„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кочани

Screenshot-2025-06-18-at-20.14.19

Кочани доби ПРП терапија – повредените од трагедијата веќе се третираат локално

Во Општата болница во Кочани за првпат е изведена ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) кај десет лица повредени во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Интервенциите се извршени од специјализиран медицински тим од скопската болница „Св. Наум Охридски“, објави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Претходно, девет други пациенти беа третирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, порача Клековски.ПРП терапијата е современа медицинска метода која користи плазма од сопствената крв на пациентот, збогатена со тромбоцити, со цел да се стимулира и забрза процесот на регенерација и заздравување на кожата и меките ткива.Овој напредок значително ќе го олесни лекувањето и рехабилитацијата на повредените, но и ќе обезбеди побрз пристап до современи терапии за целото источно подрачје.

Македонија | пред 6 месеци

puls-38

Обезбедени средства за спомен-обележје во чест на младите жртви од „Пулс“

Со амандман поднесен и усвоен денес во Собранието, обезбедени се 2 милиони денари како почетни средства за изработка на идејно решение и отпочнување на активности за подигнување на спомен-обележје во Кочани, во чест на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.Спомен-обележјето ќе биде поставено во централното градско подрачје на Кочани и ќе претставува тивок, но моќен симбол – сведоштво за загубата, потсетник за солидарноста и опомена дека ваква трагедија не смее никогаш да се повтори.

Македонија | пред 6 месеци

verica-zakani

Закани кон мајката на загинатата Моника во Кочани: „Среќен сум што се случи ова – Господ ги казни“; МВР работи на случајот

Верица Трифунова, мајка на трагично загинатата Моника Спасова објави низа на принтскринови од разговори, од кои се гледа како извесен Благојче Велков ѝ испраќал вознемирувачки пораки.  Претходно истото лице, испратило заканувачка порака кон друго лице на социјалните мрежи, во која и вели „Не јади го*на многу, немој да останеш без едно дете“. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека постапуваат по допрен глас и испитуваат наводите.„Сектор за компјутерски криминал нема добиено пријава од родителите на загинатите деца во дискотеката Пулс во Кочани, а по однос на добиени заканувачки пораки на социјални мрежи. По допрен глас од добиени информации од јавноста, а поврзани со горенаведеното Сектор за компјутерски криминал врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа вакви пораки и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото. Се замолуваат лицата кои ги добиле овие пораки за истото да достават пријава на емаил адресата    cybercrime@moi.gov.mk“, велат од МВР за „Скопје1“.Трифунова, ги објави пораките. Од нив се гледа и содржината. Па така, Велков пишува „Госпоѓице да знаеш колку се плашам од ова што си го пишувала, едно да знаеш, јас работам за ЦИА, тоа во Швајцарија. Така зад мене стојат многу народ, несе плашам, од ништо. Друго среќен сум јас и многу луѓе што се деси ова, Господ ги казни предавниците. Ако сакаш јави се дека сакаш кај кој си намислила никој ништо не ми може“.Потоа, за да биде уверлив, се фали самиот дека бил специјално пратен да прави инциденти на изборите.Истото ова лице, има објавено и повеќе коментари кои се јавно достапни. 

Коментари | пред 6 месеци

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Ќе објасниме сѐ“ – Обвинителството прифаќа средба со родителите на загинатите во „Пулс“

Јавното обвинителство соопшти дека стои на располагање за директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму додаваат дека, доколку има такво барање, во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат блиските на жртвите за сите аспекти од поднесеното обвинение, без да ја нарушат натамошната постапка.„Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во Обвинителството добија и директен контакт, и им беше посочено дека сите семејства можат во секој момент да се информираат директно во обвинителството во Кочани за текот на постапката“, велат од институцијата.Ова следи по јавниот апел на родителите на 62-те загинати, кои побараа од Обвинителството директно да им објасни кои лица се обвинети, а против кои е запрена постапката, бидејќи, како што велат, правната терминологија во соопштението не им е јасна и не може да ја заменува личната комуникација.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-14-at-19.36.19

Потресен јавен апел од Кочани: „Клекнувам на колена – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел!“

Со потресен јавен апел, Верица Трифунова – мајка на трагично загинатата Моника Спасова – повика на вклучување на Коалицијата за правично судење и и други невладини организации во борбата за, како што вели, правдата за нејзината ќерка и другите 62 загинати лица, кои не починале од болест, туку биле „убиени од корупцијата и криминалот“.Во нејзиниот апел, мајката директно ги повикува професорката Биљана Ивановска, професорот Злате Димовски и поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева да бидат дел од мониторинг-служба која ќе го надгледува целиот процес – од обвинителни акти до донесување на судски пресуди.„Професорке Биљана Ивановска и професоре Злате Димовски, еве јавно ве повикувам и од дното на душата ве молам да се вклучите во борба за правда на мојот убиен и пеплосан ангел Моника Спасова. Ве барам и на колена ви клекнувам за да ве замолам да бидете мониторинг служба и да надгледувате и следете сѐ што сѐ случува во обвинителните акти и пишувањето на пресудите, мојот ангел Моника Спасова не почина од болест, ја убија корупцијата и криминалот, таа ја имаше најголемата желба да се бори против тоа.... Но не сакаше да биде дел од таа криминална и коруптивна банда (мафија), и ете тие и го одзедоа невиниот нејзин живот, а нејзината ќеркичка доживотно ја осудија да расте без мајчинска љубов. Исто така почитувана Слаѓана Тасева, доколку сте во можност, ве повикувам и ве молам од дното на душава и вие да бидете вклучени во мониторинг служба над сите инволвирани, за да ми помогнете да ја одбранам смртта на мојот убиен анге. Таа никогаш не беше продадена душа, затоа сакам чесно и достоинствено да ја одбранам нејзината смрт, вистинските убијци да се изведат пред лицето на правдата....Моника мојот ангел сега е кај Бога, во рајот и заедно со него мислам дека се борат против злото и убијците на земниот живот, и не знам дали тие убијци не се плашат од судот Божји, и кога ќе дојде денот да се соочат со тој суд и со ангелите што ги убија. Моника е жива во мене и јас додека дишам ќе се борам за правда на мојот убиен ангел. Европска Унија барам финансиски да се вклучите и да бидете дел од мониторингот“, рече Верица Трифунова.Таа најави дека нема да застане со својата борба сè додека не ги види, како што рече, „вистинските убијци“ изведени пред лицето на правдата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-14-at-19.21.55

„Монструмот Деко се криел, а нашите деца умирале“ – сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“

Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, обвини дека Деко (газдата на „Пулс“ н.з.) ги оставил децата на милост и немилост при пожарот, а тој отишол во некаква скривница во објектот. Таа посочи дека вратата била затворена, а тоа одзело повеќе животи.„Јас не знам зошто партиите преку медиумите кажуваат кој што и колку дал. Господ рекол кога левата рака дава, десната не треба да знае. И обратно. На нашите деца никој и ништо не им помогна, само помогнаа со тоа што им ја затворија вратата и што многу повеќе уништија. Да била вратата отворена, немало толку да бидат уништени и ќе се спасија. А не како оној монструмот Деко што се криел долу во скривницата, за да се спаси, а нашите деца ги оставил на милост и немилост“, рече Стојанова.И на прес-конференцијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, „Скопје1“ праша дали вратата на објектот била затворена или не – а тој одби да одговори. Прашавме и дали во ОЈО-ГОКК ова ќе се испитува, но не добивме конкретен одговор.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-14-at-19.07.56

Родителите на загинатите со барање до Обвинителството

Родителите, роднините, пријателите на загинатите деца, како и нивните поддржувачи за да се изборат за правда, излегоа на уште еден марш во Кочани, а по трагедијата каде загинаа 62 лица. Упатија јавен апел од Обвинителството, да ги викне и да им објасни кои лица се обвинети, а за кои е запрена постапката. Сметаат дека за тоа треба да дознаат директно од обвинителите, а не од медиумите.„Ние не сме правници, соопштението ни е дадено по членови и закони... и реално ништо не сфативме. Претпоставувам и другите родители, освен градоначалниците и обезбедувачите, не сфатиле. Сега ќе читам, оти во понеделник ова барање ќе го испратиме до Обвинителството“, рече мајката Марија Петрушева чиј син Андреј Панов загина и додаде: „Чувствуваме морална и човечка должност да се обратиме. Сметаме дека е од суштинско значење Обвинителството конечно и целосно да нѐ запознае со исходот од истражната постапка и со содржината на поднесениот обвинителен акт, кои лица се опфатени, а кои се изземени од одговорност, за да ги отстраниме сите дилеми кои се јавуваат кај нас. Неприфатливо е за нас да добиеме информации преку медиуми. Очекуваме транспарентност и директна комуникација“.Таа рече дека ги загрижува фактот што и покрај укажувањата, некои лица не биле повикани ни на распит.„Нашата болка е тешка, но борбата е праведна. Бараме одговорност и вистина“, додаде таа.

Македонија | пред 6 месеци

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Задоцнија институциите“, па со задоцнување ќе почне и маршот во Кочани

Семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ продолжуваат со организирањето на „Маршот за ангелите“ и в сабота, 14 јуни, ќе се одржи деветтиот по ред.За разлика од досегашните, овој протестен марш ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на Револуцијата, ќе продолжат низ Трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на нивните барања да им се придружат, а медиумите слободно да го проследат настанот.

Македонија | пред 6 месеци

puls-kocevski

„Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Тие се гонат оти при акциската контрола, не спречиле да биде активирана пиротехниката. Но, истовремено, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.„На 16 март, на место каде биле собрани поголем број на луѓе, не спречиле активирање на пиротехника на сцената каде настапила музичката група ДНК. Палењето не било пријавено во ПС Кочани, а од која пиротехника настанал пожарот. По што не преземале мерки за заштита на лицата во Пулс. Во текот на акциската контрола настанал пожар“, рече рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски.Тој рече дека тие се гонат за тешки дела против општата сигурност.„Постои основано сомнение дека од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година, на територијата на СВР Штип, осомничените како службени лица сториле кривично дело, тешки дела против општата сигурност. Истите како соизвршители не постапиле според прописите за заштита, одобриле план за акциска контрола за контрола на територија на Кочани, без да проверат дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за вршење полициски работи. Овој план кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, било постапено“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-13-at-08.54.32

Сопругата на загинатиот Андреј од ДНК испрати отворена порака

Сопругата на Андреј од ДНК, Наталија Ѓоргиевска, преку објава на социјалните мрежи, порача дека го следи процесот за утврдување одговорност кај сите инволвирани лица. Таа пишува дека ќе зборува гласно, ако има селективна правда.- Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме - ќе зборуваме погласно. И ќе не' има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки! - вели таа во објавата на својот фејсбук профил, како коментар на објавена вест.

Коментари | пред 6 месеци

puls-11

Нова тура апсења во Кочани за „Пулс“, над десет полицајци се приведени

Над десет полициски службеници од Кочани и Штип, добиваат статус на осомничени во предметот за пожарот во „Пулс“. Според информации на „Скопје1“ имало повеќе апсења, а меѓу нив се и ексначалници, кои ја имале оваа функција кобната вечер. Истрагата за пропустите на полицијата на води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Полицајците ќе бидат спроведени на распит.Овие апсења се нова „тура“. Претходно, МВР за „Скопје1“ извести дека поднеле три кривични пријави за различни временски периоди.„Првата кривична пријава се однесува во временски период од 2022 до 2024 година вкупно против седум лица, од кој пет се активни полициски службеници и двајца се пензионери. Втората кривична пријава се однесува  во временски  период од 2012 до 2022 година вкупно против 10 лица од кои (двајца службени лица се повторуваат) четворица се активни полициски службеници и шест се пензионери. Третата кривична пријава се однесува во временски  период од 2023 до 2024 година вкупно против тројца полициски службеници од кој еден полициски службеник се повторува“, рекоа од МВР.Детали за апсењата засега не се споделува од институциите.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Трпам критики, но молчам заради истрагата за „Пулс“ – Обвинителството има одврзани раце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека свесно не дава изјави за обвинувањата кон него за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а десетици беа повредени. Тој нагласи дека целосно ја препушта постапката во рацете на Јавното обвинителство.„Јас сум внимателен кога станува збор за истрагата во Кочани. Обвинителството има одврзани раце да прави буквално сѐ со тој случај. Затоа молчам. Трпам критики и трпам, ама Обвинителството нека си ја заврши работата“, рече Мицкоски за истрагата за пожарот во „Пулс“.Истрагата за пожарот се ближи кон крајот. Мицкоски порача дека очекува Обвинителството до крај да ја расветли трагедијата, но дека нема да дозволи политизација на случајот додека не заврши постапката.

Македонија | пред 6 месеци

puls

Заблуда или системски пропуст: Пациентите од „Пулс“ плаќаат партиципација, Министерството бара решение

Повредените од дискотеката „Пулс“, но и посетителите кои мораат да прават редовни контроли, и натаму плаќаат партиципации за лекување, односно услуги по болниците во Македонија. До редакцијата на „Скопје1“ се обрати лице кое правело испитување во болницата „8 септември“ на одделот за Пулмологија. По прегледот, требало да се плати. Посочува дека не е проблемот во 400 денари, но стравува дека можеби на таква контрола ќе отиде некој што нема или не испланирал, бидејќи во неколку наврати претходно, беше кажано дека лекувањето е бесплатно, а тоа не се однесува на и на контролите.„Земаат партиципација за преглед во ‘8 септември’. Бев на пулмологија на контрола, а долу, за резултатите, ни наплатија. Кажавме дека сме од Кочани, ама ништо не искоментираа. Претходно, кога кога доаѓаа во Кочани, ми кажаа да одам на контрола на пулмологија оти кашлав и ми кажаа да одам во било која болница, само да кажам дека сум од пожарот. Отидов, направија сѐ и кажаа дека се плаќа. 400 денари не беше многу, ама ќе оди некој што стварно нема, а тоа не е во ред. Пред еден месец, на контрола во Белград, не ни наплатија ништо“, вели пациент.Заблудата е направена поради изјавите во јавноста кои ги имаше од ексминистерот за здравство, Арбен Таравари. Тој кажа дека 99% од лекувањето ќе биде бесплатно, а тоа се однесуваше на хоспитализирањето, но очигледно не на контролите. „Скопје1“ се обрати до Владата, каде велат дека и натаму бараат начин за да се надмине оваа состојба.„Во моментов, станува збор за законско решение со кое рамноправно за сите граѓани е утврден начинот на плаќање на партиципација. Но, во моментов, Министерството за здравство работи на изнаоѓање на начин и методологија, доколку постои, како би можело да се надмине оваа состојба“, вели владината портпаролка Марија Митева за „Скопје1“.Во здравствениот систем постојат групи на луѓе кои согласно прописите се ослободени од плаќање на партиципација. Едни од нив се дарителите на крв. До измените на прописите, повредените од „Пулс“, ќе плаќаат за услугите во државното здравство при правење на контролите.

Македонија | пред 6 месеци

puls-35

„И да не нѐ споменете, нема да политизираме“, над 100.000 евра собрани за Кочани преку платформата „Е-Crowd“

Над 100.000 евра, фонацијата „Е-crowd“ собра преку истоимената платформа, а наменети за повредените во Кочани. Д-р Ненад Лазаров кој е дел до тимот на платформата, посочува дека средствата ги исплатиле на Црвен крст.„Преку ECrowd.mk најтранспарентно беа собрани и исплатени повеќе од 100.000 евра т.е повеќе од 6 милиони денари донации акутна помош за настраданите од Кочани. Средствата беа исплатени во соработка со Црвен Крст на Македоноја која е единствена организација ослободена од даноци, во спротивно требаше да платиме 11.000 евра данок персонален! Ретко кој медиум не спомна, фала ви... Но по цена и некој да не не спомене нема да ја политизираме катастрофата која се случи“, напиша Лазаров.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_24-05-2025_04-16-07-8870PM

„Support Kocani“ плати 15 илјади евра за компресивна облека за повредените

„Support Kocani“ ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари – средствата целосно обезбедени преку донации.„Со особено задоволство ве информираме дека здружението на граѓани СУПОРТКО ја исплати првата фактура за компресивна облека наменета за повредените лица од трагичниот настан во Кочани, во износ од 923.458,00 денари. Средствата за оваа набавка беа целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Покрај тоа, веќе се обезбедени средства и за втора тура компресивна облека. На 16 и 17 јуни, во Кочани повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со процесот на земање индивидуални мерки за новата нарачка“, велат од „Support Kocani“.Тие додаваат: „Упатуваме голема благодарност до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија значителен попуст во вредност од 19.600,00 лева, со што овозможија оваа неопходна медицинска помош да стигне до што поголем број на повредени.Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност. Вашата поддршка продолжува да прави разлика“.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања