Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

КРАН МОНТАНА

kocani-puls-protest-8

Од Кочани до Кран-Монтана: Свеќи и тишина наместо марш

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, основано од дел од родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати јавен повик до граѓаните за тивка и достоинствена почит кон жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, каде загина и Македонецот Стив Ивановски.Од Здружението информираат дека оваа сабота нема да се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“, со цел, како што наведуваат, болката да се сподели со семејствата кои денес ја живеат истата тишина и загуба по трагедијата во Швајцарија. Наместо марш, граѓаните се повикуваат да се соберат во знак на солидарност, сочувство и човечка поддршка.Тивката почит ќе се одржи на 10 јануари 2026 година, со почеток во 16:40 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани. Граѓаните се повикуваат да запалат свеќа и без зборови да оддадат почит, со тишина што, како што порачуваат од Здружението, понекогаш зборува погласно од сите зборови.„Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина – да застанеме заедно, со срце што знае да сочувствува“, се наведува во пораката.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

И во Швајцарија фатални пропусти на институциите: Пет години без контроли во барот во Кран-Монтана каде што загинаа 40 лица

Новите информации за катастрофалниот пожар во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана откриваат сериозен системски пропуст: објектот не бил подложен на ниту една редовна безбедносна и противпожарна инспекција цели пет години — од 2020 до 2025 година.Ова официјално го потврди градоначалникот Никола Феро, кој на прес-конференција призна дека општината не била свесна дека задолжителните контроли престанале да се спроведуваат. „Искрено жалиме поради овој пропуст,“ изјави тој, додавајќи дека причините сè уште се утврдуваат.Како дојде до трагедијата?Според досегашните сознанија, пожарот избувнал за време на новогодишната прослава, кога искра од пиротехнички средства поставени на шишиња шампањ допрела до таванската конструкција. Истражителите проверуваат дали материјалите за звучна изолација биле соодветно сертифицирани и дали воопшто било дозволено користење на пиротехника во локалот.Минатата година барот бил прегледан од надворешен експерт — но само во делот на заштита од бучава. Не било проверено дали изолациската пена е отпорна на оган.40 жртви, 116 повредениПожарот резултираше со 40 загинати и 116 повредени лица. Поради тешките изгореници, дел од жртвите можеле да бидат идентификувани само со ДНК-тестирање. До понеделник швајцарските власти потврдија дека идентитетот на сите загинати и повредени е утврден.Кривична истрага и итни меркиОбвинителството на кантонот Вале отвори постапка против управителите на барот. Тие се сомничат за:ненамерно убиствонанесување тешки телесни повреди од небрежностпредизвикување пожар од небрежностИстовремено, локалните власти воведоа целосна забрана за пиротехника во угостителски објекти, мерка која градоначалникот ја оцени како „неминовна“.И покрај јавниот притисок, Феро изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека судските органи ќе утврдат дали општината ќе сноси правна одговорност.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrhu5a2j6406bdLihI5i

Идентификувани се сите жртви од пожарот во Швајцарија, меѓу 40-те загинати има 26 тинејџери

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од пожарот што изби на 1 јануари во барот Le Constellation во скијачкото одморалиште Кранс-Монтана. Меѓу загинатите, 26 беа тинејџери на возраст од 14 до 18 години, а жртвите доаѓаа од седум земји – 21 Швајцарец, осум Французи, пет Италијанци, како и млади од Романија, Белгија, Португалија и Турција. Некои тела беа идентификувани со ДНК-анализи, поради што беа тешко препознатливи.Пожарот изби околу 1:30 часот наутро, предизвикан од пиротехнички ефекти користени внатре во барот. Огнот се прошири за само неколку секунди, што го направи бегството речиси невозможно. Повредени се уште 116 лица, од кои некои се во критична состојба. Француските сопственици на барот се под истрага за убиство од небрежност, додека сведоци тврдат дека апаратите за гасење биле заклучени, а излезите за итни случаи често блокирани.Меѓу загинатите се и млади кои го избрале Le Constellation за прослава на Нова година. 18-годишниот боксер Бенџамин Џонсон загинал обидувајќи се да ја спаси пријателката, а неговата храброст е оддадена како пример за голема жртва и херојство. Други млади жртви, како 16-годишниот Achille Barosi и 15-годишната Alice Kallergis, биле во барот со пријатели за прв пат на ноќниот излет или поради кратки спонтани одлуки, само неколку моменти пред да избие пожарот.Семејствата на жртвите се во длабока тага, а локалната заедница одржа тивка поворка во спомен на загинатите. Италија, која загуби шест млади граѓани, побара правда и појасни дека очекува одговорност за пропустите во безбедноста. Бивши вработени во клубот истакнаа дека апаратите за гасење биле заклучени и дека излезите за итни случаи биле блокирани, додека персоналот бил охрабруван да користи пиротехника за да направи шоу за гостите.Истрагата продолжува, а властите се обврзуваат да утврдат дали постоеле прекршувања на безбедносните прописи и кој носи одговорност за најтешката трагедија од ваков тип во последните години во Швајцарија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryipibince7lgabVPnhdH

Најмладата жртва во пожарот во Кран-Монтана е девојче од 14 години

Швајцарските власти досега успеаја да идентификуваат 24 жртви од катастрофалниот пожар во барот за време на новогодишната ноќ во монденскипт алпски центар Кран-Монтана.Најмлада жртва е 14 годишно девојче од Швајцарија, соопшти полицијата, која информираше дека многу од загинатите се малолетници, вклучувајќи Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Во групата идентификувани се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и 39-годишен Французин.Во пожарот загинаа 40 лица а 119 се ранети.Меѓу 119 те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности.Поради лекување на жртвите од пожарот во Кран-Монтана, кои претрпеа тешки изгореници, неколку швајцарски болници, вклучувајќи ја Универзитетската болница и Детската болница во Цирих, беа принудени да ги одложат другите планирани операции.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygmolt7qn46phenU0TRR

И 16-годишниот Артур кој славел роденден, меѓу загинатите во Кран-Монтана: Нашиот Артур сега е во рајот

Во новогодишната ноќ, барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана стана сцена на една од најтешките трагедии во поновата историја на Швајцарија. Во разорниот пожар животот го загубија најмалку 40 лица, додека 119 се повредени. Според првичните сознанија, трагедијата најверојатно била предизвикана од пиротехнички прскалки користени во шишиња шампањ за време на новогодишната прослава, на која присуствувале претежно млади луѓе, меѓу нив и малолетници.Додека истрагата е во тек, општината Кран-Монтана поднесе граѓанска тужба, а јавноста остана длабоко потресена од размерите на катастрофата, пренесува швајцарскиот портал Blick.Меѓу жртвите има и голем број млади лица. По повеќедневна неизвесност, потврдена е смртта на 16-годишниот Артур. Неговата мајка, Летиција Бродар-Ситр, со денови преку социјалните мрежи очајно трагаше по својот син. „Нашиот Артур сега е во рајот“, порача таа во потресно видео за француската телевизија BFMTV.Артур во новогодишната ноќ ѝ испратил порака на мајка си веднаш по полноќ: „Среќна Нова година, мамо, те сакам“. По таа порака, му се губи секоја трага. Во барот требало да го прослави својот 17. роденден, откако неколку дена претходно резервирал голема маса со пријателите.„Планираше да ја помине новогодишната ноќ во ‘Ле Констелацион’“, изјави неговата мајка за Reuters.Во обид да го пронајдат, таа се вратила во Лозана за да провери дали Артур се наоѓа во некоја од болниците, додека неговиот татко го сторил истото во Берн, но безуспешно.„Живеев вистински кошмар. Или ќе го најдам синот во мртовечница или во критична состојба. Тоа е ужасно“, изјави таа, додавајќи дека некои од пријателите на Артур биле пронајдени со изгореници на речиси половина од телото.„Тие поминаа низ пекол“, рече таа.Во очаен апел за помош, мајката ја објави и фотографијата на Артур на Фејсбук, наведувајќи дека тој е една од жртвите на пожарот и дека семејството нема информации каде се наоѓа. Подоцна беше потврдено дека младиот Артур е меѓу загинатите.Меѓу идентификуваните жртви е и 18-годишниот боксер Бенжамен Ж., член на клубот „Лозаноа де Бокс“. Од него се прости SwissBoxing, наведувајќи дека станувало збор за перспективен спортист кој го загубил животот обидувајќи се да спаси блиска пријателка.До синоќа биле идентификувани осум загинати лица, меѓу кои две Швајцарки на возраст од 24 и 22 години, како и двајца Швајцарци на 21 и 18 години, како и Македонецот Стив Ивановски.Државното обвинителство на кантонот Вале покрена кривична постапка против сопствениците на барот, брачниот пар Џесика и Жак Морети. Тие биле сослушани, но засега се бранат од слобода. Главната обвинителка Беатрис Пилу истакна дека како можна причина за пожарот и понатаму се разгледуваат пиротехничките прскалки, додека истрагата е насочена кон целосна идентификација на жртвите и утврдување на одговорноста.Општинскиот совет на Кран-Монтана едногласно одлучи да поднесе граѓанска тужба и на правосудните органи да им ја предаде целокупната расположлива документација. Претседателот на општината, Никола Феро, нагласи дека локалната власт безрезервно стои зад жртвите и нивните семејства и целосно ќе соработува со истражните органи.Местото на трагедијата го посети и швајцарскиот министер за правда Беат Јанс, кој изјави дека како татко може само делумно да ја разбере болката на погодените семејства, најавувајќи темелна истрага и утврдување одговорност.Федералната влада, во координација со црквите, најави национален ден на жалост во петок, 9 јануари. Во 14 часот низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а ќе биде одржана и минута молк. Во меѓувреме, низ Швајцарија се одржуваат комеморации за жртвите, додека тагата и шокот сè уште силно се чувствуваат меѓу граѓаните.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqh69eu8otgs57PY8xmr

Швајцарија ќе добие меѓународна помош за повредените од Кран-Монтана

Швајцарија го прогласи петок, 9 јануари, за ден на национална жалост по смртоносниот пожар што избувна за време на новогодишната ноќ во алпското одморалиште Кран-Монтана. Во 14 часот, на почетокот на комеморативната церемонија, низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а во истиот момент е предвидена и минута молк.Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Парлмелен, изјави дека ќе присуствува на церемонијата во Кран-Монтана заедно со претставници на Сојузниот совет и со кантоналните власти на Вале, додавајќи дека во тој момент сè уште нема конечни информации кои странски делегации ќе бидат присутни.По пожарот, швајцарските власти побараа меѓународна поддршка, а Европската унија го активираше механизмот за координација на помош при катастрофи, со цел полесно да се организира лекувањето на најтешко повредените. Дел од жртвите, особено пациентите со тешки изгореници, ќе бидат пренесени во специјализирани клиники во повеќе европски земји, додека кантоналните власти соопштија дека околу педесет пациенти ќе бидат испратени на лекување во странство.Во знак на сочувство и солидарност, на зградите на федералните институции и на швајцарските дипломатски претставништва знамињата беа спуштени на половина копје во период од пет дена, а на иницијативата се приклучија и бројни градови и кантони.Паралелно со комеморативните активности, надлежните органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат причините и евентуалната одговорност за трагедијата. Истражителите ги анализираат условите за безбедност, евакуацијата и почитувањето на противпожарните правила, со цел да се добие целосна слика за настанот.Парлмелен најави дека, во координација со кантоналните и општинските власти, ќе се разгледаат мерки за да не се повтори ваква катастрофа, но нагласи дека е рано за конкретни одлуки додека не се расчистат сите околности. Тој предупреди дека трагедија од ваков тип може да се случи насекаде, што дополнително ја нагласува потребата од темелно и брзо расчистување на случајот.

Свет | пред 2 месеци

media-library27eh3srovpn02DZol8t

Трагичен епилог: Македонецот Стивен Ивановски е меѓу жртвите во пожарот во Кран-Монтана

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството. По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.Од Министерството за надворешни работи претходно потврдија дека кај нив е пријавен случајот за исчезнат македонски државјанин по пожарот и дека амбасадата била во постојана комуникација со семејството, како и со швајцарските институции, додека траела идентификацијата на жртвите.Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.Во објавите беше наведено дека во моментот на трагедијата Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постоела можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаа на фотографиите што кружат на интернет. Беа споделени и телефонски броеви за контакт, со надеж дека некој ќе се јави со информација што ќе донесе олеснување.Во меѓувреме, швајцарските власти продолжуваат со идентификација на жртвите, процес кој оди бавно поради сериозноста на изгорениците. Болниците во кантонот Вале и натаму се под голем притисок, а локалните власти информираа дека медицински персонал се враќал на работа и за време на слободните денови, додека се разгледувала и можноста за ангажирање дополнителни специјалисти од странство.Со потврдата за смртта на Стивен Ивановски, трагедијата во Кран-Монтана доби и тешка македонска димензија, оставајќи семејство, пријатели и пошироката јавност во длабока тага.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryq7a9rfhfcg17evL3aCG

(Видео) „Кран-Монтана, Кочани и заборавените лекции: Истата искра, истиот чад, истата смрт

Трагедијата во ноќниот бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, во која животот го загубија најмалку 40 лица, потсетува на неколку речиси идентични катастрофи кои засекогаш останаа запишани како едни од најсмртоносните пожари во затворени јавни објекти. Покрај пожарите во ноќниот клуб „Кис“ во Бразил во 2013 година и „Зе Стејшн“ во американската сојузна држава Род Ајленд во 2003 година, трагичната низа денес неизбежно се надополнува и со трагедијата во Кочани, Македонија, во 2025 година.Иако се случиле во различни држави и временски периоди, сите овие трагедии ги поврзува иста фатална комбинација: лесно запаливи материјали за акустична изолација, исклучително брзо ширење на огнот и смртоносни токсични гасови кои за само неколку минути го исполнуваат затворениот простор, оставајќи речиси никаква можност за спас.Според првичните сознанија од истрагата во Швајцарија, пожарот во Кран-Монтана се проширил со огромна брзина, оставајќи им на гостите само неколку мигови за бегство. Истражителите посебно се фокусираат на материјалите користени за звучна и акустична изолација, токму елементот што се најде во срцето на претходните големи катастрофи.Најпознатиот ваков случај се случи во јануари 2013 година во бразилскиот град Санта Марија, кога во ноќниот клуб „Кис“ загинаа 242 лица, најголем дел млади студенти. Пожарот избувна за време на концерт, откако пиротехнички ефект ја запали акустичната пена на таванот. Огнот се прошири за неколку десетици секунди, но уште пофатални од пламенот беа густите чад и отровните гасови, меѓу кои и цијанидот. Поголемиот дел од жртвите не починаа од изгореници, туку од задушување и труење.Сличен сценарио беше забележан и десет години претходно, во февруари 2003 година, во ноќниот клуб „Зе Стејшн“ во Род Ајленд, САД, каде што загинаа 100 луѓе. И таму, пиротехниката за време на настап на бенд ја запали акустичната пена поставена зад сцената. Снимките од безбедносните камери покажаа дека целиот клуб бил зафатен од оган за помалку од две минути. Отровниот чад, богат со јаглерод моноксид и цијанидни соединенија, ги парализирал посетителите и го оневозможил бегството.Во истата црна статистика денес влегува и трагедијата во Кочани од 2025 година, каде пожарot во „Пулс“ однесе десетици млади животи. И таму, според досегашните информации, клучна улога имале лесно запаливи внатрешни материјали, брзото ширење на огнот и смртоносниот чад кој за кратко време го исполнил просторот. Како и во другите случаи, паниката, ограничените излези и токсичните гасови се покажаа како комбинација без излез.Стручњаците со години предупредуваат дека пените кои се користат за звучна изолација, доколку не се изработени од огноотпорни материјали и доколку не се одржуваат согласно строгите стандарди, претставуваат една од најголемите опасности во затворени простори. При согорување, тие не само што брзо се палат, туку испуштаат и исклучително отровни гасови кои можат да предизвикаат губење на свеста за само неколку вдишувања.Во сите овие трагедии, вклучувајќи ја и онаа во Кран-Монтана, масовната несреќа не била последица само на огнот, туку пред сè на чадот и токсичните испарувања кои за многу кратко време го исполнуваат просторот, оставајќи ги луѓето без можност за бегство, додека во паниката често доаѓа и до стампедо.Додека швајцарските власти ја продолжуваат истрагата за да го утврдат точниот тек на настаните и евентуалната одговорност, споредбите со Бразил, Соединетите Американски Држави и Македонија уште еднаш укажуваат дека овие трагедии не се изолирани инциденти, туку повторување на одамна познати и предупредувани пропусти. Секој од овие пожари бил проследен со ветувања за построги правила и контроли, но Кран-Монтана, како и Кочани, сведочат дека лекциите од минатото сè уште не се применуваат доследно.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Огнот што не остави време за бегство: како новогодишната забава во Швајцарија се претвори во масовна трагедија

Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот „Ле Констелејшн“ во скијачкиот центар Кран-Монтана се проширил со толкава брзина и сила, при што загинаа најмалку 40 лица, а над сто беа повредени, многумина со тешки изгореници и интоксикација од чад. Иако првичните информации укажуваат дека огнот бил предизвикан од прскалки прикачени на шишиња шампањ, клучното прашање останува како е можно за неколку секунди целиот простор да се претвори во огнена замка без реална можност за спас.Според швајцарските власти, пожарот започнал во подрумскиот дел од објектот, кога прскалките што ги држеле келнери и гости биле премногу блиску до таванот. Фотографии и видеоснимки, направени непосредно по полноќ, покажуваат пламен кој се шири по таванот додека музиката сè уште свири, а дел од присутните во прв момент не сфаќаат дека се наоѓаат во животна опасност. Експертите за противпожарна безбедност укажуваат дека материјалот на таванот најверојатно бил полиуретанска акустична пена, која, доколку не е соодветно заштитена, е исклучително запалива и при горење ослободува густ и отровен чад.Токму комбинацијата од запалив тавански материјал и отворен пламен довела до појава на таканаречен „флешовер“ – момент кога наталожените врели гасови под таванот достигнуваат критична температура и за миг го зафаќаат целиот простор. Во такви услови, како што објаснуваат експертите, шансите за преживување се речиси непостоечки, бидејќи температурата нагло се зголемува, видливоста исчезнува, а чадот предизвикува губење на свеста за многу кратко време.Дополнителен фактор што придонел за високиот број жртви биле излезните патишта. Иако објектот формално имал повеќе излези, сведоштвата и видеоснимките укажуваат дека најголемиот дел од луѓето се обиделе да избегаат преку главното скалило од подрумот, кое било тесно и стрмно. Во паниката, тоа скалило брзо се претворило во опасно тесно грло, каде луѓето паѓале, се судирале и биле прегазувани. Истражителите сè уште не можат со сигурност да потврдат дали излезите за итни случаи во моментот на пожарот биле отворени и проодни.Се разгледува и фактот дека користењето прскалки на шишиња шампањ не бил изолиран инцидент, туку практика која, според достапните снимки, се применувала и во претходни години. Иако сопствениците на локалот тврдат дека објектот бил редовно контролиран и усогласен со прописите, истрагата ќе утврди дали безбедносните стандарди биле соодветни за ваков тип на простор и вакви начини на прослава.Трагедијата во Кран-Монтана повторно го отвори прашањето за безбедноста во ноќните клубови и барови, особено за време на масовни прослави. Комбинацијата од пиротехнички реквизити, запаливи материјали, затворен подрумски простор и ограничени излезни патишта се покажа како смртоносна формула, која за неколку секунди ја претвори новогодишната еуфорија во сцени на паника, задушување и масовна загуба на човечки животи.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryirbu9k8hjuv89UykJ7q

(Видео) Страотниот пожар во Кран-Монтана предизвикан од прскалки на шишиња шампањ

Како што изјави локален обвинител, првичните резултати од истрагата упатуваат дека пожарот кој зафати бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, избувнал кога прскалките прикачени на шишињата шампањ биле подигнати високо и премногу блиску до таванот.,,Најверојатно пожарот започнал од запалени свеќи или прскалки што биле прикачени на шишиња шампањ. Ги ставиле премногу блиску до таванот. Оттаму, започнал брз, многу брз и широк пожар“, изјави обвинителката Беатрис Пилу.Од фотографиите на француската телевизија BFMTV, се гледа жена со кацига на главата, која седи на рамената на маскиран маж, а ви раката држи две шишиња шампањ со прицврстени прскалки, од кои едното е многу блиску до таванот.Се гледаат и гости со шишиња со прскалки во воздух и пламен на таванот.Во пожарот има повеќе од 40 жртви и стотина повредени.Идентификацијата на жртвите продолжува, и ова за властите е приоритет, но процесот може да потрае бидејќи некои од телата тешко се идентификуваат.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryknqhbcmgs0bmdtC9aO3

Експерт за пожарот во Кран-Монтана: Од каков материјал е изработена изолацијата ако пожарот се проширил толку брзо?

Во трагичниот пожар кој на новогодишната ноќ избувна во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, животот го загубија 40 лица, а над 100 се повредени. Новите анализи на експерти укажуваат на сериозни пропусти во материјалите и безбедносните системи во објектот.Професорот Ед Галеа од Универзитетот Гринвич, специјалист за заштита од пожар, посочува дека сите жртви биле пронајдени во подрумскиот простор, што сугерира дека излезите за итни случаи не биле соодветно проодни.Галеа исто така го критикува материјалот на плафонот и неговата акустична изолација, кој, според него, можел да ја забрза експлозивната брзина на ширење на огнот: „Искрите од прскалките го запалиле материјалот на плафонот и пожарот се проширил многу, многу брзо. Се поставува прашањето – од каков материјал е изработена изолацијата и дали бил во согласност со протипожарните прописи.“Главната регионална обвинителка повтори дека случајот се третира како пожар и дека се исклучува можноста за напад, додека истрагата продолжува за да се утврдат сите околности кои довеле до трагедијата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Постојат две главни теории за причината за пожарот во барот во Кран Монтана

47 лица загинаа, а 115 се повредени во пожарот што избувна за време на дочекот на Новата година во бар во познатото скијалиште Кранс-Монтана, на југозападот од Швајцарија.Пожарот во барот „Ле Констелацион“ избувнал во 1:30 часот по полноќ. Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности. Главната регионална обвинителка посочи дека случајот се третира како пожар и дека е исклучена можноста за напад.Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека 13 италијански државјани се повредени, а шест се водат како исчезнати. Девет француски државјани се повредени, а осум сè уште се водат како исчезнати.Клучни информации:Во барот имало многу млади луѓе во моментот кога избувнал пожаротПричината официјално не е позната, но се појавија две теории:некој активирал петарда во затворен простор и го запалил плафонот;келнер ставил друг келнер на раменици, кој држел шише шампањ со распрскувачиПожарот предизвикал експлозии, веројатно поради ослободување на запаливи гасовиПаничната толпа се обидела да избега од подрумот по тесни скали и низ тесни врати, додека други кршеле прозорциГлавната државна обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, исклучи каков било вид терористички нападВо спасувачката акција учествувале 13 хеликоптери, 42 возила на итната помош, 150 медицинари и 70 пожарникари

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrp9b59pea1rvbnAQZlr

Сопствениците „Le Constellation“ во Кран Монтана се живи: Џесика Морети била во барот кога избувнал пожарот, раката ѝ е изгорена

Сопствениците на барот Le Constellation на познатото швајцарско скијалиште Кран Монтана, каде што во новогодишната ноќ се случи трагедија, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, со потекло од Корзика.Според пишувањата на неколку француски интернет-портали, брачниот пар го презел популарниот бар на скијалиштето во 2015 година. Освен Le Constellation, тие управуваат и со друг угостителски објект – ресторанот Le Vieux Chalet во местото Лен.Под нивно водство, некогаш запуштениот бар бил претворен во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за вечерно излегување во Кран Монтана.Пријател на семејството потврдил за корзиканскиот весник Corse-Matin дека Морети се живи. Според тие информации, во моментот на избувнувањето на пожарот во барот била само Џесика Морети, 40-годишничка која, како што се наведува, добила изгореница на раката.Ниту еден медиум засега не успеал директно да разговара со сопствениците. Еден од вработените изјавил дека сите се во длабок шок. „Изгубивме дел од нашиот тим, но денес е многу тешко да се говори за тоа“, рекол вработениот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4

Нема трага од Македонецот Стивен Ивановски: проверени болници во Швајцарија, надежта сега е во Франција и Италија

Нема никакви нови информации за судбината на младиот Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, потврдува блиска роднина за „Скопје1“. Тие се надеваат дека ќе го најдат во болниците во Франција и Италија, бидејќи низ болниците во Швајцарија го нема.„Сè уште немаат никакви информации. Семејството живее и работи таму повеќе од 20 години. Проверени се болниците низ Швајцарија и го нема. Се надеваат дека можеби ќе се појави информација од болниците во Франција и Италија“, вели роднината за „Скопје1“.Од МНР вчера потврдија дека кај нив е пријавено дека се трага по Стивен, а посочија и дека отворени се телефонските линии од амбасадата за секого кој има потреба од помош.Стивен последен пат бил виден во новогодишната ноќ, кога избувна пожарот во барот, во кој загинаа десетици лица, а стотици беа повредени. Од тој момент, од него нема никаква трага.Според апелите што ги објавија неговите најблиски на социјалните мрежи, во моментот на исчезнувањето Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постои можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаат на фотографиите кои кружат на интернет.Семејството и пријателите упатуваат итен повик до сите кои можеби го виделе Стивен, имаат каква било информација за него или знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева, Цирих или во други европски земји, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:076 415 0868076 385 7165078 229 5745„Братучед ми е исчезнат во пожарот во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот што го споделуваат неговите најблиски.Во меѓувреме, болниците во регионот на кантонот Вале и понатаму се под силен притисок поради големиот број повредени. Претседателот на кантонот, Матијас Рејнар, утринава за швајцарските медиуми изјави дека значителен дел од медицинскиот персонал доброволно се вратил на работа за време на слободните денови, а во тек се разговори за ангажирање дополнителни специјалисти за лекување на изгореници од Франција.Семејството на Стивен Ивановски, и по неколку дена неизвесност, сè уште се надева дека ќе се појави каква било трага што ќе помогне во неговото пронаоѓање.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryocu304qdsv9p1jq2aEX

(Видео) „Беше апокалипса“: Сведоштва од градот погоден од трагедијата во новогодишната ноќ

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од катастрофалниот пожар што ја зави во црно оваа швајцарска туристичка дестинација. Дел од присутните стоеја со поглед вперен кон местото на трагедијата, додека разговорите, доколку воопшто ги имаше, се водеа шепотејќи.„Не бев во барот, но многу мои пријатели и роднини беа таму. Некои загинаа, други се во болница“, изјави млад човек кој дошол да положи цвеќе во знак на почит. „Нека почиваат во мир“, додаде тој, видно потресен.Во близина, групи пријатели се прегрнуваа во солзи, додека мажи стоеја немо, со солзи во очите. Матијс, жител на соседното место Шермињон-д’ан-Ба, за агенцијата АФП изјави дека барот бил едно од главните места за дружење на младите. „Тоа е барот каде што се среќаваме со многу пријатели, практично секој викенд“, рече тој.Тој сведочеше дека првично помислиле оти станува збор за мал пожар, но реалноста била сосема поинаква. „Кога стигнавме таму, беше како војна. Тоа е единствениот збор со кој можам да го опишам – апокалипса. Беше ужасно“, истакна Матијс.Пауло Мартинс, француски државјанин кој живее во регионот повеќе од 24 години, изјави дека трагедијата можела директно да го погоди и неговото семејство. „Мојот син многу лесно можеше да биде внатре. Не беше далеку. Беше со девојката и планираа да влезат, но на крајот не отидоа. Кога се врати дома, беше во целосен шок“, рече Мартинс.Поради интензитетот на пожарот и тешките изгореници, идентификацијата на жртвите се одвива бавно и со големи тешкотии. Меѓу исчезнатите има француски и италијански државјани, вклучувајќи и 16-годишно момче од Болоња, чија мајка јавно апелира за помош. Како исчезнати се водат и двајца тинејџери од Милано.Барот бил особено популарен меѓу младата популација, а голем дел од жртвите се тинејџери. Преживеани раскажуваат за застрашувачки моменти на бегство од пламените јазици, при што некои биле принудени да кршат прозорци за да излезат од објектот.Повредените се згрижени во болници низ Швајцарија, но и во странство, а здравствената состојба на многумина од нив се оценува како критична.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања