ЛЕВИЦА

Нема фотографија

Министерот Сали вработува блиски луѓе, здравствениот систем пропаѓа, вели Левица

Продолжуваат унапредувањата на лица блиски до власта, без јавен оглас, овојпат во режија на министерот за здравство Беким Сали. Интерниот оглас за унапредувањата според кој донел одлуки министерот Беким Сали не биле објавени на веб-страната на Министерството за здравство, спротивно на законот. Со тоа одлуките нелегитимни и тие мора да бидат поништени, вели Левица„Министерството за финансии мора да обезбеди согласности за одлуки имаат буџетски импликации за 2023 година. Со тоа треба да бидат поништени и одлуките на министерот Сали, во отсуство на согласности од Министерството за финансии.Левица дозна дека и неквалификувани лица блиски до власта биле унапредени. Како актуелен пример е унапредениот Кенан Џафери од Стајковци кој е лингвист, а ќе работи на утврдување на цената на лекови во сектор за фармација.Како советник во секторoт за медицинска опрема и следење на состојбата во здравствените установи била унапредена Шпреса Алиу, сестрата на Љуљзим Алиу кој е пак шеф на огранокот на матичната партија на актуелниот министер, Алтернатива во Општината Чаир.Соседот на министерот, Љирим Синани пак е унапреден во раководител на Секторот за управување со човечки ресурси на Министерството и натаму ќе одлучува за застапеноста на заедниците при вработувањето на кадар во здравството во Република Македонија.Министерот Беким Сали треба и да плати 8 милиони евра како пенали за нереализираната изградба на Клиничкиот Центар што е неопходeн за ревитализација на македонското здравство. Со тоа народот мора да продолжи да се лекува во приватните здравствени установи!Левица повеќекратно реагира на општата состојба во здравството, како недостатокот на лекови за ретки болести, за лошото справување со пандемијата и нетранспарентните јавни набавки од страна на Министерството за здравство и либерализацијата на здравствениот сектор со дополнителна политичка саботажа која од животите на луѓето гледа можност за профит“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Gjorgjievski-04.01

Ѓорѓиевски: За донација на УСЈЕ гласаа советниците на Левица, дали сега според нивната дефиниција тие самите земале поткуп?

Советниците од фејсбук партијата Левица кои година и пол земаат пари од граѓаните и за истите наместо да работат во нивна служба тие пишуваат статуси, добро би било за промена конечно да се запознаат со својата работа, вели градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.„Јас ниту сум гласал за донација од Усје ниту можам да гласам - ТИЕ ГЛАСАА!Ако им проаѓаат приказните за мали деца низ цела Македонија, во интерес на вистината јас нема да дозволам некој да манипулира со чувствата на граѓаните затоа што и моето петгодишно дете и мојата фамилија живее во Кисела Вода и јас сум првиот кој се бори против тоа, но заклучно со моите ингеренции!Почитувани, добро знаете дека мојата работа е транспарентна и секогаш отворена за народот, па од таму на почеток сакам да истакнам дека јас ниту некого сум штител ниту пак имам намера да штитам и единствениот пакт што го имам е со мојот народ!Политичар за мене е да се грижиш за доброто на граѓаните, за оние кои ти ја дале довербата и за унапредување на нивниот живот а не да бидеш политикант кој одвреме-навреме ќе напише ,,хаха” статус на социјалните мрежи, па макар тоа да биде и целосна измислица со цел да се ,,оправда” неработењето, незнаењето и неисполнувањето на неколкуте илјади ветувања при доаѓање на власт. Но, народот гледа, тој е оној кој дава и зема.Да одиме по ред и со докази:Одлуката за донација на цемент од компанијата Цементарница Усје со која ревносно тврдат, цитирам, ,,е купен градоначалникот на Кисела Вода”, не е изгласана од моја страна туку од оној кој има надлежност за тоа, во случајов - Советот од кој се дел самите советници на Левица. Јавноста треба да знае дека за оваа одлука која сега оваа партија ја именува како поткуп, гласале СИТЕ советници, вклучително и советниците на Левица што добро се гледа и од стенограмот од седницата на која е донесена таа одлука.Ако е ова поткуп, како што тие велат, биле ли тие, советниците од Левица, поткупени кога гласале ЗА или се надевале на некаков надомест за гласањето, па сега се чувствуваат изиграно?Исто така, многу е симптоматично што Левица или има тотално непознавање или свесно манипулира со лажни информации за надлежноста околу контролирањето на загаденоста кога е во прашање Цементарница Усје.Голем сомнеж буди и целосниот молк од страна на Левица околу институциите од централната власт и градот Скопје за кои и обичните граѓани знаат дека тие се единствените кои имаат надлежност да ја контролираат Усје.Ако се работи за незнаење, на располагање им ги нудам сите наши служби за да ги едуцираат и информираат каде треба да реагираат и да бараат одговори.Имено, Цементарница Усје има добиено А интегрирана еколошка дозвола за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Контрола на издадените А интегрираните еколошки дозволи, односно контрола на работата на Цементарница Усје врши Државниот инспекторат за животна средина.Тука сакам да ве известам и дека од страна на Општина Кисела Вода е пратен допис до надлежните со барање за почести контроли. Воедно, во изминатиов период се случуваа и рушења на дивоградби и борба со урбаната мафија, нешто што 30 години не се случувало во оваа општина.Затоа и збунуваат ваквите обвинувања, отворајќи сомнеж за други пактови, но не мој, туку на партијата Левица, за кои треба да им одговорат на граѓаните.За сите овие невистини и лажни обвинувања секако, ќе поднесам тужба до надлежните органи па ќе си го кажат ова таму каде што треба“, се вели во објавата.

Скопје | пред 3 години

APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Апасиев за блокираното Скопје: Не ги конта баш блокадиве, МВР пишете им казни

„Јас разбирам блокада на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) - е тоа не го контам баш!?“, пишува Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.Тој додава:И сега МВР - Сообраќајна полиција... Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците-ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје.

Коментари | пред 3 години

struja-4

Левица поднесе кривична пријава за кражба на струја во Арачиново

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, предвидено и казниво по член 235 – а од Кривичен законик против непознат сторител од Општина Арачиново, велат од партијата.„Според ЕВН Хоум, во општина Арачиново нема струја поради дефект од оптоварување на трафостаниците, кое е настанато поради незаконско користење струја од страна на некои жители.Министерот за економија Бектеши тогаш наведе дека загубите на струја во Арачиново се дури и до 80 отсто, поради диво приклучување на мрежите.Во ек на светската енергетска криза, недозволиво е одреден број на жители да не ги подмируваат сметките, на штета на оние кои уредно тоа го прават - ниту пак жителите на општината кои совесно ја извршуваат оваа обврска да се соочуваат со потенцијално исклучување поради оние кои не го прават тоа.Обвинителството да не чека дозвола од ДУИ и СДС да постапи!Левица ја поднесе оваа кривична пријава за кражба на струја до ОЈО Скопје, кое како овластен орган по службена должност треба да постапи со цел спречување на вакви казниви дела и казнување на нивните сторители.Со ова несовесно и незаконско постапување од страна на одредени жители од Арачиново, односно со диво приклучување на електричната мрежа, загубите ги покриваат совесните граѓани, кои ја плаќаат струјата и поради тоа добиваат високи сметки во период на огромна инфлација“, додаваат од Левица.

Македонија | пред 3 години

310757325_10224153105668007_405560812473810807_n

Жестоки реакции од Левица: Цар Борис се вее среде Охрид, а ку**ите Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски се скриени во дупка!

Претставници на Левица, кои повикаа на протестот пред бугарскиот центар во Охрид кој е именуван како „Цар Борис Трети“, испратија и пораки од таму. Меѓу нив, Јована Мојсоска која е генерален секретар на партијата, Реџеп Исмаил советник на Левица во Град Скопје, Димитар Апасиев пратеник и претседател на Левица, Борислав Крмов, пратеник на Левица.„Само така со фашистите! Да не се чувствуваат удобно! Да не шетаат слободно по улици! Да не спијат мирно!“, напиша Борислав Крмов.„Цар Борис се вее среде Охрид, а ку**ите Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски се скриени во дупка!“, напиша Јована Мојсоска.„После 10 мин квислинзите се скрија откако попија јајца, а и знамето со ликот на фашистичката пудлица го здиплија!“, вели Реџеп Исмаил.

Коментари | пред 3 години

vlada-54252345

Владата во криза ќе троши дополнителни 50 милиони евра за повисоки плати за администрација, вели Левица

Со новиот предлог - Закон за административни службеници, Владата на СДС и ДУИ предлага линеарно покачување на платите на административните службеници, кои работат во Министерство или Секретаријат, за околу 170 евра нето плата по вработен, вели Левица„Со овој предлог закон (со сегашната вредност на бод), власта во најголемата економска криза, ќе треба да обезбеди за административците во министерствата и секретаријатите дополнителни минимум 50 милиони евра годишно во буџетот, за исплата на повисоки нето плати, придонеси и данок на личен доход.Наместо рационализација на трошоците во време на криза, анти-социјалната влада дополнително го оптоварува државниот буџет, каде јавниот долг ја надмина критичната линија од 60% од БДП.Наместо соодветни редистрибутивни мерки од најбогатиот слој кон загрозените групи граѓани, оваа криминална Влада без визија, стратегија и компетентност единствено нуди изговори за "увезена криза", додека секојдневно ги зголемува непродуктивните трошења за лукративни цели.Средствата кои треба да се обезбедат ќе паднат на товар на осиромашениот работник и со тоа Владата, место да воведе антикризни мерки, ќе ја продлабочи економската криза, која веќе е излезена од контрола“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

17062021_PVRSM_Zaev_sredba_Borisov-2

„Народно вето за заевистичкиот договор со Бугарија“

Иако опозициската иницијатива за задолжителен дополнителен референдум со кој би престанало важењето на контроверзниот Закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија содржи несреќно формулирано референдумско прашање, сепак – во духот на семакедонското обединување и јакнење на фронтот против окупационата влада на СДС и ДУИ – Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за спроведување на Референдумот!“, велат од Левица.Тие додаваат:Договорот со Бугарија од 2017-та, потпишан од страна на корумпираниот квислинг Заев, е основата врз кој подоцна – преку капитулантскиот и недостоинствен т.н. француски предлог, преговаран од страна на петоколонашите Ковачевски, Маричиќ и Османи – беше октроиран од страна на официјален Брисел. Европската унија, позната по нејзината непринципиелност во случајот со Македонија, целосно ги занемери Копенхагенските критериуми, станувајќи спонзор на национал-шовинистичките претензии на соседна Бугарија, воскреснувајќи ги опасните ванчомихајловистички идеи и инкорпорирајќи ги истите како дел од преговарачката рамка со Унијата.Сомнежот и претпазливоста кои се будат кај македонскиот народ во однос на намерите и искрените мотиви на иницијаторите на овој референдум се оправдани. Освен досегашниот политички багаж и историјат на соучесништво во спроведувањето на серија антимакедонски политички процеси – какви што се срамните примери со Охридскиот и со Преспанскиот договор – зачудува фактот зошто е одлучено на Референдумот да се гласа „ЗА“, наместо „ПРОТИВ“ – следејќи го духот на Јулските простести против бугаризацијата на Македонците!? Левица смета дека е тактички погрешно вака формулираното референдумско прашање, бидејќи истото го руши природниот континуитет меѓу најмасовните антивладини протести и самото народно изјаснување.Со оглед на интригите, притисоците и нелегитимноста на власта, како и проблематичниот Избирачки список, упатуваме јавно предупредување дека евентуалниот неповолен епилог од референдумот (немањето цензус) не смее да послужи како алиби за идната власт – затоа што екстремно штетниот Договор со Бугарија, кој директно задира во македонскиот јазик и идентитет, може да биде суспендиран со просто мнозинство во Собранието! Оттука, неговото целосно укинување за нас е прашање на принцип и највисок јавен интерес, и ова ќе биде наш услов за евентуална поддршка на идната Влада, по следните парламентарни избори – без оглед дали тие ќе бидат редовни или вонредни.Оттука, го повикуваме македонскиот народ да ги надмине постоечките несогласувања и да не потпаѓа под влијание на неговите странски негатори и домашни непријатели. Во овој критичен историски момент не смееме да дозволиме да бидеме поделени по линија на ситните разлики, а во корист на нивните крупни намери за бугаризација и наша системска асимилација, преку методот на историски ревизионизам и сеење туѓи великобугарски пропаганди.Дојдено е времето за организирано и масовно пружање Отпор за рушење на оваа пробугарска, мафијашка, неофашистичка хунта! Затоа, го повикуваме спикерот Талат Џафери да не се дрзнува да смислува процедурални пречки за почеток на процедурата за собирање на уставно предвидените 150.000 потписи, бидејќи по промената на власта и падот на овој хибриден режим, истиот ќе подлежи на соодветен кривично-правен прогон по кратка постапка.Левица, како самостоен и неизвалкан политички субјект кој изникна како чиста совест на нацијата, го задржува правото да води своја сопствена предреферендумска кампања за успешен исход на овој значаен процес, кој го гледаме само како чекор до конечното ослободување на Македонија и на македонскиот народ од домашните колаборационисти, сороспии и предавници.

Македонија | пред 3 години

DSC_0610

Приватизацијата на ХЕЦ Чебрен е еднакво на национално предавство, алармира Левица

„Министерот за животна средина Насер Нуредини информира дека напреднала погубната постапка за издавање на концесија за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, во јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ, потег со кој дополнително се поткопува самостојноста и независноста на Македонија“, велат од Левица.Тие додаваат:Локацијата која се дава на странски инвеститор е последната сериозна позиција за изградба на рентабилна хидроцентрала и истата е од суштинско значење за Електроенергетскиот систем на државата.Во неколку наврати, политичката партија Левица апелираше да се прекине со оваа постапка и државата самостојно да го изгради овој електроенергетски објект, бидејќи давањето на оваа локација на странски инвеститор, под плаштот на јавно приватно партнерство, е рамно на национално предавство.Во време на енергетска криза, отуѓување на секој потенцијал за државно производство на електрична енергија е дело против државноста и самостојноста на Македонија.Владата на Ковачевски наместо да ги превенира последиците од енергетската криза која ни следи, упорно го крчми нацоналното богатство на Македонија и го празни државниот Буџет, под изговор дека ги санира последиците од недостатокот на електрична енергија и природен гас.Левица партија го прашува Ковачевски и неговите министри:1. Што санираа и превенираа во однос на енергетската криза во овие две години, а за тоа до крајот на годината ќе потрошат скоро една милијарда евра народни пари, вклучително и поскапувањето на струјата за граѓаните?2. Поради високата цена на електричната енергија на слободниот пазар, сите државни и јавни претпријатија, како и школи, општини и други институции се пред финансиски колапс.Истите тие купуваат електрична енергија од приватни компании, а трошат буџетски пари.Зошто ЕСМ Трговија, во сопственост на ЕСМ, односно државата, не учествува на тендерите на овие институции со пониска цена од приватните компании, како во случајот со Универзалниот снабдувач, со што буџетските пари ќе се вртат во државни компании и државата ќе има можност да ги помага преку субвенционирана струја своите институции?3. Зошто во време на енергетска криза, кога цените на електричната енегија достигнуваат и до 800 евра за мегават час, дозволува раскинување на договорите со електраните кои користат повластена тарифа, а цената на таа енергија е околу 100 евра за мегават час - кога се знае дека години на назад истите тие профитираа на грбот на граѓаните кога на пазарот просечната цена на струјата беше под 50 евра, додека истите наплаќаа по гарантираната цена од околу 100 евра за мегават час?4. Како и под кои услови "човек" фирми стануваат главни добавувачи на државната ЕЛЕМ (ЕСМ) и ги добиваат сите милионски тендери за увоз на струја, мазут, јаглен и тн.На овие и на ред други прашања, сакале или не, Ковачевски и неговите министери ќе мора да одговорат, а дали тоа ќе се случи сега или пред судовите после промената на власта, тоа ќе покаже времето и резултатите на следните избори.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

Апасиев: Пари има, ама многу крадете

„Пари има, ама многу крадете“. Ова го порача пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на ден пред враќањето во Собрнието.Тој и претходно искоментира: „А ви душмани - бурек и јогурт“, откако премиерот Ковачевски кажа дека не се плаши од инфлацијата, орочил милионски денарски депозит.Тој се побуни и кога се протестираше во Арачиново, каде струјата беше исклучена поради неплаќање и напиша: „Крадеш струја. Рикнува трансформаторот. Идат да ти го поправат. Ги тепаш“.

Коментари | пред 3 години

345

Власта ја саботира разрешницата со „Беса Транс“ во која е инволвиран Спасовски, вели Левица

„За разрешницата за трагедијата со 46 жртви со автобусот на „Беса Транс”, обвинителката Вилма Русковска најави дека се обезбедени писмени докази и деновиве требаше да се започне со сослушување на сведоци“, вели Левица.Оттаму додаваат:Во овој трагичен настан, директно е инволвиран и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој чекал повеќе од три месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“.За станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, на 25.08.2021 година било издадено предлог-решение за забрана за работа. При контролата било утврдено дека со пропустите во станицата „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“.Цели три месеци Спасовски одбива да го потпише предлог-решението, што резултира со ужасната трагедија во која животот го губат 46 патници.Се поставува прашањето, доколку се обезбедни писмени докази за овој случај, зошто не е побаран притвор за министерот Спасовски, поради опасност да го повтори делото и да влијае врз други сведоци?Дополнително, дали Спасовски ќе биде повикан на сослушување за овој случај како осомничен или како сведок?Фактот што Спасовски го потпишува Решението за забрана за работа на станицата за технички преглед „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“ само три дена после трагедијата со автобусот на Беса Транс, индицира дека предметот свесно бил чуван во фиока од страна на министерот.Криминалот на владејачките министри и раководители кои одлучуваат да држат предмети во фиока, народот го надоместува со изгубени животи и трагедии, кои можеби би биле превенирани, доколку инситуциите ажурно и законски постапувале.

Македонија | пред 3 години

20D5DB4F-367E-4256-880F-64326341B754

Несоборлив е фактот дека МТСП, освен водењето кампањи во пропагандни цели, нема ништо суштинско направено за спречување на семејното насилство, вели Левица

“Македонската јавност е во шок по веста дека 46-годишната жена од Неготино, којабрутално беше претепана од својот партнер, денеска им подлегнала на повредите”, вели Левица.Тие додаваат:Министерката Тренчевска пред само неколку дена гордо изјави дека имаме стратегија за справување со семејното насилство. За само една недела, три жртви на семејно насилство проговорија јавно за голготата низ која со години минуваат во своите домови, барајќи помош од институциите на системот.Несоборлив е фактот дека МТСП, освен водењето кампањи во пропагандни цели, нема ништо суштинско направено за спречување на семејното насилство. Неретко, сторителите на семејно насилство се вработени во полиција и се “недопирливи” за институциите насистемот.Оттука се наметнува прашањето, дали внатрешната контрола при МВР и СВР ги испитува ваквите случаи и како е можно лице против кое било покрената кривична постапка против семејно насилство и понатаму да продолжи да работи како полицаец?Според статистиките, секоја трета жена во Република Македонија е жртва на семејнонасилство. Институциите затајуваат во спречувањето на семејното насилство и честопати наместо да ја штитат жртвата, со своите постапки (непостапување) го штитат насилникот.Проблемот е слоевит и бара сериозен пристап за конечно решавање.Националната стратегија за спречување на семејното насилство е само обична хартијадоколку нејзините одредби не се спроведуваат во пракса!Зачудувачки е тоа што досега воопшто не е спроведена анализа за утврдување како изошто затајуваат и замолчуваат институциите и кој е одговорен за рапидниот пораст на семејното насилство.Без соодветна функционална национална стратегија и без сериозно ангажирање наинституциите на системот при спречувањето на семејното насилство, тоа не само што нема да се намали и искорени, туку и ќе се зголеми, а тоа ќе биде поразително за сите нас.Владата на пробугарските СДС и ДУИ немаат намера да застанат против оваа мрачна страна на општествениот живот, бидејќи за нив не е приоритет поединецот и неговата добробит, туку бизнис зделките со кои ги хранат своите џебови.

Македонија | пред 3 години

gfasdfasdfas

Младината на Левица корегираше транспарент, на Твитер осамна коментар: „Апасиев си го прчи во Грчка и праќа деца да го бранат“

На надвозникот кај Кисела Вода, осамна транспарент со натпис „Апасиев вошка беше, вошка ќе останеш“, а од двете страни имаше руско знаме. Тоа и пречело на Левица, па името на Апасиев е избришано и ставено името на претседателот на државата Стево. Непознато е кој го ставил транспарентот со презимето на пратеникот Апасиев, додека за транспарентот со Стево, порталот „Антропол“ пишува дека го корегирале од Левица.„Помладокот на Левица откако го поправи транспарентот, на којшто сега помеѓу две бугарски знамиња е напишано ‘Стево, вошка беше, вошка и ќе останеш’, им го врати поставен на надвозникот кај Бихаќка“, пишува порталот.Иако ликовите на лицата кои го менувале името на транспрентот се затемнети, сепак, на „Твитер“ јасно се гледа за кого станува збор. Ако се суди според фотографијата, тие се тинејџери.„Апасиев си го прчи у Грчка и праќа деца да го бранат и шкртаат плакати. Исто ко на протестите пред Собрание. Пушти деца да кршат и гнијат у притвори, па да бидат признаат вина, се кааат и бидат осудени. Лидериште

Коментари | пред 3 години

levica-8123

Министерот Тупанчески да побара разрешување на Филип Андонов поради закани и злоупотреба на затворската полиција, бара Левица

„На Мечкин Камен целата јавност беше сведок како незаконски и брутално се злоупотребува полицијата, затворската полиција, како и началници, заради заштита на партиската врхушка на СДС“, вели Левица.Тие додаваат:Нашиот истакнат член на Централен Комитет, Игор Смилев, беше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов.Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите законски овластувања, од страна на затворските полицајци, кои не беа во униформа, им беше побарано да се легитимираат.Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот член Игор Смилев беше турнат на земја.Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси.Го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто МВР не интервенираше кога цивилни лица се закануваа и бараа легитимации од присутните на манифестацијата?Дали вчера затворската полиција, која е со ограничени овластувања, спротивно на законите беше ставена во служба на МВР и партискиот врв на СДС?Јавно бараме од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот Филип Андонов и да испита кои се лицата кои малтретираа и се закануваа на активисти на Левица и неовластено бараа да се легитимираат.Јасно е дека секоја диктатура во нејзиниот залез се користи со најрепресивни методи и заплашувања, за очајнички да ги спаси своите последни денови на власт. Гневот на народот расте секојдневно кон хибридниот режим и блиску е денот кога сите овие извршители на погубните политики ќе бидат извадени пред лицето на правдата.

Македонија | пред 3 години

levica-8123

СДС и ДУИ го рехабилитираа фашизмот и го уништија АСНОМ, вели Левица

„За време на владеењето на пробугарската СДС и амнестираната ДУИ, Македонија како никогаш досега, се соочи со целосно возобнување на бугарскиот врховизам и ништење на АСНОМ-ските темели“, вели Левица.Тие додаваат:Додека се брише фашистички окупатор од споменици, сведоци сме на ново регистрирано здружение, по примерот на клубот на докажаниот фашистички колаборатор „Ванчо Михајлов”. Изминатиов период, во Охрид скандалозно делува здружение, чиј претседател е извесен Томе Блажески, кое го носи името по фашистичкиот бугарски цар Борис Трети!Како и за случајот со Ванчо Михајлов, нема никаква информација кој му дал дозвола на ова здружение да се регистрира под името на фашистички окупатор, ниту пак од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема никаква најава за кривичен прогон!Нема одговор ниту по кривичната пријава на Левица против претседателот на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов”, Љупчо Георгиевски, заради „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.Од друга страна, полицијата под команда на Спасовски, во типичниот вазалски дух, веднаш интервенираше во случајот со палењето на бугарското знаме. Потсетуваме дека бугарската влада веднаш испрати писмена протестна нота за транспарентите на Левица на протестите против бугаризација, на кои пишуваше дека со фашисти не се преговара. Додека владата на СДС и ДУИ нема упатено ниту една писмена протестна нота до бугарското МНР за сите негаторски омаловажувања кои континуирано доаѓаат од бугарскиот парламент!Овие неоврховистички и необалистички елементи на власт, кои целосно ја доведоа Македонија во потчинетост пред соседните шовинизми, немаат никаков легитимитет да говорат за асномските и илинденски идеали за слобода, непокор и независност.Ќе останат запаметени во историјата како платеници кои ги разнебитија темелите на македонската државотворност, а претходно ќе бидат гонети за велепредавство.Македонскиот народ, иако во минатото многу пати бил поробен, тој никогаш не бил покорен.Во македонската колективна меморија тлее искрата на непокор и самопожртвуваност за слободата и независност на Републиката, која ќе ги преброди и овие привремени колаборатори и повторно гордо ќе се возобнови.

Македонија | пред 3 години

JOVANA-MOJSOVSKA-LEVICA

Меѓувладината конференција не ги отвара преговорите за ЕУ туку се заложува за спроведување на бугарските шовинистички барања, вели Левица

„Денеска во Брисел, врховистите од Македонија, на т.н. меѓувладина конференција, во име на македонскиот народ, пред Европската унија се заложија дека во иднина ќе ги спроведат сите барања на Бугарија како платформа за постепена бугаризација на Македонија“, вели Левица.Тие додаваат:Ваквата „меѓувладина конференција“ е уште еден преседан на Унијата, потполно непознат за правото на ЕУ и досегашната негова пракса. Со ова, Унијата, не само што, по којзнае кој пат, користејќи двојни аршини во интеграциските односи на Македонија спроведува дискриминаторски однос кон македонскиот народ, но и даваќи поддршка на Бугарија, директно учествува во рехабилитацијата на нео-фашизмот во Македонија.Процесот на разнебитување на македонската држава, народ и нација практично започна уште по прогласувањето на независноста. Историјата покажа дека првата направена отстапка, со цел регистрација (зачленување) на државата во ООН претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција.Кулминацијата на ваквото разнебитување го сведочиме токму денес на меѓувладината конференција во Брисел, со која македонизмот, како сламка за спасот на Владата, се жртвува на олтарот на ЕУ. На овој настан во Брисел, се создава лажна претстава за некаков си почеток на преговори со ЕУ, додека вистината е сосема друга – нема почеток на преговорите додека не се промени Уставот на Македонија по барање на Бугарија.Ваквите преседани спроведени од ЕУ не само што ја разобличија маската за постоењето на некакви европски вредности, туку погазија и бројни принципи на меѓународното право, како и основните човекови права, кон чие почитување е активно обврзана секоја земја членка.Со денешниот чин во Брисел, домашните предавници олицетворени во Владата на СДСМ и ДУИ, уште еднаш ја ставија Македонија во подредена положба на сранска држава, и за тоа, кога тогаш ќе ги стигне правдата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања