ЛЕВИЦА

1MqE3-thumbnail-480473830-1206264234189972-3348208358297800186-n

Левица на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.„На средбата се разговараше за неопходноста од повторно воспоставување нормални односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, кои во изминатиот период беа сведени на минимум, како резултат на несуверената надворешна политика на македонските власти, водена од туѓи интереси и надворешни влијанија што доаѓаат од колективниот Запад“, велат од Левица.Пратениците на Левица потенцираа дека Република Македонија треба да води суверена и независна надворешна политика, ослободена од диктатите на ЕУ и НАТО.Истакната беше потребата од укинување на сите политички наметнати ограничувања што го попречуваат економскиот, енергетскиот и културниот развој на Македонија, преку стратешка билатерална соработка со Руската Федерација. Односите меѓу двата братски народа, велат од Левиц, не смеат да бидат заложници на геополитичките игри на западните центри на моќ, туку истите треба да се развиваат врз основа на заеднички интереси, историски врски и заемно почитување.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Мојсоска: 120-те пратеника да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица за ограничување на патните трошоци

„Во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени:- ДПМНЕ: 3.700.000 евра- СДС: 2.000.000 евра- ДУИ: 680.000 евра.- Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје, додека наплаќаат кирии од државата - истакнува пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.- Утре, 12 февруари - среда, 120 пратеника имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се ,,навредат" останатите пратеници) - апелира таа.- Кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори; за покачување за плати за наставниците; за негувателки во градинките; за опремување на болниците; за лекови на лицата со ретки болести, имајте предвид дека над 6 милиони евра се потрошени само за патни трошоци - додава Мојсоска од Левица.Оттука - Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење!“, вели Јована Мојсовска од Левица.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-07-121148

​​​​​Левица поднесе Закон за кривична одговорност на судиите

Амар Мециновиќ - портпарол на Левица и пратеник во собранието, одржа прес-конференција по однос на поднесениот предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик, со којшто Левица предлага воведување на кривична одговорност на судиите:„Предлагаме по членот 353 в, да се додаде нов член и наслов 353 г, кој гласи 'Кршење на законот од страна на судии'. Кривичното законодавство на Република Македонија, како континуитет на СФР Југославија, со цел спречување на корупцијата и незаконското работење во судството, се до 1996 година го криминализираше незаконското работење на судиите во судовите. Од 1996 година, до денес, декриминализацијата ја доведува во прашање гарантираната заштита на граѓаните при остварувањето на своите права.Предолго никој не поднесува одговорност за тоа што граѓаните го мислат, а јавноста го артикулира и носи погубни резултати. Не може ние да имаме доверба во судството од 2%, а сите три нивоа на власт ништо да не прават во однос на тоа. Овој закон не е против судството, туку против корупцијата во судството. Правниот систем, како и политиката се гнили од корупција. Политиката и судиите во спрега имаат создадено систем кој создава апсолутна несигурност, егзеистенцијална и правна за нашите граѓани.Со овој предлог закон сметаме дека ќе има позитивни последици. Повеќе нема да има пресуди нарачани од бизнис и политички структури. Граѓаните ќе добијат правна сигурност. Секој што ќе биде оштетен од незаконска пресуда, ќе знае дека судијата што го оштетил ќе одговара. Пред се, ќе покажеме дека никој не е над законот.“, кажа Мециновиќ.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-05-111441

ВРЕДИ го озаконува балансерот - ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на институционална федерализација, велат од Левица

„Наместо според критериуми, државата продолжува да вработува според етникуми. Етничкиот признак останува поважен од професионалноста. Покрај јазичната, институционалната федерализација е следната најголема опасност која го загрозува унитарниот карактер на државата. Во интерес на коалицијата, ДПМНЕ и ЗНАМ отстапуваат од националните интереси за сметка на балистичките апетити на коалицискиот партнер“, велат од Левица.„Уставниот суд го укина балансерот, но за алчните апетити од коалицијата на власт тоа е небитно. Најавувањето на „Закон за балансер“ е одлична алатка за задоволување на балистичката пропаганда на ВРЕДИ. Додека тие од позиција на власт најавуваат ново погазување на Уставот и одлуките на Уставниот суд, Мицковски и Димитриевски немо набљудуваат како коалицискиот партнер преку етнизација на институциите ги поткопуваат националните интереси и унитарниот карактер на државата.ДПМНЕ иако убедуваше како нема да се носат закони за етнички вработувања, претходно веќе ретерираше пред коалицискиот партнер и на предлог на ДУИ изгласаа формирање собраниска Комисија за правична застапеност. Во последица на ова Собранието да ја задолжи Владата да изработи акциски план за правична застапеност на етничките заедници во администрацијата. Единствената придобивка од оваа етнизација на институциите е најавата за нова тура ухлебување партиски кадри од редовите на ДУИ и ВРЕДИ.Во отсуство на реална политика, ВРЕДИ и ДУИ се натпреваруваат во тоа кој ќе испорача посилни националистички барања. Левица категорично го отфрла барањето на ВРЕДИ за озаконување на балансерот. Политиката на сегрегација на општеството е спротивна на препораките од Европската унија, којашто во последниот извештај оцени загрозување на ефикасноста на институциите поради рамковниот балансер. Затоа ги повикуваме сите релевантни политички партии да ги отфрлат шовинистичките барања од коалицијата на Меџити“, соопшти Левица.

Македонија | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

евица поднесе Предлог - закон за укинување на двојазичните декларации на производите

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес-конференција соопшти дека Левица во текот на вчерашниот ден поднела Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи со којшто се предлага укинување на двојазичните декларации на производите.„Ова го нудиме во насока на зачувување на функционалноста на општеството и сврзувањето во нашето општество и во насока на зачувување на унитарноста на државата. Ова го нудиме наспроти јазичната сегрегација која веќе одамна партиите на елитата пробуваат да ја воспостават во Република Македонија. Нашата законска измена не е водена од емотивни причини, туку, просто, за зачувување на општото комуникациско средство за граѓаните во Република Македонија“ – истакна пратеникот Мециновиќ на денешната прес-конференција.Мециновиќ потсети дека двојазичните декларации биле протуркани на брза лента од страна на екс-министерот Крешник Бектеши од ДУИ и напомена дека истиот произлегува како ефект од т.н. Закон за двојазичност за којшто Уставниот суд има закажано седница во март.„Законот има за цел и да ја исправи неправдата наметната врз македонските производители и потрошувачи кои со години трпат административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Со овој Закон бараме укинување на обврската за задолжителна двојазична декларација на производите и наместо тоа, трговците ќе имаат обврска само на македонски јазик и неговото кирилско писмо да ги доставуваат информациите за производите, а можноста за користење на други јазици е нивно дискреционо право, како што треба и да биде“ - образложи пратеникот од Левица.Тој истакна дека овие измени се неопходни бидејќи актуелниот закон наметнува дополнителни трошоци на малите и средните трговци кои се соочуваат со економска криза.„Оваа бирократска заврзлама директно ги става во неповолна положба македонските производители, особено оние кои произведуваат за извоз и за региони во кои не е потребна двојазична декларација“ - акцентираше пратеникот.Како цел на овие законски измени поднесени од Левица, Мециновиќ сумираше дека е: Да се заштити македонскиот јазик како единствен службен јазик во целата држава, со цел општа комуникација за сите граѓани во Република Македонија; Намалување на трошоците за производителите и трговците и олеснување на административните процедури со избегнување на дополнителните обврски наметнати во време на економска криза.Мециновиќ кажа дека очекуваат жестоки напади од режимските партии и партиите на естаблишментот кои ја користат јазичната сегрегација за поделба на политичкиот плен и деинтеграција на сврзните ткива на нашето општество.„Но, сепак, очекуваме поддршка, бидејќи сите овие ефекти произлегуваат од противуставен закон чии ефекти треба веќе да се анулираат“ - заклучи пратеникот од редовите на Левица.

Македонија | пред 1 година

29022024_PVRSM-Dzaferi_Rama_Regionalen-samit_Tirana_1

Антикорупциска го казни Таљат Џафери оти вршел две функции одеднаш, вели Левица

„Амнестираниот терорист и политички узурпатор, Таљат Џафери, е санкциониран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако беше утврдено дека незаконски извршувал две неспоиви функции истовремено“, велат од Левица и додаваат:Постапката против Џафери беше поведена по иницијатива на Левица, која уште во јуни 2024 година поднесе претставка до ДКСК за судир на интереси поради неспоивост на функции, бидејќи Џафери истовремено беше претседател на Владата и пратеник во Собранието. Иако Левица инсистираше на итно отстранување и санкционирање на ова флагрантно прекршување на низа законски и уставни одредби, како и начелото за поделба на власта - Антикорупциската комисија реагираше дури по неколку месеци, откако фактичката состојба веќе беше изменета, и изрече, за жал, смешна глоба.Потсетуваме дека за отстранување на оваа состојба, апелиравме и до собранискиот спикер, Африм Гаши, кој беше должен веднаш да констатира престанок на мандатот на Џафери. Но, Гаши одби да постапи по ова барање на пратеничката група на Левица, па затоа Левица му поднесе и кривична пријава за несовесно работење во службата, а дополнително - една од седумте точки на која Левица ја засноваше, за жал, неуспешната интерпелација за Гаши беше и токму ова непостапување.Ова не е прв пат Џафери да биде санкциониран по иницијатива на Левица. Тој исто така беше казнет од Антикорупциската комисија и откако Левица поднесе претставка за неговото истовремено вршење на неспоиви функции: претседател на Собранието и член на претседателството на ДУИ.Левица останува единствениот непокорен бастион против криминалните власти и политичката мафија! Против Џафери имаме поднесено бројни претставки, кривични пријави, иницијативи пред Уставниот суд и Интерпелација во текот на минатиот мандат. Борбата не завршува тука – ќе продолжиме да го разобличуваме секој обид за узурпација и ќе се бориме сè додека правдата не триумфира целосно.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев стана редовен професор: Не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, проф. д-р Димитар Апасиев, денес на социјалните мрежи ја објави Одлуката со која на 26.12.2024 е избран за редовен професор на Правниот факултет при Унивезитетот „Гоце Делчев”- Штип. Тој накратко го опиша неговото патешествие до ова звање и им порача на младите да не се откажуваат, да се борат нагласувајќи дека патетичноста е контрареволуционерна:„...и го задржува звањето редовен професор доживотно!Кога професорката Поленак, како тогашен апсолвент, ме одбра како демонстратор да и помагам при држењето на вежбите по Римско право, не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата. Мислев дека по напуштањето на „Јустинијан Први“, ќе продолжам со вообичаена правна работа во Велес или ќе се иселам во странство.Но, го послушав советот на проф. Шкариќ и конкурирав на УГД во Штип... Ме примија за помлад асистент, па се попишманија!? Па малце се тужевме и ги добив судски вмровските директори на тогашната Агенцијата за вработување. После станав и асистент.Па, дојде денот да докторирам. Се сменија законите, Грујо ни воведе докторски студии. Докторирав во првата генерација на УКИМ по новата програма, ама имав звање асистент-докторант.Правото ми беше многу бавно, па почнав да се бавам со политика... Ја формиравме Левица. Паралелно давав испити, пишував дисертација, држев настава и градев партија која сите ја исмеваа. Станував секој ден во пет и со превоз идев до Кочани, Струмица и Штип. Се будев во темница, се враќав во темница. Мислеа ќе се откажам. Ама, сѐ е до психата, батиња. Битно е да си го напраиш „филмот“. Ја си го напраив дека сум патувачки учител, како во антика.И така, едно пет-шест години. Од понеделник до петок. Со автобуси и комбиња до предавалните и амфитеатрите (btw, имавме и две сообраќајќи по патиштата). Ама не се откажав. Станав доцент. Потоа регуларно и вонреден професор, непосредно пред да станам пратеник. Еве сега, дочекав и редовен.*Наравоучение до младите: работата е едноставна, дечки. Да не се откажеш! Животот е Борба. Бори се. Патетичноста е контрареволуционерна.„VivatAcademia” - напиша на својот фејсбук профил претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev

(Видео) Апасиев сликан со новиот џип, адвокатот Митровски му замери за паркирањето: ја купил за 16.500 евра, 15 дена откако кажа дека оди со точак

Адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи објави фотографии од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со неговото ново возило „Пежо 3008“. Му порача дека му е топ џипот, па му замери зошто паркира непрописно, без да плати паркинг. Според анкетниот лист, Апасиев го купил автомобилот пред шест месеци.„Димитар Апасиев честитки, топ ти е џипчево, со здравје да си го возиш. Ова искрено го мислам бидејќи за разлика од тебе јас се радувам кога некој напредува, има, му иде, не барам да го запалат на клада за тоа. Само да те замолам од 3000 евра месечни примања да одвоиш 40 денари и да се паркираш прописно за да не не блокираш вака во маало. И следен пат качи се на кафе, не биди странец, уште сум на истото место кај што доаѓаше да ти пишувам кривични, пошто најјак правник нали“, напиша Митровски.Според анкетниот лист кој го поднел Апасиев, „Пежото 3008“ го купил за 16.500 евра.Апасиев до овој момент не се огласи за новиот автомобил. Претходно, тој често зборуваше за неговата „Алфа“, за која велеше дека е стара и се расипува. Во јавноста, исто така напоменуваше дека се движи со велосипед. 15 дена пред да го купи новото возило, тој беше гостин во поткастот „Претрес со Ландов“, каде што, зборуваше дека „Алфата рикна“, но и дека купува ново возило.„Јас со точак, да идам. ‘Алфата’ готова е више рикна. Дали ќе ја продавам? На лицитација да ја дадам, за 5.000 евра може ќе отиде. Ама не знам, на жена ми е, она што ќе каже“, рече Апасиев во поткастот.?t=3036

Македонија | пред 1 година

pratenici-sobranie-levica

ЗНАМ со лажни обвинувања поради неспособноста на власта да обезбеди кворум, вели Левица

“Смешни се обвинувањата на ЗНАМ за тајна коалиција помеѓу Левица, СДС и ДУИ, а со цел, како што велат, блокада на работата на Собранието и блокирање на процесот за исплата на плати на околу 1000 инспектори во државните инспекторати. Нервозата кај власта е заради тоа што свикаа неделовнички седница, во петок, а пратениците беа известени само три часа пред почетокот на седницата. Сето ова доаѓа од тоа што министрите на ДПМНЕ и ЗНАМ доцнат шест месеци со консолидација на законите, односно околу 1000 инспектори не можат да добијат декемвриска плата затоа што министрите не ги направиле потребните измени согласно реорганизацијата на министерствата”, вели Левица и додава:Ја потсетуваме власта, а особено нејзиниот најмал коалиционен партнер ЗНАМ, кој денес беше испратен да држи прес во одбрана на ДПМНЕ, дека согласно Законот за Собрание, петоците се определени како денови за средба на пратениците со граѓаните од нивните изборни единици, а на последната координација беше договорено во петок да нема седници. Иако бевме известени само три часа пред почеток на седницата пратениците на Левица беа во Собранието и со ниту една постапка не ја опструираа работата на истото. Работата на Собранието ја опструираа пратениците од власта кои со викања, колнења, пцовки и погрдни зборови најверојатно сакаа да предизвикаат инцидент за да ја прикријат својата неспособност. Кога не успеаја во тоа - ги испратија ЗНАМ да ја оцрнува Левица.Пратениците од ЗНАМ ги советуваме петоците и тие да ги користат за контакт со граѓаните, со цел граѓаните конечно да ги запознаат нивните избраници, бидејќи, за жал, поради нивната пасивност, сервилност и не делување во Собранието, нивните имиња и ликови се сѐ уште се непознати на јавноста.Левица веќе докажа дека е единствена автентична опозициона партија, во коалиција единствено со народот. Од друга страна, сите останати парламентарни партии, без разлика на нивната декларативна реторика - со своето делување повеќепати го потврдија постоењето на широката коалиција за лични и партиски интереси.Потсетуваме дека Левица беше иницијатор на интерпелацијата поради која беше разрешена претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути - пратеничка од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ. За оваа интерпелација поднесена од Левица, пратеничката група на СДС одби да гласа и ја напушти собраниската сала. Дополнително, не смее да се заборави фактот дека ДУИ секогаш стои на располагање за спас на владејачкото мнозинство формално составено од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, особено кога е потребно 2/3 мнозинство за носење закони.Левица нема да биде замолчена од евтини и смешни манипулации и ќе продолжи да го брани интересот на народот, разобличувајќи ја неспособноста, хаосот и скриените сојузи во Собарнието.

Македонија | пред 1 година

afrim-gashi

Левица: Засрамувачки е што спикерот Гаши се обидуваат да спечали етнички поени со кршење на деловничките норми

Изјавите дека интерпелацијата нема правно обврзувачко дејство е елементарно непочитување на Уставот и на законодавниот дом, како највисок орган кој врши контрола над работата над избраните и именуваните функционери, реагира Левица за игрите и толкувањата по изгласување на интерпелацијата на Даути од Европскиот фронт.,,Интерпелацијата за пратеничката од Алијанса за Албанците беше изгласана со апсолутно мнозинство од страна на пратениците, односно со 61 пратеник, што директно ја имплицира тежината на политичката одлука. Доколку апсолутно мнозинство од 61 пратеник е доволно дури и за изгласување на недоверба на влада, нејасно е како одредени политички чинители свесно го деградираат Уставот и изјавуваат дека ова мнозинство не е доволно за разрешување на претседател на собраниска комисија”, велат од Левица.Левица очекува пратеничката Даути да ја демонстрира својата политичка одговорност и да го сочува својот интегритет како пратеник во Собранието, со тоа што ќе го испочитува усвоениот Заклучок во Собранието, каде јасно е прецизирано дека Даути, како претседател на собраниска комисија, го прекршила Деловникот на Собранието.,,Во спротивно, Левица е подготвена да иницира предлог за разрешување до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со која претседава пратеникот од редовите на ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Очекуваме владејачкото мнозинство да го предложи ваквиот издржан предлог на Левица, со цел заштита на законодавниот дом од самоволието на одредени политички чинители.Воедно, со цел да ги разјасниме неуставните толкувања во јавноста, потенцираме дека правните норми се јасни: владејачкото мнозинство преку собраниската комисија има правна можност и обврска да ја разреши Илире Даути, доколку таа продолжи да го крши Деловникот и не си поднесе оставка од функцијата претседател на комисијата. За Левица, Илире Даути со изгласаната интерпелација е разрешена од претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Засрамувачки е што спикерот Гаши и неговата партија се обидуваат да спечалат етнички поени врз кршење на законските и деловничките норми и продолжуваат со деструктивните политики каде што застана ДУИ”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

И Левица нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Меџити, Стоилковиќ и Исени

Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Меџити, Стоилковиќ и Исени кои денеска се на дневен ред на Собранието, а се поднесени од страна на Европскиот фронт.– Сметаме дека интрпелацијата на Тошковски е етнички мотивирана, не се наброени пропустите во работата на Тошковски кои ги има многу, а сметаме дека останатите интерпелации се за да се покрие етничкиот мотив во првата интерпелација - истакна пратеникот од Левица, Борислав Крмов кој додаде дека Левица нема да ги поддржи овие интерпелации.

Македонија | пред 1 година

zagaduvanje

Владата не презема никакви мерки против загадувањето на воздухот - граѓаните ги трпат последиците, велат од Левица

„Владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВЛЕН молчи, додека Скопје руши светски рекорди за загаденост на воздухот. Без разлика на ограничувањата, огромен дел од индустриските капацитети употребуваа крајно штетни горива, мазут и јаглен. И покрај алармантната состојба, најголемиот дел од јавни институции во Скопје, како основни топлива исто така ги користат мазутот и нафта. На сето ова, според нашите сознанија, во дел од индустриските капацитети и покрај забраните се согорува и отпад“, велат од Левица.„Состојбата на терен, особено во индустриските капацитети не може да се утврди. Информациите околу загадувањето за јавноста не се достапни, ниту од јавната, ниту од приватната сфера. Инспекторите не можат да констатираат неправилности, поради тоа што непосредно пред нивните проверки, сопствениците на индустриските капацитети се известени, а загадувачите своето работење времено го прилагодуваат во законската рамка.Податоците за штетноста на овие горива се одамна добро познати, но во изминатите 30 години никој не презема конкретни чекори за нивно заменување. Левица претходно предочи итни мерки кои можат да се спроведат со цел намалување на загадувањето, особено во неколкуте најзагадени градови во Македонија. За жал, откако се на власт, на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ загадениот воздух не им пречи. Потсетуваме дека овие партии, го намалија Буџетот за над 50% против аеро-загадувањето, а очигледно од препораките и еколошките програми, апсолутно ништо не се спроведува.Левица бара:• Мапирање и строго казнување на големите загадувачи, кои со години функционираат без реални санкции за нивното влијание врз животната средина;• Гасификација на индустријата и домаќинствата, што ќе доведе до значително намалување на штетните емисии;• Задолжително и бесплатно приклучување на колективните станбени згради и јавните објекти кон централниот систем на парно греење (Топлификација),• Ревизија на начинот на трошење на средствата од т.н. Зелен фонд;• Насочување кон планско лоцирање индустриски капацитети, фабрики, погони или постројки подалеку од градската зона (особено кон исток).Ги повикуваме надлежните инспекторати итно да излезат на терен и извршат проверка кај потенцијалните загадувачи, што се согорува во индустриските капацитети и какво топливо користат истите, секаде каде што ќе бидат утврдени неправилности, неопходен е итен прекин на нивната работа“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Дали тоа Претседателката го слушна апелот на Левица и стави вето на двојазичните лиценци?

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, реагира на ставањето вето на Законот за двојазични лиценци во градинките.Апасиев на својот „Фејсбук“ профил напиша:„Дали тоа Претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила ВЕТО на противуставните двојазични лиценци (што вмроидите ги шверцуваа во Собрание, за да им угодат на необалистите од Вреди)?Ако е така, аферим и ашколсун!”, напиша Апасиев.

Македонија | пред 1 година

5

Мојсоска: Левица е единствена партија со јасен став против Бугари во Устав под било какви услови - патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија

Пратеничката и генерална секретарка на Левица, Јована Мојсоска, во интервју за „Локално“ изјави дека Левица е единствена парламентарна партија со јасен став – против Бугари во Устав под било какви услови.„Нашиот став е јасен - патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија. Македонското општество мора отворено да почне да говори за феноменот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, а тоа е дека со секој исчекор, постепено се губеше самобитноста на македонската нација. Почнувајќи од Лисабонската декларација, преку Рамковниот договор и територијалната поделба, па нелегитимниот Преспански договор, ние денес сме во состојба на длабоко поделена држава по дејтонски нефункционален систем каде унитарноста е само на хартија, додека паралелни институции никнуваат во образованието, општините, болниците, па сега гледаме дури и паралелна т.н. Албанска академија.Додека во Бугарското собрание сведочиме едногласно усвоена Декларација со која се негира самобитноста на македонската нација, во нашиот контекст се гледа како т.н. партии на албанскиот блок секогаш се во служба на интересите на странските интереси за демонтирање на македонската држава. Можете само да претпоставите колку е посилна позицијата на Грција при Преспанскиот договор или на Бугарија при т.н. Француски предлог, знаејќи дека секогаш имаат четвртина пратеници во Македонското собрание подготвени да ги гласаат сите позиции кои ги рушат конститутивните елементи на македонската држава. Ние сме во ситуација кога 20 - 30 пратеници во законодавниот дом (од албанскиот политички блок) секогаш се подготвени да гласаат за промени на Уставот.Сè додека не изникне граѓанска опција во албанскиот политички блок, со силен сентимент на лојалност кон Република Македонија, овие ретроградни партии секогаш ќе ги рушат позициите на македонската држава, како дел од нивната доктрина која почива врз необалистичка идеологија.На патот кон ЕУ, македонската држава, која почива врз АСНОМ и народно-ослободителната борба, е под директен напад на здружените сили на необализмот и неоврховизмот, како во времето на Втората светска војна. Потребни се нови генерации политичари, со силен државнички менталитет, кои можат да ги антиципираат геополитичките промени и мудро да се позиционираат во новиот светски поредок, како што направила авангардата при конститурањето на македонската држава, изникната од големата победа против фашизмот“, вели Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

mickoski34

Новогодишната кошничка празна, џебовите на олигархијата полни - народот плаќа за мерките на Мицкоски, велат од Левица

Партиите на буржоазијата не смогнаа храброст барем еднаш да спроведат економска мерка согласно потребите на граѓаните. Повеќе од триесет години, СДС и ДПМНЕ се во трка за што поголемо удоволување на клептоманските апетити на домашната олигархија. Се додека стопанските комори ги пишуваат владините мерки, ваквата политика ќе остане непроменета, соопшти Левица.„Инфлацијата се зголемува, куповната моќ се намалува, платата на работничката класа стагнира, а социјалната раслоеност расте. Краткорочните мерки на Владата наместо да ја ублажат инфлацијата, тие долгорочно ги продлабочија џебовите на олигархијата. Инспекторатот и државните служби не покажаа карактер и уште еднаш потфрлија пред енормните профити на трговската мафија.Од 'сигурните решенија' на Владата, единствено е сигурно енормното поскапување на основните производи и рекордна сиромаштија. Уште по иронично е што довчерашната власт на СДС, чија што политика го иницираше поскапувањата и не знаеше како да ги ублажи, сега ја обвинува актуелната Влада за продлабочување на сиромаштијата.Оттука.Левица, како партија која вистински се залага за обичниот човек и работничката класа, предлага:1. Дефинирање дозволен профит – ограничување на профитот како разлика меѓу влезната фактура и излезната малопродажна цена;2. Привремено укинување на ДДВ на основните производи;3. Привремено укинување на царини – за одредени групи производи, со цел намалување на трошоците и стабилизирање на цените;4. Итна поддршка за домашното производство – преку програми за зголемување на конкурентноста на најдефицитарните производи, чии цени најмногу пораснале.Очигледно, секоја досегашна власт не само што не сака, туку и не знае како да го подобри животниот стандард на граѓаните. Милионскиот цех од новогодишната кошничка на Мицкоски го плаќаат граѓаните! Затоа, ја повикуваме Владата да не биде слуга на олигарсите и заложник на своите бизнис-партнери и итно и неодложно да ги спроведе, предлог мерките, посочени од Левица“, се додава во соопштението на партијата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања