Промени тема
Контакт

ИРАН

media-library9f93unejdh9m0M2skpi

Брод погоден со проектил кај брегот на Обединетите Арапски Емирати

Еден брод бил погоден од засега непознат проектил на 17 наутички милји северозападно од пристаништето Мина Сакр во Обединетите Арапски Емирати, соопшти во неделата британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO), пренесува Ројтерс.Инцидентот се случил во емиратот Рас ал Каима. Според соопштението, проектилот предизвикал пожар на бродот, кој во меѓувреме бил изгаснат. Бродот планира да го продолжи своето патување.

Свет | пред 7 месеци

media-library5cebgbhuv8sm8OY6uWB

(Видео) Тоне танкер во Ормускиот теснец: Иран потврди напад, бродот ја игнорирал наредбата

Иран денеска потврди дека извршил напад врз нафтен танкер, наведувајќи дека причината била непочитување на наредбата бродот да не минува низ стратешкиот Ормуски теснец. Според извештај на државната телевизија, танкерот се обидел незаконски да го премине теснецот, пренесува агенцијата Анадолу.Оманскиот Центар за поморска безбедност соопшти дека во нападот врз танкерот „Скајлајт“, кој пловел под знамето на Палау, биле повредени четири лица. Бродот бил погоден на пет наутички милји северно од прист

Свет | пред 7 месеци

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Најмалку шестмина загинати во ирански ракетен напад врз израелски град

Најмалку шест лица загинале во удар на ирански балистички проектил врз израелскиот град Беит Шемеш, кој се наоѓа недалеку од Ерусалим, соопштија израелските служби за итна помош.Според првичните информации, во нападот се повредени 23 лица, од кои две се во тешка состојба. Уште две лица се сериозно повредени, додека 18 имаат полесни повреди. Израелската војска соопшти дека на местото на ударот испратила спасувачки и медицински тимови, како и хеликоптер за евакуација на повредените.На снимки што с

Свет | пред 7 месеци

media-library629arsds371ibGZ0G8B

(Видео) Иранската Револуционерна гарда започна нов бран напади, експлозии одекнаа во Абу Даби

Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека започнал нов бран ракетни и дронски напади кон земји во регионот. Силни детонации одекнале над главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, по што биле забележани облаци густ чад во близина на пристаништето.Засега не е јасно што точно го погодило подрачјето, но на снимки објавени на социјалните мрежи се гледа чад што се издига над пристанишната зона. Жителите сведочат дека слушнале авиони како летаат над градот не

Свет | пред 7 месеци

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Кипар демантира дека бил цел на ирански ракети

Се појавија информации дека ирански ракети биле испукани кон Кипар, но портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, ги демантираше тврдењата дека кон земјата биле лансирани какви било проектили.„Во врска со изјавите и објавите кои се однесуваат на лансирање ракети во правец на Кипар, се појаснува дека тоа не е случај и дека нема индикации оти постоела закана за земјата“, изјави тој, додавајќи дека надлежните власти внимателно ја следат ситуацијата.Претходно, британски одбранбени из

Свет | пред 7 месеци

media-library73c5nbf64hhu5OIqELC

(Видео) Израелското воено воздухопловство погодило два ирански борбени авиони на аеродромот во Табриз

Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони од типот Ф-5 и Ф-4 на аеродромот во градот Табриз, во западен Иран, додека се подготвувале за полетување, соопшти израелската армија.Во соопштението, придружено со видеоснимка од нападот, се наведува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на противвоздушната одбрана на режимот.

Свет | пред 7 месеци

media-librarys8k4o6sv7uqnfi1d3iT

Портпаролот на кипарската влада демантира дека ирански ракети биле испукани кон Кипар

Се појавија информации дека ирански ракети биле испукани кон Кипар, но портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, демантира дека било какви проектили биле испукани кон таа земја.Во врска со изјавите и објавите кои се однесуваат на лансирање на проектили во правец на Кипар, се појаснува дека тоа не е случај и нема индикации дека постоела закана за земјата. Надлежните власти внимателно ја следат ситуацијата“, рече тој.Британски одбранбени извори тврделе дека кон Кипар, каде се наоѓ

Свет | пред 7 месеци

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Ескалација во Ормускиот Теснец: Напад врз танкер ја зголеми неизвесноста на клучната нафтена рута

Во Ормускиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на сурова нафта, повторно растат тензиите по зачестените напади во регионот на Блискиот Исток. По неделниот напад врз нафтен танкер, германската бродска компанија Hapag-Lloyd соопшти дека до понатамошно известување го прекинува сообраќајот на своите пловила низ теснецот.Ормускиот Теснец, кој ги поврзува Персискиот и Оманскиот Залив, на најтесниот дел е широк околу 21 морска милја и претставува единствен поморски коридор з

Свет | пред 7 месеци

media-library06k58c4drjg58Ceiway

Властите во Абу Даби наредија продолжување на престојот на гостите, трошоците ги покрива државата

Министерството за култура и туризам нареди на хотелите во Абу Даби да им го продолжат престојот на гостите, бидејќи многумина чиј престој истекува не можат да патуваат во моменталните околности.Во дописот се наведува дека трошоците ќе ги покрие Министерството.

Свет | пред 7 месеци

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Израелски одбранбени сили: Во ударите во Иран убиени 40 клучни воени команданти

Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека во вчерашните почетни напади во Иран биле убиени 40 „клучни“ ирански воени команданти, вклучувајќи го и началникот на Главниот штаб Абдолрахим Мусави. Според тврдењата на армијата, овие 40 команданти, заедно со други високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи, биле убиени во напади изведени за помалку од една минута.Од IDF наведуваат дека сега можат да ја потврдат смртта на Мусави во почетните удари. Мусави дошол на чело на

Свет | пред 7 месеци

Iran

Иранскиот ајатолах Ширази прогласи џихад против САД и Израел

Иранскиот ајатолах Насер Макарем Ширази прогласи џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, известуваат иранските медиуми, во време на драматична ескалација на судирите на Блискиот Исток.Според достапните информации, еден од највлијателните шиитски верски авторитети во Иран упати порака во која повикува на „свет отпор“ против, како што наведе, „агресијата и криминалните напади“ на САД и Израел врз иранските цели. Неговата изјава доаѓа по интензивирањето на воздушните напади и меѓусебн

Свет | пред 7 месеци

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

(Видео) Филипче: Власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, тоа треба да го знаат САД

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди актуелната македонска власт со режимите во Иран и Венецуела, оценувајќи дека земјата се движи во опасна насока на авторитарност и институционално разградување. Тој има разбирање за нападот на САД кон Иран, со помош на Израел.„Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот во Венецуела. Очекувам да има деескалација на работите. САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични кар

Настани | пред 7 месеци

media-librarykpa752eoajitcSSZVN6

(Видео) Иран го нападна Оман

Странски работник е повреден откако два дрона го погодиле пристаништето во Дукм, на источниот брег на Оман, објавија во неделата државните медиуми на Оман, пренесува Anadolu Agency.Државната новинска агенција ONA, повикувајќи се на официјален извор, наведе дека пристаништето, сместено во градот Дукм во покраината Ал Вуста, било „мета на два дрона“. Еден од дроновите погодил мобилна станбена единица за работници и при тоа повредил странски работник, додека делови од вториот паднале во близина на

Свет | пред 7 месеци

putin-094091

Путин за убиството на Хамнеи: Тоа е циничен чин кој ги крши сите норми на човечкиот морал

Рускиот претседател Владимир Путин првпат официјално ги коментираше американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките удари што следеа. Целното убиство на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го нарече „циничен чин“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Според Путин, со тој потег биле прекршени „сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, објави CNN.Путин додаде дека Хамнеи во Русија ќе остане запаметен како „извонреден државник“.Москва и Техеран се долгог

Свет | пред 7 месеци

media-libraryl3amt296gal0cy9JM1j

Воздушниот сообраќај во колапс: Патници заглавени по ескалацијата на кризата

Судирот доведе до затворање на клучните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха и до откажување на повеќе од 1.800 летови на големите блискоисточни авиопревозници, според податоците на аналитичката компанија Cirium. Од околу 4.218 планирани летови за сабота, откажани се 966, односно 22,9 проценти.За недела се откажани 716 од вкупно 4.329 планирани летови. Во меѓувреме, платформата за следење летови FlightAware објави дека до недела во 3:30 часот по средноевропско време, глобално биле одложени повеќе

Свет | пред 7 месеци

media-librarytm5r1hd4lh6u7BoDE2o

(Видео) Експлозии во американска воена база во Ербил

Низа експлозии одекнаа во американска воена база во Ербил, на северот на Ирак, по што над базата почнал да се издигнува густ чад, јавуваат локални извори. Според нивните наводи, детонациите го потресле поширокото подрачје, а се верува дека станува збор за директен воздушен напад врз воени цели во рамките на комплексот, пренесува Anadolu Agency.Одговорноста за нападот набргу ја презеде ирачката шиитска група Сераја Евлија ед-Дем. Во соопштение наведоа дека со беспилотно летало ги нападнале америк

Свет | пред 7 месеци

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

(Видео) Најмалку девет загинати на протест пред американскиот конзулат во Карачи, пробиена оградата

Најмалку девет лица загинаа во пакистанскиот град Карачи за време на протестите пред американскиот конзулат, кои избувнаа поради американско-израелските напади врз Иран, јавуваат агенциите повикувајќи се на спасувачките служби.Според информациите, пакистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, откако тие ја пробиле надворешната ограда на американскиот конзулат во Карачи. Новинар на Ројтерс пријавил и истрели, а видеоснимки од местото покажуваат запалени возила пред г

Свет | пред 7 месеци

media-librarynqbhi42s8v7q4fO4iea

Нов член на привременото Водечко тело во Иран по смртта на врховниот лидер

Иранските власти денеска го именуваа Алиреза Арафи за правен член на привременото Водечко тело, кое ќе ги извршува должностите на врховниот лидер сè додека Собранието на експерти не избере нов водач, јави агенцијата ИСНА, повикувајќи се на официјални извори.Арафи, влијателен клерик и член на Советот на чувари, ќе биде дел од привременото Водечко тело заедно со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, и претседателот на судската власт, Голамхосеин Мохсени Еџеи.Привременото Водечко тело има задача

Свет | пред 7 месеци

media-library5dcc8n3212ja6bMRB41

(Видео) Иран подигна црвено знаме и се заканува: „Денес ќе ги погодиме Израел и САД со сила каква никогаш не сте искусиле“

Висок ирански безбедносен функционер упати жестока закана до Соединетите Американски Држави и Израел, најавувајќи нови напади.Али Лариджани на платформата Икс напиша дека Иран веќе испукал проектили кон двете држави и дека им биле нанесени штети.„Денес ќе ги погодиме со сила каква што никогаш досега не искусиле“, порача тој.Неговата изјава следи по предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп, кој на социјалните мрежи напиша дека Иран најавил силен удар и дека „подобро е да не го с

Свет | пред 7 месеци

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарија ги осуди иранските напади на Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува нападите на Иран врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави. Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.Секој чекор што води кон ескалација на судирот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Оштетена е српската амбасада во Техеран, нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање го коментираше оштетувањето на српската амбасада во Техеран.Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. Нашиот амбасадор ќе замине во Баку со луѓето од дипломатското претставништво, но на лично инсистирање ќе се врати во Те

Свет | пред 7 месеци

mnr-5-1

Сè повеќе македонски државјани пријавуваат дека се затечени во загрозени подрачја

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните.Неговата задача е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција. Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва се

Македонија | пред 7 месеци

media-library22fh9h15tdjlcIcu0Re

Нападнат нафтен танкер кај брегот на Оман, четворица повредени

Нафтен танкер бил нападнат во неделата на околу пет наутички милји од брегот на Масандам во Оман, соопшти поморскиот безбедносен центар на земјата.Во нападот се повредени четири лица, а целата екипаж од 20 членови е евакуирана, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за пловило со име „Скајлајт“, кое пловело под знамето на Палау, островска држава во западниот Пацифик.Во спасувачката акција учествувале оманската морнарица и вооружените сили, што според соопштението ја одразува подготвеноста на државата

Свет | пред 7 месеци

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

Нови детали за ликвидацијата на Хаменеи: ЦИА ја лоцирала точната позиција

Израелски одбранбени сили објавија нови информации за нападите во кои беше убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на прецизни разузнавачки податоци од военото разузнавање и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што Хаменеи присуствувал на состанок со високи функционери.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разузнавачките служби го открил

Свет | пред 7 месеци

media-library944lkqcfobd40folDJM

(Видео) Израелска војска: Удираме во срцето на Техеран

Техеран го потресуваат нови експлозии, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.ИДФ пред нешто повеќе од половина час објави дека „започнале удари врз срцето на Техеран“.„Воздухопловните сили, водени од воената разузнавачка служба, токму сега започнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, додава војската.„Во текот на изминатиот ден, воздухопловните сили спроведоа обемни напади за да воспостават воздушна надмоќ и да го отвора

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања