Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Од Кочани до Кран-Монтана: Свеќи и тишина наместо марш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
kocani-puls-protest-8

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, основано од дел од родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати јавен повик до граѓаните за тивка и достоинствена почит кон жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, каде загина и Македонецот Стив Ивановски.

— реклама —

Од Здружението информираат дека оваа сабота нема да се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“, со цел, како што наведуваат, болката да се сподели со семејствата кои денес ја живеат истата тишина и загуба по трагедијата во Швајцарија. Наместо марш, граѓаните се повикуваат да се соберат во знак на солидарност, сочувство и човечка поддршка.

— реклама —
— реклама —

Тивката почит ќе се одржи на 10 јануари 2026 година, со почеток во 16:40 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани. Граѓаните се повикуваат да запалат свеќа и без зборови да оддадат почит, со тишина што, како што порачуваат од Здружението, понекогаш зборува погласно од сите зборови.

— реклама —

„Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина – да застанеме заедно, со срце што знае да сочувствува“, се наведува во пораката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 3 дена

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 1 седмица

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања