ИТАЛИЈА

media-librarykkutmduvl10n8o1s8nO

(Видео) Филмски вооружен напад на автопат во Италија: Разбојници кренаа во воздух возила за транспорт на пари

На автопат во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи, утрово се случи драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на пари. Инцидентот се случи во близина на градот Тутурано.Со брзата акција на полицијата од Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во областа на северен Саленто, каде што силите на редот веднаш го насочија пребарувањето.Истрагата е во полн ек бидејќи се бараат други членови на групата.Според последните информации, напаѓачите дигнаа во воздух дури две, а не само едно возило за транспорт на пари, како што првично се веруваше, пренесува Rai News.Нападнатото возило е на компанијата BTV Battistolli, а разбојниците, за да го спречат, попречиле друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.По нападот, државниот пат Бриндизи – Лече бил привремено затворен за сообраќај во двата правци.

Свет | пред 9 часа

deca-poprecenost

(Фото) 12 деца и 4 возрасни отруени во градинка во Милано

Шеснаесет лица се отруени денеска, меѓу кои 12 деца, поради истекување на јаглерод моноксид во еден градинка во Милано.До истекувањето дошло утрово, а отруени се 12 деца, двајца родители и двајца воспитувачи, соопшти пожарникарската служба, додавајќи дека никој не е потешко повреден.На местото на настанот интервенирале полицијата и пожарникарите, заедно со експерти од единицата за биолошка и хемиска заштита (NBC), кои сега работат на утврдување на причината за истекувањето, најверојатно предизвикано од дефект на бојлерот.Објектот, со површина од околу 150 квадратни метри, веднаш бил евакуиран, а децата и воспитувачите се наоѓаат во зона за тријажа каде здравствените работници ја оценуваат потребата за хоспитализација поради нивните симптоми.

Свет | пред 6 дена

media-libraryq44oa22m2ocef7hQ7hs

(Видео) Огромно лизгање на земјиштето го проголта градот Ничеми – 1.500 луѓе итно евакуирани

Најмалку 1.500 жители на градот Ничеми, на југот на Сицилија, беа итно евакуирани поради силна бура, предизвикана од циклонот Хари, која предизвика огромно лизгање на земјиштето. Лизгањето формираше расцеп долг околу четири километри на падината на брдото.Градоначалникот Масимилијано Конти изјави дека ситуацијата е критична, бидејќи голем дел од падината се урнал, оставајќи куќи опасно надвиснати над работ. Засега нема пријавени повредени, но има значителна материјална штета на домовите, патиштата и инфраструктурата.Лизгањето започнало во неделата, но брзо се проширило и сè уште расте, предизвикувајќи стравувања дека би можело да го проголта историското јадро на градот. Школите се затворени, а патот што ја поврзува Ничеми со приморскиот град Ѓело е блокиран.Многу од евакуираните се сместени кај роднини, додека неколку стотини луѓе ја поминале ноќта во локалната спортска сала. Градот Ничеми има околу 25.000 жители, а властите апелираат на граѓаните да останат дома и да се придржуваат до безбедносните упатства.

Свет | пред 1 седмица

media-library42ni57hhbo3kd8F5vdT

Италија: ЕУ да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка

Италија оваа недела ќе побара од партнерите во Европската унија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) да биде ставена на списокот на терористички организации на Унијата, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.Иако Италија досега беше меѓу земјите што се спротивставуваа на ваквите иницијативи, Тајани нагласи дека насилниот одговор на иранските власти кон учесниците на протестите овој месец, во кои наводно биле убиени илјадници луѓе, повеќе не може да се игнорира. Според него, страдањата на цивилното население бараат јасен и недвосмислен одговор од меѓународната заедница.„Загубите што ги претрпе цивилното население за време на протестите бараат јасен одговор“, напиша Тајани на платформата Икс, најавувајќи дека ова прашање ќе го отвори на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој во четврток ќе се одржи во Брисел.Италијанскиот министер истакна и дека ќе предложи воведување индивидуални санкции против лицата одговорни за убиствата на демонстрантите. Според него, ЕУ мора јасно да стави до знаење дека грубите кршења на човековите права нема да останат без последици.Иранската револуционерна гарда е основана по Исламската револуција во 1979 година и има значително влијание во Иран, контролирајќи делови од економијата и вооружените сили. Таа е надлежна и за иранските балистички ракети, како и за нуклеарната програма на земјата.Додека дел од земјите членки на ЕУ подолго време инсистираат ИРГЦ да биде ставена на листата на терористички организации, други се повоздржани, стравувајќи дека таков чекор би можел целосно да ги прекине односите со Иран. Според дипломатски извори, тоа би можело да ги загрози напорите за оживување на преговорите за иранската нуклеарна програма и да ги намали шансите за ослободување на државјани на Унијата кои се наоѓаат во ирански затвори.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Дипломатска тензја меѓу Италија и Швајцарија поради ослободувањето на сопственикот на барот со кауција

Италија официјално вложи протестна нота поради одлуката сопственикот на барот во кој на Нова година изби смртоносен пожар во Швајцарија да биде пуштен на слобода со кауција. Како дополнителна мерка, Рим го повлече својот амбасадор од Берн, по што следуваа остри реакции и критики во двете земји, јавува Ројтерс.Жак Морети и неговата сопруга Џесика, сопственици на барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана, се под истрага за убиство од небрежност и други кривични дела поврзани со пожарот во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Морети беше уапсен на 9 јануари, но судот донесе одлука тој да биде пуштен на слобода со кауција, што предизвика силни реакции во италијанската јавност.Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја оцени одлуката како навреда за споменот на жртвите и за нивните семејства. Во трагедијата животот го загубија шест италијански државјани, а уште десет беа повредени. Во официјалното соопштение на италијанската влада се наведува дека Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани му наложиле на амбасадорот на Италија веднаш да стапи во контакт со главниот обвинител во швајцарскиот кантон Вале и да го пренесе, како што е наведено, силното негодување на Италија поради ваквата судска одлука.Во соопштението се потенцира дека судот донел одлука и покрај сериозноста на делата што му се ставаат на товар, ризикот од бегство и можноста за компромитирање на доказите. Италијанската влада истакнува дека целата земја бара вистина и правда и повикува на мерки што ќе одговорат на размерите на катастрофата, со целосно почитување на болката и очекувањата на семејствата на жртвите.Како дел од дипломатските чекори, на амбасадорот Џан Лоренцо Корнадо му било наложено да се врати во Рим, каде ќе се разгледуваат натамошните потези на италијанската дипломатија. Морети беше пуштен со кауција од 200.000 швајцарски франци и обврска секојдневно да се јавува во полиција. Адвокатите на жртвите и на нивните семејства изразија сериозна загриженост, наведувајќи дека тешко можат да ја разберат одлуката и дека постои ризик од исчезнување на клучни докази.Одбраната на Морети соопшти дека сопружниците изразуваат жалење за трагедијата и дека ќе соработуваат целосно со обвинителството, додавајќи дека ќе ги почитуваат сите барања на надлежните институции.

Свет | пред 2 седмици

207-2072008_apple-brand-background

Италија го казни Apple со над 98 милиони евра

Италијанскиот регулатор за конкуренција, ги казни Apple, Apple Distribution International и Apple Italia со 98, 6 милиони евра за, како што се наведува, злоупотреба на својата „апсолутно доминантна позиција“ на пазарот за дистрибуција на iOS апликации.Според регулаторот, Apple ја злоупотребил својата пазарна моќ со наметнување правила според функцијата Транспарентност за следење на апликации, за кои рече дека ги оптоваруваат независните развивачи, особено оние што се потпираат на приходи од дигитално рекламирање.Италијанскиот антимонополски орган утврди дека Apple барал од развивачите двапати да добијат согласност од корисникот за обработка на податоци за рекламни цели – што оди подалеку од барањата на тековните прописи за приватност. Таквиот пристап, заклучува регулаторот, ја нарушува пропорционалноста на политиката на ATT, бидејќи Apple можеше да обезбеди исто ниво на заштита на приватноста на корисниците со тоа што ќе дозволи согласност за профилирање да се добие во еден чекор, наместо преку дуплирани процедури.Како што објави The Verge, Apple изјави дека не се согласува со одлуката на италијанскиот регулатор и најави жалба, нагласувајќи дека ќе продолжи да ги брани високите стандарди за заштита на приватноста на корисниците.

Свет | пред 1 месец

media-library5um6bd0ato5dfMVHU0z

Италија го казни „Рајанер“ со 256 милиони евра поради злоупотреба на пазарната позиција

Италијанското тело за заштита на конкуренцијата (AGCM) изрече казна од 256 милиони евра на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, обвинувајќи ја за спроведување „злоупотребна стратегија“ со која им бил отежнат или оневозможен пристапот на туристичките агенции до нејзините услуги.Според AGCM, од април 2023 година па најмалку до април годинава, „Рајанер“ намерно го комплицирал процесот на резервација на летови преку својата интернет-страница за патничките агенции. Казната е изречена и на Ryanair DAC и на неговата матична компанија Ryanair Holdings PLC.По спроведена, како што ја нарекоа, сложена истрага, италијанските регулатори утврдиле дека авиопревозникот воспоставил системска стратегија со која ја ограничувал можноста онлајн и традиционалните туристички агенции да резервираат летови преку платформата ryanair.com. Според наодите, ваквата практика ги блокирала, отежнувала или дополнително ги поскапувала резервациите, особено кога тие биле комбинирани со летови од други авиокомпании или со други туристички и осигурителни услуги.Од AGCM наведуваат дека ваквото однесување негативно влијаело врз продажбата на туристичките агенции и врз нивната способност да привлечат онлајн сообраќај, најмалку до евентуалната интеграција на API-системот на „Рајанер“.Авиокомпанијата најави дека ќе поднесе жалба, оценувајќи ја одлуката како „правно неисправна“. Од „Рајанер“ соопштија дека веќе ги задолжиле своите адвокати да ја оспорат, како што ја нарекоа, неточната и бизарна пресуда на италијанското тело за заштита на конкуренцијата.Во својата реакција, ирскиот превозник потсети на пресуда на Судот во Милано од јануари 2024 година, со која моделот на директна продажба на „Рајанер“ бил оценет како корисен за потрошувачите и како модел што обезбедува конкурентни цени. Според компанијата, италијанските власти неосновано се обидуваат да го игнорираат тој судски преседан и погрешно да тврдат дека „Рајанер“ има доминантна позиција на пазарот на авионски услуги кон и од Италија.Од авиокомпанијата изразија уверување дека и одлуката и високата казна ќе бидат поништени во жалбената постапка.

Свет | пред 1 месец

italija

Италија застанува со Белгија, а тука е и Бугарија: Се кочи планот на ЕУ за користење замрзнати руски средства за Украина

Италија ѝ се приклучи на Белгија во спротивставувањето на планот на Европската унија замрзнатиот руски државен имот да се користи како основа за бескаматен заем за Украина, покажува интерен документ до кој дојде „Политико“.Интервенцијата на Рим, како трета најголема земја-членка на ЕУ според население и гласачка тежина, доаѓа помалку од една недела пред клучниот самит на европските лидери во Брисел и сериозно ги поткопува надежите на Европската комисија дека ќе успее да обезбеди политички договор за оваа иницијатива.Европската комисија настојуваше државите-членки да постигнат согласност на самитот на Европскиот совет закажан за 18 и 19 декември, со цел милијардите евра руски девизни резерви, кои се чуваат во белгиската финансиска институција „Еуроклир“, да ѝ бидат ставени на располагање на Украина за поддршка на нејзината економија разурната од војната.Белгија веќе подолго време покажува резерви кон овој план, стравувајќи од високи финансиски последици во случај на арбитражна пресуда во корист на Русија. До неодамна, Брисел немаше отворена поддршка од други земји-членки, но ситуацијата сега се менува.Според документот, Италија заедно со Белгија, Малта и Бугарија ѝ предлага на Европската комисија да разгледа алтернативни модели за финансирање на Украина во наредните години, наместо директно користење на замрзнатата руска имотна резерва.„Ги повикуваме Комисијата и Советот да продолжат со истражување и дискусија за други опции, усогласени со правото на ЕУ и меѓународното право, со предвидливи параметри и значително помали ризици, со цел да се одговори на финансиските потреби на Украина“, се наведува во документот на четирите земји.Како алтернатива се споменува таканаречениот „план Б“, кој би подразбирал заедничко задолжување на Европската унија за финансирање на Украина во наредниот период. Сепак, и ова решение носи сериозни предизвици. Критичарите предупредуваат дека таквиот чекор дополнително би го зголемил и онака високиот јавен долг на Италија и Франција, а би барал и едногласна одлука, што отвора можност за блокада од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан.Иако овие четири земји, дури и со евентуална поддршка од Унгарија и Словачка, немаат доволно гласови за да формираат блокирачко малцинство, нивното јавно противење значително ги намалува шансите Европската комисија да постигне политички договор веќе следната недела.Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, досега доследно ги поддржуваше санкциите против Русија, но владината коалиција што ја предводи е поделена кога станува збор за поддршката на Украина. Потпретседателот на владата, Матео Салвини, отворено го поддржа и планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.Во дополнителна критика, Белгија, Италија, Малта и Бугарија изразија скепса и кон идејата Европската комисија да ги користи своите вонредни овластувања за да ги измени правилата за санкции и долгорочно да ја задржи руската имотна резерва замрзната.Иако вчера гласаа за одлука со која се овозможува подолгорочно замрзнување на руските средства, тие нагласија дека тоа не значи автоматска согласност за нивно користење. „Ова гласање на никаков начин не ја прејудицира одлуката за евентуално користење на имобилизираната руска имотна резерва, која мора да биде донесена на ниво на лидери“, наведуваат четирите земји.Правниот механизам за подолгорочно замрзнување на имотот е дизајниран за да се намали можноста проруски влади во рамки на ЕУ, како оние во Унгарија и Словачка, во иднина да дозволат враќање на средствата во Русија.Сепак, Белгија, Италија, Малта и Бугарија предупредуваат дека ваквиот пристап носи „далекусежни правни, финансиски, процедурални и институционални последици“, кои, според нив, би можеле да одат многу подалеку од конкретниот случај со руската имотна резерва.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj23sevel8h1mcCxwt5h

Македонскиот државјанин кој ја уби сопругата во Италија, не успеал да се самоубие

Бегството на 50-годишниот Назиф Муслија, маж со македонско потекло обвинет за бруталното убиство на неговата сопруга Саџиде Муслија во Пјанело Валесино ди Монте Роберто, траеше нешто повеќе од триесет часа. Трагедијата, која ја потресе италијанската јавност, се случи на 3 декември, а осомничениот беше уапсен вчера попладне во тешка состојба.Муслија, кој веднаш по убиството избегал со бел „смарт“, беше пронајден во шумски предел кај селцето Бракано ди Мателика, во провинцијата Мачерата. Лежел на земја, со тешки повреди, а според првичните информации се обидел да си го одземе животот. Ловџија кој минувал низ областа го забележал и ја алармирал полицијата.Во куќата каде што живеела жртвата – пронајдена мртва на креветот со силни удари во главата и градниот кош – истражителите повторно се вратија во потрага по микроскопски траги и оружјето со кое било извршено убиството. Карабињерите запленија железна цевка со траги од крв, која ќе биде предмет на дополнителни форензички анализи.Македонскиот државјанин се товари за убиство со умисла – кривично дело кое, според новиот италијански закон, се квалификува како фемицид.Италијанскиот парламент на 26 ноември го прогласи фемицидот за посебно кривично дело, казниво со доживотна затворска казна. Законот беше усвоен на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жени, а Италија стана една од ретките земји што го признава ова злосторство како засебна категорија. Во рамките на Европската Унија, ваков закон постои само во Хрватска, Кипар и Малта.Паралелно со истрагата, се отвори и сериозна дебата околу третманот што Муслија требало да го помине во едногодишниот Центар за машки сторители на насилство. Тој имал обврска да посетува состаноци на секои две недели – вкупно 60 часа – како дел од спогодбата со судот за претходните напади врз сопругата. Меѓутоа, неговиот адвокат Антонио Гаљарди тврди дека „немало слободни места“ во институцијата задолжена да го води процесот.Главната државна обвинителка во Анкона, Моника Гарули, остро ја критикува институционалната реакција, оценијајќи дека случајот „остава горчлив вкус“:„Не можат сите случаи на насилство да се третираат на ист начин. Овој случај бараше брза постапка, но тоа не се случи“, изјави таа.Дополнителни критики упати и Центарот против насилство во Анкона, кој преку претседателката Роберта Монтеново побара воведување прецизни механизми за проценка на ризик:„Мора да се процени опасноста од ескалација на насилство. Чекањето на ‘патека за рехабилитација’ не смее да биде изговор за неделување. Потребни се конкретни мерки за заштита.“Трагедијата го отвора прашањето за пропустите на системот, за доцните институционални реакции и за тоа дали фемицидот може да се спречи со навремено препознавање на опасноста.

Свет | пред 2 месеци

zemjotres

Серија земјотреси во текот на ноќта во Италија

Во текот на ноќта серија помали земјотреси го погодија подрачјето меѓу Ромања и Тоскана, јавуваат италијанските медиуми.Од 22:38 часот наваму бил регистриран таканаречен „сеизмички рој“ од шест последователни потреси. Најсилниот од нив бил измерен во 03:36 часот со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала, на потегот меѓу Чезена и Арецо, пренесува агенцијата АНСА.Епицентарот се наоѓал меѓу општината Вергерето (Форли–Чезена) во регионот Ромања и тосканската општина Ќузи дела Верна (Арецо).Засега нема информации за евентуални штети или повредени лица.

Свет | пред 2 месеци

media-library88f10omqo48h2RYbhzf

Македонка пронајдена претепана од сoпругот до смрт во Италија – мртвото телото било откриено во кревет со тешки повреди на главата

Во италијанската покраина Анкона е откриен тежок случај на семејно насилство со смртни последици, во кој жртва е 49-годишна жена со македонско потекло. Италијанските медиуми јавуваат дека Саџиде Муслија била пронајдена мртва во својот дом во селото Пјанело Валесина, во општината Монте Роберто. Телото, најдено во нејзиниот кревет, имало бројни траги од брутално насилство, особено во пределот на главата.Полицијата започнала истрага откако нејзиниот работодавач алармирал дека жената не се појавила на работа. Во тек е потрага по нејзиниот сопруг, 50-годишниот Назиф Муслија, кој се смета за главен осомничен.Позадината на случајот открива долготраен циклус на семејно насилство. Иако двојката била во постапка за развод, медиумите наведуваат дека мажот повторно се вселил кај неа. Тој веќе имал евиденција за семејно насилство, а жената поднесувала повеќе пријави против него. Во април оваа година бил уапсен поради физички напад врз сопругата.Еден од документите за насилство се однесува на инцидент кога напаѓачот со секира, насилно ја скршил вратата од спалната соба, откако жената се засолнила кај сосед поради сомневање дека ја следи и ја обвинува за неверство. Таа изјавила дека во последните две години постојано била изложена на психичко и физичко малтретирање.Иако против него била поведена постапка, во јули минатата година тој постигнал спогодба со признавање вина, по што двојката накратко се обидела да се помири.Трагедијата што сега се истражува го отвора прашањето за пропустите во заштитата на жртвите на семејно насилство, додека италијанската полиција интензивно трага по осомничениот сопруг.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi5j7258nimer96DKPcn

(Видео) Драматично во Италија и Словенија: Поплави, лизгање на земјиштето, урната зграда и исчезнати

Делови од Словенија и Италија ги зафати силно невреме. Има големи поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија.Во градот Брачани, во општина Крмин, до словенечката граница, лизгање на земјиштето затрупа и урна трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека уште се бараат двајца жители.Бројни возила за спасување и хеликоптер веднаш беа испратени на местото на несреќата.Поради ризикот од нови лизгања на земјиштето, властите евакуираа неколку семејства од Виа Сан Џорџо. Градоначалникот на Крмин, Роберто Фелкаро, ја потврди сериозноста на ситуацијата: „Синоќа имаше многу дожд, многу. За жал, некои луѓе исчезнаа.“Екстремната количина на врнежи од дожд, со 152 милиметри дожд што паднаа само во Крмин за шест часа, предизвика излевање на реките.Реката Идрија се излеа од коритото и предизвика големи поплави, додека реката Тер го поплави селото Верса во близина на Вилеш. Поради тешката ситуација на терен, спасувачи од соседна Венеција беа мобилизирани за да помогнат на погоденото подрачје.Ситуацијата во Верса е драматична. Многу жители побараа засолниште на покривите на своите домови, каде што чекаат евакуација. Пожарникарите интервенираат со мали чамци и хеликоптер за да стигнат до заробените луѓе.Силно невреме проследено со обилни дождови го погоди и регионот Горишка во Словенија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и значителни штети на инфраструктурата. Ситуацијата е најтешка во областа на Горишка брдо, а проблеми се пријавени и во општините Канал об Сочи и Толминско.

Свет | пред 2 месеци

media-library5bthfpjopbae7fXrTjn

(Видео) Екплодираше автомобилот на италијанскиот новинар Ранучи, му поставиле бомба под возилото

Синоќа е целосно уништен автомобилот на познатиот италијански новинар Зигфридо Ранучи, откако бомба која била поставен под возилото експлодирала. Во експлозијата нема жртви, објави сајтот на емисијата Репорт, која тој ја води на РАИ 3.Од екплозијата биле оштетени и втомобилот на неговата ќерка и фасадата на зградата, по што инцидентот беше осуден од бројни политички функционери.Премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази „целосна солидарност“ со новинарот и „цврсто го осуди овој сериозен чин на заплашување“.„Слободата и независноста на информациите се вредности на нашата демократија од кои не можеме да се откажеме и кои ќе продолжиме да ги браниме“, додаде таа.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb78dmq7u7ha1cA3368d

Трагедија во Италија: Срушен воен авион, загинале двајца пилоти

Двајца припадници на италијанското воено воздухопловство загинаа денеска кога тренажен авион се урна во близина на градот Сабаудија, јужно од Рим, јавуваат властите и локалните медиуми.Според италијанската агенција ANSA, едномоторниот авион T-260B, се урнал за време на вежба над Националниот парк Чирчeo, околу 100 километри од Рим.Спасувачките екипи кои стигнале на местото на несреќата ги пронашле остатоците од авионот и телата на двајцата членови во пламен . Несреќата се случила во близина на еден од влезовите во паркот, во шумското подрачје каде немало цивили во моментот.Италијанската премиерка Ѓорџа Мелони изрази сочувство:Изразувам најдлабоко сочувство поради падот на авион на италијанското воено воздухопловство во близина на Националниот парк Чирчeo. Моите мисли и мислите на Владата се со семејствата на жртвите, со Военото воздухопловство и со целото Министерство за одбрана.“Министерот за надворешни работи Антонио Тајани исто така ја изрази својата тага:Длабоко жалам за загубата на двајцата пилоти и го изразувам моето сочувство до нивните семејства.Причината за несреќата сè уште не е утврдена според официјалните извори.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryc0r43vq16leubbyAzzU

Конзулката Фросина Ременски на средба со градот Венеција, советничка ја испофали јавно: „Се издвојува нејзината човечност!“

Советникот за образовни политики, услуги за граѓаните и персонал на Градот Венеција, Лаура Бесио, објави дека остварила средба со генералната конзулка на Македонија во Венеција, Фросина Ременски.„Со задоволство ја пречекав конзулката Фросина Ременски. Разговорот беше исполнет со многу теми, бидејќи таа има богато професионално искуство – била пратеничка, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика во Македонија. Но особено се издвојува нејзината човечност и чувствителност, карактеристики што ги носи од својата професија како професорка“, напиша Бесио.Таа нагласи дека ја цени силата, храброста и страста на Ременски како жена што одбрала пат во сфера каде што сè уште доминира машкиот глас. Средбата, како што додаде, била збогатена со интересни идеи и поттикната од заедничкиот пријател Љупчо Андоновски, кој бил присутен како преведувач.„Разговаравме и за убавото пријателство меѓу Италијанците и Македонците“, напиша Бесио.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања