Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Режија на ДУИ, Спасовски да одговори колку од пиштолџиите кај Мавровка се во притвор“, прашува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-07-at-00.05.35

„Според свиркач од МВР, Левица дознава дека инцидентот кај плоштадот Скендербег, го организирале структури на државните служби за безбедност, под директива на пробугарската власт на СДС и ДУИ“, вели Левица.

Таа додава:

— реклама —

Додека поворката на демонстранти се движела од мостот Гоце Делчев накај раскрсницата кај плоштадот Скендербег, провокатори на државните служби, во координација со ПС Бит Пазар и кадрите на ДУИ, во две групи се упатиле преку скалите од подвозникот кај поранешниот ресторан „Менада“ - една накај хотелот „Де Кока“, и друга на платформата на новоизградениот плоштад.

Првата група, го каменува првиот ред кафулиња во чаршијата гледајќи од плоштадот Скендербег, како и хотелот „Де Кока“ заедно со паркираните автомобили на паркингот. Втората, од платформата над подвозникот, ги гаѓа демонстрантите кои излегуваат од под подвозникот во поворка. Двете групи исчезнуваат од другата страна на мостот кај некогашната стоковна куќа "Илинден", во координација со полицијата.

— реклама —

Проценката на структурите на ДУИ, чии кадри намерно го оставаат ова подрачје недоволно обезбедено, иако претставува критична точка за поворката, се состои во искористување на најслабата карика - провокација на реакција од двете страни - на демонстрантите и на групата околу сопственикот на хотелот кој е во асоцијација со Алијансата на Албанците.

Сопственикот на хотелот, кој на плоштадот излезе со пиштол пред демонстрантите, заедно со рутата на движење на поворката, службите подробно го оцениле како емотовно нерегулирана личност, која има историјат на посегнување по полу-автоматско оружје и репутација за носење на оружјето постојано со себе.

— реклама —

Според информациите од свиркачот, со сопственикот на хотелот дента се наоѓале луѓе блиски со ДУИ кои знаеле за оркестрацијата и придонеле до ескалација на ситуацијата. Овие лице сега ДУИ ќе ги штити. За време на разгорување на инцидентот, откако групите провокатори се евакуирани, над 5 минути критичната точка остана без полициска реакција - повеќе од доволно за постигнување на целта на сценаристите.

Нема никакви информации колку од трите лица кои пукаа со пиштол се приведени и им е изречена мерка притвор. Од друга страна, 11 лица се наоѓаат во притвор за нередите пред Собрание - и ниту едно од нив не е од лицата со качулки кои го исценираа инцидентот! Сведоци бевме и од употреба на прекумерна сила од страна на полицијата на лицата кои протестираа пред Собрание, додека во инцидентите кај Мавровка ниту едно лице не беше уапсено на лице место,

— реклама —

Криминогената коалиција на СДС и ДУИ, како и паралелната државна структура која ДУИ ја гради, е спремна да ги искористи сите методи за да остане на власт, вклучително и сценирање на инциденти кои можат да доведат до сериозни меѓуетнички тензии.

Ве повикуваме вечер уште помасовно, и покрај сите репресии на хибридниот режим, во 19 часот да излеземе пред Влада - се' до падот на квинслишката пробугарска влада!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања