Промени тема
Контакт

Потресен јавен апел од Кочани: „Клекнувам на колена – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-06-14-at-19.36.19

Со потресен јавен апел, Верица Трифунова – мајка на трагично загинатата Моника Спасова – повика на вклучување на Коалицијата за правично судење и и други невладини организации во борбата за, како што вели, правдата за нејзината ќерка и другите 62 загинати лица, кои не починале од болест, туку биле „убиени од корупцијата и криминалот“.

— реклама —

Во нејзиниот апел, мајката директно ги повикува професорката Биљана Ивановска, професорот Злате Димовски и поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева да бидат дел од мониторинг-служба која ќе го надгледува целиот процес – од обвинителни акти до донесување на судски пресуди.

— реклама —
— реклама —

„Професорке Биљана Ивановска и професоре Злате Димовски, еве јавно ве повикувам и од дното на душата ве молам да се вклучите во борба за правда на мојот убиен и пеплосан ангел Моника Спасова. Ве барам и на колена ви клекнувам за да ве замолам да бидете мониторинг служба и да надгледувате и следете сѐ што сѐ случува во обвинителните акти и пишувањето на пресудите, мојот ангел Моника Спасова не почина од болест, ја убија корупцијата и криминалот, таа ја имаше најголемата желба да се бори против тоа.... Но не сакаше да биде дел од таа криминална и коруптивна банда (мафија), и ете тие и го одзедоа невиниот нејзин живот, а нејзината ќеркичка доживотно ја осудија да расте без мајчинска љубов. Исто така почитувана Слаѓана Тасева, доколку сте во можност, ве повикувам и ве молам од дното на душава и вие да бидете вклучени во мониторинг служба над сите инволвирани, за да ми помогнете да ја одбранам смртта на мојот убиен анге. Таа никогаш не беше продадена душа, затоа сакам чесно и достоинствено да ја одбранам нејзината смрт, вистинските убијци да се изведат пред лицето на правдата....Моника мојот ангел сега е кај Бога, во рајот и заедно со него мислам дека се борат против злото и убијците на земниот живот, и не знам дали тие убијци не се плашат од судот Божји, и кога ќе дојде денот да се соочат со тој суд и со ангелите што ги убија. Моника е жива во мене и јас додека дишам ќе се борам за правда на мојот убиен ангел. Европска Унија барам финансиски да се вклучите и да бидете дел од мониторингот“, рече Верица Трифунова.

— реклама —

Таа најави дека нема да застане со својата борба сè додека не ги види, како што рече, „вистинските убијци“ изведени пред лицето на правдата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања