Street Journal. Во нападот беа употребени серија темпирани, врзани експлозии за да се пробие подземен бункер, изјави висок израелски воен претставник.Убиството на Насрала предизвика реакција од Иран, кој го поддржува Хезболах. Стотици проектили беа истрелани кон Израел во вторникот додека ескалацијата на Блискиот Исток се зголемува од ден на ден.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-084822

Трамп: Израел треба да ја нападне иранската нуклеарна инфраструктура

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека Израел треба да ја таргетира иранската нуклеарна инфраструктура, откако сегашниот демократски претседател Џо Бајден рече дека кога би бил на местото на Израел „ќе размисли“ дали да ги гаѓа иранските нафтени постројки.Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, кој Иран го започна во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.Бајден претходно рече дека кога би бил на местото на Израел, тој „ќе размислува за алтернатива на нападот на нафтените постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како да изведе контранапад и дека „се уште е предмет на дискусија“.Трамп подоцна го критикуваше Бајден во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „таргетира нуклеарната“ инфраструктура и „подоцна да се грижи за останатите“, според агенцијата Франс прес.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-080826

Врховниот лидер на Иран: Муслиманските нации имаат заеднички непријател

Иранскиот врховен лидер ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Ајатолахот Али Хамени зборуваше додека ја водеше петочната молитва во Иран за прв пат по четири години.Тој рече дека непријателот на Иран е ист како непријателот на палестинската држава, Либан и другите муслимански народи.Тој додаде дека нападот на 7 октомври на Хамас врз Израел - за време на кој Израел рече дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа - е легитимен чин, како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.Неговите изјави доаѓаат помалку од една недела откако Хасан Насралах, водачот на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, беше убиен во израелски воздушен напад.„Палестинскиот народ има законско право да се брани. Спротивставете се на тие криминалци - окупаторските сили. Не постои ниту еден суд или меѓународна организација што може да го обвини палестинскиот народ дека едноставно ја брани својата татковина“, рече Али Хамнеи.Израел не може сериозно да им наштети на Хезболах или Хамас, додаде тој.

Свет | пред 1 година

bajden1

„Колку сте уверени дека нема да има војна?“, Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Американскиот претседател Џо Бајден утринава изјави дека не верува дека ќе има „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, регион на работ поради израелски напади во Газа и Либан и ескалација на тензиите од страна на Израел со Иран, и дека таква војната може да се избегне, но треба да се направи повеќе за да се обезбеди тоа.На прашањето од новинарите колку е уверен дека таква војна може да се избегне, Бајден застана и одговори: „Колку сте сигурни дека нема да врне? Видете, не верувам дека ќе има сеопфатна војна. Мислам можеме да го избегнеме тоа, но имаме уште многу да направиме“.Тој одговори и дали ќе испрати американски сили да му помогнат на Израел: „Веќе му помогнавме на Израел. Ќе го заштитиме Израел“.Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа додека Израел ги разгледуваше опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран врз Израел во вторникот. Иран го изврши нападот како одговор на воената акција на Израел во Либан, односно како одмазда за смртта на шефот на Хезболах Хасан Насрала.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-080826

Денеска важно јавно обраќање на врховниот лидер на Иран, прво такво по 5 години

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи треба да ја води петочната молитва и да одржи јавна проповед што може да даде повеќе информации за плановите на Исламската Република по масовниот ракетен напад врз Израел, пренесува АФП.Ретката проповед на Хамнеи, негова прва по речиси пет години, доаѓа три дена пред годишнината од војната на Израел со Хамас во Газа, предизвикана од нападот на 7 октомври од страна на исламистичката група поддржана од Иран. Врховниот водач, кој ја има највисоката моќ во Иран, ќе ги води муслиманите во молитва во џамијата на Имам Хомеини Гранд Мосала во центарот на Техеран, објави неговата официјална веб-страница.Молитвата ќе следи по „церемонијата на комеморација“ во 9 часот по средноевропско време за Хасан Насрала, убиениот водач на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Техеран.Иранската револуционерна гарда, која одговара на Хамнеи, рече дека лансирањето на 200 проектили во вторникот било како одмазда за убиството на Насрала од страна на Израел заедно со командантот на гардата Абас Нилфорушан во нападот врз Бејрут кон крајот на септември и лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран во јули.

Свет | пред 1 година

bajden

Бајден: Нема да ги поддржам израелските напади врз иранските нуклеарни постројки

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден изјави дека нема да поддржи израелски напад врз локации поврзани со иранската нуклеарна програма како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел.„Одговорот е не“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе поддржи таква одмазда откако Иран во вторникот истрела речиси 200 балистички проектили врз Израел, според АП.Американскиот претседател денеска разговараше со лидерите на Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија) за координација на новите санкции против Иран, а по тие телефонски разговори Белата куќа објави дека лидерите на Г7 „категорично го осудија иранскиот напад врз Израел“.„Ќе разговараме со Израелците за тоа што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат... но тие треба да одговорат пропорционално“, им рече Бајден на новинарите, пренесе Ројтерс.Бајден рече дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.„Очигледно е дека Иран тргна далеку од курсот“, нагласи тој.Иран вчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.Некои аналитичари велат дека одговорот на Израел најверојатно ќе биде поостар овој пат, сугерирајќи дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки.

Свет | пред 1 година

razuznavaci-sad-odbrana

(Видео) Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Централната команда на американската војска сподели видео клипови од два разурнувачи вклучени во одбраната од иранскиот ракетен напад врз Израел во вторникот вечерта. Во вторникот вечерта Иран истрела околу 180 балистички ракети кон Израел. Тоа беше најголемиот воен напад на Иран врз Израел досега.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-132509

Израел му забрани на шефот на ОН да влезе во земјата: Не заслужува да стапне на наша почва

Министерот за надворешни работи на Израел рече дека на Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што смета, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН.Израел Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел.„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече тој на X.Гутереш вчера го осуди „проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, со ескалација по ескалација“ и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се споменува Иран.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-125006

Пристигна првата реакција на врховниот лидер на Иран: „Губете се од регионот“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска се сретна со група високи претставници во Техеран. Тој ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“ за регионалните тензии и војни.Тој им порача да „се губат од регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир.Тој рече дека е тажен поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високи претставници бидејќи, како што рече, „Иранската жалост е оживувачка и движечка сила“.Наредбата за лансирање на ракетите кон Израел ја издал иранскиот врховен лидер, кој останува на безбедно место, изјави висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-123207

(Видео) Иранскиот напад врз Израел прославен во Сараево

Мала група луѓе, за кои се претпоставува дека се Турци и Сиријци, се обиделе во Сараево да го прослават ракетниот напад на Иран врз Израел што се случи синоќа, е информацијата која денеска се прошири на социјалните мрежи. На профилот на иранската провладина медиумска организација Iran Newspaper, на социјалната мрежа Х се појави кратко видео на кое се гледа како група, главно млади луѓе веат знамиња на Палестина и Босна и Херцеговина од автомобили наредени пред Градското собрание на Сараево и извикуваат на арапски.Тие се собраа таму во вторникот вечерта по почетокот на ракетниот напад врз Израел.

Свет | пред 1 година

netanjahu

Израелските власти ветија „болен одговор“ на својот непријател

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска.„Иран направи голема грешка вечерва - и тие ќе платат за тоа“, рече Нетанјаху за иранскиот напад, кој истрела околу 200 ракети врз Израел. „Во ракетниот напад, постои и намерна и смртоносна рака зад тој напад - тој доаѓа од Техеран“, додаде тој.Рече дека нападот не успеа“, и покрај тврдењата од Техеран дека околу 90 отсто од ракетите ги погодиле нивните цели.Извештаите од теренот и информациите од САД сугерираат дека огромното мнозинство на проектили биле успешно пресретнати, а Израел допрва треба да пријави каква било штета, повредени или смртни случаи.Израелските власти веќе ветија „болен одговор“ на својот непријател, при што главниот портпарол на ИДФ рече дека одговорот ќе дојде на начин и во време по нивен избор.Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека израелските воздухопловни сили „ќе нападнат силно на Блискиот Исток“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-061758

Oсуди за иранскиот напад: „Опасна ескалација“

Меѓународните сојузници на Израел го осудија иранскиот ракетен напад, кој вчера принуди милиони Израелци да побараат засолниште во засолништа низ целата земја. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека француските сили се „мобилизирани“ на Блискиот Исток за да ја покажат посветеноста на неговата земја за безбедноста на Израел.Тој, исто така, вети дека ќе организира „конференција за поддршка на либанскиот народ и неговите институции“ и го повика Израел да ги прекине своите воени операции таму „што е можно поскоро“. Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба ги критикуваше активностите на Иран како „неприфатливи“, повикувајќи на воздржаност од сите страни.„Остро го осудуваме ова. Но, во исто време, би сакале да работиме со Соединетите држави за да ја смириме ситуацијата и да спречиме таа да ескалира во вистинска војна“, изјави тој за новинарите.Австралискиот премиер Ентони Албанес го опиша иранскиот ракетен напад како „опасна ескалација“ и предупреди дека секое „понатамошно непријателство ќе ги изложи цивилите на опасност“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-082043

Иран: Нашата акција е завршена, во случај на одмазда, нема да го таргетираме само Израел

Иран утринава соопшти дека неговиот ракетен напад врз Израел - најголемиот досега воен напад врз еврејската држава - е завршен доколку нема дополнителни провокации.Израел и САД веќе најавија дека ќе му се одмаздат на Техеран. „Нашата акција заврши доколку израелскиот режим не одлучи дополнително да се одмазди. Во тоа сценарио, нашиот одговор ќе биде посилен и посилен“, рече иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во објавата на X.

Свет | пред 1 година

izrael-napadnat

(Видео) Околу 200 ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим, објавена снимка од почетокот на иранскиот напад

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел нешто по 18 часот.Сирените се огласија низ Израел.Израелските одбранбени сили ги повикаа Израелците „да останат внимателни и прецизно да ги следат упатствата на Командата за цивилна заштита“.„Веднаш штом ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до понатамошно известување“, велат тие.Засега не се знае колку ракети се пресретнати, а колку успеале да ја поминат противвоздушната одбрана. Не се знае колкава е штетата и дали има жртви.Погледнете ја снимката од моментите кога ракетите се појавија над Тел Авив.

Свет | пред 1 година

raketi-baza-1

(Видео) Американската база во Багдад нападната со ракети: драмата на Блискиот Исток се зголемува

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, изјавија за Ројтерс двајца ирачки воени претставници.Противвоздушната одбрана ги пресретнала ракетите, велат тие. Безбедносни извори рекоа дека првичната истрага покажала дека биле истрелани три ракети, вклучително и една што паднала во близина на згради што ги користат ирачките сили за борба против тероризмот, предизвикувајќи штета и пожар на некои возила.Според досегашните информации, нема жртви.Ирак, еден од ретките регионални партнери и на САД и на Иран, е домаќин на 2.500 американски војници. Вооружени групи во Ирак поврзани со Иран постојано ги напаѓаат американските војници на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа, пишува Ројтерс.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања