Промени тема
Контакт

Трагедија во Италија: Срушен воен авион, загинале двајца пилоти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryb78dmq7u7ha1cA3368d

Двајца припадници на италијанското воено воздухопловство загинаа денеска кога тренажен авион се урна во близина на градот Сабаудија, јужно од Рим, јавуваат властите и локалните медиуми.

Според италијанската агенција ANSA, едномоторниот авион T-260B, се урнал за време на вежба над Националниот парк Чирчeo, околу 100 километри од Рим.

Спасувачките екипи кои стигнале на местото на несреќата ги пронашле остатоците од авионот и телата на двајцата членови во пламен . Несреќата се случила во близина на еден од влезовите во паркот, во шумското подрачје каде немало цивили во моментот.

— реклама —

Италијанската премиерка Ѓорџа Мелони изрази сочувство:

Изразувам најдлабоко сочувство поради падот на авион на италијанското воено воздухопловство во близина на Националниот парк Чирчeo. Моите мисли и мислите на Владата се со семејствата на жртвите, со Военото воздухопловство и со целото Министерство за одбрана.“

— реклама —

Министерот за надворешни работи Антонио Тајани исто така ја изрази својата тага:

— реклама —

Длабоко жалам за загубата на двајцата пилоти и го изразувам моето сочувство до нивните семејства.

Причината за несреќата сè уште не е утврдена според официјалните извори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Италија ќе им дава по 500 евра годишно на 1,18 милиони домаќинства за храна

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Траги од смртоносен рицин откриени во домот на мајка и ќерка кои починаа во Италија

Свет | пред 23 часа

media-librarydvrq56vusdnm9MryK3X

Италијанец загина од удар на гром додека ловел риба на јадранскиот брег

Свет | пред 1 ден

101013308-147590

31-годишен маж со македонско потекло загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања