ЛЕВИЦА

Нема фотографија

Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага, објави Левица

Катастрофалните услови и одбивањето да се реновира зградата на Државниот архив на Република Македонија се обид да се удави македонската историја, велат од политичката партија Левица.– Пред десет години, во 2013 година, со многу помпа Државниот архив беше преместен во една од зградите на проектот Скопје 2014. Меѓутоа, за кратко време се покажа дека станува збор единствено за пиар момент, без никаква свест за вредноста и важноста на архивираните материјали, а гледано од денешна перспектива сè поверојатно е дека истото било направено тенденциозно, со намера да се уништат важни и суштински документи со непроценлива вредност. По поплавата на Архивот во 2018 година, беше извршен увид во кој учествуваше Јавното обвинителство, при што беше констатирано дека е потребна итна санација на покривот на зградата, со што ќе се спречат понатамошни поплавувања на објектот. Владата на СДС и ДУИ тогаш го повтори ставот дека наскоро ќе се донесе конечна одлука, во насока на трајно решение околу наследената ситуација со зградата на Архивот и нејзината комплетна нефункционалност, појаснуваат од Левица преку соопштение.Оттаму велат дека денес Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага, а вработените се во постојана битка со водата по секој дожд.– Од работењето на директорот Емил Крстевски единствено јавноста виде како води преписки на официјалната страна на оваа институција. Поминати повеќе од пет години, а пробугарската власт нема преземено ниту една мерка за да го заштити овој значаен објект за македонската историја! Во контакт со вработени во Архивот, Левица дојде до сознанија дека старата зграда на Архивот била една од најстручно изградените објекти во Југославија, поради што дел од вработените бараат да се вратат во стариот објект, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Нема европска држава со етничка припадност во изводи“, Левица ќе оспори пред Уставен суд

Откако пратениците на Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, вели Левица„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само со упатство, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган!Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност.Оттука, јавно го прашуваме извршителот на Али Ахмети и октроиран премиер, Димитар Ковачески: Дали со воведувањето етничка припадност спротивно на ЕУ регулативата, владата на СДС и ДУИ директно ги загрозува европските интеграции на Македонија?Ја известуваме јавноста дека Левица ќе поднесе Иницијатива до Уставниот суд, со цел го оспори внесувањето етничка припадност во изводите, како противуставен потег, кој е спротивен на европските практики. Вакви трибалистички решенија се типични за конзервативни општества, со многу силна внатрешна поларизација, додека развиениот демократски свет одамна ги напуштил овие негативни практики“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Уште една жртва на системот: после Тони Сали, почина и Мемет Камбер - лице без лични документи, вели Левица

Длабоко сме огорчени поради трагичната смрт на Мемет Камбер, лице на кое му беа ускратени основните права и пристапот до здравствена заштита, само затоа што ги немаше потребните документи за да го докаже неговиот престој во Македонија. Овој трагичен настан е само потсетник на системската дискриминација и маргинализација со која ромската заедница продолжува да се соочува во нашето општество, вели Левица„Ова не е ваков прв случај да се загуби животот поради бирократски пречки. Тони Сали, исто така поради бирократски процедури, не можеше да добие извод и да оствари право на здравствена заштита. Сали почина пред две години, а постхумно доби награда од Град Скопје за матурант - првенец на генерација. За трагичниот случај со Сали никој не понесе одговорност, а тогашниот директор на Управата за водење на матични книги, Бујар Дардиша, подоцна беше унапреден во управител на ЕСМ Дистрибуција.За руинираноста на институциите говори пресудата на Врховен суд од 2022 година, која во случајот со Тони Сали, после неговата смрт, утврди дека Граѓанскиот суд бил должен да постапува по тужбата на Тони Сали за утврдување на татковство и мајчинство, а не да се прогласи за ненадлежен. Одговорност повторно - нема.Бизарноста на заробените институции беше до степен да Второстепената комисија, со која раководи Даница Чадиева, надвор од рокот и еден месец откако почина Сали, ја уважила неговата жалба против Управата за водење матични книги и случајот го вратила на решавање. Исто како да е жив.Иако пред три години е донесен Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените, отсуствува ажурност кај институциите за негово имплементирање, што се потврди со трагичниот случај со Мемет Камбер од пред неколку дена. Недостигот на документација за поединците од маргинализираните заедници дополнително ја влошува нивната ранливост, оставајќи ги без пристап до основните услуги, како што се здравствената заштита, образованието и можностите за вработување. Тоа е јасен показател на нееднаквостите што опстојуваат во нашето општество.Јавно го повикуваме премиерот Ковачевски да не го премолчи и овој трагичен случај и да ги лоцира одговорните лица, поради кои Мемет Камбер го загуби животот. До кога ќе се штитат партиските кадри - на сметка на човековите животи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

rabotnik-gradezen-

Стануваме апсолутен рекордер во светот, досега, тоа беше Мавританија со 54 часа работна недела, вели Левица

Политичката партија Левица на фејсбук објави видео со наслов „Корпоративно ропство: 60 часовна работна недела“.„Најголемиот грабеж на 21-от век го спроведува Владата на Република Македонија.Штотуку на шверцерски начин и со европско знаменце помина пакетот погубни законски измени кои државата ја потчинуваат на КОРПОРАТИВНА ДИКТАТУРА.Македонските работници ќе работат 12 часа дневно, 6 дена во неделата - што значи МИНИМУМ 60 часа робување на корпоративни интереси на американски конзорциум Бехтел и Енка - кој градејќи ги коридорите 8 и 10, ќе ги истошти нашите работници и ќе ја испразни државната каса.Со 6 664 амандмани Левица го блокираше овој пакет закони и на овој начин ќе се ставеше крај на обидите за поробување на работниците и истиснување на државните пари - но, без правна основа Владата реши да ги злоупотреби инструментите за усогласување со европската легислатива - со европско ЗНАМЕНЦЕ антицивилизациски и анти-европски.‼️Стануваме апсолутен рекордер во светот. Досега, тоа беше Мавританија со 54 часа, по која следат Египет со 53, Гамбија со 51 и Буркина Фасо со 50 часа. Но, Владата на СДС и ДУИ воведе 12 часовно работно време, шест дена во неделата! Тоа значи дека, луѓето кои ќе работат, ќе бидат физички исцедени и ќе немаат време да ги обноват физичките капацитети за да продолжат нормално да живеат. Уставот вели дека секој работник има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права работниците НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ.Помеѓу силниот и слабиот, слободата е таа која угнетува, а законот е тој кој ослободува. Сега имаме ситуација, законот да ги поробува работниците, наместо да ги ослободува!Левица нема да дозволи на овие грабливци и злосторници без отпор да се богатат на грбот на работниците. На борбените линии против паразитите од СДС и ДУИ нѐ обединува класниот и националниот интерес - спротиставени на нелегитимните рехабилитатори на фашизмот и острицата на корпоративната диктатура“, се вели во објавата.

Македонија | пред 2 години

346493314_777667397159998_6268055113337691855_n

„Механизацијата била само за сликање, за дваа часа циркус“, Левица за изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Политичката партија „Левица“, во врска со отпочнувањето на подготвителните работи за изградбата на автопатот Прилеп-Битола, на Фејсбук напиша дека сето тоа било циркус.„ Далеку од очите на јавноста, пред само неколку новинари, денес самонаречениот премиер на нивната земја го најави според него отпочнувањето на подготвителните работи за изградба на автопатот Прилеп-Битола, проект кој влегува од еден во друг скандал преку разни злоупотреби.Иако присутна, механизацијата неколку часа не работеше и само чекаше да дојдат новинарите и делегациите за да на крајно аматерски начин пред камерите одглумуваат дека наводно нешто работат. Но набрзо и на тоа имаше крај по што само по два часа откако заврши целиот настан, тешката механизација беше транспортирана во непознат правец. Тука биле само за сликање!Мора да се напомене дека целиот настан беше крајно нетранспарентен, немаше изјави за медиумите, а на присутните вклучувајќи ги и новинарите не им беше дозволено да поставуваат прашања со што уште еднаш се докажа дека целата постапка е крајно сомнителна и скандалозна, без вклучување на јавноста“, обвини партијата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

ЕУ потврди - Пуштањето на законите за Бехтел и Енка со европско знаменце е злоупотреба, вели Левица

Делегацијата на Европската Унија во Македонија денес потврди дека анти-работничката и криминална власт на ДУИ и СДС, наспроти нејзините лажни заложби за европски вредности, е и анти-европска, вели Левица.„По најавата на шверцерско носење на законите во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, со кој се суспендираат македонските закони и се воведува 60-часа работна недела, преку европско знаме без собраниска расправа, делагацијата на ЕУ изрази загриженост дека власта во овој случај повторно го злоупотребува европското знаменце, со цел заобиколување на јавни консултации и демократските законодавни процедури.Со ова, Европската Унија го потврдува ставот на Левица дека употребата на европското знаменце на законите за коридорите 8 и 10-д не е во согласност со стандардите на Унијата и би претставувало кривично дело.Левица веќе има поднесено кривични пријави за службеници кои имаат претходно овозможено злоупотреба на европското знаменце и јавно изјавува дека по падот на овој анти-европски режим, ќе има кривичен прогон и за службениците кои и во овој случај ќе ќе ги прекршат македонските закони и европските стандарди“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

Џафери ќе потроши 2,5 милиони денари за чистење на Собранието, вели Левица

На повидок е уште едно недомаќинско и расипничко трошење на народни пари. Хемиско чистење, перење, пеглање, претапацирање – Талат Џафери го „светнува“ Собранието, вели Левица.„Согласно договорите во 2023 година наменети се преку 2.442.600,00 денари народни пари за:– хемиско чистење и перење на персиски килими, машински килими, теписони, фотелји, полуфотелји, двоседи и троседи, завеси и драпери, знамиња;– чистење на две мали и една голема стаклена купола и поставување на знамиња;– претапацирање на мебел со материјали по потекло од Италија и Турција.Ако се спореди со претходните години (2020, 2021 и 2022 година) кога за иста услуга биле во просек наменети околу 500.000 денари на годишно ниво, тогаш очигледно е дека договорот склучен во 2023 година тежи повеќе од сите три претходни договори заедно. Се поставува прашањето зошто постои толку голема разлика во цената на услугите во 2023 година во однос на претходните години?Дали јавните набавки се планираат согласно потребите и можностите или пак се манипулира со износите по желба на поединци?Антикризните мерки, кои беа усвоени минатата година, главен акцент ставаат на намалување на помалку приоритетните расходи. Напротив, непродуктивните трошоци и луксузирање со народни пари наместо да биде намалено, тоа бележи рекорден пораст, особено во последната година.Додека граѓаните се принудени сами да се снаоѓаат за да можат да ја преживеат економската криза, а законодавниот дом со леснотија ги троши парите на граѓаните. Сведоци сме како Владата на СДС и ДУИ калкулира со набавка на лекови за животно загрозени пациенти, под изговор дека нема средства, додека се трошат милионски суми за претапацирање мебел“, се вели во објавата.

Македонија | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Останува закочен Законот за експлоатација на работници поради амандманите на Левица, велат од партијата

Предлог-законот со кој пратениците на ДУИ и СДС предлагаат прекувремена работа на работниците, во случаите кои се од национален и стратегиски интерес (како проектот „Бехтел и Енка“) повторно не е ставен на дневен ред, благодарение на блокадата на Левица, велат од партијата.„Претседателот на собраниската комисија, Елми Азири, потврди дека нема да ја закаже седницата на Комисијата за работни односи, поради блокадата од Левица. Во духот на насилничкото владеење на хибридниот режим, Азири најави дека се бараат “механизми” за заобиколување на 1.111-те поднесени амандмани на пратениците од Левица. Овие амандмани беа поднесени со цел да спречиме легализација на феудалистичката експлоатација на македонскиот работник, предвиден со скандалозниот договор со „Бехтел и Eнка”, кој останува да биде таен за јавноста.Азири воедно се закани дека бараат начин како оваа наша блокада да ја заобиколат преку шверц на предлог-измените со европско знаме! Доколку криминалната власт на СДС и ДУИ се обиде на ваков начин, „со европско знаменце“ да го прошверцуваат законот, по падот на овој криминален режим ќе одговараат кривично, бидејќи со промените директно се крши одредбата која минатата година беше укината од страна на Уставниот суд“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

apasiev

Концептот на Царовска продолжува да го разорува образованието, кој би предавал вака концепирани предмети, прашува Левица

Политичката партија „Левица“ со реакција околу најавените измени на образовните програми. Укажуваат дека плановите се лоши за образовниот систем во земајва, но и дека нема да има кој да ги предава предметите на учениците.„Деновиве од страната на Бирото за развој на образованието се повлечени наставните програми по предметите Историја, Географија и Етика на религии, а дополнително се дознава и дека предметите Биологија, Хемија, Географија и Физика ќе бидат дел од еден предмет - Природни науки.Се отвараат прашања кој би предавал вака концепирани предмети, на која катедра се обучени наставници кои ќе можат соодветно да пренесат знаења по наставен предмет кој во себе опфаќа низа различни образовно-научни области? Се наметнува прашањето дали крајната цел на овие активности е целосно и сосема да се разори образовниот систем во Македонија?!Стручната и научна јавност уште со најавата на новата Концепција за образование од страна на тогашната министерка за образование, Мила Царовска, силно критикуваше поради контроверзноста на истата. Во јануари 2022 година, ресорот за образование го презеде Јетон Шаќири. Реакциите спласнаа, особено затоа што Шаќири има решено да се брани со молчење.Колку што Царовска огнено ја бранеше инстант- концепцијата за реформи во образованието, толку Шаќири ја премолчува. Но, и покрај молчењето, евидентно е дека планира истата во целост да ја реализира, иако бројни прашања во врска со неа останаа отворени и неодговорени.Така, на пример, во новата Концепција за основно образование се вели:„Предметот Историја и општество опфаќа теми/содржини што припаѓаат на историјата, на делови од географијата, на граѓанското образование и на други општествено-хуманистички дисциплини и заедно со предметот Општество директно произлегува од подрачјето Општество и демократска култура од Националните стандарди“.Стручни лица укажуваа дека станува збор за различни подрачја кои се неспојливи, се произнесе и Друштвото на историчари, Македонското географско друштво како и бројни експерти, но сите овие укажувања и реакции не допираат до Министерството за образование. Каде е сега Чешларов (директор на БРО во времето на донесување на Концепцијата) да објаснува дека Историја ќе се учи уште повеќе отколку досега?!Левица останува на својот став дека Концепцијата за образование е штетна, погубна и креирана по теркот на туѓи интереси и ќе продолжиме активно да се залагаме за истата да не биде спроведена“, велат од партијата.

Македонија | пред 2 години

339640197_170905158777813_3186761230840062777_n

Ковачевски и Мицкоски немаат легитимитет да менуваат Устав! Секоја промена е еднаква на национално предавство, вели Левица

Откако Христијан Мицкоски го премолчи неуставното воведување на двојазични униформи, деновиве јавноста е сведок на РЕТЕРИРАЊЕ од првичните ставови дека никаква промена на Уставот нема да поддржат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата Левица во својата објава на социјалните мрежи.„Иако ВМРО-ДПМНЕ знае дека барањата на официјална Софија се вметнување на Бугарите во Уставот како конститутивен народ, под изговорот хрватска преамбула, Мицкоски ја отвора можноста за седнување на маса и промена на Уставот под бугарски диктат!Токму Мицкоски тврдеше дека неговата партија нема да поддржи НИКАКВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ и дека не може да се преговара додека нема реципроцитет со Македонците во Бугарија. Политичка НЕЗРЕЛОСТ е да се очекува дека официјалната бугарска политика ќе ретерира од своите неоврховистички барања, со оглед на фактот дека бугарската политика кон Македонија не е промената од времето на Тодор Живков!Дури и ЕУ експерти предупредија дека со внесување на Бугарите во Уставот се отвора можност за Бугарија да се повикува на меѓународни Конвенции за заштита на националните малцинства и официјална Софија да наоѓа оправдувања да го кочи пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Македонците со Бугарија не споделуваат заедничка историја, затоа што бугарската фашистичка власт била окупатор и се борела против АСНОМ-ска Македонија, а тоа е темелот на современа Македонија.Дополнително, искуството потврдува дека секое отворање на Уставот под ДИКТАТ на странски сили било погубно по суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Промена на Уставот под притисок и уцени на други држави е флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија и секој политичар кој претендира да ја освои власта мора да биде свесен за ваквиот анти-државнички чин, кој е еднаков на национално предавство.#СофискаПлатформа“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Се заканува прекин на издавањето лекови од аптеките поради неефикасноста на ФЗОМ?

Министерот Беким Сали од Алтернатива изјави дека не е запознаен со проблемот со кој се соочуваат лекарите и фармацевтите поради неефикасноста на информатичкиот тим во Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија, вели Левица.„Фармацевтската Комора дури побара инструкции од Фондот за натамошно постапување, односно дали аптеките и понатаму да издаваат лекови, или издавањето да го прекинат? Недоволната одбрана на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите на лековите издадени од аптеките ги спречува граѓаните да го остварат своето фундаментално право на здравствена заштита.Софтверските системи кои се дел од критичната инфраструктура на државата не е прв пат да бидат цел на хакерски напади, особено во последните неколку години кога стручните тимови за сајбер безбедност се редуцирани во сите министерства на сметка на оптоварување на буџетите преку вработување на партиски кадри. Здравственото осигурување во Македонија функционираше како едно од најдостапните во Европа, а по политичкото дефундирање на менаџментот почна да се урива како кула од карти.Први луѓе на Фондот за здравство се Магдалена Филиповска Грашкоска од СДС и Фатон Ахмети од ДУИ кои располагаат со буџет од околу 600 милиони евра, дозволувајќи стотици здравствени осигуреници да се мачат затоа што немаат соодветни лекови, вклучително и лековите за ретки болести, чиј пример е трикафта!Погубна е судбината на пациентите кои се соочуваат со незаинтересираноста на Владата и министерот во заминување која дополнително го уништува (и онака) кревкиот здравствен систем, а Левица реагираше и на непромислената замена на министрите на сметка на опстанок на “владиното мнозинство“.Конзистентноста е исклучително важна за неколку министерства, а СДС и ДУИ одбираат токму со нив да се пазарат, во состојба на економска, здравствена и политичка криза во Македонија“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 2 години

329369158_656140133179066_1046673411613773484_n

Левица: Пендаровски и Османи да го осудат кршењето на македонскиот клуб во Бугарија - бараме протестна нота за бугарскиот амбасадор

Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград - „Никола Вапцаров”, вели Левица.„Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин - исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид!Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје - Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид.Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија.Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилник!За разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров.Затоа не сме ниту сме биле исти - во македонскиот народ тлее искрата на антифашистичката борба, додека другата страна ги воскреснува најмрачните ликови на фашизмот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-tace-skopje-1-bektesi

Левица: Пола милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати

Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати, вели Левица.„Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите. Иако СДС ветуваше намалување на бројот на советниците на премиерот, очигледно преку манипулативно прераспределување, сепак овие лица останале на платен список на државата.Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно.Највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски. Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти“, бизнисмени и новинари.Јасно е дека ќе се одвојуваат значајни средства од Буџетот на Република Македонија за лица кои имаат единствена задача како облигација на нивната ангажираност во Владата, а тоа е хвалоспевот на власта и клеветење на опозицијата. Овие лица се дел од политичкиот поткуп на власта во нејзината квинслиншка и врховистичка политика и работат против интересите на македонскиот народ“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

311407481_420316576890305_5023556129171884771_n

По неколку отворени бугарски клубови, на Левица им текна да протестираат ако се отвори нов во Kуманово

Провокациите од бугарска страна не престануваат! Најнова доаѓа преку најавеното отворање на т.н. бугарски културен клуб во градот симбол на антифашистичката борба - Куманово, вели Левица.„Досегашната пракса ја потвди исправноста на ставовите на Левица по однос на Бугарија. Источниот сосед ја користи Европската унија како алатка за уценување и барања на кои очигледно немаат крај. Додека пак, договорот за добрососедство за кој предупредувавме, максимално се користи за штета врз интересите на Републиката.Отворањето на претходните т.н. бугарски клубови докажаа дека овие „културни“ установи се користат единствено за груба пропаганда во служба великобугарската завојувачка фантазија и истите беа проследени со провокативни, заканувачки и иредентистички пораки.Од страна на Левица беа организираа протести во Битола и Охрид, како и во Скопје против т.н. „француски предлог“ за бугаризација на Македонија. Во меѓувреме, од страна на партијата беа поднесени и пријави до ОЈО за забрана на клубовите кои носат имиња на фашистички дејци и колаборатори.Според првичните информации, бугарската страна ја менува тактиката, па за разлика од досегашната пракса на именување на клубовите по фашистички колаборатори од Втората светска војна, сега ќе се обратат кон пораната историја и клубот, најверојатно ќе биде именуван по заговарачите на големобугарската идеја.Ваквиот чин, Левица не само што го оценува како провокација, туку сметаме дека истиот може да биде разбран како ново искажување на територијална претензија. Како и претоходно, остануваме на браникот на интересите на Републиката и доголку квислингшката власт дозволи отворање на ваков клуб, Левица повторно ќе повика на протести, овој пат во Куманово“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Приватизацијата на ХЕЦ Tиквеш е национално предавство, вели Левица

Владата молчи за позадинскиот процес на заносниот бизнис за подарување на ХЕЦ Тиквеш на идниот концесионер на ХЕ Чебрен и Галиште - ова отуѓување на државните капацитети е еднакво на национално предавство и се однесува на директно онеспособување на иднината на македонскиот енергетски сектор, вели Левица.„Овој каскаден хидроенергетски комплекс не смее да биде даден на стопанисување на концесионер, како целосно така и делумно!Владата во 2020 година донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, во рамките на проект од програмата Good Governance Fund (GGF) финансиран од Владата на Обединетото Кралство. Од усвоениот документ и добиените пари досега немаме ништо, и тоа е воочливо по неколку индикатори.Имајќи ги во предвид јавно достапните податоци за јавни набавки спроведени од државните институции од енергетскиот сектор во изминативе две години, најголем дел од парите на граѓаните се трошат на:-oдржување на сѐ што е изградено во социјализмот, во недостиг на нова енергетска инфраструктура,-плати за партиските војници, и-бесконечното копање на нискокалоричен јаглен од страна на компании на олигарсите.Во овој моментот има и лицитација за продажба на кинески полукокс од стечаецот Југохром, и тој што ќе го купи, понатаму нам ќе ни го продава за трипати повисока цена“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања