ЛЕВИЦА

levica-562345

Став на Левица за зонското паркирање во Карпош: Проблемот не се решава така

На вчерашната деветта седница на Советот на Општина Карпош се изгласа одлука за воведување на зонско паркирање кое ќе го организира и спроведува ЈП Градски Паркинг на територијата на Општина Карпош.„Оваа предлог одлука беше поддржана од страна на советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ како и советничката Невена Георгиевска, додека пак советниците на Левица гласаа против. „Проблемот на со недостатокот на паркинг места се решава со проширување на постоечките паркинг зони и поставување на монтажни паркиралишта, а не со воведување на зонско паркирање. Со зонското паркирање во никој случај нема да се креираат нови паркинг места.“ изјави советникот од редовите на Левица, Мартин Димоски. Советниците на Левица во Општина Карпош ќе ги искористат сите механизми за спречување на имплементацијата на овој погрешен концепт. Во наредните денови ќе предложат предлог мерки и предлог решенија за решавање на проблемот со недостатокот на паркирање во Општина Карпош“, велат од Левица Карпош.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Апасиев: Гоце е Македонија, џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на денот кога се одбележува 119 години од смртта на Гоце Делчев напиша статус посветен на великанот. Тој во писанието додава: „Гоце е Македонија, Џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе, Левото крило на организацијата“.„Левичарот и социјалист Гоце ДЕЛЧЕВ, неколку дена пред да биде убиен, бил во Солун, баш кога велешките Гемиџии ги прават солунските атентати. Понесен од атмосферата, вака им се фалел на другарите од Организацијата:„Јунаци, во Солун ги разигравме анамите со широките шалвари. Од 'Империал Отоман Банката' не остана ни трага! Така ќе ја раздрусаме од темел и оваа гнила Турска империја“ *Преправен, се извлекува од солунските џандарски рации и се упатува кон неговата последна дестинација - селото Баница, Серско (Егејска Македонија), кое денес не постои. Таму загинува најхаризматичниот македонски војвода. Беше предаден од врховистите! Немаше ни 32 години. Слава му“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-17-at-14.05.13

(ФОТО) Левица: Се поклонивме на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија, додека СДС И ДУИ се потчинуваат на Софија

Партиската делегација на Левица составена од претседателот на партијата, Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански - предводникот на левото крило на Организацијата.„Делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа - во Роженскиот манастир - положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци. Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти.Санданизмот, во неговите чисти идеолошки позиции, претпоставува дека македонскиот народ може да ја достигне слободата само со сопствени сили - без да се потпира на туѓа помош! Денес, кога квинслишката власт на СДС и ДУИ во Македонија го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ“, вели Левица.

Актуелно | пред 3 години

278457617_552463186236750_7252608837176590045_n

Левица ќе поднесе Декларација против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот, кои според нив се промовирани од власта

„Преку нелегитимно и нелегално прифаќање на штетни и анти-македонски билатерални договори, учествување во империјалистички воени сојузи и особено преку рехабилитација на истакнати фашистички колаборационисти од минатото, промоцијата на фашистичка идеологија во Македонија секој ден е се поприсутна“, вели Левица.Тие додаваат:„Уште од времето на Втората светска војна, како никогаш досега, владата на ДУИ и СДСМ официјално промовира глорификација и рехабилитација на профашистички соработници кои ги негираат македонскиот народ, јазик и држава.Отворањето на „Клубот – Ванчо Михајлов“ во Битола, на кој ќе присуствуваат високи делегации од Македонија и Бугарија, јасно ја покажува стратешката тенденција и политичката определба на оваа анти-народна власт. Имено, владиното кумувањето на „културен центар“, кој ќе го носи името на еден од најкрвните врховисти, не е ништо друго, освен директна негација на Национално-ослободителната борба на македонскиот народ и нејзините придобивки, преку кои се афирмираше неговата држава, како дел од победничката анти-фашистичка коалиција.Со директното учество и поттикнување на историскиот ревизионизам насочен кон де-македонизација, како и имплементацијата на анти-македонски политики преку целиот мандат на власт; особено со поткопувањето на АСНОМ-ските темели на државата, СДСМ се претвори во профашистичка политичка групација, која сама по себе е навреда за македонското национално достоинство, а пак кога оваа партија е на власт, таа станува сериозна закана и за самиот македонски народ.Денеска, Владата на Македонија предводена од СДСМ, со учество на свеченото отварањето на културен центар, кој, среде македонскиот град Битола, ќе го носи името на анти-херојот од Втората светска војна, фашистот Ванчо Михајлов, уште еднаш покажува дека, како последица од преговорите со Бугарија, со нов капитулантски билатерален договор, има намера да ги прифати и спроведе сите анти-македонски, негаторски, експанзионистички и шовинистички барања и политики на Софија.Ваквиот владин чин на провокација и понижување на македонскиот народ заслужува осуда од сите релевантни групи и поединци од јавниот домен на општественото живеење во Македонија.Истакнуваќи дека денеска неофашизмот во нашата држава е современ феномен, кој се етаблира со силни негаторски, понижувачки и крајно анти-македонски елементи, најавуваме дека Левица, во Собранието на Република Македонија, ќе поднесе Декларација за осуда и борба против било каква форма на глорификација, рехабилитација и промоција на фашизмот, во која особено внимание ќе биде обрнето на борбата против историскиот ревизионизам и рехабилитацијата на неговите соработници, било тоа да се соработници со бугарската фашистичка власт или пак од профашистичкото движење на Балистите“.

Македонија | пред 3 години

87559571_2529638657274035_4414250988920111104_o-960x681-1

Универзална сала му исплатила десет илјади евра на Ристо Вртев, обвинува Левица

За минатогодишниот настан одржан на 26 јули, на Ристо Вртев за настапот од час и половина му биле доделени ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА, додека оркестарот вкупно бил платен со петнаесет илјади евра, вели Левица„Во склоп на организацијата на концерти на отворено ЈУ Универзална Сала од Град Скопје била помогната со 3 милиони денари, за само на овој настан една петтина од средствата да се искористат за најмување на пејачот на Архангел.Имено, минатогодишната тема на настанот беа токму изведбите на песните на овој македонски бенд, за што изјави задоволство и Петре Шилегов, чиј ангажман на Дино Мерлин за новогодишната прослава за 2020 година беше предмет на сомневање.Ако се земат во предвид резимеата на претходниот градоначалник Петре Шилегов, и претходниот директор на установата Филип Аврамчев - кој наследи нефункционална установа и во таа состојба ја напушти, се доведува до знак прашалник природата на ова најмување на Ристо Вртев.Негувањето на културното минато во градот е неопходно, но сомелувањето на градската помош во полза на меѓусебно наградување и договори е неприфатливо. Културните установи преку заткулисни игри за полнење на џебови, ја хендикепираат градската култура, за во иднина да немаме минато за славење.Културните дејци во градот се оставени најдоле на приоритетната листа поради ваквиот пристап кон буџетите на установите, додека граѓаните немаат програма и услови за културно надградување како што на главен град му прилега.За кадрите на коалцијата на Власт предводена од СДСМ, пристапот кон јавниот сектор е погубен по државниот буџет и развојот на сите сфери на живот на граѓаните“, обвинува Левица

Македонија | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Левица: Пожарот кај Треска „случајност“ или не

Сведоци сме во последниве години, особено во Општина Центар како најатрактувна општина дека секогаш кога има спорна локација, околу која се кршат копја, се распишуваат конкурси, дебатира и стручна и лаичка јавност околу реални потреби на населбите, дали во центарот на градот треба уште една станбена населба или парк, кон каков начин на урбано планирање треба да се стремиме, истата ,,случајно" пламнува во оган, вели Левица„Да постетиме дека пред 5 години на речиси идентичен начин, на исто така спорна локација, изгореа бараките на поранешниот Завод за урбанизам, а изгледа со нив и она малку што остана од сенсот за урбано планирање во Скопје.Истрага секако ќе има, но дали ќе се најдат виновниците и ,,нарачателите" за пожарот? Дали цел на овој пожар беше со него да изгорат и 60 годишните стебла кои овозможуваа речиси готова парковска површина со отстранување на бараките? Дали ќе се земат во предвид конкурсните решенија, или сега наеднаш во Општина Центар ќе има наезда за нови одобренија за градење?Дали „урбаните шамани“ со своите натприродни моќи ќе створат нова населба по терк на инвеститорите, а на штета на Скопје и Центар“, се вели во сооопштението.

Скопје | пред 3 години

levica-8123

Државниот завод за статистика врши упад во пописните резултати и ги менува нелегално, тврди Левица

„Директорот на Државниот завод за статистика изјави дека дополнувањето на базата на податоци од пописот на населението ќе се третира како „упад“. Упадот сепак се случи, и тоа од страна на самиот ДЗС и во официјалните резултати од пописот може да се забележат промени и дополнувања во табелата за религиската припадност со драстични разлики“, вели Левица.Тие додаваат:„Разликите се особено воочливи во колоната „Не е верник (атеист)“, каде во првичните резултати бројката на овие лица изнесуваше 355, а во новите нелегално изменети и дополнети резултати оваа бројка е зголемена на 8764 лица! Покрај тоа, во табелата за религиска припадност можат да се забележат и други евидентни нелегални интервенции со кои се променуваат и други колони и вредности.Сомневањата на мнозинството народ во веродостојноста на резултатите од пописот, сега добиваат и официјална поткрепеност, со конкретно преземени противправни/кривични дејствија од страна на службените лица во Државниот завод за статистика.Законот за попис на населението предвидува кривична одговорност за слични вакви дејствија во членот 49 став 1 каде „се казнува лице што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација и тоа со со казна затвор од најмалку 3 години”. Дополнително, доколку ова кривично дело го стори учесник во Пописот или друго службено лице, ставот 2 од членот 49 предвидува казна затвор од најмалку 5 години за сторителот.Ваквото брутално кршење на законите е само потврда на очигледниот фалсификат на пописот, за кој Апостол Симовски како главен извршител мора во иднина да понесе одговорност, иако сега ужива заштита од хибридниот режим“.

Македонија | пред 3 години

27112019_ZPVRSM_Shekerinska_pres_budget_2020-3

Шеќеринска вршела мобинг врз вработените во Министерството за одбрана, обвинува Левица

Левица тврди дека до нив се обратиле вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Радмила Шеќеринска.„На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шеќеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум. Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица. Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, сепак по поднесените претставки, донела Решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска вршела мобинг врз овие вработени“, велат од Левица.Тие додаваат:„Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шеќеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг.Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шеќеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините.Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шеќеринска“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев за пописот: Дедо Стефан, се слушаме?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, и денеска реагираше за резултатите од пописот, прозивајќи ја МПЦ-ОА зошто не реагира за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21 отсто од резидентното население.„А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај „Холидеј Ин“ им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?“, напиша Апасиев на фејсбук.

Коментари | пред 3 години

Levica-logo

На советниците не им беше дозволено поднесување анкетни листови – ќе гласаат против ДУП кој не ги содржи забелешките на жителите, вели Левица

Вчера беше крајниот рок за поднесување анкетни листови во однос на предложените Детални урбанистички планови за Влае 2 (СЗ19) и за Жданец и дел од Козле (Ј03.04). Последните неколку денови беа проследени со скандалозност и попречување на процесот на поднесување забелешки од страна на жителите.„Пред вратата на месната заедница седат на клупите двајца мажи кои се претставија дека се вработени во Општината, кои на луѓето што сакаат да поднесат им укажуваат дека не можат да дадат анкетен лист ако не се жители на Влае 2.“ изјави Славко Митевски, советник во Општината, на кого како советник му беше оневозможено да поднесе анкетен лист со забелешки само поради тоа што не живее во Влае 2.Жителите на Општина Карпош беа оневозможени да поднесуваат забелешки и преку веб- страницата e-urbanizam.mk.„Опцијата за поднесување на забелешки по предложени детални урбанистички планови е недостапна. Преку веб-страницата e-urbanizam.mk која е во сопственост на Министерство за транспорт и врски оваа опција “магично“ исчезна и тоа во пресрет на последниот ден за поднесување на забелешки за два детални урбанистички планови за Општина Карпош.“ напиша Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.Од партијата наведуваат дека одењето насилнички против волјата на жителите на Општина Карпош и поставување најразлични бариери за искажување на нивното мислење е крајно недемократски чин и со самото тоа се фрла сомнеж дека со овие ДУП-ови на прво место се ставаат интересите на урбанистичката мафија.„Оттука, Левица Карпош ја известува јавноста дека нема да гласа за Детални урбанистички планови во кои нема да бидат вклучени забелешките на жителите. Дополнително ги повикуваме и останатитесоветници јавно да се изјаснат околу ставот за предложениот Детален урбанистички план.“ стои во соопштението на локалниот огранок на Левица во Карпош.

Скопје | пред 3 години

Edna-izborna-edinica-

СДСМ ги кочи измените на Изборниот законик иако уште во 2016 ветуваше една изборна единица, вели Левица

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја утврди потребата од донесување на предлогот на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се предвидува воспоставување на една изборна единица на целата територија на државата, вели Левица.„Но, тоа ништо не значи, бидејќи албанските политички партии не се согласуваат со предлогот на законот, а исто така и пратениците од СДСМ изјавија дека не се подготвени да го поддржат истиот, доколку не наиде на поддршка од коалицискиот партнер ДУИ.Вистинската собраниска процедура околу предлогот на законот допрва следи, бидејќи истиот може да биде кукавички, амандмански блокиран од деструктивните и регресивни сили од владејачкото мнозинство, кои со таков еден потег директно ќе застанат против политичката демократијата.Во интерес на зајакнување на демократските капацитети на државата, ги повикуваме помалите политички партии, кои се дел од парламентарното мнозинство, да покажат дека не функционираат како полтронски партии и доколку овој предлог на закон не се усвои, истите да го напуштат парламентарното мнозинство.Воедно, ги потсетуваме СДСМ дека уште во 2016 година, во својата изборна програма, го имаа вклучено моделот на една изборна единица, како определба која треба да ја исполнат во текот на нивниот мандат.Сегашниот систем de facto е нефункционален бипартиски систем, кој не го одразува вистинското политичко расположение кое владее меѓу народот, со што индиректно се поништува народната волја и се влијае демотивирачки кај гласачите. Доказ за тоа е се помалата излезност на секој нареден изборен циклус, како и големиот број на неважечки гласачки ливчиња.Со ваквиот неправичен изборен модел, Левица на последните парламентарни избори беше оштетена за дури три пратеници!Само со нов изборен модел, непосредно ќе им се овозможи на нови политички опции да го остварат своето право на претставување во Собранието, а посредно на граѓаните ќе им се овозможи да гласаат водени од идејата дека нивниот глас вреди и ќе биде соодветно претставен“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања