ЛЕВИЦА

fsadfasd

Апасиев: Го шитнаа народот за една фотосесија

Пратеникот Димитар Апасиев, кој е и лидер на Левица, посочи: „Ќе победиме“. Тој за денешното патување во Брисел на половина од македонската Влада вели дека е само фотографирање.„За една фотосесија на ко божемска "конференција" која не постои во европското право - го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата и Републиката!? СДС не е партија. СДС е дијагноза“, напиша Апасиев.Инаку, во Брисел се одржува првата Меѓувладина конференција.

Коментари | пред 3 години

JOVANA-MOJSOVSKA-LEVICA

„Таканаречените албански партии се најголеми генератори на меѓуетнички тензии“, тврди Мојсоска по гласањето за францускиот предлог

Јована Мојсоска, дел од раководството на Левица, вели: „Таканаречените албански партии се најголеми генератори на меѓуетнички тензии“.Таа потсети како се гласало за францускиот предлог, односно дека „од 80 пратеници Македонци, само 32 гласале ЗА, од 32 пратеници Албанци, 30 гласале ЗА“.Мојсоска додава:Односно, за најсензитивното македонско национално прашање, помалку од 50% од пратениците Македонци гласале. Оваа одлука е донесена речиси со еднаков број на гласови на Македонци и Албанци пратеници. Иако 70% од Македонците се против вчерашниот предлог, албанските партии не покажаа никаков сенс да се дистанцираат од гласање за прашање кое е болно за македонскиот народ.Ниту пак видовме албански интелектуалци да повикаат тн албански партии да се дистанцираат во прашања кои задираат силно во македонскиот идентитет - во име на добрите меѓуетнички односи. За легитимноста на албанските партии кај албанскиот електорат, говори излезноста за референдумот за промена на името во општините во Западна Македонија - која беше под 50%. А либералната македонска јавност ја нема со никаква критика кон овие партии, кои почиваат врз етно-центризам и отворен сепаратизам.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-00.05.35

„Режија на ДУИ, Спасовски да одговори колку од пиштолџиите кај Мавровка се во притвор“, прашува Левица

„Според свиркач од МВР, Левица дознава дека инцидентот кај плоштадот Скендербег, го организирале структури на државните служби за безбедност, под директива на пробугарската власт на СДС и ДУИ“, вели Левица.Таа додава:Додека поворката на демонстранти се движела од мостот Гоце Делчев накај раскрсницата кај плоштадот Скендербег, провокатори на државните служби, во координација со ПС Бит Пазар и кадрите на ДУИ, во две групи се упатиле преку скалите од подвозникот кај поранешниот ресторан „Менада“ - една накај хотелот „Де Кока“, и друга на платформата на новоизградениот плоштад.Првата група, го каменува првиот ред кафулиња во чаршијата гледајќи од плоштадот Скендербег, како и хотелот „Де Кока“ заедно со паркираните автомобили на паркингот. Втората, од платформата над подвозникот, ги гаѓа демонстрантите кои излегуваат од под подвозникот во поворка. Двете групи исчезнуваат од другата страна на мостот кај некогашната стоковна куќа "Илинден", во координација со полицијата.Проценката на структурите на ДУИ, чии кадри намерно го оставаат ова подрачје недоволно обезбедено, иако претставува критична точка за поворката, се состои во искористување на најслабата карика - провокација на реакција од двете страни - на демонстрантите и на групата околу сопственикот на хотелот кој е во асоцијација со Алијансата на Албанците.Сопственикот на хотелот, кој на плоштадот излезе со пиштол пред демонстрантите, заедно со рутата на движење на поворката, службите подробно го оцениле како емотовно нерегулирана личност, која има историјат на посегнување по полу-автоматско оружје и репутација за носење на оружјето постојано со себе.Според информациите од свиркачот, со сопственикот на хотелот дента се наоѓале луѓе блиски со ДУИ кои знаеле за оркестрацијата и придонеле до ескалација на ситуацијата. Овие лице сега ДУИ ќе ги штити. За време на разгорување на инцидентот, откако групите провокатори се евакуирани, над 5 минути критичната точка остана без полициска реакција - повеќе од доволно за постигнување на целта на сценаристите.Нема никакви информации колку од трите лица кои пукаа со пиштол се приведени и им е изречена мерка притвор. Од друга страна, 11 лица се наоѓаат во притвор за нередите пред Собрание - и ниту едно од нив не е од лицата со качулки кои го исценираа инцидентот! Сведоци бевме и од употреба на прекумерна сила од страна на полицијата на лицата кои протестираа пред Собрание, додека во инцидентите кај Мавровка ниту едно лице не беше уапсено на лице место,Криминогената коалиција на СДС и ДУИ, како и паралелната државна структура која ДУИ ја гради, е спремна да ги искористи сите методи за да остане на власт, вклучително и сценирање на инциденти кои можат да доведат до сериозни меѓуетнички тензии.Ве повикуваме вечер уште помасовно, и покрај сите репресии на хибридниот режим, во 19 часот да излеземе пред Влада - се' до падот на квинслишката пробугарска влада!

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи го крие Протоколот затоа што предвидува учебниците да се пишуваат во Бугарија, вели Левица

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише, вели Левица.„Токму во Протоколот се содржани сите елементи преку кои Бугарија ќе ја ревидира историјата, учебниците и јазикот на Македонија Иако власта упорно манипулира дека Протоколот не е дел од преговарачката рамка, во ниту еден документ нема гаранции дека Бугарија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, доколку не се спроведат барањата од Протоколот.Напротив, во преговарачката рамка стои дека напредокот на преговорите ќе зависи од „годишните прегледи и мерки за ефективното спроведување на членот 12 од Договорот за добрососедство” - што директно алудира на спорниот Протокол.Од тоа што го објавија бугарските медиуми, овој Протокол предвидува Македонија да ѝ достави на Бугарија копии од сите методолошки упатства, учебници, наставни средства и други релевантни наставни материјали - со што директно историјата и учебниците ќе бидат пишувани по желба на бугарските врховисти.Дополнително, Владата се обврзува до почетокот на учебната 2023-2024 година да ја промени содржината на учебникот по географија за VII одделение, како и нови книги, документарни и списанија, филмови и други уметнички дела, културни споменици и прослави (кои се државно финансирани) да се спроведуваат во духот на Договорот за пријателство.Налудничавите барања во Протоколот, кои Османи нема проблем да ги потпише, одат дотаму да субјектот финансиран од државата, со обврзувачка изјава ќе потврди дека ќе посвети внимание за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа обврска ќе биде основа за суспензија на доделеното државно финансирање.Дали ова значи дека Владата е спремна да го забрани и филнот Трето Полувреме, како и сите културни материјали кои сведочат за репресијата на бугарските фашисти?Ниту Бугарија, ниту ЕУ, има право да наметнува обврски за говор на омраза кон Македонија, се додека бугарски пратеници држат говори дека Македонија е бугарска.Протоколот ќе биде последниот чекор кон реализација на големобугарската идеја и затоа истиот Османи го крие. Го повикуваме македонскиот народ повторно вечер да го искажи својот револт против бугаризацијата на Македонија!СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ - ДО КРАЈ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

osmani

„Османи да признае дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ“, вели Левица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата, вели Левица„Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот.Скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава.Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја.Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

„Имате пари за пеење детски песнички за УЧК, а културното наследство пропаѓа“, Апасиев удри по министерката за култура

Културното наследство во Велес пропаѓа, посочи пратеникот Димитар Апасиев, кој не е задоволен од одговорот на Министерството за култура зошто не преземаат ништо иако има извршено решение за итна заштита. Тој рече дека министерката Бисерa Костадиновска-Стојчевска допир со култура има колку тој со нуклеарна физика.„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пеример дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона. Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Најдо 15 куќи во Велес, четири куќи презема општината, во добра состојба се само три куќи, другите се паднати или пред паѓање“, кажа Апасиев.Апасиев бара итна интервенција.„Донесено е извршено решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение. Јас ве прашувам: што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат“, посочи Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Simonov-pres

Левица бара протерување на бугарскиот амбасадор

„Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа 'северномакедонски'. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава“, вели координаторот на Сектор за надворешна политика на Левица, Александар Симонов.Тој додава:За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО.Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица:1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија;2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира;3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН;4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“,5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците.

Македонија | пред 3 години

apasiev-dimitar-7

ДУИ е симбол на насилство – и заменик директорот Блерим Исеини е назначен незаконски, вели Левица

„Со секој одминат ден на власт на насилничката и криминална гарнитура од ДУИ, Македонија е се подалеку од европската агенда за демократија и владеење на правото“, вели Левица.Тие додаваат:После вчерашното насилство на Арбер Адеми, кој единствено е познат по незаконското унапредување за доцент, како и отворените македонофобни закани на секретарот во Министерството за култура, Велмир Азири, обзнануваме уште еден скандал поврзан со незаконско назначување на заменик директор од ДУИ.Имено, Заменик - директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Блерим Исеини - кадар на ДУИ кој на тоа место е поставен од страна на Собранието, не ги исполнува условите предвидени за оваа функција.Иако законот предвидува дека за оваа позиција може да се назначи лице со освоени 300 кредити од областа на правните науки, Блерим Исеини скандалозно е назначен за заменик-директор со завршен факултет за новинарство во Тирана.Ова е само еден од низата скандали, кои се секојдневие во владеењето на милениците на странската дипломатија, односно ДУИ, без чија странска активна логистика и поддршка, оваа гарнитура немаше да опстои 20 години на власт.Всушност, целосниот молк и немањето осуда од меѓународната заедница за вчерашните инциденти во Собрание говори дека ДУИ единствено опстојува на власт поради своите тесни врски со странскиот фактор.Самоволието на ДУИ, партија која активно го сквернави и уназадува владеењето на правото, за чии испади, инциденти и криминали нема последици, бидејќи се под заштита на претставниците од "меѓународната заедница" - мора да прекине и да му се стави крај, затоа што присуството на ДУИ во власта ја вкоренува корупцијата како составен дел од системот.Му порачуваме на македонофобот Велмир Азири дека неговите повици за тепање и агресија веќе немаат ефект кај сиромашните Албанци, кои 20 години се принудени масовно да се иселуваат, додека функционерите на ДУИ криминално го зголемуваат своето богатство.Продавањето национал-шовинизам и ширењето страв од ДУИ веќе е излитена идеја на која ѝ помина времето.

Македонија | пред 3 години

Ivica-Konevski-1

Ивица Коневски од Мериот коалицијата главен адвокат во Кисела Вода, вели Левица

„Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој важеше за близок соработник и адвокат на Сашо Мијалков, во последниве три месеци добил 200.000 денари од општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски“, вели Левица.Од партијата додаваат:„Додека градоначалникот Ѓорѓиевски одбива да воведе бесплатни градинки по иницијатива на Левица, очигледно општината може месечно да издвојува 70.000 денари за Ивица Коневски.Токму портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски и Стоилковски, претходно го обвинуваа Коневски дека одработува за владејачкиот режим на СДСМ и поради тоа никогаш не излегол со јавна критика. Самиот Стоилковски јавно тврдеше дека Коневски поседува стан во зградата на Мајчин дом и деловен простор од 350 м2.Токму партијата на градоначалникот Ѓорѓиевски изминатиот период тврдеше дека амнестирањето од кривичен прогон Коневски го добил поради неговиот молк против политиките на Заев. Всушност, Коневски беше еден од бившите функционери на ДПМНЕ кој тврдеше дека промената на името е завршена работа и неговата партијата треба да гледа кон иднината. Дали и за градоначалникот на Кисела Вода насилничката промена на државното име е завршена работа?Трошењето пари на граѓаните за функционери кои од својата партија беа обвинувани за криминал е потценување на здравиот разум на сите жители на Кисела вода. Наместо да се плаќа од општински буџет адвокатот на Мијалков, средствата треба да се пренаменат во нови паркови, игралишта, монтажни гаражи и други проекти, од кои бенефит би имале сите жители на Кисела Вода.Доколку градоначалникот Ѓорѓиевски има потреба од адвокатски услуги, му порачуваме да вработи соодветно лице во општината, со што ќе се рационализираат трошоците на буџетот.Поврзување со криминогени поранешни функционери и ставање на платен список на општината само укажува на тоа дека триото СДС-ДПМНЕ-ДУИ заеднички функционира на меѓусебно амнестирање од кривичен прогон“.

Македонија | пред 3 години

35052128_1007191659430856_2549064219752398848_n

Левица бара итна забрана на извозот на огревно дрво

Македонија е на прагот на нов бран поскапувања и севкупно осиромашување на населението. Огревното дрво пред почетокот на следната грејна сезона ќе поскапе за 20 отсто, а пелетите веќе се продаваат по речиси 50 отсто повисока цена. Цената на еден кубен метар дабово дрво во приватните складови достигнува и до 5000 денари, вели Левица.„Најупотребуваниот енергенс во Македонија, што го ползуваат околу 71% од граѓаните станува се потешко достапен, особено за најсиромашните слоеви .Големата побарувачка за овој вид енергенс на светскиот пазар, како и зголемениот постојан и неплански извоз придонесе цената на огревното дрво и пелетите континуирано да расте, а голем дел од складовите за огревни дрва во Македонија да зјаат празни.Министерството за земјоделие како директно надлежна установа за стопанисување со дрвната маса се уште е без стратегија, и покрај тешките околности. Во надлежност на Mинистерството е и издавањето Одобренија за извоз на трупци, огревно дрво и други производи од дрво, но на нивната веб страница нема официјални податоци за вкупниот број извезени трупци од Македонија.Во услови кога балканските држави со конкретни мерки се подговуваат за претстојната грејна сезона, министерот Љупчо Николовски нема никаков план у стратегија.Додека Србија и Босна и Херцеговина во мај и јуни воведоа забрана за извоз на пелети и огревно дрво за наредните шест месеци, македонските шуми се пустошат со легални сечи, a еден дел од оваа дрвна маса се извезува во соседните земји. Фирмите извозници и државата тријат раце од профитот, додека на граѓаните им претстои скапа и крајно неизвесна грејна сезона.Инаку, сите правни лица кои се регистрирани со општа клаузула за бизнис согласно законските нормативи може да извезуваат техничко, огревно дрво и целулозно дрво.Политичката партија Левица итно бара од Министерот Николовски воведување:- времена забрана за извоз на огревно дрво со цел да се намали недостатокот на дрвна маса што директно се одрази и на производителите на пелети. /Најголем дел од нив веќе најавија и второ зимско покачување на цената на овој вид енергенс поради увозната зависност.- Енергетско преструктурирање на друг вид енергенси, а не само на огревното дрво, a со тоа ќе се намали и самата побарувачка, како и екстремното загадување на воздухот во текот на зимскиот период.- Информирање на јавноста за тоа колку тони дрвна маса месечно се извезува во други земји.Ваквите мерки се единствено решение за ублажување на кризата што и се заканува на Република Македонија, а огревот, храната и обувките спаѓаат во основните добра за живот. Да напоменеме дека државата најголем дел од дрвната маса пред забраната ja увезуваше од Србија и Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

gradinka-2

„Властите преку кратење на финансиите и негрижата за условите во градинките, свесно ги уништува јавните дејности“, вели Левица

Згрижувањето на децата во градинките е многу значаен дел од животот и секојдневието на родителите. Во Македонија особено во Скопје сведоци сме на мал број на градинки, односно немање на доволен капацитет за згрижување на сите пријавени деца, а од друга страна постојат изградени градинки кои не се пуштени во употреба. Градската и централната власт во ова поле години наназад не бележат никаков прогрес односно напредок, вели Левица.„Згрижувањето на децата во градинките е особено значаен процес за родителите , за децата, но и за самото општество. Во овие установи се градат навиките на децата кои се иднина на оваа земја, се згрижуваат до предшколска возраст, со цел родителите да бидат во можност да бидат дел од пазарот на труд.Последниот немил настан со рушењето на покривот во градинката во Карпош е само потврда за негрижата на оваа власт,за децата кои се нашата иднина. Изградбата и одржувањето на градинките, условите во истите, кадарот кој работи во истите треба да биде највисок приоритет за обезбедување на мирно и среќно детство.Понатаму кадарот кој е вработен во градинките е недоволен, групите на дечиња кои се згрижени се во голем број. Незадоволството од минималните примања на негователките и воспитувачките резултираше со штрајк, а кој дополнително беше непријатно искуство за штрајкувачите имајќи во предвид дека платата за штрајкувачкиот период не им е исплатена.Со ваквата тенденциозна политика на досегашните власти, преку кратење на финансии од буџетот за јавните градинки и тотална негрижа за условите во градиниките, свесно се уништуваат јавните дејности, а се со цел стимулирање на приватни градинки, што претставува класна сегрегација. На тој начин, само децата на поимотните граѓани се привилегирани и можат да си дозволат приватни градинки, додека посиромашните граѓани ќе морат да се снаоѓаат како знаат и умеат.Левица како работничка партија се залага за обезбедување на доволен број на градинки, но и овозможување преку иницијативи за бесплатни градинки на сите деца, без оглед насоциоекономската состојба на семејствата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-20-113407

Левица повикува на протест поради нереконструирање на патот на смртта

Ограноците на Левица од Богданци и Гевгелија ги повикуваат граѓаните на протест во недела (26.06.2022) во 18.00ч на регионалниот пат Р1109.„Регионалниот пат Р1109, од Гевгелија до Богданци, е во катастрофална состојба. Поради тоа истиот не е безбеден за сообраќај, а како резултат на тоа само во последните пет години на истиот во сообраќајни несреќи животот го загубија десетина луѓе.Патот воедно е и причинител на огромни материјални штети по автомобилите на нашите сограѓани кои секојдневно возат по овој пат.Надлежна институција за реконструкција на овој пат е Јавното претпријатие за државни патишта кое е основано и е под контрола на Владата на Република Македонија.Од Општина Гевгелија и Општина Богданци, на чија територија се наоѓа овој државен пат, има три пратеника во Собранието на Република Македонија. Две се пратеничките Драгица Ѓавочанова-Пратеник и Марија Костадинова од СДС, а третата пратеничка е Ангелинка Петкова од опозиционата ДПМНЕ.Апелираме до нив да не спијат и да одработат нешто за нивните сограѓани кои им доверија пратенички мандат. На нив како пратенички сите врати од сите државни институции им се отворени и воопшто нема да им биде тешко да излобираат за реконструкција на овој пат. Ова особено важи за пратеничките од СДС од чии гласови директно зависи опстанокот на оваа власт под чија контрола е Јавното претпријатие за државни патишта.Во Годишниот план за работа на ЈП за државни патишта за 2022 година веќе е предвидена реконструкција на овој пат. Но половина година помина, а од рекoнструкцијата уште ништо.Затоа сограѓани, Ве повикуваме на протест во недела со цел да ги разбудиме нашите пратенички и да ја потсетиме власта и надлежното јавно претпијатие да си ја завршат домашната задача и да го реконструираат овој пат. Со таа цел денес и беа поставени транспарентите на патот.Протестот ќе се одржи на патот Р1109, на раскрсницата помеѓу Ѓавато, Богданци и Стојаково, пред бензинската пумпа Шимов“, информира Левица.

Македонија | пред 3 години

279527024_534943114666482_7102584340100191531_n

„Министерката за култура оправдува поставување споменици во чест на амнестирани криминалци“, вели Левица

По поднесената Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура против Општина Липково, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот меморијален споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности, од министерството, кратко и неаргументирано одговорија до Левица дека НЕМА НИШТО СПОРНО во постапката за подигнувањето на споменикот, вели Левица.„Во одговорот е очигледно воочлив напорот од надлежните инспектори во Министерството за култура, да пробаат да го оправдаат контроверзниот споменик, исклучиво потпирајќи се врз манипулативниот и противправен начин на кој општина Липково го завела истиот како спомен-обележје.Градоначалникот Еркан Арифи ја заобиколил процедурата и овој споменик го именувал како спомен обележје. Ваквото противзаконско однесување е скандалозно, со оглед на фактот дека се работи за Меморијален споменик за војната, кој нема локално, туку исклучително државно значење, бидејќи иститот беше на целата територија на државава.Со тоа што кулата е именувана како спомен обележје, општината ја избегнала процедурата во Собрание и одлуката за негово подигнување ја донела на локално ниво, односно во Советот на општината.Имено, спорниот споменик не може во никој случај да се третира како спомен-обележје, бидејќи не се однесува на личности од локално значење за општината или „селската кооперација“, како што законот налага. Напротив, споменикот се однесува на зачувување на спомените на лица амнестирани од кривичен прогон за тешки кривични дела, кои во 2001 година дејствуваа на поголем дел од територијата на Република Македонија.Очигледно е дека министерката Бисера Костадиновска - Стојчевска работи во целост да го сокрие самоволието и безаконието на ДУИ, за кои функционери не важат законите веќе 20 години наназад. СДСМ со нејзините анонимни кадри во актуелната коалиција е само пајтон-партија на ДУИ, чија цел е да ги заштити криминалите на функционерите од ДУИ, кои фактички владеат со Републиката“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

288855953_390943513071021_6823473948724035736_n

„Министерството за култура и општина Берово незаинтересирани за културното наследство на Малешевијата“, вели Левица

Добропознатата Буклиска куќа која е под заштита на Министерството за култура ја изеде забот на времето. Непријатна глетка, на самата главна улица во градот, велат од Левица.„Бројни реакции на граѓаните, молк од интитуциите.Единствената беровска куќа која што се наоѓа на поштенска марка, заштитен споменик од турско време, денес претставува опасност за жителите на градот но и за туристите, кои се чести посетители.Примерот и значаен белег на малешевската архитектура, историја, го губи кровот, прозорците, ѕидовите и се претвора во собиралиште на отпад. Се распаѓа дел по дел а можноста за повреда на човек кој поминува покрај неа е максимизирана.Но, ниту руинираната состојба, ниту стравот, а ниту пак реакциите на граѓаните во околината на куќата, не успеаја да го привлечат вниманието на локалните власти. Сегашните, но и нивните претходници како да го туркаат под тепих овој пробелм, етикетирајќи го како спореден, иако не е. Човечки животи се во прашање, нашата култура, нашиот идентитет.Ниту Министерството за култура, ниту Општина Берово не покажуваат заинтересираност за обновување на куќата и заштита на еден од многуте споменици на културата на Р.Македонија.ЛО Левица Берово прашува: До кога градоначалникот Звонко Пеќевски од СДСМ ќе одбива да ги слушне барањата на неговите сограѓани и до кога ќе биде нем сведок на рспаѓањето на нашите културни и историски обележја?До кога финансиите на беровчани ќе бидат пренаменувани за непотребни и странични проекти, отколку во заштита и промовирање на спомениците на културата?“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

gradinka-2

Левица: Градоначалникот на Кисела Вода одби да ја стави точката за бесплатни градинки на дневен ред

Поради тешката економска криза со која се соочуваат граѓаните, советниците на Левица поднесоа инцицијатива за иземање од учество на партиципацијата во градинките во општина Кисела Вода.„Кавадарци е првата општина каде оваа иницијатива е прифатена и ќе се пристапи кон нејзина реализација, додека во општина Карпош иницијативата за бесплатни градинки беше прифатена од Советот да се пристапи кон нејзина понатамошна реализација.Претседателот на совет на општина Кисела Вода, Иван Живковски, а со амин од Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оваа иницијатива одби да ја стави на дневен ред за гласање, иако се работи само за иницијатива која истата ќе се проследи до стручните служби на понатамошна разработка.Скандалозно е ваквото однесување на новата локална власт, која не дозволува ниту да се отвори дискусија за прашања кои се од интерес на жителите на Кисела вода.Дали градоначалникот Орце со ваквото однесување смета дека децата од нашата општина не треба да имаат бесплатни градинки“, се вели во соопштението на Левица.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања