ЛЕВИЦА

432224-720x340-1

Левица обвинува за „октопод“ во ДКСК: Архивата како механизам за прикривање предмети блиски до ДПМНЕ

До Левица пристигнуваат сериозни пријави за незаконско политичко влијание, судир на интереси и злоупотреба на функцијата во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во центарот на овие сомнежи е членката на Комисијата - Цвета Ристовска, велат од партијата„Според пријавата, станува збор за воспоставена мрежа на контрола врз текот и исходот на предметите, врз документацијата и внатрешното функционирање на ДКСК - мрежа која служи на интересите на владејачката структура предводена од ДПМНЕ и Мицкоски. Имено, преку сомнително ангажирање на лицето Татјана Наќева во архивата со договор за дело, и покрај тоа што архивата веќе била кадровски екипирана, се воспоставувал филтер врз влезната и излезната пошта. Преку овој механизам, ангажираната Наќева ја алармирала членката Цвета Ристовска по што таа ги известувала предметните лица, селектирала предмети, ја забавувале или „заглавувале“ постапката - зависно од тоа дали се однесуваат на луѓе блиски до власта.Татјана Наќева инаку е сопруга на новинарот Љупчо Наќев, кој воедно е и предавач на Универзитетот Скопје кај Аце Миленковские, кој отворено важи за испостава на ДПМНЕ. На истиот универзитет е вработен и нејзиниот син - Филип Наќев. А за потсетување, и самата Цвета Ристовска била ангажирана како предавач на истиот универзитет.Ова е мрежа во која се преплетуваат антикорупциска институција, партиски блиски медиумски кругови и универзитетска инфраструктура - октопод на власта на ДПМНЕ.Да потсетиме Цвета Ристовска беше известувач по предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка.Преку ваквата мрежа, ДКСК систематски ги претвора флагрантните нерегуларности во аминувани и невидливи, а јавноста ја убедува дека е при очи слепа.Дополнително, на овој начин и бројни предмети поврзани со структури на власта остануваат без каков било исход. Таков е примерот со незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски за кого и после повеќе од една година нема никаква одлука!Ова е само почеток. Левица во наредниот период ќе продолжи да обзнанува и други информации за оваа мрежа, функционирањето на ДКСК, но и други информации за партиска вмреженост и коруптивно влијание, без разлика колку високо водат пипците.Во таа насока, ги повикуваме сите граѓани, вработени во институции, кои располагаат со информации, документи, сознанија, трпат притисоци, сведочат на незаконитости, да ги достават до Левица, а ние им гарантираме анонимност.Само со разобличување, јавност и солидарност може да се скрши ѕидот на страв и молк и да се спречи државата целосно да биде заробена од партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv8qj8pib2lca9tGbDjD

„Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви“, Левица обвинува за непотизам

Левица информира дека за нов директор на Агенцијата за стокови резерви е назначен Бесим Кока, зет на доскорешниот вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџети.„Најновото именување на зетот на Изет Меџити, Бесим КОКА, за директор на Агенцијата за стокови резерви, е уште една коцка во мозаикот на отворен, дрзок и системски непотизам што го практикува актуелната власт на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ.Претходно, прв братучед на поранешниот прв вицепремиер, а актуелен градоначалник, Меџити, беше поставен за директор на МЕПСО. Друг негов братучед за директор на НОМАГАС, а сега и зетот добива раководна позиција во стратешка државна институција.Институциите се претвораат во фамилијарна мрежа, а државата во приватен имот на политичко-роднински клан. Се поставува прашањето дали воопшто некоја роднина на Меџити остана “дискриминирана“, односно без раководна функција?Мицкоски не само што функционира со кадри на ДУИ, туку ги практикува и со засилено темпо го надградува КЛАНОВСКО ВЛАДЕЕЊЕ, клиентализмот и распределбата на функциите како партиско-семејни привилегии.За година и пол владеење, листата на непотистички и клиентелистички скандали на оваа власт веќе е предолга за набројување. Очигледно, времето за реформи им е кратко, но времето за плетење семејно-партиски мрежи - повеќе од доволно.Пораката кон јавноста е понижувачка. Според оваа власт, од цела Македонија најспособни се токму роднините и апологетите на владејачката коалиција. Сите други, младите инженери, економисти, правници, лекари - се вишок, статистика, бројка во колоната на иселени. Тие си заминуваат не затоа што нема работа, туку затоа што однапред знаат дека системот не е наштиман за нив, дека вратите се отворени само за оние со соодветна крвна врска и потребна партиска линија“, велат од партијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypb42fbjrpkphaDFwoQE

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта - јавните пари се користат за дворски трубадури

Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под капата на ДПМНЕ и Мицкоски! Претходно како приватна фирма на Груби кој го пуштија во бегство, а сега како партиска каса за финансирање на апологети на власта и јавни личности чија примарна улога е да ја шминкаат реалноста и да го бранат неуспехот на власта, велат од политичката партија Левица.„Месечни хонорари од по 35.000 до 60.000 денари, односно над 4 милиони месечно се исплаќаат на инфлуенсери, професори, јавни личности, партнери на функционери од власта и други членови на владејачките политички партии!Додека има пари за купување на лојалноста, нема за покачување на платите, за лекови, социјални програми, реална поддршка на младите, подобрување на условите во училиштата и болниците, достоинствен живот на граѓаните.Овие лица како платени факели ја осветлуваат сцената по вкус на власта, додека во заднина се крие мракот на сиромаштијата, иселувањето и распадот на јавните услуги. Јавните пари, наместо да бидат семе за развој, се фрлаат како трошки за одржување на ехото на партиските мантри на мрежа на привилегирани креатори на јавно мислење кои се хранат од народната каса.Ова е учебникарски пример на клиентелистичка држава, во која институциите се користат како ПР-агенции на власта, а јавните средства како гориво за партиска самопромоција.Бидејќи народот не е публика во ПР-спектаклот на власта, туку сопственик на буџетот, Левица бара Државната лотарија, односно директорот Александар КЛИМОВСКИ, итно и јавно да одговори:– По кои критериуми се ангажираат овие лица?– Кои се нивните конкретни задачи и резултати?– Каков е јавниот интерес од нивниот ангажман?- Зошто овие лица се скриени и не се наоѓаат во базата на јавни информации?Во Македонија има пари, но тие течат по канали ископани од алчност и партиска привилегија. Наместо да се вложуваат во општествено корисни политики и јавен интерес, тие се крадат, се претвораат во патни трошоци, хонорари за непродуктивни улоги, во сценографија на власта која сака да изгледа коректна и силна, додека суштински ја празни државната каса.Државата не е сиромашна, туку е ограбена и злоупотребена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykek3pk288lge2303SPX

Левица: „Запирање на имигрантските визи од САД - стратешки шамар за домашните вазали“ 

Партијата Левица ја обвини Владата дека со својот, како што наведуваат, вазалски однос кон САД директно придонела за одлуката да се запре постапката за издавање имигрантски визи за македонските граѓани.Во соопштението, партијата тврди дека актуелната власт со години градела илузија за наводно „стратешко партнерство“ со Вашингтон, но дека реалноста покажала отсуство на каква било вистинска поддршка. Според Левица, надворешната политика на Владата се свела на симболични средби и фотографии со американски функционери без влијание врз клучните одлуки.Партијата потсетува дека на запирањето на визите му претходело воведување трговски маржи и царини од страна на САД, по што Владата, како што се наведува, „во немоќ и коленичење“ одлучила целосно да ги укине царините кон американските производи.Левица ја критикува и серијата надворешнополитички потези на власта – гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и ставовите околу Венецуела – оценувајќи дека тие го нарушуваат угледот на Македонија без да донесат каква било корист.„Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде стратешко партнерство“, се наведува во соопштението.Според Левица, ваквата политика ја внесува државата во „стратешки ќорсокак“, а излезот го гледаат во промена на надворешнополитичкиот курс и отворање кон други глобални партнери. Партијата заклучува дека актуелната власт нема капацитет за таков пресврт и дека последиците ги трпат граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6hfm7kh239b52qDgz9j

Николоски: СДС станува Левица, а Левица станува СДС, во деструкција тонат од СДС

СДС планира целосно да се изoлира, а нивното однесување се претвора во целосна деструкција кое се повеќе наликува на Лeвица, истакна во вечерашното интервју на телевизија Сител во Тема на денот, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, зборувајќи за лидерската средба која ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ и за можностите за укинување на т.н. техничка влада.-Прво учеството на лидерската средба е доброволен чин, ние не можеме никој да присилиме да присуствува или да не присуствува. Второ, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски покажаа една големина, бидејќи ние имаме двотретинско мнозинство во Собранието, и без разлика на тоа решивме да организираме лидерска средба за најкрупните прашања кои се во интерес на државата. Во едно друго време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДС, тие или не комуницираа, или одржуваа средби колку да се случат, вели Николоски.Николоски додаде „ако СДС сака да се изолира, ние тука не можеме ништо да направиме“,  посочувајќи го феноменот кој моментално се случува на македонската политичка сцена, а тоа е дека СДС се повеќе наликува на Левица, а Левица станува СДС, односно приматот на деструкција, сега го презема најголемата опозициска партија.

Македонија | пред 3 седмици

ahmetii

И Ахмети по Апасиев одлучи да оди на лидерска, осамен во бојкотот остана Филипче

Али Ахмети ќе присуствува на утрешната лидерска средба. Ова е одлука на партиското тело. Избор на Влада со Бадентер, одлуките на Уставен за законите со Бадентер, да се носат со двојно мнозинство, членството на Македонија во ЕУ и договорот кој што ДУИ го нуди за спас на државата, ова ќе бидат барањата на ДУИ кој од партијата е овластен да носи одлуки на средбата.Потврда за учество има и од Левица. Тие ќе бараат изборна единица и еднаков медиумски пристап за избори за сите партии.Само СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата.„На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните”, вели Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Лидерска средба на 14 јануари: Левица прифаќа, СДСМ одбива, ДУИ ќе одлучува

Пратеникот Амар Мециновиќ денеска соопшти дека Левица ќе учествува на најавената меѓупартиска лидерска средба што ја иницираше премиерот Христијан Мицкоски.На прес-конференција, Мециновиќ истакна дека партијата, како парламентарен субјект, подолг период настојува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку законски предлози и барање консензус за клучни државни прашања, оценувајќи дека сега е моментот за влез во суштински и конструктивен дијалог. Според него, приоритет за Левица е создавање демократска и фер атмосфера за време на изборниот процес, а во таа насока ќе бидат насочени и нивните барања.Иницијативата за лидерска средба доаѓа од премиерот Мицкоски, кој најави отворање разговори за укинување на т.н. „Пржинска влада“, модел воведен пред десет години, како и за други системски прашања. Од владината служба за односи со јавноста претходно информираа дека поканите се во фаза на испраќање и ќе бидат доставени до сите партии со пратеничка група во Собрание на Република Македонија.Премиерот минатата седмица најави дека средбата е планирана за 14 јануари и треба да се одржи во Клубот на пратениците.Иницијативата, сепак, се соочува со различни реакции во политичкиот блок. СДСМ најави дека нема да учествува на средбата, при што партискиот лидер Венко Филипче изјави дека „средба со криминалци нема да има“. Од ДУИ соопштија дека својот став ќе го соопштат откако официјално ќе ја добијат поканата.Левица, пак, повтори дека се залага за укинување на техничката влада, но под услов тоа да биде проследено со реални, а не само декларативни демократски реформи, како и со воведување на една изборна единица, што, според партијата, би обезбедило пофер и порепрезентативен изборен систем.

Македонија | пред 3 седмици

299917758_610582814115905_5041131958077706406_n

Левица: Минималната плата е под прагот на сиромаштија — сиромашни се 30 отсто од децата во земјава

Партијата Левица реагира на најновите податоци на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година, според кои стапката на сиромаштија изнесува 21,9 проценти, а речиси 30 проценти од децата живеат под прагот на сиромаштија. Во соопштението се наведува и дека 45,8 проценти од самохраните родители се сиромашни.Од Левица оценуваат дека состојбата претставува резултат на „долгогодишен економски модел кој го потценува трудот“, а не на, како што велат, надворешни фактори. Во соопштението се наведува и дека 7,9 проценти од вработените живеат под прагот на сиромаштија, што партијата го интерпретира како недоволна заштита на работниците.Посебен фокус партијата става на семејствата со повеќе деца, каде што според статистиката 54,8 проценти живеат во сиромаштија. Левица смета дека државните политики недоволно ги поддржуваат овие домаќинства.Во соопштението се наведува и дека дебатата за минимална плата од 500 евра е „надмината“, бидејќи, според партијата, прагот на сиромаштија за четиричлено семејство е над 31.000 денари месечно. Левица смета дека минималната плата треба да биде изедначена со трошоците за основен животен стандард и критикува дека економските аргументи против повисок минимален доход се „политички, а не економски“.Како можни решенија, партијата предлага прогресивно оданочување, јакнење на колективното договарање и активни социјални мерки насочени кон ранливите категории граѓани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryen75hdahkm1r4XD3900

Да нема отказ при бременост! Левица поднесе предлог-измени за заштита на трудовиот статус на бремени работнички

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе предлог-измени на Законот за работните односи, со кои се предлага бремените работнички вработени на определено време автоматски да преминуваат на договор на неопределено време по доставување потврда од лекар или надлежен орган.Партијата соопшти дека целта на измените е да се спречи прекин на работниот однос во текот на бременоста и да се зголеми правната сигурност на оваа категорија работнички. Според образложението, иако законската рамка гарантира еднакви права и забрана на дискриминација по основ на бременост, во пракса и понатаму имало случаи каде што на бремени работнички не им се продолжувале договорите на определено време.Во соопштението се наведува и конкретен пример од јавноста од пред околу еден месец, по кој Левица повторно ја отвори темата за заштита на бремените жени на пазарот на труд.Со предложената формулација, во член 46 од Законот за работните односи би се додал нов став, според кој „работниот однос заснован со договор за вработување на определено време се трансформира во работен однос на неопределено време поради бременост, по доставување на соодветна потврда“.Од партијата потсетуваат дека и претходно иницирале измени за целосно укинување на договорите на определено време, кои не добија поддршка во парламентот.Предлог-законот треба да помине низ собраниска процедура, по што ќе се утврди дали ќе биде поддржан од мнозинството пратеници.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во Република Македонија.Мециновиќ нагласи дека во говорот на Давкова сосема изостана осврт кон уништувањето на реките, загадувањето на воздухот и системското разорување на животната средина, што претставува политичка порака дека загадувањето, зголемените заболувања, доминацијата на интересите на крупниот капитал над здравјето на граѓаните се прифатливи и нормализирани.Тој сублимираше дека ова претставува морална мапа за ургентните прашања, и дека сведочиме на апстрактни говори за стабилност и глобални климатски промени, преку кои всушност се избегнува соочување со конкретните причинители и одговорности кај нас. Таквиот пристап ја штити нерегулираната индустрија и интересите на крупниот капитал, а штетата по граѓаните се третира како колатерална и неизбежна.Дополнително, иронично, зад говорите за енергетска независност истовремено застана реалноста на поскапена струја и продлабочена енергетска сиромаштија, што повторно покажува отсуство на приоритети насочени кон граѓаните. Затоа, пратеникот од Левица најави и итна законска интервенција како одговор на енергетската криза во која државата веќе се наоѓа.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryem6581b6r793fZM85Bb

Се огласи пратеникот Јанчев за сообраќајката каде загина дете: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно

Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, преку јавно обраќање реагираше на, како што наведува, „координираните политички и медиумски напади“ по поднесеното обвинение за сообраќајната несреќа, каде според Обвинителството пресекол пат на малолетници со мотоцикл, при што едно дете загинало. Јанчев истакна дека свесно молчел од почит кон семејствата и лицата кои биле директно или индиректно засегнати од несреќата, нагласувајќи дека по вакви настани повторното јавно навраќање на деталите носи дополнителна траума.„Жал ми е за сѐ што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на тоа. Веднаш по настанот пружив помош и повикав итна медицинска помош, правејќи сѐ што беше можно во тој момент“, наведува Јанчев.Тој потенцира дека Итната медицинска помош пристигнала по околу 50 минути, како и дека бил единствениот легален учесник во сообраќајот во конкретната несреќа.Пратеникот остро реагираше на обвинувањата кои, според него, биле пласирани уште истиот ден преку медиуми блиски до власта, дека бил пијан, дрогиран или дека возел со прекумерна брзина.„Ништо од тоа не е точно. Не сум возел бесен џип, како што беше пласирано во јавноста со фотографии од луксузни возила. Моето возило е старо 20 години“, нагласи Јанчев.Тој посочи дека уште истиот ден бил јавно осуден од ВМРО-ДПМНЕ преку партиска прес-конференција. Дополнително, реагираше и на изјава на премиерот, за која тврди дека содржела „суптилна закана со обвинителство“.Јанчев изјави дека постои обид преку медиумска кампања да се наметне наратив дека тој „прегазил лице“, што, како што рече, не соодветствува со фактите.„Да прегазиш некого значи да поминеш преку него, а тоа во овој случај не се случило“, наведе пратеникот.Тој додаде дека од страна на пратеници од власта добил и директна закана дека ќе биде мета на напади поради работата на Анкетната комисија за пожарот во Кочани, оценувајќи дека сообраќајната несреќа се користи како средство за политички притисок.Во врска со прашањето за пратеничкиот имунитет, Јанчев нагласи дека ниту се повикал, ниту имал намера да се повика на имунитет, потсетувајќи дека тој не претставува заштита од кривична одговорност.„Сето ова се прави без никаква чувствителност, иако во оваа приказна не сум само јас – има и настрадани лица и многу потресени семејства. Уште еднаш жал ми е за сѐ што се случи и не знам зошто мораше да се случи“, порача Јанчев.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym2bgq8tastlo7y11x4t

Левица: ЕСМ е во колапс - Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Левица остро реагира на најавите за можна кризна состојба во ЕСМ, оценувајќи дека станува збор за обид да се прикрие, како што велат, катастрофалното и расипничко работење на раководството на државното енергетско претпријатие.Од партијата наведуваат дека самиот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, ја потврдил неспособноста во менаџирањето, откако во јавноста се појави информација дека побарал од Владата прогласување кризна состојба, наводно поради недостиг на мазут предизвикан од протестите на грчките земјоделци. Според Левица, ваквото барање е „фингиран обид“ со кој Узунчев се обидува Владата да го спаси ЕСМ од долговите и загубите наталожени од раководството поставено од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Левица посочува дека доколку навистина е прекината набавката на мазут, ЕСМ има законска можност да бара раскин на договорите со добавувачите поради неисполнување на обврските. „Единствената вистинска криза во ЕСМ е немањето капацитет на директорот Узунчев да раководи со претпријатието, функција која ја добил единствено поради блискоста со Мицкоски“, се наведува во реакцијата.Како дополнителен аргумент за неспособното раководење, од Левица наведуваат дека ЕСМ годинава ќе ја заврши со рекордна загуба од околу 150 милиони евра, иако, според нив, директорот претходно најавувал добивка. Тие тврдат дека претпријатието не е во состојба редовно да ги исплаќа ниту платите за вработените, поради што, како што велат, раководството спасот го бара во Владата.Партијата предупредува дека ваквиот акумулиран долг во претпријатие кое со години работело со добивка отвора сериозни сомнежи за криминални шеми и спорни тендери во ЕСМ. Левица најавува дека во наредниот период ќе објави дополнителни информации за неправилности во работењето и ги повикува Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да отворат истрага за случувањата во ЕСМ под раководство на Лазо Узунчев.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Смртта на новороденчето на ГАК е резултат на систем што штити хиерархија, а не живот, вели Левица

Според Левица, смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје не претставува изолиран инцидент, туку е последица на длабок системски проблем во здравствениот сектор, каде, како што наведуваат, интересите на хиерархијата, бирократијата и формалностите се ставени над човечкиот живот.Од партијата укажуваат дека на ГАК подолг период недостигаат педијатри-неонатолози и дека новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала обврска итно да реагира и да обезбеди стручен кадар, но тоа, според нив, не било сторено, што резултирало со повторување на трагични случаи.Според Левица, интерната документација на ГАК, вклучително и пријавата од началничката на интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, укажува дека педијатарката д-р Емилија Бадева извршила долготрајна, повеќекратна и неуспешна реинтубација во траење од околу 20 минути, по што дошло до дестабилизација и смрт на новороденчето.Како што наведуваат од Левица, сведоштвата на специјализантките д-р Деспина Кочова и д-р Мевљане Ислами Лимани потврдуваат дека тие повеќепати ја предупредувале да ја прекине постапката.Левица дополнително наведува дека интерните податоци отвораат сериозни сомнежи за можна употреба на алкохол од страна на д-р Бадева за време на работното време. Според партијата, овие сомнежи биле игнорирани од директорката на клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, како и од надлежните институции.„Директорката не ги известила Министерството за здравство, ДСЗИ ниту Јавното обвинителство цели два месеци, додека ДСЗИ подоцна се ограничува само на формални извештаи за медицинските состојби, без да го утврди суштинскиот причинско-последичен однос помеѓу несоодветната постапка и трагедијата. Министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, декларативно најавија формирање стручна комисија, но ова останува празна формалност ако не се обезбеди независна контрола и санкција на одговорните. Системот не овозможува вистинска контрола или санкции, дури и кога постојат сомнежи за алкохол или несоодветна постапка. Семејството на починатото новороденче, оставено без вистина и објаснување, се соочува со неизмерна болка и траума, жртвувајќи се на истиот систем кој ги штити своите формалности над животот. Недовербата и стравот што ги создава институционалниот молк се дополнителна неправда и трагедија. Овој случај е симптом на пазаризација, бирократизација и хиерархизација на здравството, што ги загрозува животите наместо да ги штити. Јавното здравство е претворено во инструмент за заштита на статус-квото, наместо да биде гарант на универзална грижа“, стои во соопштението.Според Левица, неопходно е:Итна, независна и транспарентна истрага од Јавното обвинителство за сите аспекти на случајот;Одговорност за директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев, педијатарката д-р Емилија Бадева и сите лица кои, според наводите, прикривале информации;Јавно објавување на обдукцискиот наод на новороденчето;Законски измени што ќе овозможат реална контрола на медицинските постапки, вклучително и тестирање за супстанции во критични оддели;Крај на културата на молк и заштита на хиерархијата над животите;Темелна реформа кон јавно, транспарентно, колективно и социјално здравство;Итна едукација и вработување на дополнителни педијатри-неонатолози.Од Левица дополнително го отвораат прашањето дали на ГАК постои јасен протокол за соработка со Детската клиника и Детската хирургија и дали навремено се прифаќаат сите новороденчиња за кои е проценето дека им е потребна специјализирана стручна помош.„Секое новороденче заслужува шанса за живот. Секое семејство заслужува вистина. Секоја институција што молчи – станува соучесник во смрт“, порачуваат од Левица.

Македонија | пред 1 месец

ivica-tomovski

Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија во предметот за „Сити Аутсорсинг“ и директорот на СОЗР, Ивица Томовски

Антикорупциската комисија, која веќе отвори предмет за случајот со фирмата „Сити Аутсорсинг“, ќе добие нови материјали од Левица. Партијата најави дека ќе достави фотографии за кои тврди дека укажуваат на поврзаност меѓу директорот на СОЗР, Ивица Томовски, и управителот на компанијата, откако Томовски одбил да одговори дали станува збор за негов личен пријател.Според Левица, „Сити Аутсорсинг“ добила околу 5 милиони евра државни средства преку тендери, а управителот на компанијата е лице кое на социјалните мрежи има објавено бројни фотографии со Томовски. Партијата оценува дека ова отвора прашања околу потенцијална поврзаност и улогата на управителот во фирмата, која претходно, како што наведуваат, била во сопственост на семејството на Томовски.Од Левица потсетуваат и дека компанијата претходно се именувала „Сити Логистик“, а како таква добивала тендери вредни околу 60.000 евра во периодот кога сегашниот премиер Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ. Според нив, Јавното обвинителство треба да утврди како фирма во која, како што тврдат, Томовски имал управителска функција во минатото, а тендери биле доделувани од Мицкоски, денес стигнува до државни договори од 5 милиони евра.Партијата најави дека ќе ја достави целата документација што ја поседува за случајот, оценувајќи ја компанијата како „контроверзна“ и дека, според нив, постои сомневање за злоупотреби на државни средства. Левица критикува дека ОЈО не отвора постапки поврзани со компании во кои, како што наведуваат, се инволвирани лица блиски до премиерот, што го толкуваат како индикатор на политичко влијание врз правосудството.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“?!

Советничката група на Левица денеска ја обвини Општината Аеродром дека не реагирала навреме за потенцијалните ризици во забавниот парк „Зимзоленд“, иако, како што наведуваат, биле утврдени неправилности и отворен предмет во Јавното обвинителство за општа опасност.На прес-конференција, советникот Горан Костовски изјави дека просторот и понатаму работи без да бидат преземени конкретни мерки за отстранување на ризиците. Според него, и покрај забелешките од неколку инспекциски служби и предупредувањата од Град Скопје, општината не донела одлука за привремено затворање на паркoт или за демонтажа на реквизитите за кои постојат сомнежи дека се небезбедни.Костовски потсети дека законската регулатива предвидува итно затворање на објект кога постои сомневање за опасност по граѓаните. Тој додаде дека од општината добиле само уверувања дека „процедурите се во тек“, но дека засега нема видливи активности на терен.Од Левица прашуваат дали институциите ќе постапат пред да настане несакан настан или, како што велат, повторно ќе се реагира дури откако ќе има последици. Општина Аеродром засега не даде официјален одговор на изнесените обвинувања.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања