ЛЕВИЦА

dimitar-apasiev-levica

Професор, адвокат, директор, инженер: кандидатите на Левица за скопските општини

Левица најави втор бран кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во скопските општини. По долги анализи на Президиумот, партијата соопшти дека настапува со кандидати со висок професионален кредибилитет, познати во јавноста и подготвени да ги водат локалните самоуправи.Кандидати:Кисела Вода: проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет при УКИМ, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.Ѓорче Петров: адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.Карпош: Антонио Димитров, директор на Културно-информативниот центар – Скопје, со оценка дека обезбедил богата и редовна програма на институцијата.Гази Баба: Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.Во прес-изјавата е наведено и дека Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.

Македонија | пред 4 месеци

levica

Левица: Вработените во јавниот сектор остануваат без додатоци до избори

Партијата Левица денеска обвини дека Министерството за финансии, предводено од Гордана Кочоска Димитриеска, донело одлука со која на вработените во јавниот сектор ќе им бидат укинати сите додатоци и надоместоци на плата до завршување на локалните избори.Според нивното соопштение, оваа мерка ќе ги погоди работниците кои треба да добијат исплати за работа на празници, недела, ноќна работа, прекувремена работа, како и за јубилејни награди, теренски надоместоци и обештетувања во случај на смрт на член од семејство.Од Левица велат дека голем број вработени веќе добиле известување оти сите исплати ќе бидат стопирани до изборите, што тие го нарекуваат „неуставна и незаконска одлука“. Тие потсетуваат дека работничките права се гарантирани со закон и колективни договори, а не можат да бидат ограничени со акт на работодавецот.Партијата ја обвини власта на ВМРО-ДПМНЕ дека истовремено додека ги кратела примањата на работниците, троши „милионски суми за службени возила, луксузни патувања и тендери за блиски фирми“, со цел, како што наведуваат, да ја финансира сопствената предизборна кампања.Левица ја повика министерката Кочоска да ја повлече оваа одлука и да „престане да организира избори на грбот на работниците“.

Македонија | пред 4 месеци

Vardariste-diva-deponija-3

Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа ништо за Вардариште

Партијата Левица денеска соопшти дека изјавите на в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, со кои повторно ја отвораат темата за депонијата Вардариште, се „трагикомични и провидни“ и служат само за предизборни поени.„Вистината е јасна – проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и преку надлежните институции да интервенира. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите што палат, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање,“ се наведува во реакцијата.Од Левица прашуваат зошто градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години не презеле ништо за решавање на проблемот и зошто ветувањата дадени пред изборите останале само на хартија.„Загадениот воздух што го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови. Граѓаните не заслужуваат нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција,“ порачуваат од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица: Растот на платите постои само во табелите на ДПМНЕ, не и во паричниците на работниците

Левица остро реагира на изјавите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој на прес-конференции се повикува на растот на реалната плата и стабилизирана инфлација како аргумент за наводно подобрен животен стандард на граѓаните.„Тврдењето дека растот на реалната плата е 6,7% е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат повеќе од половина милион работници. Во мај 2025 година, од 509.960 работници, дури 374.045 или 73,3% добиваат плата под просечната, а 169.082, односно една третина, преживуваат со под 30.000 денари месечно – двојно помалку од синдикалната минимална кошница која во август достигна 65.507 денари,“ велат од Левица.Според партијата, парадоксално е да се зборува за висок раст на реалната плата додека голем дел од работниците се наоѓаат под прагот на сиромаштија. Дополнително, Левица обвинува дека властите манипулативно се повикуваат на просечна инфлација од 3,6%, која е „вештачки измазнета“ и ги прикрива реалните поскапувања на храната, енергенсите и кириите, кои во последните пет години се зголемиле за 30 до 40%.„Стабилизирана инфлација постои само на хартија, додека секојдневието на народот е обележано со неизвесност, долгови и осиромашување,“ додаваат од партијата.Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои ефективна контрола на цените на основните продукти, зголемување на минималната плата на 500 евра, подобрување на социјалните мерки, целосна транспарентност во монетарната и фискалната политика и воведување фер, прогресивен даночен систем.„Економската политика на ДПМНЕ е политика на одбрана на привилегиите на малцинството наспроти интересите на мнозинството,“ порачуваат од Левица.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ од Левица најавува револуција во јавниот превоз и урбанизмот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во своја објава порача дека скопјани, кои го изградиле градот, денес не можат да обезбедат сопствени домови поради енормните цени и неконтролираната урбанизација.„Не можат да се движат низ Скопје поради колапсот на јавниот превоз, ниту да се социјализираат без плаќање поради недостаток на јавни простори. Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа го сакаат – за да креираат урбанистички планови во интерес на фирмите на нивните донатори“, истакна Мециновиќ.Тој ги обвини двете најголеми партии дека ја претвораат секоја потреба на граѓаните во профит за елитите и го уништуваат достоинството на обичниот човек.Како приоритети на својата програма ги најави:– целосен фокус на јавниот превоз, со цел автомобилите да не бидат неопходни во градот,– нов Генерален урбанистички план кој ќе овозможи достапно домување и зачувување на животната средина,– промени во градското функционирање со фокус на јавниот интерес пред корпоративниот профит.„Чистиот воздух е поважен од профитот на индустријалците“, нагласи тој. Мециновиќ најави дека наскоро ќе го претстави и концептот за социјален модел на наплата на комуналиите, со цел подобра заштита на граѓаните.

Скопје | пред 5 месеци

petrusevski-apasiev

Пресметка меѓу Апасиев и Петрушевски: размена на остри критики пред изборите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велејќи дека има „мањак од 100-150.000 гласа“ од последните избори и додавајќи дека „ароганцијата е автодеструктивна на долг рок“. Апасиев порача дека Мицкоски ќе зажали за ваквото однесување и најави дека изборите се ближат.На ова реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој жестоко возврати на Апасиев. Тој му порача дека како универзитетски професор треба да знае дека локални избори не се споредуваат со парламентарни, туку со претходни локални избори.„Наместо да броиш гласови на ВМРО-ДПМНЕ, гледај си ја својата партија, бидејќи ти си најголемиот хендикеп на Левица. Во ваква ситуација, кога СДСМ е целосно растурена партија со криминален багаж, вистинска мајсторија е Левица да се бори за пет проценти поддршка“, изјави Петрушевски.Петрушевски оцени дека борбата на Левица се сведува на тоа да обезбеди минимално присуство во неколку општински совети, а најголемиот проблем на Апасиев, според него, е маргиналноста и искривената лична перцепција.Оваа размена на обвинувања уште еднаш ја потврдува напнатата атмосфера пред претстојните локални избори, каде што меѓусебните пресметки на лидерите на опозицијата и помалите партии стануваат сè поостри.

Коментари | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Ќе побара ли Апасиев од Мециновиќ да го врати пратеничкиот мандат? ВМРО-ДПМНЕ му бара да биде доследен на изјавата од пред четири години

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во 2021 година побара сите пратеници кои се кандидираат за градоначалници да си поднесат оставки од пратеничката функција. Сега, кога Амар Мециновиќ се кандидираше за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го праша лидерот на Левица, дали ќе побара актуелниот пратеник да го врати мандатот.„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Инаку, Мециновиќ денеска беше претставен како кандидат на Левица за градоначалник на Скопје, на престојните локални избори.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Скопје знае за него“ - Левица оваа недела ќе го објави кандидатот за градоначалник на Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје:„Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!?Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија?Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за градоначалник на Скопје.” - напиша тој објавувајќи слика со натпис „Скопје знае за кого”.

Скопје | пред 5 месеци

pratenici-sobranie-levica

Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шесттата година на детето! Левица поднесе пакет закони

Левица поднесе пакет закони за младите и младите брачни паровиПратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, како одговор на тоа како државата да ги стимулира младите да останат и формираат семејство во државата. Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница.Пакетот закони на Левица ги опфаќа следниве предлози:1. Воведување горна граница на кириите (моментално има само долна граница);2. Државна поддршка за купување на прв дом за млади, односно државна гаранција за 95% од станбените кредити (наместо сегашното барање за 15% учество за станбен кредит, тој да се намали на најмногу 5% и државата да ја гарантира отплатата на тие кредити за младите);3. Простување на дел од станбените кредити при добивање второ, трето дете итн.4. Ваучер од 6.000 денари за неформална родителска грижа;5. Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шесттата година на детето;6.Бесплатен јавен превоз за родители со деца до 6 години.Како што истакна Мециновиќ, овој пакет закони произлегува после апсурдната понуда на владата за воведување на данок на немажени и неженети. И во ситуација на апсурдни предлози од владата, Левица како опозиција смета дека младите треба да посочат кон какви предизвици треба да се фокусираме како Собрание и која институционална помош е потребна на нашите млади.Левица цени дека државата нема да ги стимулира младите да формираат семејство со дополнителна репресија и нерационални мерки како најавениот данок за немажени/неженети. Единствен стимул, според партијата, е решавање на горливите проблеми и обезбедување на достоинствени услови за живот.

Македонија | пред 6 месеци

gaza1

Собранието не изгласа резолуцијата со која Израел треба да дозволи влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа

Мнозинството пратеници не дадоа поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа.Поддршка дадоа само 16 пратеници, меѓу нив и 6 пратеници на Левица.Со резолуцијата беше предвидено Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.Левица остро ја критикуваше одлуката на Законодавниот дом.„Од народ кој во Втората светска војна извијува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад”, реагираше пратеничката на Левица Јована Мојсоска.Со оваа резолуција се бараше од Израел да овозможи без одлагање влез на хуманитарна помош и тоа храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во појасот Газа, во согласност со меѓународното право, како и со одлуките на релевантните меѓународни тела и организации и се упатуваше повик кон Обединетите нации, Европската унија, Исламската Конференција, како и сите други меѓународни организации да засилат дипломатски и хуманитарен притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и за подобрување на условите за цивилите.Резилуцијата беше предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.

Македонија | пред 6 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска: Левица гласаше за хуманитарна помош за Газа – собранието ја отфрли резолуцијата

Само 16 пратеници, од кои шест пратеници од Левица, во македонското собрание гласаа за Резолуцијата за хуманитарна помош на Газа.„Во моментов во Собрание само 16 пратеници гласаа хуманитарна помош на Газа (од кои 6 пратеници на Левица) - односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.Додека палестински деца умираат од глад, македонското собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) - туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!“, напиша пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.Понатаму во својот коментар Мојсоска вели дека од народ кој во Втора светска војна извојувал победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со „неоколонијален и вазален менталитет“ се молчи додека деца умираат од глад.„Се срамам од генерација која е апатична, индиферентна и колаборационистичка пред најголемото злосторство на нашето време“, го завршува својот коментар Мојсоска.Инаку резолуцијата која беше поднесена во македонското собрание бара од државата Израел да дозволи итно воведување хуманитарна помош (храна, медицински материјали и логистичка поддршка) за цивилното население во Газа, во согласност со меѓународното право, како и одлуките на релевантните меѓународни тела и организации. Со резолуцијата исто така се бараше ОН, Европската унија, Исламската конференција и сите други меѓународни организации да го зголемат дипломатскиот и хуманитарниот притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и подобрување на условите за цивилите.

Македонија | пред 6 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Левица: Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки - надлежните веднаш да донесат мерки за заштита на населението

Согласно Акцискиот план на Институтот за јавно здравје (2025–2030), при надминување на граничните вредности на температурите од 39°C во јули (за скопскиот регион), се активира црвена фаза - состојба која бара итни и засилени мерки за заштита на населението.Во овој момент, согласно официјалните прогнози на УХМР, температурите низ државата достигнуваат и надминуваат 40°C – што значи дека Македонија е во црвена фаза, дефинирана како своевидна вонредна состојба.Според Левица, несериозно и крајно неодговорно е институциите да излегуваат со неефикасни, незадолжителни препораки, наместо со обврзувачки мерки кои би ги заштитиле граѓаните, особено најранливите категории.-Министерството за здравство и Владата ја минимизираат реалната закана по животот и здравјето на граѓаните, додека медицинските служби и Брзата помош се веќе преоптоварени. Дополнително, давање препораки до приватните работодавачи во контекст на македонските услови, каде работничките права се грубо прекршувани, е недоволно и апсолутно неефективно, смета партијата.Левица бара итна и конкретна акција од министерот за здравство Азир Алиу и Владата:- Да се донесат задолжителни мерки за ослободување од работни обврски на ранливите категории, лица над 60 години, хронично болните од кардио-васкуларни и респираторни заболувања, онколошките пациенти, лицата со дијабет, трудниците и сл. неселективно, односно независно од секторот, работата која ја обавуваат;- Да се забрани работа на отворено во критичните часови (11:00 – 17:00);- Да се активираат сите мерки од постоечкиот акциски план на ИЈЗ;- Да се ангажираат и мобилизираат локалните самоуправи и Црвениот крст за згрижување на бездомници и обезбедување на јавни простори за ладење;- Да се засилат контролните механизми и да се санкционираат работодавците кои ги игнорираат мерките.-Ниту еден човечки живот не смее да биде ставен на коцка поради нечија неспособност, незаинтересираност или бирократска летаргија. Неодговорноста на институциите во ваква состојба е повеќе од пропуст – таа е опасна и потенцијално кобна. Бараме веднаш да се прекине со игнорирањето на реалноста и да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, велат оттаму.

Македонија | пред 6 месеци

apasiev

Левица обвинува: ДПМНЕ ја продава историјата и јазикот за европски аплаузи

Левица повикува македонските институции јасно да стават до знаење дека нема да прифатат никакви заеднички иницијативи со Бугарија кои го доведуваат во прашање македонскиот јазик, историја и идентитет. Наместо да се вплеткува во дипломатски стапици, Владата треба веднаш да ја прекине комуникацијата со Софија за овие прашања, смета Левица.„Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност. Дезориентираната надворешна политика на Муцунски овие непобитни ставки ги доведува во позиција да станат предмет на договор, со што македонскиот народ и држава ги става пред повторно склучување компромис околу суштински прашања како при Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.Наместо цврсто да стои на ставот дека македонскиот јазик и идентитет (одамна признаени од ОН и научната јавност) се неспорни, МНР се надоврзува на срамната Резолуција на Европскиот парламент со обид за нејзина практична имплементација, токму она што Софија со нетрпение го очекува. Заедничка резолуција со земја која со децении ги негира нашите основни права и има иредентистички аспирации значи прифаќање на услови кои директно го поткопуваат македонското самоопределување.Благодарение на однародени и бизнис-ориентирани политичари, Република Македонија, која веќе го смени знамето и уставното име под странски диктат – со ДПМНЕ е на пат да стане првата држава што ќе го доведе под прашање и сопствениот службен јазик.Не помина многу време од кога Мицкоски хистерично тврдеше дека ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата и македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи.Денес, истиот тој си ги гази зборовите и ја претвора Република Македонија во услужен сервис на Софија.На дело гледаме како “патриотите” од ДПМНЕ, штом седнаа во фотелјите на власт, не само што го продолжија курсот на капитулација на нивните претходници од СДС, туку и го продлабочуваат. Со ДПМНЕ на власт, Македонија уште побрзо се претвора во држава без став и кичма, која тргува со историјата и идентитетот за неколку тапкања по рамо од странство”, вели Левица.

Македонија | пред 6 месеци

levica

„Левица убива деца“ – партијата најави тужба против Богојески поради скандалозната изјава

Партијата Левица најави тужба за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против, како што го нарекуваат, „владиниот функционер“ Петар Богојески.Во соопштението испратено до јавноста, од Левица велат дека повод за овие правни чекори е „срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава“ на Богојески, кој е „актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски“.„Скандалозните јавни обвинувања дека ‘Левица убива деца’ не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови“, посочуваат од партијата.Дополнително, според нив, прогласувањето на сите левичари за „психопати“ од страна на лице „кое со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација“, претставува „игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачко однесување“.Од Левица оценуваат дека се работи за „политичка злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп“, со „паушално поврзување со Левица“, што, според нив, е „циничен и безобзирен обид за политичко профитирање и дискредитација на политички противници од страна на власта“.

Македонија | пред 6 месеци

apasiev-filipce-5

Левица со свој кандидат за Скопје, СДСМ сѐ уште во изборна проценка – битката за локалните избори започнува

Партијата Левица на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје, потврди лидерот Димитар Апасиев во интервју за ТВ24. Со оваа одлука, Левица се откажува од стратегијата од минатите избори, кога ја поддржа независната кандидатура на музичарот Петар Георгиевски – Камиказа.„Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев.Според него, Левица ќе има советнички листи во над 50 општини низ државата, а интересот за градоначалничките позиции е голем – на јавниот оглас пристигнале над 20 апликации. Процесот на селекција, вели тој, ќе биде транспарентен и базиран на јасни критериуми.Апасиев најави тешка изборна кампања, предупредувајќи на можно „валкано сценарио“:„Очекуваме силни удари, особено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се истурат многу пари, но ние сме подготвени и нема да отстапиме.“Во однос на можните коалиции со партии на Албанците, тој истакна дека ќе се разгледуваат партнерства во мешани средини, но само врз основа на принципиелност, заемно почитување и компатибилност на кандидатите со заедниците.СДСМ, од друга страна, сѐ уште не објавила официјален кандидат за Скопје. Претседателот на партијата Венко Филипче вели дека финалната одлука ќе биде соопштена до крајот на месецот, а во игра се четворица кандидати – меѓу нив архитектот Мишко Ралев и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.„Нашата цел е да понудиме човек што ќе обединува и што ќе внесе доверба и чесност во управувањето. Сакаме скопјани да видат дека нудиме кредибилитет, не само политички маркетинг“, рече Филипче.Во однос на внатрепартиските тензии, најексплицитен е примерот со Струмица – каде што СДСМ го поддржа Марјан Даскаловски наместо актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. По таа одлука, Костадинов го замрзна членството во партијата, барајќи смена на раководството.Филипче за тоа вели дека изборот бил направен според внатрешните анализи и поддршката која ја имаат кандидатите во партиското членство.Во однос на евентуална соработка со Албанските партии, лидерот на СДСМ потврди дека разговори со Таравари се веќе започнати, но дека одлуката ќе ја донесе општинската организација.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања