„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

левица

Levica-logo

На советниците не им беше дозволено поднесување анкетни листови – ќе гласаат против ДУП кој не ги содржи забелешките на жителите, вели Левица

Вчера беше крајниот рок за поднесување анкетни листови во однос на предложените Детални урбанистички планови за Влае 2 (СЗ19) и за Жданец и дел од Козле (Ј03.04). Последните неколку денови беа проследени со скандалозност и попречување на процесот на поднесување забелешки од страна на жителите.„Пред вратата на месната заедница седат на клупите двајца мажи кои се претставија дека се вработени во Општината, кои на луѓето што сакаат да поднесат им укажуваат дека не можат да дадат анкетен лист ако не се жители на Влае 2.“ изјави Славко Митевски, советник во Општината, на кого како советник му беше оневозможено да поднесе анкетен лист со забелешки само поради тоа што не живее во Влае 2.Жителите на Општина Карпош беа оневозможени да поднесуваат забелешки и преку веб- страницата e-urbanizam.mk.„Опцијата за поднесување на забелешки по предложени детални урбанистички планови е недостапна. Преку веб-страницата e-urbanizam.mk која е во сопственост на Министерство за транспорт и врски оваа опција “магично“ исчезна и тоа во пресрет на последниот ден за поднесување на забелешки за два детални урбанистички планови за Општина Карпош.“ напиша Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.Од партијата наведуваат дека одењето насилнички против волјата на жителите на Општина Карпош и поставување најразлични бариери за искажување на нивното мислење е крајно недемократски чин и со самото тоа се фрла сомнеж дека со овие ДУП-ови на прво место се ставаат интересите на урбанистичката мафија.„Оттука, Левица Карпош ја известува јавноста дека нема да гласа за Детални урбанистички планови во кои нема да бидат вклучени забелешките на жителите. Дополнително ги повикуваме и останатитесоветници јавно да се изјаснат околу ставот за предложениот Детален урбанистички план.“ стои во соопштението на локалниот огранок на Левица во Карпош.

Скопје | пред 3 години

Edna-izborna-edinica-

СДСМ ги кочи измените на Изборниот законик иако уште во 2016 ветуваше една изборна единица, вели Левица

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја утврди потребата од донесување на предлогот на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се предвидува воспоставување на една изборна единица на целата територија на државата, вели Левица.„Но, тоа ништо не значи, бидејќи албанските политички партии не се согласуваат со предлогот на законот, а исто така и пратениците од СДСМ изјавија дека не се подготвени да го поддржат истиот, доколку не наиде на поддршка од коалицискиот партнер ДУИ.Вистинската собраниска процедура околу предлогот на законот допрва следи, бидејќи истиот може да биде кукавички, амандмански блокиран од деструктивните и регресивни сили од владејачкото мнозинство, кои со таков еден потег директно ќе застанат против политичката демократијата.Во интерес на зајакнување на демократските капацитети на државата, ги повикуваме помалите политички партии, кои се дел од парламентарното мнозинство, да покажат дека не функционираат како полтронски партии и доколку овој предлог на закон не се усвои, истите да го напуштат парламентарното мнозинство.Воедно, ги потсетуваме СДСМ дека уште во 2016 година, во својата изборна програма, го имаа вклучено моделот на една изборна единица, како определба која треба да ја исполнат во текот на нивниот мандат.Сегашниот систем de facto е нефункционален бипартиски систем, кој не го одразува вистинското политичко расположение кое владее меѓу народот, со што индиректно се поништува народната волја и се влијае демотивирачки кај гласачите. Доказ за тоа е се помалата излезност на секој нареден изборен циклус, како и големиот број на неважечки гласачки ливчиња.Со ваквиот неправичен изборен модел, Левица на последните парламентарни избори беше оштетена за дури три пратеници!Само со нов изборен модел, непосредно ќе им се овозможи на нови политички опции да го остварат своето право на претставување во Собранието, а посредно на граѓаните ќе им се овозможи да гласаат водени од идејата дека нивниот глас вреди и ќе биде соодветно претставен“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања