ЛЕВИЦА

pratenici-sobranie-levica

ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица

Адвокат Катерина Јовановска - како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич - правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, соопшти Левица.-На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3du705lct2tlbVqaZ0g

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање - Уставниот суд веднаш да се изјасни

,,Оваа прес - конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија, во случајот тоа е Левица, кога од сите вонпарламентарни и парламентарни партии за прв пат во историјата на независна Македонија само на една партија и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми", истакна на денешната прес - конференција, Претседателот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.,,Скандалот да е уште поголем - не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние ќе не можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена", појасни лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Апасиев рече дека ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, ,,вечити" директор на АВМУ, којшто на овој начин се обидува да ù ги скратат крилата на Левица. ,,Сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда! A во меѓувреме ние се екипиравме со адвокатски тим, ќе поднесеме ,акцио популарис', односно тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство и бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете - три случаи досега вакви имало и Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние претставка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува", потенцираше тој. ,,Предосеќам, како професор по право, дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена, ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија. Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно, ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!", поентираше Претседателот на Левица.

Македонија | пред 4 месеци

apasiev-sobranie

„Хипокризија без граници“ – владеачката партија обвинува за скандал со парите во Левица

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека раководството на Левица ја претворило партиската каса во извор на лични приходи, при што водечки членови на партијата инкасирале стотици илјади денари. Според партијата, и покрај реториката за револуционерност и борба за еднаквост, Левица станала „приватна сопственост на Димитар Апасиев и неговото најблиско раководство“.„Од 2021 година досега, Апасиев и Мециновиќ инкасирале повеќе од еден милион денари од партиската каса. Јована Мојсоска примила околу 600.000 денари, Крмов 270.000 денари, а Реџеп Исмаил над 300.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од таму тврдат дека распределбата на средствата во партијата не е транспарентна и не се усогласува со реториката на Левица која, како што додаваат, често ги напаѓа пратениците од другите партии за патни трошоци. „Додека полемизираат за законски надоместоци на пратениците, тие самите земаат стотици илјади денари од партиската каса што се полни од буџетот, односно парите на граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата ја обвини Левица за лицемерие и за, како што наведуваат, „предавство на сопствената идеологија и членство“. „Раководството ја користи партијата како банкомат и ја претвори во алатка за одржување на моќта на неколкумина“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна за парите и се заплетка во лагите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Левица на прес-конференција практично признала дека податоците кои биле доставени од свиркачи, а се однесуваат на парични средства кои од сметката на партијата завршиле во џебови на нејзиното тесно раководство, се точни.Од партијата нагласуваат дека парите од сметката на Левица, по различни основи, завршиле кај раководството, а дополнително посочуваат дека Јована Мојсоска самата изнела информација дека била сметководител на Левица. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку ова е вистина, станува збор за противзаконски акт.Во соопштението се повикуваат и на Законот за пратениците, при што детално се цитираат членовите:Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“„Законот е јасен – Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, таа сериозно го прекршила Законот,“ стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Левица, „бегајќи од вистината, се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски средства за лични потреби на раководството“.Во реакцијата се наведува и дека „под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост, партијата испумпува пари на лични трансакциски сметки“.„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кој се испумпуваат средства. Вистината е на виделина – Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа,“ се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во Западна Македонија

„Оваа власт наметнува наратив кој е целосно антидемократски и ги оспорува можностите да кандидираме градоначалници каде што сметаме дека на граѓаните би им се допаднала платформата на Левица.  Ова е за нас сериозен аларм за капацитетот на оддржување на изборите во демократска атмосфера!" - изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ „ДПМНЕ има тенденција да ја сузбива опозицијата, но за среќа имаме кандидати способни за управување со општините. Пример е нашиот одличен кандидат за градоначалник на Струга, тоа е пратеничката Јована Мојсоска, чиј капацитет може да им се допадне на многу граѓани на Општина Струга и тоа е сосема легитимно! Коалиција со ДУИ не постои, ДПМНЕ има матрица на размислување дека мандатот им е загарантиран и дека не треба да излезат пред граѓаните. Тие кои ни ги имаат уништено општините практично сакаат да избегаат од клучната дебата - какви услови на живот ни имаат оставено, какви се општините финансиски и со каков капацитет на животни услови располагаме!"

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Манасиевски: Левица призна дека податоците се точни, Мојсоска како сметководител делувала противзаконски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека Левица индиректно признала дека податоците кои излегоа во јавноста за финансиското работење на партијата се точни, и посочи дека Јована Мојсоска како пратеник не смеела да врши сметководствени услуги.„Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни. Вчера на прес-конференција се излетаа и потврдија дека информациите кои ги добивме од свиркачи во Левица за средствата што раководството си ги подигнувало од партиската сметка се вистинити. Денес сакаме да ја прашаме Јована Мојсоска, која исто така призна дека била сметководител на Левица, дали знае дека доколку тоа е вистина, се работи за противзаконски акт,“ рече Манасиевски.Тој се повика и на одредбите од Законот за пратеници, каде јасно е наведено дека функцијата пратеник е професионална и неспојлива со други јавни функции или дејности со профитна цел.„Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица,“ додаде тој.Според Манасиевски, Левица и Мојсоска „пред јавноста продаваат приказни за чесност и скромност, а зад завесата инкасирале пари од партиска сметка која се полни од Буџетот на граѓаните“.„Ова е вистината од која Левица бега. Вакви луѓе како Мојсоска и Левица не смеат да бидат дел од иднината и нема место за нив во политиката. Мојсоска и Левица се прочитани,“ изјави Манасиевски.

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска трипати земала по 54.000 денари од партиската сметка

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека делата на пратеничката Јована Мојсоска и Левица ја демантираат нивната јавна реторика за чесност и скромност. Според соопштението на партијата, иако Мојсоска е пратеник во Собранието, годинава трипати инкасирала по 54.000 денари од партиската сметка.„Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. Нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста целосно ја демантираат нивната реторика. Тие се разобличени и демаскирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, документи доставени од „свиркачи“ од внатре во партијата покажуваат дека Мојсоска на 26 април 2024 година подигнала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули 2025 година трипати земала по 54.000 денари, иако веќе добива пратеничка плата.„И Мојсоска не е изолиран случај. Целото раководство на президиумот на Левица го покажа своето вистинско лице и лицемерие. Пред граѓаните се претставуваат како скромни луѓе од народот, а зад грб инкасираат пари од сопствената партија налик на патни трошоци“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од таму прашуваат зошто, доколку веќе зема пратеничка плата, Мојсоска и нејзините сопартијци посегнуваат по дополнителни средства од партиската каса. „Нели е лицемерно да глумите аскети, а во исто време да ја цедите сопствената партија?“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Лицемерие на Левица, по Апасиев и Мециновиќ и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови.Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади денари.Додека во Собрание Мојсоска ги напаѓа и обвинува колегите пратеници зошто законски добиваат патни трошоци, таа од 2021 година до денес, од својата партија зела стотици илјади денари.Ова лицемерие на Мојсоска и Левица, кога едно зборуваат а друго прават, е целосно разоткриено и демаскирано.Народот виде дека додека во јавност продаваат скромност и неподмитливост, зад нивниот грб, со пари на граѓаните, ги полнат сопствените џебови.Тука се јавуваат и други дилеми, како на пример врз кој основ Мојсоска ги добила овие пари и дали тоа се партиски патни трошоци?Мојсоска и Левица до толку ли може да бидат лицемерни, од една страна да ги напаѓаат колегите пратеници, а од другата страна, од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?Левица, Мојсоска и останатите од партискиот врв се прочитани и демаскирани. Народот виде дека се обични профитери загрижени, единствено, за сопствените џебови.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-dokumenti

Мицкоски капитулирал пред иредентистичкиот притисок, премиерот кренал раце од Западна Македонија, но не и народот, велат од Левица

„Премиер на држава, од “патриотската“ ДПМНЕ, како папагал повторува дека македонски кандидат не може да победи во Тетово, Гостивар и Струга. Премиере, кога ги избришавте овие градови од мапата на Македонија? Дали со ова им порачувате на Македонците од тие предели дека треба да се иселат, бидејќи според вас немаат никакви шанси?“, велат од Левица и додаваат:Македонија не е партиски или етнички пазар за размена на општини и функции. Тетово, Гостивар и Струга се исто толку Македонија колку и Скопје, Велес или Штип.Особено е скандалозно што токму ДПМНЕ, која се претставува како најпатриотска партија, отворено најавува поддршка за кандидатите на ВРЕДИ – луѓе кои јавно заговараат федерализација и претворање на Македонија во втора албанска држава. Со ова, Мицкоски испраќа јасна порака дека неговата борба за власт е далеку поважна од државните и националните интереси.Уште поскандалозно е што премиер на држава излегува и ги убедува Македонците дека самото кандидирање Македонци за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга било „антимакедонски чин“.Замислете, според Мицкоски, тоа што Левица единствена им понуди на граѓаните кандидати во овие општини е проблем.За каква демократија зборуваме кога премиерот однапред го потценува народот и нервозно го прогласува исходот - дека неговиот коалиционен партнер, во којшто очигледно е страстно заљубен, мора да победи?Жителите на Тетово, Гостивар и Струга заслужуваат избор - луѓе без криминално минато, без мафијашки врски, чесни, со визија и дигнитет. Левица им го нуди токму тоа на сите жители - Македонци, Албанци, Турци и сите останати подеднакво.Мицкоски треба конечно да сфати дека граѓаните не се наивни и не постојат за да му ја потврдат партиската агенда. Македонија не е нивна сопственост и не може да се разменува по тајни договори.Западна Македонија, како и целата држава, заслужува нов почеток со чесни градоначалници и советници кои ќе работат за сите граѓани и конечно ќе понудат развиток, а не уназадување.

Македонија | пред 4 месеци

apasiev

Апасиев и Левица од „неподмитливи“ станаа профитери, вистинат излезе, вели Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, жестоко ја нападна партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, обвинувајќи ги за лицемерие и профитерство.„Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица. Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани,“ изјави Манасиевски.Тој ја посочи како скандалозна зделката за купување конфискуван недвижен имот во центарот на Скопје по цена од 250 илјади евра, за која јавноста прво беше убедувана дека не постои. „Вистината излезе на површина – просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, иако Левица со години гласно се спротивставуваше на вакви практики,“ додаде тој.Според Манасиевски, со овој чекор Апасиев ја претворил Левица од левичарска и работничка во „елитистичка партија што гази врз сопствените членови“. Тој потсети и дека Левица барала донации од граѓаните, додека парите, како што вели, завршувале кај партискиот врв, а истовремено партијата го практикувала истото што им го замерува на другите – користење привилегии и патни трошоци.„Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна – од наводно неподмитливи до профитери,“ порача Манасиевски.

Македонија | пред 4 месеци

jancev

Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за сторување на кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 3, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, околу еден часот по полноќ во селото Марино, Јанчев управувал автомобил „Хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки спротивно на правилата за безбедност. Тој најпрво преминал на левата страна од коловозот, а потоа нагло свртел десно без да се увери дека тоа може да го направи безбедно. Во тој момент во десниот страничен дел од возилото удрил мопед „Јијинг“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник.Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Полесни повреди добил и сопатникот во автомобилот на Јанчев.Извршените анализи покажале дека ниту кај Јанчев, ниту кај малолетниот возач на мопедот не е утврдено присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Автомобилот и мопедот се одземени и ќе бидат подложени на вонреден технички преглед, а ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.Јавниот обвинител, земајќи ги предвид сите околности, предложил на осомничениот да му се изречат мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и возачката дозвола – со цел да се обезбеди негово присуство и непречено водење на постапката.

Скопје | пред 4 месеци

1000018679

(Фото) Приведен пратеникот Јанчев од Левица по сообраќајка во Илинден: повредени се малолетници, но и тој со сопатникот

Ноќеска, еден час по полноќ, во селото Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев (36) од Гевгелија, и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово.Според МВР, во несреќата тешко повредени се малолетниот возач и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден. Тие се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добиле и возачот Јанчев, како и неговиот сопатник Х.М. (25) од Вевчани, кои биле прегледани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.„Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.Од Левица остро реагираа на, како што ги нарекоа, „дезинформациите пласирани од куртонски медиуми“. Партијата тврди дека несреќата се случила поради удар на нерегистриран и неисправен моторцикл, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига.„Пратеникот Јанчев управувал совесно, со пропишана брзина и со вклучен жмигавец за вртење десно. Несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне. Јанчев веднаш повикал полиција и Брза помош, која пристигнала по околу 40 минути“, наведуваат од Левица.Од таму додаваат дека пратеникот и неговиот сопатник се здобиле со повреди, но посочуваат дека најтешко повреден останува малолетниот возач на моторциклот, кому му посакуваат закрепнување.„Стоиме на располагање за секаква помош и апелираме младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот. Очекуваме институциите да ја завршат својата работа чесно и професионално, без притисоци и политички конструкции“, соопштија од партијата.Левица најави дека ќе чека на официјалното вештачење и заклучоци од истрагата на Обвинителството и ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста.

Скопје | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров

Скопје уште еднаш се гуши во канцероген чад. Во населбата Трубарево избувна огромен пожар во магацини каде што бил складиран опасен отпад – електронски уреди, батерии, пластика, гуми. Наместо итен системски одговор и заштита на граѓаните, јавноста повторно доби партиски соопштенија, пресметки и меѓусебни обвинувања.Од пожарот се ослободуваат тешки метали и токсични супстанци кои во воздухот стигнуваат директно до домовите на скопјани. Граѓаните во Трубарево веќе со години предупредуваат на несовесното управување со отпадот, а сега нивните стравови се потврдија. Политичарите ја користат трагедијата за дневна пропаганда.Мециновиќ: „Колку богатство може да ве насити?“Пратеникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи остро реагираше на „лицемерието на властите и стручните кругови“ кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните.„Одете во Трубарево да видите како изгледа кога гори електронски отпад до градинка,“ порача тој, посочувајќи дека системски регулации и инспекциски надзори воопшто не постојат.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак, предупреди дека државата се соочува со „еколошка и безбедносна катастрофа“.„Скопјани дишат канцерогени материи, а институциите се нефункционални,“ порача тој, нагласувајќи дека ова не се изолирани инциденти, туку системски хаос.Од ВМРО-ДПМНЕ со најостар тон го обвинија владејачкото дуо СДСМ–ДУИ дека свесно ги оставиле депониите без контрола и дека зад пожарите стојат политички интереси. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ порачаа од партијата, барајќи итна истрага.Додека чадот од Трубарево се шири над Скопје, партиите се натпреваруваат во меѓусебни обвинувања.Во меѓувреме, додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров.

Скопје | пред 4 месеци

pratenici-sobranie-levica

Мојсоска во Струга, Божиновска во Тетово, Грујоски во Гостивар – трите адути на Левица

Партијата Левица најави дека на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени кандидати за градоначалници во општините Струга, Тетово и Гостивар.Во Струга, кандидат е актуелната пратеничка и генерален секретар на партијата, Јована Мојсоска, дипломирана на Факултетот за безбедност. Левица ја претстави како личност со политичко искуство и посветеност за заштита на јавниот интерес.Во Тетово, за градоначалничка ќе се бори д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки и вработена на Државниот универзитет во Тетово. Според Левица, таа е подготвена да се залага за враќање на законитоста и владеењето на правото.Во Гостивар, кандидат е Дарко Грујоски, ИТ-специјалист и оператор со завршени студии по компјутерски науки, кој според партијата ја претставува новата генерација професионалци.Левица нагласи дека е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок со кандидати во овие општини. Притоа ја критикуваше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да нема свои кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, поради коалициските договори со партијата ВЛЕН. Според Левица, тоа претставува „понижување и обезличување на македонскиот народ во западниот дел на државата“ и доказ дека интересите на граѓаните се потиснати од „партиските пазари и етничките пазарења“.„Нашите кандидати се луѓе со кредибилитет, знаење и професионални компетенции, кои ќе управуваат на темел на идеологија и програма, а не на етнотрибализам, клиентелизам и корупција,“ соопшти партијата. Левица ги повика граѓаните да се мобилизираат за промени и, како што наведува, за воспоставување на „вистински вредности“ во локалните заедници.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-12-142749

(Видео) Апасиев го праша премиерот Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

На собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на Левица, Димитар Апасиев го праша премиерот Христијан Мицкоски дали ќе си поднесе оставка како што вети, бидејќи има несоборливи докази за поврзаност на агенцијата „Рубикон“ со неговата партијата.Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон", која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС" на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон" е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини.Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија.Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ - ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата?!

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања