ЛЕВИЦА

Krani-kamp

Левица: Компанијата „Агроплод Ресен” незаконски и криминално го издала автокампот Крани за работа на „ИМПЕРИУМ-ПЕТ” ДООЕЛ

Додека директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски држи празни прес-конференции за наводните контроли на неговата институција, Левица објавува докази како само 2 месеци после трагедијата со Кочани, пазарниот инспекторат при вршење надзор не постапил законски и дозволил авто-кампот КРАНИ да продолжи да работи без дозвола!Левица претходно објави дека овој автокамп е криминално присвоен од компанијата „Агроплод Ресен” и истиот формално-правно не постои, односно не е категоризиран согласно Законот за автокампови и нема дозвола за работа. Во одговор на Пазарниот инспекторат, наведено е дека на 15 април пазарен инспектор извршил надзор во овој автокамп, при што констатирал дека автокампот Крани не ги исполнува санитарно-здравствените услови, условите за заштита при работа, условите за противпожарна заштита, како и дека истиот не е категоризиран, односно работи без дозвола за работа.Но, наместо пазарниот инспектор веднаш да го затвори авто-кампот и да иницира постапка против правниот субјект кој незаконски узурпира и стопанисува со државен имот, инспекторот изрекол само опомена со временски период да ги отстрани неправилностите?! Пазарниот инспектор бил должен да знае дека се работи за авто-камп во сопственост на Репубика Македонија, со кој криминално стопанисува „Агроплод Ресен”, на кој уште во 2004 година и е одземена концесијата за овој авто-камп и оваа компанија нема никаков правен основ за да работи со автокамп Крани, туку истата треба да биде под кривична истрага за узурпација на државен имот, се наведува во соопштението на Левица.Левица објавува уште еден доказ, односно одговор од Државното правобранителство, во кое јасно стои дека предметниот автокамп формално-правно не постои и истиот е во неспорна државна сопственост. Моментално, компанијата „Агроплод Ресен” незаконски и криминално го има издадено автокампот за работа на правното лице „ИМПЕРИУМ-ПЕТ” ДООЕЛ Скопје, каде управител е Александар Петковски. Се работи за сериозен криминал под заштита на институциите, каде годишно незаконскиот управител остварува чист профит и до 160.000 евра.Левица алармира дека при ваквиот сериозен криминал не е во прашање само финансиската корист која се остварува криминално, туку и незаконското работење без дозвола за работа ни дава сериозна загриженост после трагедијата со дискотеката „Пулс”, каде токму непостапувањето на пазарните инспектори (кои дозволија да работи без лиценца), за жал резултираше со 63 трагично изгубени животи.Партијата прашува - дали власта и премиерот Мицкоски го штитат од кривичен прогон нивниот директор на Државниот пазарен инспекторат за трагедијата со Кочани затоа што Влатко Стојкоски продолжува да не постапува против локални моќници и нивниот криминал?!фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

Sobranie-zgrada

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Пратеничката група на Левица поднесе амандман кон Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој бара 600.000 евра да се наменат за обезбедување престој и сместување за жртвите на семејно насилство.Во Македонија постојат само 11 шелтер центри, од кои дел се руинирани, неопремени, нефункционални, со крајно ограничени капацитети кои никако не можат да одговорат на растечкиот број на жртви на семејно насилство за кој државата мора итно да преземе мерки.Економската зависност и необезбедениот кров над глава претставуваат најголемите и најсуштински пречки за жртвите да го напуштат насилниот дом и да започнат нов, безбеден живот. Многу жени жртви на семејно насилство се целосно или делумно финансиски зависни од насилникот, без или со недоволно лични приходи за да можат самостојно да ги поднесат високите трошоци за живот. Ова особено значи дека тие немаат пристап до средства за изнајмување или купување на сопствен дом, ниту пак имаат сопствен имот кој би можеле да го искористат како основа за нов почеток. Во вакви услови, изборот да останат во насилната средина не е им е вистинскиот, пожелен избор, туку примораност, велат во партиското соопштение.Посочуваат дека без конкретна финансиска поддршка и обезбедено домување, жртвите остануваат во зачаран круг на насилство со сериозни последици врз нивното физичко и психичко здравје, како и врз децата што растат во таква средина.-Овој амандман на Левица е и директен одговор на обврските кои државата ги има согласно Истанбулската конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кои предвидуваат дека државата мора да обезбеди мерки и финансии кои би значеле помош за нов почеток и закрепнување на жртвата, вклучувајќи го и домувањето.Апелираме до сите пратеници во Собранието да го поддржат овој амандман и да покажат дека безбедноста и животот на жртвите на семејно насилство се над партиските интереси. Особено упатуваме порака до владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ дека оваа тема не трпи ароганција и каприц! Не смееме да дозволиме економската немоќ и немањето кров над глава да бидат причина за фатален крај, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 месеци

photo_2025-07-02_14-31-44

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари - пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

„Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија од летните пожари“ , велат од Левица и додаваат:Во државата моментално има само еден исправен ер трактор за гаснење на истите. После една година власт на ДПМНЕ и ЗНАМ, условите за работа на противпожарните единици не се подобрени по ниту еден параметар. Нè очекува уште едно лето во кое безбедноста на граѓаните е оставена на последно место.Власта никако да ја научи лекцијата и покрај тоа што минатата година изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 4% од територијата на Македонија. Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување наместо да се заложи за обезбедување на ер трактори, ја лаже јавноста дека во моментов нема потреба од дополнителни летала. Го прашуваме Христијан Мицкоски, дали тој ќе поднесе одговорност, доколку и ова лето ни се случи катастрофа со пожарите како и претходното, со оглед на тоа дека со негова одлука Стојанче Ангелов е преземен како кадар на валдата на СДС и ставен да управува со овој важен ресор од неговата влада?Потсетуваме, при креирањето на Буџетот за 2025 година, пратениците на Левица поднесоа амандман 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини за да се прераспределат на територијалните противпожарни единици. За жал, владејачкото мнозинство од ДПМНЕ одби да го прифати овој амандман, што неминовно ќе доведе до потешкотии со превенирање на пожарите и несомнено ќе ги доведе шумите, но и граѓаните во опасност.Државата сè уште е во катастрофална состојба и не може да превенира или да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и не инвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња! Доколку државата итно не интервенира со неопходното купување на нова противпожарна опрема, техника како и обучување на пилоти и зголемување на бројот на ер тракторите, превенција од нови катастрофи тешко дека ќе има.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

ЕУ го сведува македонскиот идентитет на пиперки и пинџур - македонскиот народ не верува во полноправно членство, вели Левица

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос, во која македонскиот идентитет се сведува на „манастири, погача, пинџур и полнети пиперки“, го оценуваме како релативизирање и обезвреднување на националниот идентитет на македонскиот народ. Со давањето фолклорна карактеристика на националниот идентитет, претставничката на ЕУ се обиде да го алинеира идентитетот од неговиот историски, национален, политички и државотворен карактер, односно од неговите елементарни идентитетските карактеристики, коишто се предмет на спор и заради кој Бугарија не дозволува Македонија да продолжи со евро-интеграциските процеси“, вели Левица и додава:Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ. Евроскептицизмот расте, а угледот на Унијата од ден во ден се руши токму поради колонијалниот однос којшто со децении се негува кон Македонија. Додека домашните владејачки елити демонстрираат немање на политички и институционални капацитети да ги достигнат минималните стандарди потребни во секое од поглавјата, граѓаните речиси воопшто не веруваат во реформските планови предложени од ЕУ, кои повеќе од дваесет години се вртат во круг после секоја промена на влада.Промената на власта не покажува промена во надворешно-политичкиот курс којшто го води државата. Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди гаранција дека внесувањето на Бугарите во уставот како последно барање на Бугарија, значи само прифаќање на т.н. „Француски предлог“ и продолжување онаму каде што СДС и ДУИ застана. Релативизирањето на барањата за идентитетски отстапки од Македонија нема ниту да го забрзаат процесот на интеграција, ниту пак ќе го подобрат функционирањето на државниот систем и животниот стандард на граѓаните.Левица најостро го отфрла овој редукционистички и навредлив однос кон македонскиот народ. Нашиот идентитет не е гастрономска карта, туку политичка реалност израсната од историска борба за слобода, рамноправност и социјална правда.Повторно повикуваме Македонија да стави јасно до знаење дека отфрла секаква комуникација со Бугарија по однос на сите прашања што задираст во националниот идентитет, што значи и распуштање на историската комисија. Евро-интеграциските процеси треба да продолжат исклучително преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде бараме да бидеме третирани еднакво како и останатите земји кои претходно станале дел од европското семејство.

Македонија | пред 7 месеци

kocevski-1

Левица поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Пратеничката група на Левица денеска поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обвинувајќи го за селективно постапување, политички влијанија и пропусти во работењето на Јавното обвинителство.Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција посочи четири основи за интерпелацијата:Селективна истрага за трагедијата во Кочани, при што, според Левица, се таргетирале само поранешни функционери, а се изземале актуелни лица од одговорност.Политички притисоци врз обвинителството, што, како што рече Јанчев, се потврдило преку јавниот судир со Владата и повлекувањето на иницијативата за смена по отворањето предмети против кадри на ВМРО-ДПМНЕ.Хаос во Вишото обвинителство во Скопје, за кое беа споменати случаи на компромитирани обвинители што, според Левица, укажуваат на институционално распаѓање.Игнорирање на пријавите за дивоградби во Чаир, и покрај, како што наведоа, јавно обелоденети докази од страна на градоначалничката Данела Арсовска.„Коцевски е персонално одговорен за состојбите, согласно Законот за јавно обвинителство“, рече Јанчев, најавувајќи дека по изгласување, заклучокот ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка за смена.

Македонија | пред 7 месеци

pratenici-sobranie-levica

Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир - од компромитираната ДКСК само молк, вели Левица

„Општина Чаир и заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири во скандалозна шема успеале да извлечат пари од буџетот на општината на нетранспарентен и коруптивен начин. Имено, општина Чаир исплатило речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на функционерката од Вреди, и тоа само во периодот откако Зеколи-Шаќири стапи на функција“, вели Левица и додава:Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција.Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир.Левица ја повикува Антикорупциската комисија конечно да започне професионално да ја реализира својата работа, наместо да го крие од медиуми сертификатот на директорот на АНБ. Наместо да молчи пред владината корупција, ДКСК мора веднаш да отвори предмет за скандалозното делење буџетски пари на фирми во сопственост на владини функционери.

Македонија | пред 7 месеци

Нема фотографија

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243 милиони заради бизнис зделки?, праша Левица

„Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра, најмногу средства ќе добие токму Општина Куманово, речиси 243 милиони денари. Овој податок отвора сериозни прашања: Дали градоначалникот и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, е награден за неговата (не)успешност во досегашното управување со градот, кое за осум години резултираше со два кружни текови и вечно крпење на сообраќајни сигнализации, или пак ова е награда за неговата коруптивна соработка со ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години заедничко владеење?“, велат од Левица и додаваат:Граѓаните сè уште паметат проекти кои претставуваат симболи на фијаско и криминал. Таков е примерот со „НБА семафорот“ за кој беа потрошени вртоглави 10 милиони денари. Се уште е свежа и аферата со ДУП-от за „Лидл”, кој беше протуркан во соработка со ДПМНЕ и ДУИ, а во имтерес на блиски роднини на градоначалникот.Од проектите со кои Максим конкурирал за средства може да се издвојат проектот за атмосферска канализација на ул. Бајрам Шабани, договорен на 6 јануари 2025 година. До денес, улицата е сè уште раскопана, непроодна, а жителите со месеци објавуваат снимки од пукнати цевки и нестручно изведени работи, за што Левица и претходно информираше.Втор пример е гасоводната мрежа на ул. В. С. Бато во Зелен Рид, договор склучен на 18 февруари 2025. Делот од улицата каде што е вградувана мрежата не е повторно асфалтиран и претставува директна опасност за учесниците во сообраќајот и за жителите.Овие примери јасно покажуваат дека Димитриевски нема капацитет ниту за планирање, ниту за спроведување на јавни инвестиции. Токму затоа, Левица прашува дали средствата од унгарскиот кредит се доделени поради спремноста на Максим и локалните владини функционери на коалицијата ЗНАМ-ДПМНЕ-ДУИ за учество во нова шема на поделба на јавните пари преку надувани проекти, тендери и провизии?Во време кога на граѓаните им недостигаат основни услуги, доделувањето на милионски средства на истите тие структури кои зад себе оставаат недовршени улици, расфрлани пари и мирис на корупција, е чин на продолжување на една длабоко корумпирана политичка пракса. Левица ќе продолжи да го следи трошењето на овие средства, да алармира за злоупотреби и да бара отчет до последен денар.

Македонија | пред 7 месеци

pratenici-sobranie-levica

Трет обид за надзорна расправа во Собрание за трагедијата во Кочани и пропустите на институциите, иницирана од Левица

​„Денес на дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот како единствена точка на Дневен ред ќе се најде Иницијативата на пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани и институционалните пропусти што довеле до неа“, велат од Левица и додаваат:Станува збор за трет обид на пратеничката група на Левица да отвори транспарентен парламентарен процес на утврдување одговорност. Дали расправата ќе се одржи или не – ќе зависи пред сѐ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои на седницата на 4 јуни, заедно со пратениците од ВРЕДИ и ЗНАМ, гласаа против ставањето на оваа точка на дневен ред.Претходно, на почетокот на април, пратеникот на Левица Борислав Крмов како избран пратеник од Изборна единица 3 поднесе иницијатива за надзорна расправа, но истата не доби поддршка од ниту еден друг пратеник надвор од редовите на Левица, односно доби само шест потписи, а беа потребни најмалку 15 потписи за да влезе во процедура.Од Левица повторно апелираат до владејачкото мнозинство да не го блокираат овој процес, кој е прашање од суштински јавен интерес. „Обврската за отчетност не е политичка опција, туку демократска должност. Граѓаните, особено кочанчани, заслужуваат одговори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес имаат шанса да докажат дека немаат што и кого да кријат”- се вели во соопштението на Левица.

Македонија | пред 7 месеци

rabotnik-gradezen-

Да се работи шест часа, наместо осум - нов предлог закон доставен до пратениците

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција го најави поднесувањето на Предлог-законот за намалување на работното време од осум на шест часа, без реперкусии по платите. Тој посочи дека ова е еден од најважните програмски приоритети на партијата, но и дека „тоа не произлегува само од идеологија, туку од времето кое ги диктира промените и од цивилизацискиот напредок на човештвото“.Во своето обраќање, Мециновиќ нагласи дека осумчасовното работно време е историски застарен концепт:„Во поширок контекст, осумчасовниот работен ден е остаток од индустриското време и е стандард за полно работно време кој не одговара на овој свет, туку на сосема различен свет.“Тој укажа дека денешниот свет се карактеризира со зголемена продуктивност поради технолошкиот напредок, што суштински го менува односот на работникот кон неговата обврска:„Обврските на работникот се автоматизираат, дигитализираат и унапредуваат на начин што тој веќе не е инволвиран, како што бил инволвиран во индустриското време. Работниците денеска живеат во време кога технологијата напредува, но истовремено нивниот работен ден и работен век е исполнет со исцрпеност, анксиозност и хроничен замор, без вистински простор за одмор, грижа за семејството или општествена партиципација. Во македонски контекст ова е и заради тоа што власта не сака да ги зголеми платите“ - посочи Мециновиќ.Тој потсети дека партијата веќе предложила закон за зголемување на платите по моделот на синдикатите, кој бил одбиен:„Нашите работници не смеат да бидат оставени сами на себе, не смеат да бидат оставени сами против оваа антиработничка власт. Така да, во услови кога не се зголеми минималната плата, предлагаме да се намали работното време.“Мециновиќ подвлече дека предложеното намалување на работното време не е експеримент, туку мерка заснована на конкретни анализи и глобални искуства:„Исланд, Велика Британија, Шведска, Јапонија, Германија, Франција и многу други држави веќе имаат воведено помало работно време или експериментираат со модели за помало работно време. Во регионот, во мај 2025 година, властите на Црна Гора намалија работното време.“Според него, сите анализи покажуваат јасни резултати: подобра продуктивност, помало отсуство од работа, подобро ментално здравје и зголемена лојалност кон работните обврски на работниците. Тој додаде:„Ниедна од овие земји не претрпе економски удар, туку напротив, многу фирми, државни и приватни, пријавија раст.“Мециновиќ нагласи дека предложениот модел не предвидува дополнителни трошоци за буџетот:„Нашиот предлог е конципиран со внимание да нема буџетски трошоци. Нема наметнато вештачко темпо, туку сметаме дека ова доаѓа природно во ова време и најпосле преминот е реален и изводлив, особено во сектори каде веќе е воспоставен флексибилен пристап кон работното време.“Тој порача дека „ова е порака дека во Македонија политичката елита нема да биде нема на трендовите кои се одвиваат во Европа“, и дека Левица го гледа предлогот како „дел од континентален тренд“, но и како „наша обврска, затоа што овој мандат многу пати интервениравме во законот за работни односи“.Во заклучокот, Мециновиќ повика на поширок општествен ангажман околу предлогот:„Доколку помине првата фаза на донесување на овој закон, тогаш во комисиите можеме да разговараме за спецификациите на законот. Ние нудиме модел со шестчасовно работно време, но во комисиите можеме да разговараме да дојдеме до оптимум. Тоа што е битно – битно е да се наметне јавен притисок. Битно е да се вклучат синдикатите, здруженијата на работниците, оние здруженија кои се баваат со работничките права, оние здруженија кои се баваат со физичкото и менталното здравје на нашите граѓани. Во еден јавен дискурс да наметнеме притисок дека ова е потребно.“На крајот, тој додаде: „Очекуваме поддршка од партиите, затоа што сметаме дека нешто мора да се направи за работниците при седум милијарди евра задолжувања во последната година.”

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.14.49

Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани - власта гласаше против

Втората иницијатива на партијата, односно пратеничката група на Левица за свикување надзорна расправа по однос на трагичниот настан во Кочани повторно беше одбиена од страна на владејачкото мнозинство, соопштуваат од Левица. Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, изрази разочараност од повторното блокирање на иницијативата, потенцирајќи дека уште на 3 април пратениците од Левица поднеле официјално барање за надзорна расправа, кое сè уште не е влезено во процедура поради недоволниот број на пратеници-потписници.„Со шест пратеници немаме доволен број за да поднесеме надзорна расправа. Ни требаат уште минимум девет потписи, но ниту една друга пратеничка група во Собранието не се одважи да се приклучи“, изјави Крмов.Тој истакна дека борбата за институционално расветлување на трагедијата не е завршена и најави дека Левица ќе продолжи да инсистира оваа точка да се најде на дневен ред на следна специјална седница на Комисијата. Тој посочи дека претседателот Апасиев повторно ќе ја предложи иницијативата, по што ќе се види дали владејачкото мнозинство ќе остане на истата позиција.

Македонија | пред 7 месеци

Untitled-1

Не бегам нека постапат по пријавата, ако нема одговорност ќе чекам Левица да се извинат оти може да има и спротивна пријава, вели Мицкоски за кривичната

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извинување од Левица, ако Обвинителството не утврди одговорност кај него дека ги прекршил законите, а по обвинувањата кои ги доби дека правел пазар со обвинителот Љупчо Коцевски.„Јас го повикувам Обивнителството да се произнесе по пријавата и ако постои такво кривично дело, да постапи по истата. Јас не се кријам и не бегам. Ако сум го прекршил законот, спремен сум да одговарам пред граѓаните. Да не чекаат ниту една минута. Прашањето има повеќе политика отколку право. Ако нема моја кривична одговорност, очекувам правниците во Левица да се извинат. Зошто може да има спротивна кривична пријава, за лажно пријавување и клевета“, рече Мицкоски.Претходно:

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со пратениците поднесоа кривична против Мицкоски: Поради политички договор за предметот за Кочани, Коцевски не е разрешен

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани. Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана. Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои, тие сметаат дека имаат вина.„Сите седуммина мораше да бидат опфатени во истрагата. Сметаме дека нудењето корист е прво овие вмровски функционери да не бидат опфатени, некои му биле советници на Панче Тошковски и имале шеми за испомпување на пари од МВР. Договорот е да му го продолжат мандатот, а овие да го заштитат од кривичен прогон. Обвинението е криво поставено“, рече Апасиев.Тој замерува што никој не е обвинет за корупција. Посочува дека како доказ предложиле и распит на премиерот.„Се надеваме дека ќе смогне Обвинителството сили да го викне на распит“, додаде тој.Потоа, тој објасни дека го пријавиле премиерот и за оддавање на службена тајна.„Имаме обезбедено писмени докази“, посочи Апасиев.

Македонија | пред 8 месеци

loson-mickoski

Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата, носи нови работни места, развој, напредок и проекти, вели ВМРО-ДПМНЕ

Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата и ќе биде додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните и генерално на македонската економија“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Договорот со Обединетото Кралство е историски и важен поради најмалку две причини.Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти.Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.Втората група проекти се во здравството, завршување на клиничкиот центар Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.Договорот подразбира отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи проекти какви што досега немало, инвестиции во железницата преку брзи линии, автопати и патишта.Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината и здравството.Договорот носи историски инвестициски циклус со кој Македонија ќе работи, ќе се гради, ќе се развива, ќе напредува.

Македонија | пред 8 месеци

photo_2025-05-09_08-28-17

Пукање во кафич во Штип додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ туркаат закон за либерализација на трговијата со оружје, вели Левица

„Вчерашните страшни сцени со пукање во кафич во центарот на Штип дополнително ја вознемири јавноста, додека премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани говорат дека народот никогаш не бил побезбеден. Можеби владејачката елита се чувствува безбедно на нивните скапи патувања, додека граѓаните стравуваат од престрелки на јавни места, каде има висока френквенција на родители со деца“, вели Левица и додава:Премиерот Мицкоски додека дели благодарници на неговиот поранешен личен адвокат, а сега министер за внатрешни работи, Македонија колабира на безбедносно поле.Левица обелоденува уште еден скандалозен чекор на екстремно неспособната владејачка гарнитура - имено, до Собранието е доставен предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за измени на Законот за оружје по скратена постапка, со кои дополнително се либерализира трговијата со оружје!Со скандалозните измени се предвидува физичко лице да набавува до 500 куршуми годишно, со што драстично се подигнува сегашната граница од 200 куршуми годишно по физичко лице.Дополнително, се овозможува физичко лице да врши неограничена набавка за сите видови оружје во Б и Ц категорија, наместо постоечките ограничувања кои се однесуваат само на набавка на пневматско оружје и нежлебени цевки.Додека министерот Тошковски молчи за тендерите доделени на фирмата „Дон Холдинг” и манипулира со фактите на интервјуа во провладини медиуми - власта сака да протне законски измени кои се директен напад по јавната безбедност!Левица јавно го прашува премиерот Мицкоски, кој очигледно продолжува да го штити катастрофалното работење на министерот за внатрешни работи: Дали паралелно се формира нова компанија за трговија со оружје (блиска до власта) која најмногу ќе има корист од либерализацијата на продажбата?!Ја повикуваме и експертската јавност да се одважи за најавените измени за трговијата со оружје, со цел да се спречи носење на уште еден штетен закон кој дополнително ќе ја загрози и онака кревката безбедност.

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Максим со поддршка од ДУИ му намести бонбона ДУП на својот кум, велат од Левица

„Главниот архитект на урбаната мафија во Куманово, Максим Димитриевски, го остави својот најскандалозен детален урбанистички план (ДУП) за крајот на мандатот, очигледно, стравувајќи дека нема да има шанса да го протурка по истекот на функцијата“, велат од Левица и додаваат:„Станува збор за ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“, каде што клучната парцела (првично во сопственост на татко му и братучед му на градоначалникот Димитриевски), преку низа трансакции преминува кај неговиот кум, а на крај завршува во рацете на „Лидл“, по неверојатна цена од 600.000 евра. Цената во големи размери ја надминува реалната пазарна вредност за земјиште од трета категорија, што отвора сериозни сомнежи за класична коруптивна зделка.Процедурата во Советот на Општината беше исто толку контроверзна. Пред две недели, ДУП-от првично беше ставен на дневен ред, а клучниот, одлучувачки глас дојде од советникот на ЗНАМ, Дарко Митевски - брат на кумот на Димитриевски. По јавната реакција и притисокот од кумановската јавност, Димитриевски привремено ја повлекува точката, наводно за да си ги „испере рацете“. Но, на наредната седница, ДУП-от повторно е ставен на гласање, овој пат без присуство на Митевски, и поминува со поддршка од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и, клучно, со пресудните 4 гласа од ДУИ.Ова сценарио јасно ја покажува веќе проверената шема: кога треба да се изгласа криминал, ЗНАМ, ДПМНЕ, Вреди и ДУИ делуваат како една иста власт. Иако декларативно од различни табори - тие веќе четврта година заеднички ја држат под контрола Општина Куманово и ги спроведуваат своите договорени зделки на штета на јавниот интерес.Левица најостро се спротивставува на овој скандалозен ДУП и алармира до Обвинителството итно да отвори постапка за испитување на целата зделка - од трансакциите со земјиштето, до можни сомнителни приливи на сметките на советниците на ДУИ и останатите замешани страни“.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања