Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

КРИВА ПАЛАНКА

media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

Проблематичните крави од Крива Паланка одат на продажба, откако пет години трае драмата со нив

Веќе во понеделник може да започне продажбата на кравите заловени во Крива Паланка кои се шетаа слободно низ цел град. По пет години поплаки од жителите, Агенцијата за храна и ветеринарство ги заловува, а ако сите грла се здрави, ќе бидат ставени на јавен оглас.Владата ја овластила Агенцијата да врши продажба на заловената стока, а на огласот ќе можат да се јавуваат и кланици. Тимови на АХВ неколку пати беа на терен и досега заловија 80 крави од стадото кое брои над 500 грла.Едно од последните заловувања помина како да е сценарио од филм. Додека тимови на АХВ заловуваа, а полицијата обезбедуваше, се појави девојката Јулијана Ѓорѓиевска која ги пасела и почнала да ги брка кон недостапен предел за да не и ги земат. Од друга страна, девојката посочи дека само ги смирувала бидејќи биле исплашени од страна на инспекторите.

Македонија | пред 4 часа

media-libraryeldb2i2oo7iv6dPy0OT

„Со туѓ труд и со туѓи перја навистина и лесно се фотографира“, Градоначалникот на Паланка реагира оти не бил повикан на отварањето на обиколницата

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, реагираше на социјалните мрежи по повод пуштањето во употреба на  патот што минува низ општината, посочувајќи дека не бил поканет на настанот од страна на Владата.Во објавата, Митовски наведува дека изоставувањето на првиот човек на општината не може да се смета за протоколарна грешка, туку, како што посочува, прашање на принцип и политичка зрелост. Според него, кога во прв план се става партиското раководство, а институциите се оставаат во втор план, пораката е јасна.Вчера се воздржав од коментари, затоа што денот ми беше навистина посебен и празничен, поминат со прекрасните луѓе од Конопница. Но денес чувствувам обврска да кажам неколку зборови.Да се пушта во употреба магистрален пат што минува низ општината, а притоа да не се покани првиот човек на општината, не е протоколарна грешка – туку најверојатно прашање на принцип и политичка зрелост.Кога институциите се ставаат во втор план, а во прв план доаѓа партиското раководство, тогаш пораката е повеќе од јасна.Особено ако станува збор за проект чија подготовка, проектирање и финансиско обезбедување се реализирани во време на СДСМ и кој е вклучен во програмите на државните патишта. Со туѓ труд и со туѓи перја навистина и лесно се фотографираНо граѓаните во Крива Паланка одамна ја препознаваат разликата помеѓу развој и маркетинг - и тоа го кажаа и на последните локални избори.Тие сакаат работа, резултати и меѓусебна почит.А тоа не се гради со пресечени ленти, туку со одговорност и вистинска работа“, стои во објавата на Митовски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

Градоначалникот на Паланка до АХВ: Излезете на терен и решете го проблемот веднаш, или ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност

Градоначаникот на Крива Паланка, Сашко Митовски на денешната прес-конференција реагираше на обцинувањата од АХВ и ја повика агенцијата да ги преземе кравите за кои како што вели тој има донесено правосилно и извршено решение за одземање. Тој вели дека решението повеќе од две години не е спроведено.„Не може да постои одземање на хартија, а одговорноста да остане кај некој друг. Две години се повеќе од доволно. Сега е време за постапување. Поминаа цели две години откако агенцијата донесе правосилно и извршено решение за одземање и заловување на добиток којшто повеќе од една деценија предизвикува сериозни штети на Крива Паланка. Две години тоа решение останува неспроведено.Во меѓувреме се уништуваат јавни површни, се уништуваат приватни имоти, се загрозува сообраќајната безбедност, граѓаните трпат значителни материјални штети, а стотици животни страдаат. Ова повеќе не е административна слабост, туку ова е неодговорност на една институција.За да бидеме целосно јасни, на 5 март 2024 година Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со коешто утврди прекршок и согласно член 36 од законот за заштита и благосостојба на животните изрече мерка за одземање на животните. Решението е правосилно и извршено од април 2024 година и до денес истото не е спроведено“, изјави градоначалникот.Тој праша што ја спречува самата институција да го спроведе сопственото решение?„Ако мерката е изречена, дали тие животни понатаму се сопственост на истите лица или по сила на правосилното решение, тие формално-правно преминуваат во одговорност на самата институција која ја донела таа мерка. Ако се одземени, тогаш истите мораат да бидат и преземени. Ако не се, тогаш зошто постои правосилно-извршно решение. Вистината е следна. Вие, како Агенција за храна и ветеринарство, сте директно надлежни за инспекциски надзор и за утврдување на прекршоци врз благосостојба на животните.Согласно член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните, единствено Агенцијата за храна и ветеринарство има право да донесе решение за одземање на животни од несовесни одгледувачи. Решението во случајот е донесено пред цели две години, а истото е и правосилно и извршно.Надлежностите на Општината пак се кристално јасни и сосема други, и истите се пропишани од законите од областа на локалната самоуправа. Општината не е Агенција, ниту пак оперативно тело коешто има намена и основна дејност да постапува во вакви случаи и да отстранува добиток на јавни површни.Општинскиот инспектор може да контролира и да забрани напасување и движење на крупен добиток на јавни површни, а согласно член 33 од истиот закон предвидена е глоба од 40 евра во денарска противредност.За волја на вистината, од страна на Општината, од јануари 2022 година до денес се доставени стотици пријави и иницијативи до надлежните институции. Поднесена е кривична пријава за мачење на животни, собрани се докази за материјални штети и загрозување на безбедност. За да немаме дилеми, во изминатиот период Општината понудила логистичка поддршка, транспорт, координација и привремено сместување.Но ние не можеме и нема да ја преземеме туѓата законска надлежност. Агенцијата за храна и ветеринарство мора веднаш да го спроведе сопственото, правосилно и извршно решение. Не со ново соопштение за медиумите, не со ново одлагање туку на терен.Престанете со игнорирање, манипулација и одлагање. Почнете веднаш со решавање на проблемот во координација со општината и локалните ресурси. Престанете да ја замајувате јавноста. Излезете на терен и решете го проблемот веднаш и ургентно.Времето за изговори заврши. Време е институциите да покажат дека се во служба на граѓаните. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност за непостапување на една државна институција. Доколку самата институција не постапи, ќе ги повикам граѓаните на мирни и достоинствени форми на граѓански протести и граѓанска непослушност, се додека дека решението не биде целосно спроведено“, додаде тој.

Македонија | пред 1 седмица

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Градоначалникот, ако сакаше до сега ќе го решеше проблемот со кравите, вели АХВ по драматичната акција во Крива Паланка

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.„Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада.Говедата ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот. Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај.Агенцијата за храна и ветеринарство и во наредниот период ќе продолжи со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfbmmq0k2d4ukc5XhxFP

„Треба да има домашен притвор и за кравите, кој им гарантира безбедност и дека нема да завршат во месара?“, кравите и Груби се топ тема

Драматични сцени, трчање по планини, инспектори, полиција и крави што и понатаму слободно се движат низ кривопаланечко – вчерашната акција во Крива Паланка отвори тема за коментирање.По обидот на АХВ и МВР да ги приберат животните, на терен се случуваше вистинска „вестерн“ атмосфера, со реакции од сопствениците и хаотични моменти што ги забележаа и камерите. А истовремено, реакции имаше и за враќањето на Артан Груби и куќниот притвор поради негова „небезбедност да седи во затвор“Во продолжение ви ги пренесуваме реакциите и коментарите од социјалните мрежи за овие случаи.

Коментари | пред 1 седмица

media-library66beptcd7osj6m6S36j

„Предизвикаа паника кај кравите, па ме уапсија мене“, вели Јулијана, која ги напасувала кравите кои ги бркаше АХВ со МВР

Јулијана Ѓорѓиевска, која денес тврди дека ги напасувала кравите сопственост на нејзиниот татко, во изјава за „Скопје1“ изнесува сериозни обвинувања за начинот на спроведување на акција во Крива Паланка од страна на Агенција за храна и ветеринарство со асистенција на Министерство за внатрешни работи.Според неа, при акцијата животните биле собирани од паша и оттурнувани кон патните правци, што, како што наведува, предизвикало паника и неконтролирано движење на добитокот, со реален ризик за јавната безбедност.„Се наоѓав на терен како и секој нормален ден. Додека се движев со мојот автомобил, забележав неколку крави кои се упатуваа кон кејот на Крива Река. Го запрев возилото и се упатив да ги вратам кон ридот, со единствена цел да спречам можна сообраќајна несреќа или штета. Успеав да ги оттурнам околу 100 до 200 метри“, вели Ѓорѓиевска.Таа тврди дека при враќањето кон автомобилот била пресретната од двајца полициски службеници кои ѝ наредиле да не мрда и ѝ соопштиле дека е лишена од слобода. „На прашањето зошто, ми беше одговорено: ‘Ќе видиш во станица’. Бев задржана од 9:30 до 15:00 часот“, наведува таа.Според нејзината изјава, во текот на акцијата биле одвоени мајки од телиња, што предизвикало дополнителен стрес и паника кај добитокот. Околу 18:00 часот, една крава која лутала по магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, барајќи го своето теле, била удрена од товарно возило и усмртена на лице место. Возачот, како што наведува Ѓорѓиевска, го напуштил местото на настанот.„Кој ја презема одговорноста за ваквиот исход? Дали постои јасен протокол при вакви акции за да се спречи ризик по јавната безбедност? Зошто се одвојуваат мајки од телиња, знаејќи дека тоа предизвикува панично однесување?“, прашува таа јавно.Ѓорѓиевска истакнува дека не бега од институции ниту од соработка, но бара законито постапување, транспарентност и заштита и на луѓето и на животните.„Ова не е само прашање на добиток. Ова е прашање на одговорност“, додава таа, оценувајќи дека начинот на спроведување на акцијата создал директен ризик и последици.

Македонија | пред 2 седмици

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Кравите ги вадат жителите на Крива Паланка на протест

Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ја информираат јавноста дека утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест организиран од граѓани, поради неконтролираното движење на говеда и штетите врз имот и земјоделски површини.„Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. Непочитувањето на овие решенија го загрозува јавниот ред, безбедноста и имотните права на граѓаните.Сите учесници се повикуваат на одговорно и мирно однесување, додека Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници активно ги следат настаните и ќе преземат сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес“ – се вели во соопштението на Општина Крива Паланка.Обидот на институциите да стават ред со добитокот што со месеци слободно се движи низ кривопаланечкиот регион денеска се претвори во драма на теренот. Наместо мирно прибирање на животните, ситуацијата ескалираше со расправии, трчање по ридовите и физички турканици, објави Телма.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

(Видео) АХВ со МВР ги бркаат проблематичните крави низ Крива Паланка, фатиле десетина, другите се качиле на рид

Вистинска „вестерн“ приказна денеска се одвиваше во Крива Паланка. Кравите што со месеци слободно шетаат низ кривопаланечкиот регион сè уште не можат да бидат скротени, објави Телма.Екипите на Телма од терен ја пренесоа драматичната атмосфера – инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) се обидуваа да ги приберат животните, додека нивните сопственици ги бркаа по планината за да спречат тие да бидат одземени.Меѓу најгласните беше Јулија Ѓорѓиевска, ќерка на сопственикот која викајќи по кравите се обидуваше да ги оттурне од инспекторите и да ги протера кон ридовите. По неа трчаше и службеник, кој безуспешно се обидуваше да ја сопре.И покрај акцијата, кравите и понатаму слободно се движат низ кривопаланечко.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhl8m0cli3t3dczWFkup

Повеќе од две години АХВ не ги згрижува кравите, ние немаме таква надлежност, велат од Општина Крива Паланка

Од Општина Крива Паланка информираат дека по неколкуте последни објави во медиумите и порталите, чувствуваат обврска да дадат јасно појаснување во однос на проблемот кој повеќе од една деценија ја засега општината, а се однесува на несовесно одгледување и чување на говеда.„Најпрвин, сакаме недвосмислено да нагласиме дека Општината, инспекциските служби и градоначалникот немаат законска надлежност за постапување во вакви случаи, бидејќи согласно законската рамка во Република Македонија: • надзорот, контролата и спроведувањето на мерките во делот на здравствена заштита и благосостојба на животните се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, како централен надлежен орган за ветеринарни активности и благосостојба на животните, утврден со закон; • постапувањето по инспекциски мерки, вклучително и одземање и понатамошно згрижување на животни, се спроведува исклучиво преку надлежните државни инспекциски служби.Согласно доставените информации, предметното стадо говеда е трајно одземено со правосилно и извршно решение, донесено по спроведена вонредна инспекциска контрола и се наоѓа во сопственост на надлежниот државен орган – Агенцијата за храна и ветеринарство.Проблемот произлегува од фактот што и покрај донесеното решение пред повеќе од две години, досега не е спроведена постапка за трајно згрижување на одземените говеда, што дополнително ја усложнува состојбата на терен.Затоа уште еднаш потенцираме: • Општина Крива Паланка нема законски надлежности, ниту институционални ресурси за самостојно постапување во вакви случаи; • Општината може да обезбеди единствено логистичка поддршка при евентуални активности кои ќе ги преземе надлежната државна институција.Воедно, покрај штетите кои ги трпат физички лица, значителна и континуирана штета трпи и самата Општина, која секојдневно вложува сериозни финансиски средства за обнова и одржување на урбаното зеленило и јавните површини.Општина Крива Паланка останува отворена за соработка и ќе продолжи да дејствува во рамки на своите законски надлежности, во интерес на граѓаните и јавниот ред“, велат од Општина Крива Паланка.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања