„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

кран монтана

media-librarypuqltqnlbru30qNGriq

Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија ќе биде ослободен по плаќање кауција

Швајцарскиот суд одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и секојдневно јавување во полиција за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по трагичниот пожар за Нова година. Во пожарот загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени.Жак Морети и неговата сопруга Џесика се единствените осомничени во случајот. Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство. Двојката изразила жалење за трагедијата и ветила соработка со обвинителството.Судот, како мерка за спречување бегство, одреди кауција од 200.000 швајцарски франци (253.485 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица.Швајцарските обвинители спровеле две сослушувања со сопствениците, секое подолго од десет часа, фокусирани на прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот. Воедно биле извршени претреси, собрани докази и запленет имот.

Свет | пред 10 часа

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

(Видео) „Постојано ги гледам лицата на мртвите“ – сведоштво на единствената вработена што преживеа пожар во Кран-Монтана

Луиз, 25-годишна Французинка и единствената вработена што излезе неповредена од смртоносниот пожар во Кран-Монтана на 1 јануари, вели дека сè уште не може да спие, прогонувана од сликите и мирисот од ноќта на трагедијата.„Постојано ги гледам лицата на мртвите, луѓето на кои им служев, кои ги препознав надвор, изгорени. Мирисот сè уште ми е во носот“, изјавила таа пред истражителите за време на сослушувањето на 8 јануари, пренесува BFMTV.Во пожарот загинаа тројца членови на персоналот – диџејот Матео, Сиан Панин и Стефан од обезбедувањето. Луиз избегала во последен момент, без физички повреди, но со длабоки психолошки последици.Според нејзиното сведоштво, таа вечер работела на долниот кат со Амбер. Гаетан и Метју биле зад шанкот на приземјето, додека Сиан била задолжена за влезот и контролата на пристапот. Во објектот била присутна и Џесика Морети, ко-сопственичка на локалот, која ја координирала вечерта и резервациите.Вечерта започнала мирно, со мал број гости. Кратко по полноќ, околу 1:10 часот, група млади мажи побарале спектакуларна нарачка со повеќе шишиња. Како и претходно, персоналот излегол со маски и запалени пенливи лампиони, додека музиката била засилена.„Мислам дека бевме седум или осуммина со шишињата. Сиан беше качена на рамената на Метју, како и претходно. Во тој момент не знаевме дека избувнува пожар“, сведочела Луиз.Подоцна, гледајќи видеоснимки, таа сфатила дека искрите од лампионите ја запалиле звучната изолација на таванот. Пожарот се проширил за само 30 до 35 секунди. Поради гласната музика и тоа што персоналот бил свртен со грб, никој не ја забележал опасноста навреме.„Кога сфатив што се случува, веќе беше предоцна. Сакав да земам кофа со вода, но сè гореше“, изјавила таа. Почнала да вика „сите надвор!“ и успеала да излезе низ главната врата непосредно пред огнот целосно да го зафати просторот.Надвор ја затекнал хаос. Повредени луѓе со изгореници биле однесени во блискиот бар „1900“, кој бил претворен во импровизиран пункт за прва помош. „Имаше луѓе насекаде, изгореници и мирис што никогаш нема да го заборавам. Беше ужасно“, рекла Луиз, додавајќи дека се обидела да помогне колку што можела со кофи вода и противпожарни апарати.Во сведочењето таа укажа и на сериозни безбедносни пропусти. Изјавила дека никогаш не добила инструкции што да прави во случај на пожар, ниту пак знаела колку и каде се наоѓаат противпожарните апарати. За помалку од еден месец работа, двапати видела опасни практики со носење запалени шишиња, без соодветна обука или заштита.Седум дена по трагедијата, Луиз не успеала да ги задржи емоциите за време на сведочењето. За сопствениците на локалот, брачниот пар Морети, изјавила дека немала блиски односи со нив и дека со Џесика Морети работела само неколку пати.Во врска со гласините дека Џесика Морети си заминала со пари од локалот, Луиз била воздржана. „Не видов пари. Само ја видов како набрзина си заминува“, рекла таа.Денес, Амбер, Гаетан и Метју се хоспитализирани со тешки повреди. Луиз, иако физички неповредена, вели дека е длабоко потресена.„Скршена сум и сè уште во шок“, сведочи таа, додека истрагата за трагедијата во Кран-Монтана продолжува.

Свет | пред 5 дена

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Швајцарски суд го продолжи притворот на сопственикот на барот во кој загинаа 40 лица

Судот во Швајцарија нареди продолжување на притворот за еден од сопствениците на барот во луксузното скијалиште Кран-Монтана, каде што во пожар што избувна за Нова година загинаа 40 лица, објави денеска СРФ.Обвинителството на кантонот Вале уште во петокот нареди притворање на ко-сопственикот на барот, Жак Морети, по неговото сослушувањето и сослучувањето на неговата сопруга Џесика, а се чекаше судска одлука дали притворот е оправдан.Брачниот пар изразил жалење поради трагедијата и изјавил дека целосно ќе соработува со истрагата. Обвинителството засега не ја коментира судската одлука. Двајцата се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.Во катастрофалниот пожар за време на новогодишната прослава животот го загубија 40 лица, од кои мнозинството беа тинејџери, а повредени се уште 116 лица. Првичните резултати од истрагата укажуваат дека пожарот го предизвикале прскалки кои ја запалиле звучно-изолациската пена поставена на таванот од подрумот.Неговата сопруга и ко-сопственичка Џесика, која по сослушувањето била пуштена на слобода, потврдила дека во барот се користеле прскалки. „Секогаш додаваме прскалка кога сервираме шише вино во салата за јадење“, им изјавила таа на обвинителите. Истражителите дополнително проверуваат дали во барот имало противпожарни апарати и дали излезите биле во согласност со прописите.

Свет | пред 1 седмица

media-librarykb90cqurm0598pu5ZJX

Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека излезните врати биле заклучени одвнатре - нови детали за трагедијата во Швајцарија

Сопственикот на швајцарскиот бар „Констелација“, во кој во катастрофален пожар за време на новогодишната прослава загинаа 40 лица, пред истражните органи изјавил дека сервисните излезни врати биле заклучени одвнатре во моментот кога избувнал пожарот.Трагедијата се случи во ски-центарот Кран-Монтана, а меѓу загинатите најголем дел беа тинејџери. Во пожарот беа повредени уште 116 лица, јавува агенцијата АФП.Францускиот државјанин Жак Морети, еден од сопствениците на барот, во петокот беше приведен, додека швајцарското обвинителство ја проширува истрагата за околностите што довеле до несреќата. Според неговата изјава пред обвинителството во кантонот Вале, тој за заклучените врати дознал дури откако пожарот веќе избувнал.Според полициски извештаи, Морети по пристигнувањето на местото на настанот со сила ги отворил вратите, зад кои биле пронајдени телата на повеќе жртви.Првичните резултати од истрагата укажуваат дека пожарот најверојатно бил предизвикан од искри од таканаречени прскалки, кои ја запалиле звучно-изолациската пена поставена на таванот во подрумскиот дел од објектот. Истражителите проверуваат дали во барот имало соодветни противпожарни апарати, како и дали излезите биле усогласени со законските прописи.Сопругата на Морети и ко-сопственичка на локалот, Џесика Морети, која беше пуштена по распитот, потврдила дека во објектот редовно се користеле прскалки при послужување пијалоци.Морети изјавил дека лично ја поставил акустичната пена за време на реновирањето на барот во 2015 година и дека претходно направил тестирања, при што, според него, свеќите не биле доволно силни за да предизвикаат запалување. Тој навел дека материјалот бил купен од продавница за самоградба.Во врска со присуството на голем број малолетници во барот, Морети изјавил дека влезот бил забранет за лица под 16 години, додека оние на возраст меѓу 16 и 18 години можеле да влезат само во придружба на возрасно лице. Тој признал дека, иако такви насоки биле дадени на обезбедувањето, можно е да имало пропусти во спроведувањето на протоколот.Против брачниот пар е поведена истрага за кривични дела убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryttoqrmutntte89lHvfw

(Видео) Кочани со тишина и 40 бели балони им оддаде почит на жртвите од Кран-Монтана

Со тишина, запалени свеќи и 40 бели балони испратени кон небото, Кочани попладнево им оддаде почит на 40-те млади животи загинати во пожарот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. Мирниот собир, организиран под мотото „Два града – иста болка“, обедини граѓани од сите генерации во заедничко сочувство и солидарност.Без говори и без транспаренти, присутните стоеја во тивка, достоинствена атмосфера, испраќајќи порака дека болката не познава граници. Белите балони, пуштени во небото, симболично ја означија младоста што прерано згасна.Особено емотивен беше моментот кога на собирот присуствуваа и родители на децата загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека ја препознаваат болката на семејствата во Швајцарија, нагласувајќи дека загубата на дете е иста, без разлика каде се случила трагедијата.„Понекогаш тишината зборува повеќе од зборовите“, беше пораката што ненаметливо ја одбележа целата вечер.Собирот помина мирно и достоинствено, како симболичен чин на заедништво меѓу два града поврзани од трагедии што оставија длабоки и трајни лузни.

Настани | пред 1 седмица

media-librarysv4okvf4aiho6HXNNmC

Семејството на загинатиот Македонец во Кран-Монтана апелира да не ги осудуваат: Потребен ни е мир

Мајката и сестрата на починатиот Стивен, Александра и Саманта Ивановски, упатија јавен апел да престане ширењето на објави и коментари поврзани со неговата смрт, особено такви кои содржат осуди, навреди и неточни информации.Во нивното обраќање тие наведуваат дека во најтешките моменти од загубата, покрај болката, биле соочени и со погрешни толкувања и болни зборови во јавноста. Појаснуваат дека претходната објава во која се собираа донации, а која предизвика бројни реакции, била направена со искрена и добра намера од блиски членови на семејството кои живеат во Македонија, во период кога ништо не било јасно – ниту трошоците за погребот, ниту дополнителните непредвидени обврски поврзани со правни постапки и документација.Како што истакнуваат, намерата била исклучиво да се помогне, без нивно барање, по иницијатива на блиски луѓе, а не да се создаде простор за јавна осуда или шпекулации.„Без разлика каде живееме, болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски претпоставки. Таа е иста, длабока и неиздржлива“, наведуваат тие во пораката.Александра и Саманта изразуваат благодарност до сите кои покажале сочувство, човечност и поддршка, нагласувајќи дека во овој момент на семејството не му е потребно ништо повеќе од мир, тишина и достоинство, за нивниот Стивен да биде испратен спокојно.Тие апелираат да не се шират лаги, претпоставки и дезинформации во негово име и повикуваат јавноста да покаже почит кон болката на семејството.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Гнев во кантонот Вале по пожарот со 40 загинати млади: „Сериозни институционални пропусти“

Челникот на швајцарскиот кантон Вале, во кој за време на новогодишната ноќ во пожар во бар загинаа 40 млади лица, јавно изрази гнев поради сериозните пропусти на локалните власти, кои, како што е утврдено, не го извршиле потребниот инспекциски надзор на објектот цели шест години. Во исто време, обвинителството ги интензивира напорите за утврдување кривична одговорност за трагедијата што ја потресе Швајцарија.Градоначалникот на скијачкото одморалиште Кран-Монтана оваа недела соопшти дека барот „Ле Констелацион“ не бил инспектиран од 2019 година. Оваа информација предизвика силни реакции во јавноста, а претседателот на кантоналната влада, Матијас Рејнар, во интервју за швајцарскиот весник „Ле Темпс“ отворено призна дека е револтиран од, како што ги нарече, сериозните институционални пропусти.„Бев лут“, изјави Рејнар, нагласувајќи дека е сосема природно да се почувствува гнев во вакви околности, но дека истовремено мора да ѝ се дозволи на правдата да го направи своето. Тој посочи дека одговорноста не смее да се сведе само на сопствениците на објектот, туку дека ќе мора да се испита и улогата на надлежните институции.Дополнителни контроверзии се појавија откако шефот на службата за безбедност во кантонот Вале соопшти дека изолациската пена во подрумот на барот, каде што избувнал пожарот за време на новогодишната прослава, требало редовно да биде предмет на законски пропишани контроли.Во рамки на истрагата, обвинителството во петокот одреди притвор за Жак Морети, еден од двајцата француски сопственици на барот. Судот во наредните денови треба да одлучи дали притворот ќе биде продолжен и дали ќе следува формално приведување. Против сопствениците се води истрага поради сомнеж за тешки кривични дела, вклучително и убиство од небрежност. Семејствата на жртвите веќе поднесоа повеќе тужби поврзани со трагедијата.Партнерката на Жак Морети, Џесика Морети, јавно им се извини на семејствата на загинатите, наведувајќи дека и двајцата се скршени од болка поради трагичниот настан. Сепак, во швајцарската јавност сè погласни се повиците за целосна и неселективна одговорност, при што дел од јавноста ја доведува во прашање и одлуката сопствениците толку долго да останат на слобода.„Одговорните ќе мора да одговараат, вклучително и надлежните власти“, порача Рејнар, додавајќи дека трагедијата не смее да заврши без целосно расветлување и санкционирање на сите пропусти кои довеле до смртта на младите луѓе.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4

Македонецот кој загина во Кран-Монтана бил во барот со својата сестра, таа излегла на воздух за момент и се спасила

Шеснаесетгодишниот Стивен Ивановски, по потекло од делчевскиот регион, кој трагично го загуби животот во пожар во бар во Швајцарија за време на новогодишната ноќ, вчера беше погребан. Последното збогување се одржа на гробиштата во Орон-ла-Вил, соопшти македонското друштво „Пианец“.Стивен Ивановски имаше само 16 години. Како и многу други млади, тој замина во Кран-Монтана со својата постара сестра за да го прослави дочекот на Новата година — момент на радост, безгрижност и надеж. Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила. Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство. Отсуство што ќе остави огромна и неизбришлива празнина, објавија од Пианец.„Стивен имаше само 16 години. Зад себе остави семејство скршено од болка, засекогаш обележано од оваа брутална и неразбирлива загуба. Живот прекинат премногу рано и празнина што никогаш нема да се пополни“, наведуваат од „Пианец“.Со цел да му се помогне на семејството во овие тешки моменти, отворена е и сметка за донации. Хуманитарната акција има за цел покривање на погребните трошоци и обезбедување финансиска поддршка за семејството, кое покрај длабоката тага се соочува и со дополнителни материјални грижи. Од друштвото изразуваат благодарност до сите кои веќе донирале и истакнуваат дека секој, дури и најскромен гест, значи многу за најблиските на Стивен.Во пожарот што избувна во барот за време на новогодишниот дочек, животот го загубија над 40 млади лица, а повеќе од 100 беа повредени. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехника – фонтани-прскалки, кои го запалиле плафонот, по што огнот брзо се проширил низ објектот.

Свет | пред 2 седмици

kocani-puls-protest-8

Од Кочани до Кран-Монтана: Свеќи и тишина наместо марш

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, основано од дел од родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати јавен повик до граѓаните за тивка и достоинствена почит кон жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, каде загина и Македонецот Стив Ивановски.Од Здружението информираат дека оваа сабота нема да се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“, со цел, како што наведуваат, болката да се сподели со семејствата кои денес ја живеат истата тишина и загуба по трагедијата во Швајцарија. Наместо марш, граѓаните се повикуваат да се соберат во знак на солидарност, сочувство и човечка поддршка.Тивката почит ќе се одржи на 10 јануари 2026 година, со почеток во 16:40 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани. Граѓаните се повикуваат да запалат свеќа и без зборови да оддадат почит, со тишина што, како што порачуваат од Здружението, понекогаш зборува погласно од сите зборови.„Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина – да застанеме заедно, со срце што знае да сочувствува“, се наведува во пораката.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

И во Швајцарија фатални пропусти на институциите: Пет години без контроли во барот во Кран-Монтана каде што загинаа 40 лица

Новите информации за катастрофалниот пожар во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана откриваат сериозен системски пропуст: објектот не бил подложен на ниту една редовна безбедносна и противпожарна инспекција цели пет години — од 2020 до 2025 година.Ова официјално го потврди градоначалникот Никола Феро, кој на прес-конференција призна дека општината не била свесна дека задолжителните контроли престанале да се спроведуваат. „Искрено жалиме поради овој пропуст,“ изјави тој, додавајќи дека причините сè уште се утврдуваат.Како дојде до трагедијата?Според досегашните сознанија, пожарот избувнал за време на новогодишната прослава, кога искра од пиротехнички средства поставени на шишиња шампањ допрела до таванската конструкција. Истражителите проверуваат дали материјалите за звучна изолација биле соодветно сертифицирани и дали воопшто било дозволено користење на пиротехника во локалот.Минатата година барот бил прегледан од надворешен експерт — но само во делот на заштита од бучава. Не било проверено дали изолациската пена е отпорна на оган.40 жртви, 116 повредениПожарот резултираше со 40 загинати и 116 повредени лица. Поради тешките изгореници, дел од жртвите можеле да бидат идентификувани само со ДНК-тестирање. До понеделник швајцарските власти потврдија дека идентитетот на сите загинати и повредени е утврден.Кривична истрага и итни меркиОбвинителството на кантонот Вале отвори постапка против управителите на барот. Тие се сомничат за:ненамерно убиствонанесување тешки телесни повреди од небрежностпредизвикување пожар од небрежностИстовремено, локалните власти воведоа целосна забрана за пиротехника во угостителски објекти, мерка која градоначалникот ја оцени како „неминовна“.И покрај јавниот притисок, Феро изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека судските органи ќе утврдат дали општината ќе сноси правна одговорност.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhu5a2j6406bdLihI5i

Идентификувани се сите жртви од пожарот во Швајцарија, меѓу 40-те загинати има 26 тинејџери

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од пожарот што изби на 1 јануари во барот Le Constellation во скијачкото одморалиште Кранс-Монтана. Меѓу загинатите, 26 беа тинејџери на возраст од 14 до 18 години, а жртвите доаѓаа од седум земји – 21 Швајцарец, осум Французи, пет Италијанци, како и млади од Романија, Белгија, Португалија и Турција. Некои тела беа идентификувани со ДНК-анализи, поради што беа тешко препознатливи.Пожарот изби околу 1:30 часот наутро, предизвикан од пиротехнички ефекти користени внатре во барот. Огнот се прошири за само неколку секунди, што го направи бегството речиси невозможно. Повредени се уште 116 лица, од кои некои се во критична состојба. Француските сопственици на барот се под истрага за убиство од небрежност, додека сведоци тврдат дека апаратите за гасење биле заклучени, а излезите за итни случаи често блокирани.Меѓу загинатите се и млади кои го избрале Le Constellation за прослава на Нова година. 18-годишниот боксер Бенџамин Џонсон загинал обидувајќи се да ја спаси пријателката, а неговата храброст е оддадена како пример за голема жртва и херојство. Други млади жртви, како 16-годишниот Achille Barosi и 15-годишната Alice Kallergis, биле во барот со пријатели за прв пат на ноќниот излет или поради кратки спонтани одлуки, само неколку моменти пред да избие пожарот.Семејствата на жртвите се во длабока тага, а локалната заедница одржа тивка поворка во спомен на загинатите. Италија, која загуби шест млади граѓани, побара правда и појасни дека очекува одговорност за пропустите во безбедноста. Бивши вработени во клубот истакнаа дека апаратите за гасење биле заклучени и дека излезите за итни случаи биле блокирани, додека персоналот бил охрабруван да користи пиротехника за да направи шоу за гостите.Истрагата продолжува, а властите се обврзуваат да утврдат дали постоеле прекршувања на безбедносните прописи и кој носи одговорност за најтешката трагедија од ваков тип во последните години во Швајцарија.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryipibince7lgabVPnhdH

Најмладата жртва во пожарот во Кран-Монтана е девојче од 14 години

Швајцарските власти досега успеаја да идентификуваат 24 жртви од катастрофалниот пожар во барот за време на новогодишната ноќ во монденскипт алпски центар Кран-Монтана.Најмлада жртва е 14 годишно девојче од Швајцарија, соопшти полицијата, која информираше дека многу од загинатите се малолетници, вклучувајќи Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Во групата идентификувани се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и 39-годишен Французин.Во пожарот загинаа 40 лица а 119 се ранети.Меѓу 119 те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности.Поради лекување на жртвите од пожарот во Кран-Монтана, кои претрпеа тешки изгореници, неколку швајцарски болници, вклучувајќи ја Универзитетската болница и Детската болница во Цирих, беа принудени да ги одложат другите планирани операции.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygmolt7qn46phenU0TRR

И 16-годишниот Артур кој славел роденден, меѓу загинатите во Кран-Монтана: Нашиот Артур сега е во рајот

Во новогодишната ноќ, барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана стана сцена на една од најтешките трагедии во поновата историја на Швајцарија. Во разорниот пожар животот го загубија најмалку 40 лица, додека 119 се повредени. Според првичните сознанија, трагедијата најверојатно била предизвикана од пиротехнички прскалки користени во шишиња шампањ за време на новогодишната прослава, на која присуствувале претежно млади луѓе, меѓу нив и малолетници.Додека истрагата е во тек, општината Кран-Монтана поднесе граѓанска тужба, а јавноста остана длабоко потресена од размерите на катастрофата, пренесува швајцарскиот портал Blick.Меѓу жртвите има и голем број млади лица. По повеќедневна неизвесност, потврдена е смртта на 16-годишниот Артур. Неговата мајка, Летиција Бродар-Ситр, со денови преку социјалните мрежи очајно трагаше по својот син. „Нашиот Артур сега е во рајот“, порача таа во потресно видео за француската телевизија BFMTV.Артур во новогодишната ноќ ѝ испратил порака на мајка си веднаш по полноќ: „Среќна Нова година, мамо, те сакам“. По таа порака, му се губи секоја трага. Во барот требало да го прослави својот 17. роденден, откако неколку дена претходно резервирал голема маса со пријателите.„Планираше да ја помине новогодишната ноќ во ‘Ле Констелацион’“, изјави неговата мајка за Reuters.Во обид да го пронајдат, таа се вратила во Лозана за да провери дали Артур се наоѓа во некоја од болниците, додека неговиот татко го сторил истото во Берн, но безуспешно.„Живеев вистински кошмар. Или ќе го најдам синот во мртовечница или во критична состојба. Тоа е ужасно“, изјави таа, додавајќи дека некои од пријателите на Артур биле пронајдени со изгореници на речиси половина од телото.„Тие поминаа низ пекол“, рече таа.Во очаен апел за помош, мајката ја објави и фотографијата на Артур на Фејсбук, наведувајќи дека тој е една од жртвите на пожарот и дека семејството нема информации каде се наоѓа. Подоцна беше потврдено дека младиот Артур е меѓу загинатите.Меѓу идентификуваните жртви е и 18-годишниот боксер Бенжамен Ж., член на клубот „Лозаноа де Бокс“. Од него се прости SwissBoxing, наведувајќи дека станувало збор за перспективен спортист кој го загубил животот обидувајќи се да спаси блиска пријателка.До синоќа биле идентификувани осум загинати лица, меѓу кои две Швајцарки на возраст од 24 и 22 години, како и двајца Швајцарци на 21 и 18 години, како и Македонецот Стив Ивановски.Државното обвинителство на кантонот Вале покрена кривична постапка против сопствениците на барот, брачниот пар Џесика и Жак Морети. Тие биле сослушани, но засега се бранат од слобода. Главната обвинителка Беатрис Пилу истакна дека како можна причина за пожарот и понатаму се разгледуваат пиротехничките прскалки, додека истрагата е насочена кон целосна идентификација на жртвите и утврдување на одговорноста.Општинскиот совет на Кран-Монтана едногласно одлучи да поднесе граѓанска тужба и на правосудните органи да им ја предаде целокупната расположлива документација. Претседателот на општината, Никола Феро, нагласи дека локалната власт безрезервно стои зад жртвите и нивните семејства и целосно ќе соработува со истражните органи.Местото на трагедијата го посети и швајцарскиот министер за правда Беат Јанс, кој изјави дека како татко може само делумно да ја разбере болката на погодените семејства, најавувајќи темелна истрага и утврдување одговорност.Федералната влада, во координација со црквите, најави национален ден на жалост во петок, 9 јануари. Во 14 часот низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а ќе биде одржана и минута молк. Во меѓувреме, низ Швајцарија се одржуваат комеморации за жртвите, додека тагата и шокот сè уште силно се чувствуваат меѓу граѓаните.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqh69eu8otgs57PY8xmr

Швајцарија ќе добие меѓународна помош за повредените од Кран-Монтана

Швајцарија го прогласи петок, 9 јануари, за ден на национална жалост по смртоносниот пожар што избувна за време на новогодишната ноќ во алпското одморалиште Кран-Монтана. Во 14 часот, на почетокот на комеморативната церемонија, низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а во истиот момент е предвидена и минута молк.Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Парлмелен, изјави дека ќе присуствува на церемонијата во Кран-Монтана заедно со претставници на Сојузниот совет и со кантоналните власти на Вале, додавајќи дека во тој момент сè уште нема конечни информации кои странски делегации ќе бидат присутни.По пожарот, швајцарските власти побараа меѓународна поддршка, а Европската унија го активираше механизмот за координација на помош при катастрофи, со цел полесно да се организира лекувањето на најтешко повредените. Дел од жртвите, особено пациентите со тешки изгореници, ќе бидат пренесени во специјализирани клиники во повеќе европски земји, додека кантоналните власти соопштија дека околу педесет пациенти ќе бидат испратени на лекување во странство.Во знак на сочувство и солидарност, на зградите на федералните институции и на швајцарските дипломатски претставништва знамињата беа спуштени на половина копје во период од пет дена, а на иницијативата се приклучија и бројни градови и кантони.Паралелно со комеморативните активности, надлежните органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат причините и евентуалната одговорност за трагедијата. Истражителите ги анализираат условите за безбедност, евакуацијата и почитувањето на противпожарните правила, со цел да се добие целосна слика за настанот.Парлмелен најави дека, во координација со кантоналните и општинските власти, ќе се разгледаат мерки за да не се повтори ваква катастрофа, но нагласи дека е рано за конкретни одлуки додека не се расчистат сите околности. Тој предупреди дека трагедија од ваков тип може да се случи насекаде, што дополнително ја нагласува потребата од темелно и брзо расчистување на случајот.

Свет | пред 2 седмици

media-library27eh3srovpn02DZol8t

Трагичен епилог: Македонецот Стивен Ивановски е меѓу жртвите во пожарот во Кран-Монтана

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството. По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.Од Министерството за надворешни работи претходно потврдија дека кај нив е пријавен случајот за исчезнат македонски државјанин по пожарот и дека амбасадата била во постојана комуникација со семејството, како и со швајцарските институции, додека траела идентификацијата на жртвите.Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.Во објавите беше наведено дека во моментот на трагедијата Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постоела можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаа на фотографиите што кружат на интернет. Беа споделени и телефонски броеви за контакт, со надеж дека некој ќе се јави со информација што ќе донесе олеснување.Во меѓувреме, швајцарските власти продолжуваат со идентификација на жртвите, процес кој оди бавно поради сериозноста на изгорениците. Болниците во кантонот Вале и натаму се под голем притисок, а локалните власти информираа дека медицински персонал се враќал на работа и за време на слободните денови, додека се разгледувала и можноста за ангажирање дополнителни специјалисти од странство.Со потврдата за смртта на Стивен Ивановски, трагедијата во Кран-Монтана доби и тешка македонска димензија, оставајќи семејство, пријатели и пошироката јавност во длабока тага.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања