ЛЕВИЦА

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Од вчера цените на основните намирници вивнаа до небо, и одржувањето на лична хигиена стана луксуз, објави Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека цените на основните намирници се покачени од вчера. Според него, поскапи се производите за лична хигиена.„Од вчера, цените на основните намирници повторно вивнаа до небо (којзнае кој пат досега). Буквално се е поскапено! Јајца, млеко, сирење, паста за заби, сокови, кечап, зејтин, шампони, сапуни.. Влажните марамици од 60 рипнаа на 100 денари. Тоалетната - од 95 на 140 денари! Покрај менталната, и оджувањето лична хигиена веќе ќе стане луксуз. Сите ќе бидеме "небањати" (коо права неутро-вмраана). Само Мицика и корумпираната свита околу него ќе си уживкаат. Ќе си тркнат пак до Јапонија на изложба, па на опера у Брисел и на концертче у Вашингтон (со приватен авион)... А ви "душмани" - бурек и јогурт (ако има).И пак да си ги гласате "патриотиве". Оти ја вработија балд'ската тука у градинката. Ќути, чоек, има и бетер“, објави Апасиев.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

Тошковски наместо да шиканира треба да одговори дали има пропусти при рацијата, вели Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата за дискотеката „Пулс”, тој посегнува по евтини политички манипулации, обвинувајќи ја опозицијата за настани што се резултат на длабока човечка болка и барање за правда“, вели Левица и додава:Имено, едно од клучните прашања кое остана неодговорено е зошто оперативната акција кобната вечер започнала дури во 2:30 часот?! Дел од информациите се дека таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за оперативна акција низ повеќе дискотеки во Македонија од 1 часот. Но, одговорните лица за територијата на Кочани одлучиле прво да вршат рација во кафич во населбата Оризари, наместо веднаш да се упатат кон дискотеката каде имало високофреквентен настан, со присутни млади од повеќе градови во Македонија.Надвор од сите безбедносни процедури и проценки е оперативната акција да започне пред самиот крај на настанот. Дел од дежурните на смена кобната вечер во ОВР-Кочани важат и за партиски активисти на актуелната влада, што фрла одредени сомнежи врз селективноста на истрагата. Сведоци говорат и дека рацијата пристигнала пред дискотеката „Пулс” во 1:30 часот, но дури еден час подоцна влегла во дискотеката.Јавноста оправдано бара одговори за огромната трагедија која настана поради низа системски пропусти, но министерот Тошковски наместо професионално известување, шири лажни тези за манипулација, со цел да го угуши оправданиот револт.Скандалозни, навредувачи и дегутантни се изјавите на Тошковски дека и протестите на семејствата биле организирани од опозицијата. Министерот Тошковски треба да се запраша: зошто овие луѓе немаат доверба во институциите? Обидите за дискредитација на родителите и нивната болка се врв на политичка безобразност.Неселективна истрага за оваа трагедија мора да има и затоа не смее да се штитат и актуелните началници и полициски службеници кои биле одговорни за спроведувањето на оперативната акција кобната вечер. И покрај сите обиди на власта да ја угуши секоја критика, Левица ќе продолжува да бара одговори, со цел ниту еден одговорен да не биде заштитен заради неговата партиска припадност.

Македонија | пред 8 месеци

levica-8123

Левица не го поддржува Законот за енергетика поради зголемената либерализација

Политичката партија Левица нема да го поддржи предложениот Закон за енергетика, пред сѐ, бидејќи со него, како целина, дополнително се продлабочува процесот на либерализација на пазарот во една од најкритичните стратешки области – енергетиката.,,Овој Предлог-закон јасно покажува дека државата нема ниту намера, ниту план да ги национализира енергетските капацитети и да ги стави во служба на јавниот интерес.Со либерализација, енергетскиот сектор и стратешките капацитети стануваат лесен плен за странскиот капитал, кој, мотивиран исклучиво од профитни интереси, нема да има никаква обврска да ги заштити националните интереси или да обезбеди пристапна цена за граѓаните.Сепак, во насока на активна заштита на интересите на потрошувачите, Левица поднесе сет амандмани со кои настојуваме да се ублажат најштетните аспекти на предложеното законско решение.Клучните области на нашите амандмани се:Зголемување на транспарентноста, одговорноста и контролата врз Регулаторната комисија за енергетика,Засилување на заштитата на потрошувачите во процесите на мерење, фактурирање и наплата на електричната енергија,Воведување на реални и пропорционални санкции за операторите што ги прекршуваат законските обврски.Левица ќе продолжи активно да се спротивставува на секој обид за приватизација на јавните добра, либерализација на стратешките сектори и отстапување на државниот суверенитет”, стои во ставот на Левица.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.57.22

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини додека во Србија цела влада се распушти

„Ние денес тука говориме за морална одговорност за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија. Не знам дали им е јасно на колегите од ВМРО – ДПМНЕ но, морална одговорност е дури и кога немате лична вина да си поднесете оставка затоа што трагедијата се случила за време на вашиот мандат, па макар и да сте биле само еден месец на власт“ истакна пратеничката Јована Мојсоска од Левица, во говорот по интерпелацијата на министерот Тошковски.Во својот говор направи споредба со соседна Србија каде за слична трагедија цела влада се распушти, а „политичката одговорност, односно неодговорност“,како што рече кај нас е сведена на тоа дури ни актуелниот директор на Пазарниот инспекторат да не е разрешен. Притоа истакана дека дури и министерот Тошковски да е беспрекорен, тоа што една година неговите началници во Кочани дозволиле да работи „ова дувло на смртта,“ тоа што кадрите кои ги поставил не извршиле контрола цела година, е доволна причина за морална одговорност на министерот кој им ја дал довербата за овие кадри.„За беспрекорноста на акцијата и скапиот пиар на власта е доволно јасно што актуелните функционери кои се осомничени единствено се гонети поради јавен притисок. Токму премиерот Мицкоски два дена после трагедијата самоуверено изјави дека градоначалникот Папазов иако немал одговорност, се повлекол од морални причини. Дури откако јавноста бурно реагираше Папазов беше приведен. Истиот случај е и со актуелните дуректори на Дирекцијата за заштита за спасување, кои дури еден месец после трагедијата беа приведени, откако во неколку наврати и Левица реагираше“, истакна Мојсоска.Се осврна и на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, за кого исто така рече дека не смогнале храброст да го разрешат, а тој не се појави ниту еднаш на прес конференција да даде одговори за колапсот на системот со лиценците на дискотеките. „Не требаше да се случи трагедија од невидени размери за да се изврши вонреден инспекциски надзор и да се констатира дека од 80 дискотеки само 20 имале лиценци. Затоа што покрај вондредниот, инспекторатот е должен да врши и редовен инспекциски надзор“, рече Мојсоска и додаде дека само во Скопје има 28 пазарни инспектори, а 13 дискотеки. Само две дискотеки имале лиценци. „По двајца инспектори да влегувале во овие дискотеки еднаш во месецот, немало да има ваков башибозук и беззакаоние. Што правел вашиот директор на Пазарен иснпекторат цели пет месеци, кој и ден денес е на функција и не се повлече барем од моралнаа одговорност, додаде Мојсоска.Во излагањето посочи дека во изминатиов период доволно е кажано дека верижната реакција и каузалитетот на истрагата завшува кај МВР, односно под капата на министерот Тошковски се поставуваат правни преседани каде виновни се само оние од пред 12 години кои биле на функција, ама неговите соработници, кои во моментот на кривично правниот настан имале функција, поради партиската послушност се на слобода.Мојсоска посочи дека ќе се задржи само на два моменти и тоа за самите случувања на кобната вечер и на сето она што следеше после трагедијата.„Главната дилема за таа кобна вечер е зошто оперативната акција започнала во дискотеката на смртта дури во 2:30 часот по полноќ? Односно да разјаснам во детали. Таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност низ повеќе дискотеки да се врши оперативна акција. Но во Кочани, наместо во еден часот да се пристигне во дискотеката Пулс, додека сменоводител е Драган Петрушев, иначе истакнат партиски активист на власта, полицијата оди прво да врши акција во друг кафич во Оризари?! Односно, наместо да се направи соодветна безбедносна проценка и акцијата да се одвива во дискотеката каде има над 500 млади од повеќе градови, одговорниот на смена одлучува прво да се оди во кафичот во Оризари, па во 1:30 часот да дојдат пред дискотеката Пулс. И пак полициските службеници не влегуваат веднаш туку кружат и вртат пред дискотеката Пулс уште еден час, затоа што најверојатно не смеело да биде попречено дилањето со наркотични средства. Ова не се мои тврдења, овие се тврдења на мајките кои ги закопаа своите деца“, рече Мојсоска и додаде дека полицијата влегла непосредно пред пожарот, речиси во 2:30 часот, пред завршување на концертот и „очигледно кога веќе нелегалната роба кај газда Деко е дистрибуирана“. Одговорниот на смена Драган Петрушев не е еден од осомничените полициски службеници, а нема ниту еден осомничен полициски службеник кој вечерта одлучил дека оперативната акција во дискотеката Пулс треба да почне во 2:30 часот.„Ќе ја цитирам една огорчена мајка: И врапчињата знаат дека тука во Кочани има огромен синџир на дрога и корупција! Каде е пресечен тој синџир кога во вашата истрага немате ниту еден актуелен началник? Како можевте експресно да најдете пораки во телефонот на претседателката на Антикорупциска со осомничени во истрага, претседателка која иначе вашата ВМРО - ДПМНЕ ја изгласа, но не најдовте со кого комуницирал газда Деко и кој наредувал таа кобна ноќ полицијата да не пристигне порано и да ја спроведе оперативната акција?!“, го заврши Мојсоска цитатот.За вториот момент рече дека се однесува на насилничката атмосфера за угушување на протести која ја диригирала власта, а МВР како главен орган на репресија пуштал кривични пријави против млади деца кои го демолираа кафичот на газда Деко. Рече дека се шиканирале млади деца, надвор од законските прописи се забранувале дронови на протестите и се повикувале новинарски екипи на сослушување.„Вашиот партиски директор во Штип ги кинеше хамерите на децата кои сакаа само да изразат сочуство за своите врсници, вашите партиски директорки во Прилеп и Ресен им се за закануваа на децата со дисциплиснки мерки ако излезат на протест, па дури имате и пратеничка од Битола тука чиј сопруг јавно се закануваше на деца во Битола дека ќе бидат апсени за организирање мирен собир. Каде се кривичните пријави министре Тошковски за овие ваши партиски пулени кои се закануваа и личнуваа на сите оние што ја криткиваат вашата пропаганда?!“, праша Мојсоска.За крај на својот говор посочи дека „полициските послушници“ се дрзнале да се закануваат на мајките кои ги закопаа своите деца. Истакна дека на последниот протест од една мајка јавно било посочено дека добиваат закани од полицијата дека тие ќе одгововаат. „И мајката додаде дека за тоа треба да се праша министерот Тошковски и директорор на БЈБ. Еве јас ве прашувам министре, дали на солзите на една мајка тренирате полициска дисциплина, затоа што очигледно цела година кадрите вие кои се ги избрале не тренирале дисциплина во криминалното дувло на смртта?!“, рече Мојсоска.На крај го потсети министерот Тошковски дека советничката од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Кочани покажала морална одговорност и побарала прошка од сите оние кои ја гласале. „Таа жена во сиот свој мандат како советник имала помала политичка моќ и одговорност отколку вие во една година како министер за внатрешни. Вашата советничка имаше 100 легитимни причини да остане - а само една да си замине, чуството на лична одговорност. Таа ја одбра личната одговорност. И таа беше единствена светла точка која во оваа несразмерна трагедија покажа што значи чувството на морална одговорност“, истакна Мојсоска.

Македонија | пред 9 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица со нов Предлог-закон: Кривични дела сторени од функционери да не застаруваат

Пратеничката група на Левица денес предложи измени во Кривичниот законик со кои цела плејада на кривични дела поврзани со злоупотребата на службената должност никогаш да не застаруваат.-Маѓепсаниот круг на неказнивоста и корупцијата за политичката и бизнис елита мора да се столчи со драстични измени. Ова го правиме како коректив на она што во минатиот мандат претставуваше еден од најсрамните денови за законодавната власт во Република Македонија. Тоа е кога минатата власт на СДС и ДУИ, со обезбеден кворум од ВМРО-ДПМНЕ, драстично ја намали казнената политика и периодот на застарување на кривичните дела, со цел на исполнување на интересите на неказнивоста на политичката и бизнис елитата во Македонија, истакна пратеникот и потпарол на партијата Амар Мециновиќ.Драстичното намалување на казните и роковите на застареност влијае и во истрагата на немилиот настан во Кочани, каде најмалку ќе бидат опфатини оние кои треба да бидат опфатени и нема да бидат изречени казни на вистински начин, како што треба да бидат изречени. Намалувањето на казните, според Левица, е најгрубо легализирање на неказнивоста, амнестија за политичката и бизнис елита и отворена врата за корупцијата да продолжи да цвета.-Измените кои денес ги предлагаме предвидуваат отпор кон интересите на корумпираната елита. Имено, со измените предлагаме застарувањето на делата да биде дуплирано. Па така, оние кои треба да бидат стигнати од правдата, независно од моментот кога ќе биде откриен кривичниот чин, да бидат процесуирани на вистински начин и правдата да биде задоволена, истакна Мециновиќ.Во измените на Кривичниот законик Левица предлага и додавање на кривични дела во категоријата дела кои не застаруваат, а се однесуваат на дела од економскиот криминал и злоупотреба на службената положба. Во делата кои не застаруваат предлагаат да се додаде злоупотребата на службената положба како еден од најголемите проблеми со кои се соочува македонското општество и политичкиот систем.-Со ова сметаме дека ќе се спречи свесното одолговлекување на судските процеси со што дополнително се спречува неказнивоста. Затоа ова не е технички предлог, ова е директен удар врз корупцијата. Очекуваме дека пратениците во Собранието ќе имаат доблест да покажат дека нема веќе да се кријат зад законските норми. И, дека ќе застанат на страната на граѓаните и правдата и ќе престанат да ги бранат интересите на политичката и бизнис елитата на која припаѓаат, рече Мециновиќ.

Македонија | пред 9 месеци

pance-toskovski-1

Левица поднесе интерпелација за Тошковски, работел непрофесионално и несовесно

Левица поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Велат, ова е поради несоодветно извршување на својата функција.Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што, според Левица имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.„Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изразито законска обврска на МВР”, рече Јанчев.Првиот основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.„Согласно Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучавост, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци”, вели Јанчев.МВР потфрлила и бидејќи долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до, како што кажа ДПМНЕ.Според Јанчев, министерот Тошковски има директна командна одговорност.Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства.Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за издадени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи, МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа.Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук закани упатени кон критичарите на власта, петтиот е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десеттиот, според Левица е катастрофална кадровска политика, исполнета со непотизам и кронизам.„Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК”, рече Јанчев.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-03-at-13.02.51

Апасиев до Мицковски: Алаш-вериш правите со јавниот обвинител Коцевски, ќе те оставиме ако не ги чачкаш нашите

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, го обвини премиерот Христијан Мицкоски за оддавање на службена тајна и попречување на правдата, бидејќи на прес-конференција ја објави лажната лиценца на клубот „Пулс“ во Кочани. Тој најави дека ќе му поднесе и кривична пријава.„Миле ми текна и Филипче понудија оставки за бродската несреќа во Охрид и за модуларната болница во Тетово. Ноќта вие сте создале кризен штаб. Кога ве сликаа кај повредените во Вучиќев стил без заштитна опрема, го прекршивте законот. Известување од вас не добивме за кризна состојба. На првата прес конференција ја компромитиравте истрагата со објавување службен документ. Го повредивте и правилото на презумпција на невиност. Бевте обвинител но и бранител на вашиот Папазов... Направивте кривично дело за одавање службена тајна. Вие ја попречивте и правдата. На 18 февруари почнавте постапка за разрешување на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. А потоа ова го одложивте, тоа е нудење или давање корист. Ова е алаш вериш, нема да го обвиниш нашиот а јас ќе те оставам на функција.До кога ќе ги штитите вашите корумпирани вмровски кадри“, рече Апасиев.Мицковски рече дека не го разбрал прашањето, се било плукање и обвинување и е континуитет во политиката на Димче Апасиев.

Македонија | пред 10 месеци

mecinovic

Мециновиќ: Македонија не смее да биде земја каде што животот се купува и продава

„Во ова прво обраќање на политичката партија Левица во најтраорните денови во поновата македонска историја, кога ја преживуваме најголемата колективна болка како нација - уште еднаш изразуваме сочувство до семејствата на загинатите и брзо закрепнување на повредените. Во отсуството на зборови кои можат да ја утешат болката, и да ја пополнат празнината од оваа страшна трагедија - оваа држава и овој народ, сите ние, мораме да стоиме сплотено и со понизност кон болката која не обзема - да го побараме тоа што мора да следи - а тоа е одговорноста“, истакна Амар Мециновиќ, пратеник од Левица и потпарол на партијата на прес конференција во македонското Собрание.Целото соопштениео до Левица во продолжение:Во обраќањето кон јавноста посочи дека судбината која ги обединува сите трагедии од изминатите години, како модуларната болница, онкологија и тн со оваа кобна вечер - е судбина запечатена со корупција. Истакна дека не смее да се бега од вистината дека ова не е инцидент туку е системска пресуда на држава во која корупцијата стана поважна од човечкиот живот.„Затоа, ова е моментот кога државата мора да покаже дека постои. Институциите мора да делуваат брзо, ефикасно и без компромис. Ова не е време за калкулации, ниту за политички маневри, туку за дејствија на сите нивоа на власта - за да се создаде безбедноста и осигура одговорноста. Бараме од Владата, од Министерството за внатрешни работи, од обвинителството и од сите надлежни органи да спроведат сеопфатна, транспарентна и бескомпромисна истрага, бидејќи јавноста овој пат не останува нема за селективна правда. Не прифаќаме изговори. Секој што дозволил ова да се случи без разлика на функцијата, позицијата или влијанието мора да одговара“ рече Мециновиќ и праша дали државата ќе се направи сè што е потребно или повторно ќе гледаме заташкување.Од пресот повика на одговорност но кажа и дека се тука за да понудат решенија. Од институциите очекуваат да покажат зрелост, но доколку не го сторат тоа, Мециновиќ истакна дека Левица е тука да ги поттикне, да ги разобличи и да укаже на вистината.„Во однос на неизмерната трагедија истакна дека од досега изнесеното може да се видат низа системски и структурални пропусти во различни сфери како финансиски и административни нерегуларности, блокирана сметка на фирмата управител на дискотеката, минусно салдо на завршна сметка во 2023 година. Нејасно е како воопшто работела дискотеката со блокирана сметка, како плаќала набавки и трошоци, дали со готовина (што е незаконски) или преку трета фирма. Во декември 2023 година, УЈП утврдила дека не се издаваат фискални сметки, по што дискотеката била затворена, а сопственикот казнет“, истакна Мециновиќ.Од нерегуларностите кои досега излегоа во јавност ги посочи и истечената и важечка лиценца истовремено, „што укажува на административен хаос или свесно заташкување“, непостапување на Пазарна инспекција на терен која последен пат била во контрола пред четири години, иако дискотеката редовно организирала масовни настани, како и тоа дека дискотеката не постои во регистарот на лиценци на Министерството за економија.„Во 2012 година, сопственикот се обидел да го пренамени објектот од лесна индустрија во угостителски објект, но Пазарниот инспекторат и општинските власти тогаш биле изманипулирани дека дозволата е за „лесна индустрија“ со јавен паркинг. Тогашниот градоначалник Димитриевски не презел ништо откако дискотеката почнала да работи“, истакна Мециновиќ.Од страна на безбедносни пропусти и злоупотреби истакна дека вечерта кога се случи трагедијата имало 650 луѓе во дискотеката, иако капацитетот бил само 300, продадени биле 250 карти, а имало најмалку 31. Фирмата „Рубикон“, која требало да обезбедува безбедност, немала потпишан договор со дискотеката.Одговорност лоцираше и кај институциите и полицијата и тоа дека полицијата имала претходни пријави за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир во дискотеката, но службениците од Кочани и Штип дале позитивно мислење за работата на локалот при што посочи и дека постои сомнеж дека полицијата примала мито за да не постапува.„Разрешените началници се вратени на претходните работни места, што укажува на круг на неказнивост - за што бараме од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесе оставка во рок од седум дена, во спротивно ние ќе поднесеме интерпелација во Собранието“ рече Мециновиќ.Според Левица само дел од наведените причини откриваа дека ова не е само трагедија предизвикана од пожар туку е целосен крах на системот. Оваа дискотека не само што работела незаконски, туку тоа го правела со години, пред очите на сите институции што требало да ја спречат. Корупцијата, небрежноста и институционалната неказнивост се директни виновници за смртта на толку голем број невини луѓе.„Во наредните денови ќе предложиме четири клучни законски решенија: Измени во Кривичниот законик  за одредбите кои беа сменети минатата година а се однесуваат на кривичната одговорност поврзана со злоупотребата на службената положба, укинување на приватното обезбедување во објекти од висок ризик, државни објекти и поголеми собири и измени во Законот за инспекциски надзор, како и во Законот за градење, како и по барање на медиумски работници да се создаде законска материја која ќе ги обврзува медиумите да имаат фонд на материјал за емитување во денови на жалост по примерот на јавниот сервис.Ова мора да биде последната ваква трагедија. Македонија не смее да биде земја каде што животот се купува и продава. Каде што корупцијата диктира кој ќе живее, а кој ќе гине. Каде што институциите служат како параван за неказнивост, а граѓаните се оставени сами на себе. Дојден е моментот на одлука. Или ќе изградиме систем што ќе ги штити луѓето, или ќе оставиме анархијата да владее. Или ќе расчистиме со корупцијата, или ќе ѝ дозволиме да убива. Нема повеќе сиви зони, нема повеќе изговори. Ова не е прашање на политички разлики, туку на државна чест. Ова е тест за Македонија, истакна Мециновиќ.

Македонија | пред 10 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица предложи 18 месеци породилно отсуство

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство, кој е директен одговор на потребите на младите родители и семејства. Овој закон не само што ќе ја подобри положбата на мајките и семејството, туку ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми кои го засегаат општеството. Во светот и Европа, долгото платено породилно отсуство е веќе утврдена практика, а Македонија има можност да го следи примерот на успешните земји и да инвестира во иднината на своите најмлади“, велат од Левица и додаваат:Историските податоци за наталитетот во Македонија покажуваат алармантен пад на бројот на новороденчиња во последните три децении. Според податоците од Заводот за статистика на Македонија, бројот на новороденчиња постојано опаѓа, а во 2023 година беше забележан пад на бројот на новороденчиња на 22.759, што е значителен пад во споредба со 35.000 новороденчиња во 1991 година. Овој пад не е само бројка на хартија – тоа е аларм за општеството и за Владата, кој бара сериозни интервенции и стратегии. Овој пад кој изнесува над 30% за нецели 30 години е сериозен показател за демографските промени кои се случуваат во земјата.Дополнително, ако се погледне индексот на природен прираст, во последните години, Македонија се соочува со негативен природен прираст, што значи дека бројот на смртни случаи ја надминува бројката на новороденчиња. Во 2022 година, бројот на смртни случаи бил 32.700, што доведува до значителен пад на вкупното население. Овој тренд е загрижувачки и ја нагласува потребата од сериозни мерки за поддршка на семејствата и мајките.Земјите со успешни демографски политики, како што се Шведска и Финска, веќе долго време применуваат долготрајно породилно отсуство, а Македонија има можност да го следи нивниот пример. Примената на 18 месеци платено породилно отсуство во овие земји има позитивни ефекти не само на здравјето на мајките и децата, туку и на економската стабилност на семејствата, што е суштински фактор за раст на наталитетот.Жените во Македонија сочинуваат 40% од вкупното население, но поради семејните обврски се подложени на дискриминација. Младите жени често се соочуваат со одбивање од страна на работодавачот поради страв од трошоци за породилно отсуство. Мајките, пак, кои не се вработени или работат неформално немаат право на финансиска поддршка и породилно отсуство. Македонија дури и заостанува зад Србија и Бугарија во времетрање на породилното отсуство. Ова е суштинско право кое државата мора да го оствари.Мајките и децата не се само статистика или бројки во економските извештаи. Левица со овој законски предлог покажува дека разбирањето на потребите на мајките е клучно за една држава. Предлог-законот на Левица за продолжување на породилното отсуство на 18 месеци носи важна социјална реформа, која има за цел да обезбеди поголема поддршка за родителите и да им помогне да се посветат на воспитувањето на своето дете.Македонија може да стане модел на поддршка на мајките и младите семејства, следејќи го примерот на европските земји кои веќе го применуваат долготрајното породилно и родителско отсуство. Со усвојување на предлог - законот на Левица државата ќе покаже дека вложувањето во демографијата и родителството е клучно за создавање на здраво и перспективно општество. Поддршката за овој предлог од пратениците во Собранието на Република Македонија би била важен чекор кон поголема социјална правичност и еднаквост, како и поддршка за семејствата.

Македонија | пред 10 месеци

thumbnail_levica3

Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ - Левица ќе го достави предлогот до Собранието и ќе се мобилизира за протестите, велат од партијата

“Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи крај со крај. Власт која троши милиони за храна и алкохол, министри кои со приватни летови одат на партиски прошетки и пратеници кои наплаќаат патни трошоци поголеми од нивната плата - не можат да разберат како работникот преживува во услови на енормно високи сметки и екстремна инфлација секој ден”, вели Левица и додава:Расипничкото водење на државата од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, донесе втора највисока инфлација во регионот од 4,9%, што е помеѓу највисока во Европа, каде просекот е 2.5%. Според ДЗС вкупниот раст на трошоците на живот споредено со 2020 е за неверојатни 44,2%. Минималната потрошувачка кошничка е недостижна за семејства со две минимални плати, што доведува до тоа сѐ повеќе луѓе да живеат во екстремна сиромаштија.Левица уште еднаш ја повикува Владата да излезе од стегите на своите спонзори и да се соочи со фактот во каква беда живее македонскиот работник! Наместо конфронтации и политички обвинувања, Мицкоски да се поистовети со работниците и да го прифати предлогот на ССМ за 500 евра минимална плата. Во спротивно, Левица најавува спремност да го достави предлогот на ССМ до Собранието, но и да ги поддржи најавените работнички протести на кои единствено барање е достоинствен живот.Воедно, го повикуваме владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог-законите на пратеничката група на Левица за воведување на патни трошоци за работниците, исплаќање на плата најдоцна до петти наредниот месец, зголемување на породилното отсуство, како и намалување на цените на патарините за 50%, кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на работниците.Владата да престане да глуми медијатор помеѓу работниците и поседниците на капитал, затоа што нејзина должност е да обезбеди гарант за егзистенција и достоинствен живот за работниците.

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

​​​​​Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники, вели Левица

„Додека македонските граѓани се борат со ниски плати, високи животни трошоци и проблеми во здравствениот систем, Владата решава да ја предаде контролата врз витално важен јавен простор на приватен инвеститор од Албанија. Според оваа срамна и скандалозна одлука, македонските граѓани се принудени на странско приватно лице да му плаќаат пристап до македонски државен здравствен клинички центар. Накратко, албанска приватна фирма со коруптивни скандали, ќе изнајмува македонски простор во македонски клинички центар на македонски граѓани - за личен профит. И тоа им е овозможено од македонската Влада“, вели Левица и додава:Ова не е само прашање на паркинг простор; ова е прашање на суверенитет и способноста на државата да управува со сопствените ресурси. Овој паркинг не е обичен комерцијален простор – тој е од клучно значење за пациентите, нивните семејства и медицинскиот персонал. Наместо да се најде одржливо, системско решение кое ќе биде во корист на граѓаните, се оди кон долгорочна концесија што може да ја доведе во прашање пристапноста и ценовната политика на овој простор.Јасно е дека оваа одлука не е во интерес на граѓаните, туку во интерес на бизнис-елитите кои повторно гледаат можност за профит на грбот на оние граѓани на кои им е потребна медицинска помош. Загрижувачки е што вакви стратешки јавни услуги сè почесто завршуваат во рацете на приватни компании, и тоа странски, што создава ризик од потенцијална финансиска оптовареност за граѓаните. Ваквите одлуки мора да се преиспитаат бидејќи Клиничкиот центар треба да остане простор каде приоритет се здравствените услуги, а не профитните интереси.Левица ги нуди следните предлог-решенија:• Враќање на паркингот под државна контрола – Паркингот треба да го стопанисува јавно претпријатие, кое ќе обезбеди фер и транспарентна употреба на паркинг-просторот,• Контрола на паркингот за да се спречи злоупотреба – Да се воведе електронска регистрација за пациенти и здравствени работници, со што ќе се спречи користење на паркингот за лични потреби од луѓе кои не се посетители на Клиничкиот центар,• Разумни цени – Наместо да им се дозволи на приватните компании да воведуваат астрономски цени, паркингот треба да биде достапен и пристапен за сите пациенти, а приходите да се реинвестираат во здравствениот сектор.Клиничкиот центар е место каде здравјето е приоритет, и затоа е неопходно да се осигура дека сите граѓани имаат еднаков и фер пристап до потребните услуги, без дополнителен финансиски товар во корист на приватни лица со желба и амбиција за лесен профит.

Македонија | пред 10 месеци

999

„Жени - борци се оние кои не се откажуваат пред трулоста на системот“ - Левица за 8 Март

По повод 8 Март, Антифашистичкиот фронт на жените организираше трибина посветена на вистинските хероини на денешницата – жените кои секојдневно се борат со тежините и неправдите на овој суров систем. На оваа трибина не зборуваа експерти, газдарици на фабрики или крупни бизнисменки. Гласот им беше даден на оние што навистина ја живеат реалноста – самохраните мајки, жените жртви на семејно насилство, земјоделките, работничките во фабриките, мајките на деца со потешкотии во развојот.Присутните, заедно со пратеничката група на Левица, го слушнаа нивниот трогателен, но храбар повик за промени. Ова беа сведоштва на жени кои се борат не само за сопствениот опстанок, туку и за една поправедна иднина за сите.Жената жртва на семејно насилство всушност проговори за причините поради кои многу жени сè уште не пријавуваат насилство – неказнивоста на насилниците, симболичните или условните казни, бирократските лавиринти кои жртвата ја ставаат во позиција на обвинета. Говореше за тоа како превентивните мерки за насилникот се всушност домашен притвор за жртвата. Таа сведочеше за системската виктимизација: за понижувањето кое жените го трпат во болниците додека со повреди и рани бараат помош во доцните часови, за незаинтересираноста на полицијата, општинските и државните институции.Зборуваше за тоа како е приморана десетици пати да се сели со своето дете, постојано барајќи нов покрив над главата што ќе може да го плати. Зборуваше за борбата за егзистенција, за прифаќањето на најтешките работи само за да му обезбеди живот на своето дете. Таа повторно ги замоли пратениците да го прифатат предлогот на Левица за измена на Кривичниот законик, со кој насилниците ќе се гонат и без пријава од жртвата – предлог што за жал беше одбиен од владејачкото мнозинство.Збор зеде и жена земјоделка, која ја опиша институционалната голгота, понижувањата и скапата битка што ја води за да ја нахрани земјата и ни ги наполни трпезите. Таа упати апел дека се потребни обуки и вмрежувања на жените земјоделки. Ги спомена т.н. грантови за земјоделци за кои за да се аплицира, во подготвување документација за аплицирање се трошат околу 30.000 денари, за на крај последниот документ да не може електронски да се извади, поради тоа што системот не работи додека трае повикот за грантови. Жената - земјоделка говореше и за апсурдот при кој властите распишуваат повици за грантови за „млади земјоделци до 40 години", кои за да го земат грантот, треба прво да вложат 15.000 - 20.000 евра... Оттука и прашањето: Кој млад човек во Македонија би се осудил на ваков чекор?Самохрана мајка на дете со потешкотии во развојот проговори за стравот со кој се соочува секој ден, особено за летниот распуст, кога детето не оди на училиште, а таа мора да оди на работа. Постави прашање: Што ќе се случи со моето дете ако ненадејно починам? Повика на итно отворање на дневни центри за децата и лицата со потешкотии во развојот, каде што ќе можат да стекнат вештини за самостоен живот. Говореше за мизерниот детски додаток од 6.000 денари, за скапите лекови и третмани, за тоа како оваа ранлива категорија граѓани е сосема заборавена, дискриминирана од власта, која се грижи само за своите посигурни потенцијални гласачи.Работничка во фабрика, самохрана мајка, сведочеше за тоа како, и покрај стекнатото високо образование, системот не нашол место за неа. Наместо тоа, таа била приморана да работи најтешки физички работи за да го прехрани своето дете. Говореше за тоа како системот нема мерки за “утеха” на сампхраните родители, туку тие по автоматизам стануваат семејства со социјален ризик - ладен дом, без струја, гладен стомак…Говореше и за експлоатацијата во фабриките, за ноќните смени на самохраните родители, за прекувремените часови што не се исплаќаат, за немилосрдните странски газди што ја третираат домашната работна сила како евтина стока.Се потенцираше и шокантниот податок дека 200.000 жени во Македонија немаат матичен гинеколог. Жените од руралните средини немаат пристап до основни здравствени услуги, а газдите во фабриките не им дозволуваат ниту основни превентивни прегледи за карцином.Се истакна и проблемот со ниските алиментации, кои честопати воопшто не се плаќаат, оставајќи многу деца и мајки во беда.Овие жени не се само статистика. Тие се насекаде околу нас. Тие сме ние. И покрај нивната бројност, тие се оставени сами да се борат со неправдите, додека системот ги игнорира.Затоа, пратеничката група на Левица, која внимателно ги слушаше овие сведоштва, во наредниот период ќе подготви и достави конкретни законски решенија до Собранието.Жени борци се оние што се борат против трулоста на системот. Успешни жени се оние што не се предаваат.

Македонија | пред 10 месеци

rabotnik-gradezen-

Исплата на платите до петти наместо до петнаесети - Левица со ново законско решение

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на Партијата, Амар Мециновќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во Собарнието за измена на Законот за работи односи, со цел,  исплата на платите до петти во месецот, наместо до петнаести – како што е сега.„Предлог-законот доаѓа како резултат на реалната економска состојба на работниците во Македонија и има за цел да обезбеди навремена и правична исплата на платите. Да обезбеди финансиска сигурност на работниците, бидејќи во многу домаќинства платата е единствениот доход на семејствата, а моменталната пракса на исплата на платите до петнаести во месецот, предизвикува финансиска нестабилност и задоцнети плаќања на режиските трошоци“ - кажа пратеникот Мециновиќ.„Поради доцнењето на платите, многу работници се принудени да земаат брзи кредити, дозволени минуси, позајмици со високи камати и ова, дополнително ја влошува нивната финансиска состојба. Понатаму, оваа измена е и со цел на намалување на економската нееднаквост – има работници коишто платата ја добиваат на почетокот на месецот, додека мноштвото ги добива платите дури на петнаести“ - објасни тој посочувајќи ги главните причини за потребноста на оваа измена.„Оваа измена е согласно европските стандарди – во многу држави, платите се исплаќаат веќе до крајот на тековниот месец и максимално до првите денови на наредниот месец“ - нагласи пратеникот од Левица.

Македонија | пред 11 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

Левица со предлог за намалување на патарините за 50%

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ денес на прес-конференција соопшти дека пратеничката група на Левица поднела предлог за измена и дополнување на Законот за јавните патишта со цел намалување на патарините за 50% и сведување на оваа тема на законска материја:„Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери.Само во 2023 година државата наплатила 62 милиони евра од патарини, со што Македонија е меѓу земјите со најскапи патарини во регионот и на континентот.Со просечна цела од приближно 2,6 денари од изминат километар, со патничко возило од Б – категорија.За илустрација, еден штипјанец доколку работи во Скопје на годишно ниво плаќа 1.200 евра додека кај еден Австриец на годишно ниво плаќа 100 евра за користење на сите автопатишта во неговата држава” - истакна пратеникот Мециновиќ.„Затоа, Левица поднесува изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, со што предвидуваме две клучни измени:- Првата измена е патарините да се намалат за 50% - со овој Закон, износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила и- Втората клучна измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата, за првпат ќе бидат регулирани со Закон, наместо со Правилник на Владата, затоа што сега, оваа материја се регулира со Правилник на Владата, а не со Закон” - појасни пратеникот од Левица.„Сметаме дека ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините, затоа што досега власта можеше кога ќе посака да ги зголемува патарините без никаква контрола.Зошто е ова важно? Додека Министерствата се преполни со криминални шеми на делење на милионски тендери, народот е оставен да плаќа за нивните глупости.Го повикуваме Собранието веднаш да го усвои овој Закон, а за јавноста посочуваме дека од позиција на одлучување, Левица би вовела вињета систем за нашите патарини” - заклучи Мециновиќ.

Македонија | пред 11 месец

filipce-mickoski-apasiev-medziti-

Партиски преписки и препукувања во недела

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Вреди утрово преку соопштенија се обратија до јавноста. Сите, со различни теми. Додека Вреди се пофали со поевтини цени на производи, Левица упати барање за укинување на двојазични декларации. ВМРО-ДПМНЕ го нападна СДСМ, а пак опозициската СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски.СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп, побара ВМРО-ДПМНЕ„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт. А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија. И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект. Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите. Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, велат од СДСМ.Левица: Пратениците да го поддржат предлог - законот за укинување на двојазичните декларации„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите! Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза. Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, велат од Левица.Вреди: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија. Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто. Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност“, велат од Вреди.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања