Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

ковачки

spasovski-2

Ковачки: Груби му се заблагодари на Спасовски, само не кажа за што

Првиот Вице-премиер Артан Груби му се заблагодари на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Само не кажа за што му се заблагодарува, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ„Дали му се заблагодари затоа што му дозволил на возилото што е на име на приватна фирма да стави звучна и светлосна сигнализација односно го направил како полициско возило и како такво да го користи, или му се заблагодари затоа што МВР се' уште не покренало постапка за испитување на начинот на отстапување на користење на возилото од страна на фирма на избраниот функционер.Министре Спасовски, ќе кажете ли збор-два за случајот или ќе следи нов скандал за да го покриете овој“, вели Ковачки

Македонија | пред 2 години

dragan-kovacki

Ковачки со порака до ДУИ и СДСМ: Веќе немате време ниту за реновирање на затворите, а ви кажавме на време

По објавата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ дека нејзиниот автомобил е искршен на социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки кој порача дека секој оној што мисли дека нема да има одговорност и ќе се пазари после промената на власта, длабоко се лаже.Згрозен сум од кршењето на возилото на нашата портпаролка и член на ИК Марија Митева која секојдневно ги изнесува скандалите и криминалите на ДУИ и нивните потрчковци од СДС.Со овој кукавички чин по кој се познати ДУИ и СДС, кои се плашат да се соочат со институциите кои сами ги водат, уште еднаш потврдуваат дека:1. Тоа што го зборуваме е точно,2. Крајот на бандава на власт на ДУИ и СДС е блиску и3. Стравот од одговорност после промената на власт е голем.Секој оној што мисли дека нема да има одговорност и ќе се пазарат после промената на власта, длабоко се лаже.Компромис со криминалци нема да има.Одговорност ќе има.Еве две пораки до ДУИ и СДС:1. Веќе немате време ниту за реновирање на затворите. А ви кажавме на време,2. Тоа што мислите дека се заканувате на жена која ќе отстапи само затоа што е жена, сте погрешиле. Колку и да звучи сексистички, но жените во ВМРО се поголеми мажи од сите ваши мажи заедно.

Коментари | пред 2 години

347613782_709155224553637_8762994326614956248_n

„Која по ред е оваа архива на институција што гори сама од себе или се поплавува“, прашува Ковачки

Во пожар што избувнал во 1 часот и 35 минути по полноќ изгореa подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово. Таму се чува архивата на судот.На социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој праша која по ред е оваа архива која што изгорела сама од себе.„Архивата на Судот во Куманово изгоре.Која по ред е оваа архива на институција што гори сама од себе или се поплавува?“, прашува Ковачки

Коментари | пред 2 години

11-1

Ковачки до Петровска: Нели не се земаше поткуп во АРМ, нели се' беше регуларно

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи побара од министерката за одбрана Славјанка Петровска да му се извини за навредите кои биле упатени кон него.„И сега министерке што правиме?Ќе се извините ли за навредите кон мене?Нели лажев?Нели не се земаше поткуп во АРМ, нели се' беше регуларно па затоа од Вашиот ПиАр Ве наместија да ме повикате лани во ноември на ТВ дуел кој го изгубивте?Една порака до обвинителството:Случајот за поткуп не смее да заврши на ниско рангирани службеници, туку да се истражи до крај.Рибата смрди од главата!*А министерката е должна на јавноста да и' објасни зошто го поништи конкурсот за офицери кога сите процедури веќе биле завршени?Ем неспособни, ем криминални.НАТО сме биле, брука“, напиша Ковачки.

Македонија | пред 2 години

Kovacki

Ковачки до Ковачевски: Видовме колку сте самостоен во одлучувањето кога Ви ја искинаа оставката

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека ако тој бил ставен на црната листа на САД, не само што ќе дал оставка, туку ќе го сметал и за најголем пораз. Оваа изјава доаѓа откако беше прашан дали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко треба да се повлече од функцијата која ја извршува.„Јас да се најдам на листата на САД, не само што ќе дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски, по што на социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Неизбран премиере, Вие се најдовте на црната листа на македонскиот народ кога одбивте да облечете униформа и лажно се претставувате дека имате трајно ограничување.Вие го предадовте македонскиот народ во 2001 година, го предадовте и со бугарскиот договор и сега зборувате за чест и морал.Пародија.* А кога зборувате за оставки, видовме колку сте самостоен во одлучувањето кога Ви ја искинаа оставката.Не смеете ниту оставка да поднесете ако не Ви дозволат Али Ахмети и Талат Џафери“, напиша Ковачки.

Коментари | пред 2 години

PRSM-Pendarovski

Ковачки до Пендаровски: Вие и Вашите привремени и променливи ставови сте неважни како снег во јуни

„Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници за усвојување на уставните измени не е недостижна“, вели претседателот Стево Пендаровски.Во врска со оваа изјава на социјалните мрежи се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.„Зарем некому му е важно што смета г-динот Пендаровски?Во секоја нормална држава, па дури и во нашава во која Претседателот согласно Уставното уредување нема голема извршна моќ, но сепак поради легитимитетот кој го има добиено на избори од граѓаните, ставовите на човекот кој е Претседател на Држава би требало да се сметаат за сериозни.Друга работа е што сите знаеме како тој го добил легитимитетот, односно кои концесии и ветувања морал да ги реализира за потребите на ДУИ и на остатоците-отпадоците на Сојузот на комунистите.Како може да му се верува на човек кој додека беше носител на листа на она што Заев успеа да му го собере се на купче (од шарени, невладини, разочарани итн..) ветуваше и тврдеше дека-цитирам:1. Нема шанси да дојде до промена на името на Македонија,2. Во новата програма на Владата, името нема да биде воопшто приоритет,3. Нема таков јунак кој ќе го смени името, затоа што народот душата ќе му ја земел на тој што тоа ќе го направи,4. Не може да се смени името без државен консензус,Истиот човек, г-динот Пендаровски, кога беше пратеник тврдеше дека - цитирам:1. Резултатите од референдумот за промена на името ќе бидат обврзувачки, не може да биде: ги прашавме граѓаните, ама не ни се допаѓа резултатот и ќе продолжиме,2. Ако референдумот е неуспешен, процесот запира тука.Истиот човек, кога стана Претседател изјави дека - цитирам:1. Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин,2. Ние во Скопје, тука, немаме видено предлог за решавање на спорот со Бугарија,3. Јас го работев предлогот, јас ги пишував формулациите,4. Нема да ги потпишам законите за Бехтел-Енка,5. Донесов одлука да ги потпишам законите познати во јавноста како Закони за Бехтел-Енка.6. Процесот на Уставни измени не смее да биде како оној со Преспа и менувањето на името,7. Нема да коментирам за Уставните измени додека не се договорат лидерите на партиите,8. Бројката од 80 пратеници за промена на Устав, не е недостижна...И така, има уште многу вакви и слични изјави за "цврстите" ставови на таткото на нацијата, кој ги навреди дури и војниците од 2001 година кога се откажа од нив нарекувајќи ги дека се неспособни (заборавајќи дека неспособноста и килавоста беше кај политичкото раководство од кое и тој беше дел - широка влада).И сега, треба да му се верува на изјавите на Пендаровски кој тврдеше дека знаел дека војната во Украина ќе почне цели 3 месеци пред Русија да нападне, а не ја известил Владата за да истата се подготви за економските последици, или на човекот кој се сликаше со болното момче од цистична фиброза ветувајќи му лек и помош, а истото почина поради негрижа и незаинтересираност?Дали некому му се важни изјавите на човекот кој сопствениот народ го нарече СТОКА и кој на јавна сцена кажа дека доколку не би бил претседател би се иселел од државата?Г-не Пендаровски, доволно беше, доста со едни исти замајувања, те имало - те немало пратеници за промена на Устав.Нема!Вие и Вашите привремени и променливи ставови сте неважни како снег во јуни.Македонија немала послаб Претседател. Вие не сте татко на нацијата (а имавте можност да бидете), Вие сте само слеп послушник на ДУИ и Ковачевски.Толку многу го заглавивте возилото наречено Македонија во калта, што за излез од оваа ситуација ќе ни треба 4х4 влеча, туркање од позади и влечење од напред.А за да може тоа возило воопшто да вклучи 4х4 влеча, треба ремонт на моторот.Потребни се избори на кои ќе заминете и ќе Ве заборавиме Вас и Вашите антимакедонски и политики за поддршка на криминалот на ДУИ и остатоците-отпадоците на Сојузот на комунистите.#Промени

Коментари | пред 2 години

kovacki-petrovska

Ковачки за Петровска: Ако немало хациенда, зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко

Постојат неколку купопродажни договори заверени на нотар кои покажуваат дека имотот за кој обвинува пратеникот Драган Ковачки сум го продала во 2009 година и на него не сум изградила никаква хациенда, изјави денеска министерката на одбрана по рочиштето во Граѓанскиот суд Скопје каде Петровска го тужи Ковачки за клевета.„Денеска како што минатото рочиште најавивме, ги презентиравме доказите кои се официјални докази, кои се наоѓаат и во Катастар. Неколку договори купо-продажни со кои се гледа дека во минатото, не сега скоро, од 2009 година, јас сум го отуѓила тој имот без таму да има било каков имот односно така наречената хациенда. Денеска беа презентирани овие докази, беа дадени на одбраната да ги разгледа, за да се произнесе. Од овој договор овде, кој е нотарски заведен и спроведен во Катастар, неспорно е дека јас тој имот како недвижен, градежна парцела сум го поседувала, сум го отуѓила и потоа почнала градбата на објектот од денешните сопственици“, рече Петровска.Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи каде вели дека во 2019 година е пристигната сметка за струја на име на таткото на министерката Петровска.„Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се' повеќе.Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда.Ок.Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта?Зарем на земјиште (нива) без изграден објект - хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи?Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен.*Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка.Еве ја сметката, нека види јавноста па нека демантира почитуваната“, вели Ковачки.

Македонија | пред 2 години

323407988_3222074414676284_9149317386666969730_n

Ковачки до Пендаровски и Петровска: Кој ви дозволи да правите преседани со прогласување на кризни состојби заради ваша неспособност?

Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната установа.Центарот за управување со кризи, објави дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.Во врска со ова на социјалните мрежи реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„6 (шест) дена молк од надлежните Стево Пендаровски и Славјанка Петровска:1. Дали е точно дека на подрачје на Гази Баба Владата прогласила кризна состојба за да единици на АРМ обезбедуваат затвори?2. Зошто?3. Кој ви дозволи да правите преседани со прогласување на кризни состојби заради ваша неспособност?4. Во која друга НАТО членка, војска чува затвореници?5. Кои правила на употреба на сила ги имаат војниците?6. Кој ќе одговара ако дојде до употреба на сила?7. Има ли некој да му каже на Пендаровски дека лично тој направил преседан кој утре многу лесно може да биде злоупотребен?8. Што правиме ако утре - хипотетички на Владата или на некоја идна Влада им падне на памет да прогласат кризна состојба на подрачје на општина Центар и Пендаровски да нареди употреба на војска пред Собрание?9. Имаат ли Пендаровски и Петровска советници кои се скапо платени и зошто се платени кога не се во состојба да им посочат дека ја понижуваат војската и дека е спорна Уставната и законската употреба на војска за чување на затвореници?Зошто молчи Спасовски - која е улогата на МВР, свесно ли е исклучено од обезбедувањето на затворите однадвор па таа улога и е дадена на АРМ, или и таму се' се распаѓа и немаат капацитет?#РаспадСистем#Промени“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Ковачки: Османи потврди дека Ковачевски е кираџија во својата влада, единствено народот дава и зема власт, а не ДУИ

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во вечерашната емисија „ClickPlus“ на ТВ21, порача дека ДУИ е подготвена да ја даде и позицијата премиер до избори ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го побара тоа.„Јас сум малку повеќе информиран од другите поради позицијата Министер за надворешни работи. Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара позицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение“, порача Османи.На оваа изјава на Османи реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Османи со нова потврда дека Ковачевски е кираџија во својата Влада и дека никој за ништо не го прашува.Тргуваат со неговата позиција, а тој е безгласен како немо "Х" во француска азбука.А Османи и после толку години во политика, не разбрал дека тој ништо не дава ниту зема, туку народот зема и дава власт како што ќе се случи и со неговата позиција“, вели Ковачки

Коментари | пред 2 години

dragan14022023

Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и има проблем со концентрација, рече Ковачки покажувајќи документ од психијатар

Пратеникот Драган Ковачки денеска на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист-психијатар, според кој министерката за одбрана Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.„На министерката за одбрана согласно извештај од специјалист од психијатар, цитирам: И се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала. Почитуваната министерка според извештајот, чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и цели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир и нарушен сон. Министерката сама доброволно се јавила за преглед и доброволно ги вршела психијатриските прегледи, се констатира дека има оптеретен мисловен процес. На министерката и е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, рече тој на собраниската говорница.Според Ковачки не може да му се издаде безбедносен сертификат на лице кое страда од ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци на неговото расудување или доверливост и може да го направи лицето потенцијален безбедносен ризик .„Министерката не искористила ниту еден ден боледување, одела на работа и не чувствувала потреба да поднесе оставка и покрај констатираниот наод , а премиерот може и да не знаел дека во Владата има таков министер.Тој го праша Ковачевски дали смета дека поради сето ова Петровска треба да биде разрешена.Министерката Петровска порача дека е здрава и стабилна да одговори на сите прашања, исто како што е здрава и стабилна да одговори на сите лаги кој пратеникот упорно ги изнесува.

Македонија | пред 2 години

slavjanka-petrovska-zamenik-ministerka-mvr

Петровска му се закани со тужба на пратеникот Ковачки

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска, денеска најави низа тужби за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој на седницата за пратенички прашања изнесе информации дека министерката Петровска употребувала седативи и дека има проблеми со психичкото здравје.– И за оваа лага, и за неколку лаги изнесени претходно во врска со мене, но и со Армијата, ќе се видиме на суд, вели Петровска.Таа додаде дека нема потреба опозицијата да бара од премиерот да ја разреши министерката, дека постои инструмент интерпелација, со кој може да биде разрешена доколку опозицијата смета дека има аргументи.

Македонија | пред 2 години

osmani-4

Ковачки: Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи

Македонското министерство за надворешни ќе прати ли нота со осуда за кршењето на клубот или ќе каже 2 реченици за ТВ и толку е доволно, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Ниту еднаш од позиција на претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи не ги спомена правата на Македонците во Бугарија.Ниту еднаш!А сам кажа дека ќе се борел за принципите на ОБСЕ и дека од нив немало да има отстапување. Епа еден од базичните принципи на ОБСЕ е "почитување на правата на малцинствата". Зошто не се обиде да го наметне почитувањето на базичните принципи на ОБСЕ или и од тие принципи ќе си зема тоа што му е потребно за дневна политика?Ни дадоа да претседаваме со ОБСЕ, а не знаеме да го искористиме моментот.Али Ахмети на неговите настапи пред сограѓаните често изјавува дека "Бујар претседава со половина планета".Еве и да се согласиме дека е така, но тогаш што фајде имаме ние од тоа негово претседавање?Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи не ми е јасно.Дали е уценет со кривичната за "Пациент", дали е нешто друго во прашање не е јасно, но факт е дека не одработува за Македонија и за македонските национални интереси.* Барем да отидеше да ги собере срчите од демолираниот клуб во Бугарија“, вели Ковачки.

Македонија | пред 2 години

makedosnki-vojnik

Во 21 век, за војниците и старешините нема вода за пиење, вели Ковачки

Нема елементарни услови за живот и работа во касарната во која се наоѓа командата на најголемата единица на АРМ, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ."Во 21 век, за војниците и старешините нема вода за пиењеВисоки офицери алармираат до сите институции, почнувајќи од кабинетот на трајно неспособниот премиер, народниот правобранител и Собранието на РМ.Сите до една институции се глуви на проблемот.Ова подолу е писмо доставено до сите пратеници во Собранието уште од месец септември.Владејачкото мнозинство не го интересираат условите на војниците, нема закажано седница на Комисија за одбрана за да се расправа за овие катастрофални состојби, едноставно молк и игнорирање - како и до сега.За војниците и старешините нема, но во Кабинет на МО се пие флаширана вода. До толку се грижат.Оставка неспособни", вели тој.

Македонија | пред 3 години

20221121072608

Ковачки откри текст на Викиликс за Димовски“: Постојат гласини дека е во џебот на Србија

Драган Ковачки, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави дел од Викиликс на Џулијан Асанж. Таму е наведено дека директорот на Агенцијата за национална безбедносгт, Виктор Димовски во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.„Wikileaks објави дека Директорот на АНБ во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.Ова е истиот директор Димовски кој Ковачевски се уште го држи на позиција (да дозаврши уште што остана) и кој откако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ побараа негова одговорност за случајот со издавањето на државјанство на рускиот шпион, рече дека го проверувал пратеничкиот морален кредибилитет.Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата?Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес конференција?Трајно неспособниот Ковачевски гледа ли како се однесува за "ништо виновниот" Директор и зошто дозволува државата дополнително да губи на меѓународен углед?Разрешување веднаш!Одговорност веднаш!“, вели Ковачки.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi

Ковачки за Ахмети: Премиерот во сенка, се јави со некакви црвени линии, вистинската страна е спротивна од неговата

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во врска со изјавата на Ахмети за референдумот. Тој вели дека вистинската страна е спротивната од неговата.„А еве го и Ахмети - премиерот во сенка, се јави со некакви црвени линии.Епа ако некој досега имаше дилеми како треба да постапи во врска со референдумот, без разлика дали е Македонец или Албанец, без разлика дали е политички определен или неопределен, после оваа изјава на Али Ахмети сигурно знае што треба да стори.На сите ни е јасно дека вистинската страна е спротивна од неговата“, вели Ковачки.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања