Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

левица

429683350_977031970446534_2829677912207771107_n

Има ли раскол во Левица, членовите кои ја напуштија партијата ги нарекоа „џган“

„Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира и исклучи од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика)“, велат од Левица и додаваат:Дисциплинската одлука е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани од ДПМНЕ да го саботираат процесот на собирање потписи и да нанесат предизборна штета на Партијата, преку таргетирање и контаминирање на идентификувани слаби карики помеѓу членовите.Напоменуваме дека секој воочен внатрешен обид на непринципиелно и клиентелистичко делување, манипулирање, ширење дефетизам и шурување со одредени центри на моќ – било од обични членови или, пак, од раководни функционери на Левица ќе биде јакобински сосечен во корен! Неспособните кадри, кои се покажаа недостојни на задачата, ќе бидат заменети со нови, вредни, искрени и лојални работници. Тројца расипани си одат, триста чесни доаѓаат!Во деновите кога испишуваме Историја со собирањето потписи за првиот наш претседателски кандидат, Левица е непоколеблива во својата борба против корумпираниот систем на политичката и бизнис олигархија и нема да толерира отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови и карактерни маани!Автентичниот раст и масовната народна поддршка на Левица ги плаши буржујските квислиншки партии СДС и ДПМНЕ, поради што не бираат средства за напади кон нас. Ова е познато и веќе видено сценарио во секој изборен циклус досега, на што сме навикнати – па затоа и овојпат истото ќе биде навремено пресретнато од искусното партиско раководство, кое има целосна доверба и контрола во Партијата.Затоа, нема да дозволиме изневерување на тешко стекнатата доверба од народот – и бараме оставка на Ристов и Масларковски од функциите кои ги узурпираат во општинските совети и враќање на нивните советнички мандати во рамките на легитимитетот кој ѝ е доверен на нашата советничка листа.

Македонија | пред 1 година

vankovska-696x392-1

Хајката против Левица не е нова, како што се наближуваат изборите, станува фронтална, смета Ванковска

Билјана Ванковска, претендент за да влезе во претседателската трка како претставник на Левица, смета дека е почната хајка против Левица. Според неа, станува збор за фронтална битка.„Хајката против Левица не е нова. Досега беше перфидна и најчесто манифестирана преку бојкот од медиумите и спинување. Сега, како што се наближуваат изборите, станува фронтална. Јас одамна реков дека битката ќе биде против неколку Голијати (на внатрешните тројански коњи не сметав до скоро). Но, сеедно…Секој напад плус, колку понизок и беден, толку повеќе страв во нивните редови. Страв дека некој ќе ја каже вистината во дебатите и кампањата. Некој ќе викне дека кралот е гол. Дека си страдаме од домашни сијамски близнаци и странски прислужници.Невидливата спрега на политичката моќ на божемните политички опоненти (а исклесани од ист штоф), помогната со медиуми, НВО активисти, интелектуалци, дипломати, аналитичари, па дури и политички маргиналци, а за странски центри на моќ и да не зборувам, се засилува од час до час.Тоа ми е доволен доказ дека стојам на вистинската страна на оваа валкана битка. Со народот, за народот и од народот, а не со машинерии гладни за власт и фотељи. Одиме во престапниот ден во престапната година да им згазиме на жуљ на сите исплашени од баукот на левицата кој кружи над Македонија!“, напиша Ванковска.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-02-28_12-16-20

Левица останува без советник во Аеродром, Масларковски со жестоки критики: Нешто смрди, нешто корне во партијата

Советникот во Аеродром, Дарко Масларковски, излегува од партијата Левица. За ова ја извести јавноста преку статус на социјалните мрежи. Кажа дека не се согласува со како што вели „луди директиви“ од раководството на партијата, а меѓудругото и со тоа што било кажано да се отстрани знамето од Кутлеш. Масларковски веше жесток поддржувач на Левица и ги застапуваше нивните вредности, а воедно, одеше и на протести организирани од нив.„Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА.Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен. Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни "чисти" кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло. Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена“, напиша Масларковски.Тој додава: „Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет. Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто "СМРДИ", а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ?Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ. Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе.Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!! Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години. П.С.Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник“.

Македонија | пред 1 година

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Ванковска собрала половина од потребните потписи, тврди Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека за три дена, успеале да ги соберат половина од потребните потписи за претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.„Народе - за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела - тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба. Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа - потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза - потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден - од 8:00 до 20:00 часот)“, напиша Апасиев.Се очекува Државната изборна комисија да ја објави состојбата со собрани потписи за кандидати, заклучно со вчерашниот ден.

Македонија | пред 1 година

424614396_964070705075994_9086350078794580974_n

Апасиев: УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир, па ќе се жалите: "А бе, учките ни ја земаа државата"!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави упатство како граѓаните да се потпишат за Билјана Ванковска да биде кандидат за претседател, во четири чекори. Тој посочува и дека ДУИ, собирале потписи за Бујар Османи да биде кандидат, во штаб во Чаир.„Денес е недела. Лабав ден. Додека си лежиме по дома, УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир. Оти им се може. И после ќе се жалите: "А бе, учките ни ја земаа државата"! Не. Не ни ја земаа. Ние им ја дадовме. Со нашата некативност. Затоа, уште пред ручек, личната карта у џеб и правец канцеларија на ДИК во вашата општина. Потпиши се за професорката ВАНКОВСКА! Да. Работат и во недела, до осум вечер. p.s. Поручек, пак ќе ве потсетам“, напиша Апасиев.Тој сподели и фотографија.

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

Официјално отворен претседателскиот изборен штаб: Борбата почнува сега, потпиши се за Ванковска

Во присуство на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворен претседателкиот изборен штаб.Исто така, денес и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, кој ќе трае до 8 Март (Петок).„Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот.Потпис за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска може да дадете секој ден од 08:00 до 20:00 часот во вашата општина во подрачните канцеларии на ДИК најдоцна до 8 Март. Повеќе информации може да најдете на https://levica.mk/potpisi-vankovska/“, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev-5

Таче и Пајакот побарале апанажа, а по закон не им следува, видете со какви забегани личности си имаме работа, реагира Апасиев

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, смета дека експремиерот Димитар Ковачевски и минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се забегани. Заклучокот го донесува бидејќи тие побарале апанажа, а смета дека не им следува.„Таче и Пајакот побарале АПАНАЖА, иако поднесоа оставки и по закон не им следува (согласно последната одлука на Уставниот суд). Од ова можете да видите со каков забеган профил на личности си имаме работа. Пак да си ги гласате“, напиша Апасиев.Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа.

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

Јавните претпријатија во Демир Хисар користат нафтени деривати, кои се опасни по животот и здравјето на населението, тврди Левица

„Иако навидум зелена општина со големи шумски пространства и "чист воздух", Демир Хисар се труе со канцерогени честички а властите и надлежните не направија ништо да имплементираат "зелени" - алтернативни решенија за загревање на јавните објекти за кои се залагаат во нивните предизборни програми“, велат од Левица и додаваат:ЛО - Левица Демир Хисар направи едно мало истражување и дојде до фрапантни податоци кои велат дека неколку јавни претпријатија и установи во општината, свесно го трујат населението со нафтени деривати кои ослободуваат тешки канцерогени материи кои се испуштаат во воздухот при нивното согорување. Освен тоа што претпријатијата користат штетни деривати за загревање во текот на зимскиот период, истите во зависност дали се раководени од централната или локалната власт, набавуваат деривати од фирми чии сопственици се блиски пријатели со раководните лица на партиите па дури се и нивни донатори.ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, користи канцероген мазут за кој троши милиони денари секоја година. Истиот го набавува исклучиво од "Супертрејд", фирма на Владимир Стајиќ - семеен пријател на Заеви. Оваа установа согорува над 200 тони токсичен мазут годишно.Државен Пазарен Инспекторат - Демир Хисар, користи екстра лесно масло како дел од групната набавка на ДПИ набавено од "Пуцко Петрол" на Асмир Јахоски кој е син на бившиот пратеник од ДУИ, Исмаил Јахоски.Дирекција за Заштита и спасување - подрачно одделение Демир Хисар, користи околу еден тон екстра лесно масло набавено од "Пуцко Петрол" кој важи за еден од најголемите донатори во ДУИ а исто така нивниот сопствен е близок со раководството на партијата.Агенција за катастар - одделение Демир Хисар, користи 30 тони екстра лесно масло, тендерска набавка од добавувачот "Пуцко Петрол".Министерство за одбрана - оддел Демир Хисар, користи 5 тони екстра лесно масло, набавувач "Пуцко Петрол."Пошта - Демир Хисар, користи над 5 тони екстра лесно масло набавено од "Тритерпол Петрол" , компанија која до 2019 беше во сопственост на близок пријател на Зоран Заев, воедно и донатор во СДСМ. Сега истата компанија е во сопственост на Љупчо Пецов на кој во 2014 година му беше изречена затворска казна од 9 години поради малверзации со трговија на Мазут (Предмет "Керозин")Освен што властите ја запоставија општината која е полна со депонии, ѓубре, нечисти улици, загадени реки и езера, успеаа да го загадат и воздухот со штетните нафтени деривати платени од џебот на граѓаните!

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev9

Апасиев: Шверц со европско знаме за неписмените кадри на ДУИ да станат судии

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев обвини дека во Собранието се прави шверц на Законот за академија на судии и јавни обвинители кои треба да се усвои по скратена постапка, за неписмени кадри на ДУИ да станат судии.„Да знае јавноста зошто е овој закон. Овој закон е за да се протнат неписмените кадри на ДУИ кои одвај го владеат македонскиот јазик - да бидат судии и јавни обвинители. Бидејќи не положиле претходно, сега ќе им се овозможи писмено да им се додадат поени и да станат судии. Исто како случајот со фалсификуваните дипломи од Драч за англиски јазик, каде појма немаат да бекнат и незнаат пресуда да прочитаат.Сега, претседателе, Вас ви се обраќам. Собранискиот Деловник вели дека „кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската унија со полн назив, број и датум.” Дополнително, со предлогот се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и наведување на правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласувањето.Ваква коресподентна табела и Изјава отсуствува во списите! Оттука, Вие (како претседател на Собранието) сте биле должни да побарате од предлагачот да го усогласи.Зборот ми е, дали сефтето ќе го почнуваме и со Вас, како со Таљат, за носовесно вршење на служба и да ви поднесуваме кривични пријави?!", вели Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Во болницата во Тетово се издавале медицински извештаи исклучиво на албански јазик

Во текот на изминатите месеци, до Левица стигнаа реакции од граѓани во однос на работата на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, поточно, издавањето на медицински извештаи исклучиво на албански јазик од страна на доктор во оваа болница, велат од партијата.„Поради ваквото постапување на докторот кој ја прекршил законската обврска за задолжителна употреба на македонскиот јазик, а со тоа го повредил и законското право на пациентите да бидат потполно, разбирливо и соодветно информирани за нивната состојба и резултатите од медицинската процена – Левица поднесе Иницијатива до Секторот за управен и инспекциски надзор при Министерството за култура, како и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.Ова грубо прекршување на низа закони, повреда на правото на пациентите и намерите за спроведување на шовинистичките големоалбански апетити не смее да остане неказнето!Го повикуваме Државниот санитарен и здравствен инспекторат да преземе дејствија со што би се санкционирале и спречиле понатамошни незаконитости и постапувања спротивни на Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за евиденциите од областа на здравството, Законот за употребата на македонскиот јазик и Законот за употреба на јазиците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Screenshot_4-5

Левица: Пред Уставен суд ја оспоривме националноста во изводите

Политичката партија Левица подготви Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Упатството за водење на матична евиденција донесено од страна на Министерот за правда, на 29 мај 2023 година со кое се воведува нова графа „националност“ во изводот од матична книга на родените, венчани и умрени.„Покрај барањето за комплетно поништување на измените на Упатството, Левица побара и изрекување времена мерка односно донесување на привремено решение за запирање на извршувањето на акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт поради кој во пракса би можеле да настанат тешко отстранливи и штетни последици.Со воведувањето на националност како графа во изводот, се постапува спротивно на темелните вредност на Уставот, на одредбите од Законот за заштита на лични податоци и Законот за матична евиденција“, се наведува во соопштението од оваа партија.Дополнително, како што појаснуваат, ова упатство значи отворена врата за автоасимилирање на две нивоа: прво – постои опасност помалите етнички заедници постепено да се претопат во двете актуелно доминантни; и второ – постои реална опасност, македонското население да се „бугаризира“ за само 250 денари колку што чини таксата за вадење извод, односно декларирањето Бугарин во матично да биде основ за полесно вадење бугарски пасоши.Потенцираат дека личното чувство на граѓанинот не може да се докажува со јавна исправа т.е. со документ издаден од државен орган.Не постои никаква гаранција дека оспорените измени на Упатството ќе ја подобрат меѓуетничката кохезија во едно мултиконфесионално и мултиетничко општество какво што е нашето.Левица како политичка партија е единствен коректив на оваа Влада која секојдневно настојува преку секакви акти, постапки и процедури да го поттикне процесот на демакедонизација на Македонците, додаваат од оваа партија.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Апликацијата за пописот која беше донација од бугарска фирма била незаконски набавена, вели Левица

Сите недостатоци на кои Левица единствена алармираше за време на незаконскиот попис, вчера беа потврдени и од Државниот завод за ревизија, кој констатира низа слабости, пропусти и неправилности. За скандалозноста на спроведениот попис, потврдува забелешката на ДРЗ дека софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор, за кој не знаеле во Министерството за правда.Потсетуваме дека апликацијата за попишување на дијаспората беше донација од бугарска фирма! Кои се интересите на бугарска фирма да донира апликација за попис во друга држава, особено кога официјалната влада на Софија интензивно врши асимилација на македонското население?!Односно, ДРЗ утврди бројни неправилности поврзани со софтверската апликација за самопопишување на лицата-државјани кои се на привремена работа или престој во странство и тоа:софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство;фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како иапликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика.Потсетуваме дека ДПМНЕ не само што беше активен учесник во незаконскиот попис за отпис на Македонците, туку и на лидерската средба Мицкоски прифати продолжување на предвидените 20 дена за попис! Иако Мицкоски собра 100.000 потписи против пописот и ги изманипулира граѓаните, тој ретерираше од својот став и прифати спроведување на косоварскиот попис, без ниту една аномалија да биде отстранета.Левица е единствена партија која поднесе кривична пријава против директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, и ја известуваме јавноста дека кривична одговорност за овој поданик на власта ќе биде врвен услов за било која идна Влада, во која би учествувала Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага, објави Левица

Катастрофалните услови и одбивањето да се реновира зградата на Државниот архив на Република Македонија се обид да се удави македонската историја, велат од политичката партија Левица.– Пред десет години, во 2013 година, со многу помпа Државниот архив беше преместен во една од зградите на проектот Скопје 2014. Меѓутоа, за кратко време се покажа дека станува збор единствено за пиар момент, без никаква свест за вредноста и важноста на архивираните материјали, а гледано од денешна перспектива сè поверојатно е дека истото било направено тенденциозно, со намера да се уништат важни и суштински документи со непроценлива вредност. По поплавата на Архивот во 2018 година, беше извршен увид во кој учествуваше Јавното обвинителство, при што беше констатирано дека е потребна итна санација на покривот на зградата, со што ќе се спречат понатамошни поплавувања на објектот. Владата на СДС и ДУИ тогаш го повтори ставот дека наскоро ќе се донесе конечна одлука, во насока на трајно решение околу наследената ситуација со зградата на Архивот и нејзината комплетна нефункционалност, појаснуваат од Левица преку соопштение.Оттаму велат дека денес Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага, а вработените се во постојана битка со водата по секој дожд.– Од работењето на директорот Емил Крстевски единствено јавноста виде како води преписки на официјалната страна на оваа институција. Поминати повеќе од пет години, а пробугарската власт нема преземено ниту една мерка за да го заштити овој значаен објект за македонската историја! Во контакт со вработени во Архивот, Левица дојде до сознанија дека старата зграда на Архивот била една од најстручно изградените објекти во Југославија, поради што дел од вработените бараат да се вратат во стариот објект, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Нема европска држава со етничка припадност во изводи“, Левица ќе оспори пред Уставен суд

Откако пратениците на Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, вели Левица„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само со упатство, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган!Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност.Оттука, јавно го прашуваме извршителот на Али Ахмети и октроиран премиер, Димитар Ковачески: Дали со воведувањето етничка припадност спротивно на ЕУ регулативата, владата на СДС и ДУИ директно ги загрозува европските интеграции на Македонија?Ја известуваме јавноста дека Левица ќе поднесе Иницијатива до Уставниот суд, со цел го оспори внесувањето етничка припадност во изводите, како противуставен потег, кој е спротивен на европските практики. Вакви трибалистички решенија се типични за конзервативни општества, со многу силна внатрешна поларизација, додека развиениот демократски свет одамна ги напуштил овие негативни практики“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Уште една жртва на системот: после Тони Сали, почина и Мемет Камбер - лице без лични документи, вели Левица

Длабоко сме огорчени поради трагичната смрт на Мемет Камбер, лице на кое му беа ускратени основните права и пристапот до здравствена заштита, само затоа што ги немаше потребните документи за да го докаже неговиот престој во Македонија. Овој трагичен настан е само потсетник на системската дискриминација и маргинализација со која ромската заедница продолжува да се соочува во нашето општество, вели Левица„Ова не е ваков прв случај да се загуби животот поради бирократски пречки. Тони Сали, исто така поради бирократски процедури, не можеше да добие извод и да оствари право на здравствена заштита. Сали почина пред две години, а постхумно доби награда од Град Скопје за матурант - првенец на генерација. За трагичниот случај со Сали никој не понесе одговорност, а тогашниот директор на Управата за водење на матични книги, Бујар Дардиша, подоцна беше унапреден во управител на ЕСМ Дистрибуција.За руинираноста на институциите говори пресудата на Врховен суд од 2022 година, која во случајот со Тони Сали, после неговата смрт, утврди дека Граѓанскиот суд бил должен да постапува по тужбата на Тони Сали за утврдување на татковство и мајчинство, а не да се прогласи за ненадлежен. Одговорност повторно - нема.Бизарноста на заробените институции беше до степен да Второстепената комисија, со која раководи Даница Чадиева, надвор од рокот и еден месец откако почина Сали, ја уважила неговата жалба против Управата за водење матични книги и случајот го вратила на решавање. Исто како да е жив.Иако пред три години е донесен Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените, отсуствува ажурност кај институциите за негово имплементирање, што се потврди со трагичниот случај со Мемет Камбер од пред неколку дена. Недостигот на документација за поединците од маргинализираните заедници дополнително ја влошува нивната ранливост, оставајќи ги без пристап до основните услуги, како што се здравствената заштита, образованието и можностите за вработување. Тоа е јасен показател на нееднаквостите што опстојуваат во нашето општество.Јавно го повикуваме премиерот Ковачевски да не го премолчи и овој трагичен случај и да ги лоцира одговорните лица, поради кои Мемет Камбер го загуби животот. До кога ќе се штитат партиските кадри - на сметка на човековите животи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања