ЛЕВИЦА

ismail

Исмаил: ДКСК ја урива довербата - постои корупција кај антикорупционерите

На седницата за пратенички прашања, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, упати критики до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за неактивноста и потфрлањето на институцијата, особено, во случајот со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ.- Како може ДКСК да тврди дека Христовски не е партиски кадар, кога неговите јавни активности и поддршката за владејачката партија се очигледни? Згора на тоа, неговата диплома е од универзитет со спорна репутација, во сопственост на поранешен градоначалник од истата партија - посочи Исмаил.Пратеникот од Левица додаде дека назначувањето на Христовски за директор на АНБ било контроверзно по многу основи.- Значи, почнувајќи од неговата диплома која е прибавена од приватен универзитет каде што се штанцаат дипломи, каде што во програма од четири години се добива диплома за една година, до уште еден поскандалозен момент, а тоа е што тој универзитет е во сопственост на поранешен градоначалник на истата партија, која сега Бојан Христовски го назначува за директор на АНБ - рече потпретседателот на Левица.Исмаил ја осуди и одлуката на Комисијата да го предаде на истражување предметот за Христовски на член на Комисијата кој има деловни врски со истиот универзитет.- Да биде уште понелогична ситуацијата, вие назначувате член од вашата комисија да го истражи овој случај за неговата диплома во Универзитетот каде што тој ист член има деловна врска со истиот универзитет - додаде Исмаил.Пратеникот од Левица потенцираше дека ваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-1

Претседателката Давкова да го искористи правото на вето за двојазичните лиценци изгласани од ДПМНЕ, бараат од Левица

„Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова е на крстопат: дали ќе ја исполни својата уставна обврска и ќе го заштити правниот поредок или ќе го аминува грубото кршење на Деловникот и Уставот од страна на власта? Измените на Законот за заштита на децата, со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките, се донесени со флагрантно кршење на собраниските процедури преку ненадлежната Комисија за енергетика – чин што Претседателката, како поранешен пратеник, остро го осудуваше“, велат од Левица.„Токму таа, која во минатото ги критикуваше ваквите погазувања на парламентарниот процес, сега е во позиција да го спречи нивното продолжување. Но, ќе остане ли доследна на своите зборови или ќе се претвори во уште еден нем претседател кој ги аминува штетните политики на власта? Потпишувањето на Указот ќе значи дека ги напушта своите предизборни ветувања, го погазува своето достоинство, професионални достигнувања и се приклучува на линијата на поранешниот претседател Пендаровски – симбол на поданички однос кон владејачките структури.Воведувањето на двојазични лиценци е дел од пошироката стратегија за разградување на унитарноста на државата преку паралелни институции, поддржана од неуставниот закон за двојазичност. Претседателката, како професор по уставно право, одлично ги разбира опасностите од ваквите политики, но дали ќе има храброст да застане против нив? Нејзината одлука сега не е само прашање на потпис, туку тест на најзиниот интегритет и доследност.Левица ја повикува Претседателката Сиљановска - Давкова да го искористи своето уставни право на суспензивно вето и да не го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за заштита на децата, односно да го спречи воведувањето на двојазични лиценци!“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

mecinovic

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура“ и да не го потпише указот за двојазични лиценци

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес - конференција го изнесе ставот на пратеничката група на Левица по однос на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова.- Морам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно и протоколарно и ни даде само флоскули, наместо тоа што, навистина, јавноста сакаше да го чуе после овој трансфер на власта и турбулентно политичко време. Пред сѐ, се чини дека Претседателката е потполно втурната во сенка на извршната власт и мора да се искоментира дека таа во својот професионален ангажман, во својата кариера има докажано дека е врвен професор, беше добар пратеник, но сега е сведена во функција на министерство за култура во сенката на Христијан Мицкоски - потенцираше Мециновиќ.Според него, коментарите кои ги даде Гордана Сиљановска - Давкова, Претседателката на Република Македонија, повикуваат на некој внатрешен дијалог, на некој консензус во склоп на внатрешната политика.- За на јавноста да ù биде појасно, Претседателката на Република Македонија повика на консензус помеѓу политичките елити, кои, да потсетиме, го амортизираа незадоволството на граѓаните кое се изрази во 2022 година со протестите за францускиот предлог. Од друга страна, во надворешната политика, тоа што можеме да го заклучиме е дека нема идејност како ќе постапиме понатаму. За тоа што го претставуваат како интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа што повеќето граѓани на Република Македонија го сметаат за свој интерес, а тоа е влегувањето и членувањето во Европската унија, сметаме дека и оваа Влада, и овој Претседател на Републиката, нема да придонесе ништо позитивно и дека во наредните европски извештаи ќе ги гледаме истите оценки за пристапувањето на Македонија кон Европската унија - појасни портпаролот на Левица.Мециновиќ во име на Левица ја повика Претседателката да не го потпише срамниот указ за двојазични лиценци за градинки, кој вчера го донесе нематична комисија со кршење на Деловникот.- Ја повикуваме Претседателката на Република Македонија ова да биде прв тест за нејзината државна улога и државнички капацитет, затоа што, да потсетиме, дека таа како пратеник беше еден од најгласните пратеници против илегалната двојазичност! Сметам дека во говорот видовме многу несигурност за државните интереси на Република Македонија, видовме само колонизаторски менталитет – како Македонија е мала, немоќна, како треба да биде исправена пред задачите кои доаѓаат од надвор, без да се покаже кичма и вистинско бранење на интересите на граѓаните - додаде Мециновиќ од Левица.Тој уште еднаш поентираше дека Претседателката дека ќе остане во сенката на извршната власт.

Македонија | пред 1 година

jovana-mojsoska

Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе потпише неуставен закон за двојазични лиценци?

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја повика претседателката Гордана Силјаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките.„Дали почитуваната претседателка Силјановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата - кои беа донесени шверцерски, со кршење на Деловник, преку ненадлежна собраниска комисија?"Мојсоска во објавата потенцира дека со измените на Законот за заштита на децата за прв пат се воведуваат двојазични лиценци во градинките, врз основа на неуставен закон за двојазичност со кој се крши унитарноста на Републиката. Пратеничката од Левица дополнува дека унитарноста е спротивна на паралелните иституции кои се градат со вакви дезинтеграциски закони.,,За претседателката Силјановска, како истакнат професор по уставно право, треба да е доволно што овие двојазични лиценци се донесени со брутално кршење на процедурата и усвоени на собраниската Комисија за енергетика, наместо на собраниската Комисија за социјална политика. Односно, и лаик во право знае дека измени на закон за лиценци за градинки не се носат на собраниска комисија за енергетика.Дали професорката по уставно право ќе се одважи да не го потпише указот во име на владеењето на правото и заштитата на Уставот како највисок правен акт?" - пишува Мојсоска од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Двојазични лиценци - капитулација на ДПМНЕ и продолжување на антимакедонските политики, велат од Левица

„На вчерашната седница на Собранието, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, ги изгласа измените на Законот за заштита на децата со кои се воведуваат двојазични лиценци за работа во градинките!“, соопшти Левица.„Пратениците на ДПМНЕ, кои добија поддршка од околу 500.000 граѓани со ветување за ‘горда Македонија’ и ставање крај на штетните политики на СДС-ДУИ, коишто бараа голема победа за да не бидат уценувани од албанскиот политички блок – сега се нурнаа во длабока примена на неуставниот Закон за двојазичност!Потсетуваме дека овие измени на Законот за заштита на децата беа протуркани на несоодветна комисија – Комисијата за енергетика, каде претседател е Бојан Стојановски од ДПМНЕ!Со досегашното делување, ДПМНЕ јасно ја искажува намерата за продолжуваање и надградување на политиката на кантонизација која ја зацрта СДС.Оваа одлука на ДПМНЕ претставува директна предавничка капитулација пред двојазичните политики кои самите ги осудуваа додека беа во опозиција нарекувајќи ги кривични дела.Со изгласувањето на двојазични лиценци, ДПМНЕ го легитимира процесот на дезинтеграција на Македонија. Од Рамковниот договор, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, до овој чин, политиките на СДС се продолжуваат со апсолутно мнозинство од страна на партијата која вети дека ќе ја брани Македонија, а сега го користи мандатот за антимакедонски политики.Во моментот кога сите други политички елити се натпреваруваат кој ќе биде попокорен слуга на надворешните и антимакедонските интереси - Левица, чиј пратеници гласаа против овие измени, уште еднаш докажува дека е единствената политичка сила која доследно и искрено се бори против федералистичките и разнебитувачките политики“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари да не тактизира и веднаш да го разреши Мемеди за смртта на 20 деца, вели Левица

„Реџеп Мемеди и неговиот братучед остануваат на чело на Детска клиника, и покрај тоа што не се подготвени да преземат одговорност за смртта на дваесетте деца кои починале во шестте месеци од кога тие се на чело на институцијата!“, вели Левица и додава:Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрекол две казни на институцијата и директорот, а постојат и воочени недостатоци од страна на Државниот завод за ревизија. Сепак, кланот Мемеди избира да ги игнорира забелешките на овие институции и продолжува со злоупотреба на државни средства за лично богатење.Зошто министерот за здравство, Арбен Таравари, продолжува со политички калкулации и ги занемарува апелите на јавноста за разрешување на Реџеп Мемеди? Дали кланот Мемеди има доволно голем импакт во одржувањето на неговата политичка позиција до степен што министерот е подготвен да жртвува млади животи?Братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел! Покрај тој навод за фалсификувани документи, од страна на ДЗСИ е воочено дека помладите специјализанти кои дежураат иако немаат законско право за тоа, користат факсимили од постари специјализанти или специјалисти кои на хартија дежураат, но се немаат појавено на клиниката! Ургентниот центар на клиниката останува затворен, па пациентите се одбиваат без образложенија, спротивно на закон!Тоа што власта на ДПМНЕ-ВЛЕН–ЗНАМ ги занемарува забелешките на институциите и продолжува со незаинтересираното владеење со здравствените институции не остава простор за верување дека смртта на овие деца била спонтана и неизбежна. Левица иницијално реагираше на непотизмот и непрофесионализмот во раководењето со Детска клиника на почетокот од септември, па секој дополнителен ден кој власта им го дозволи на братучедите Мемеди во раководството на клиниката е свесно занемарување на грешките кои резултираат со смрт на деца!

Македонија | пред 1 година

grubi-kovacevski

Слободата на Груби е колективен договор на политичките елити спроведен од државниот апарат, вели Левица

„Зад завесите на театарот за бегството на Груби се крие колективен договор на политичките елити. Случајот станува заташкан помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ, но оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив - таа рудиментира“, вели Левица и додава:Неисправни камери, заслабена гранична контрола, пропуст на контролниот полициски пункт, не се изговори на надлежните, туку алатки преку кои власта овозможила бегството да се реализира. Следејќи го развојот на настаните, сè поизвесно е како случајот се затвора на ниво на политички обвинувања каде со цел замачкување очи на јавноста, партиските послушници од последен ешалон, ги чека соочување со дисциплински мерки или симболична казна.Државните институции уште еднаш се покажаа како лојален соработник на криминалците од политичката елита. На случајот му предничеше најава од извршната власт. Дипломатската логистика служела како транспорт, полицијата била нем посматрач, граничниот премин функционирал со врзани очи, а потерница е распишана неколку дена по реализацијата на „бегството“. Наместо гонење, државните институции стимулираат организиран криминал.Левица бара одговорност за целиот случај, не само за граничарите и полициската контрола, туку и за политичката врхушка, којашто го организирала целиот случај!Дополнително, покрај распишаната потерница, инсистираме да се побара екстрадација за Груби до Косово, бидејќи тие не се земја - членка на Интерпол и за нив меѓународната потерница не е обврзувачка.Останувањето на уште еден криминалец на слобода, ќе значи дека законот важи само за обичниот човек, но не и за политичката елита.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника, вели Левица

„Директорот на Клиниката за детски болести - Реџеп Мемеди ќе плати и втора казна во само два месеци затоа што одбива да ги отстрани сериозните недостатоци на самата клиника! Двата извештаи на инспекцискиот надзор го откриваат колапсот на клиниката, вклучувајќи нестручни лекари и одбивање прием на деца без никакво образложение“, вели Левица и додава:На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат!Според Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), директорот Мемеди и неговиот тим не презеле соодветни мерки и сè уште не го исполниле наложеното решение, со што ги оставаат пациентите во опасност.Бидејќи Мемеди одбива да преземе мерки за санирање на колабираната состојба, пред неколку дена Инспекторатот изрече глоба од 4000 евра за Клиниката, а за Мемеди како нејзин директор 1200 евра. Додека во текот на вчерашниот ден, Инспекторат по втор пат изрече казна за оваа клиника, бидејќи не издале писмено образложение за причините за одбивањето на приемот на седуммесечното бебе кое почина пред 5 дена.Само во последните шест месеци, 20 деца починале на клиниката, што ја прави стапката на смртност застрашувачки висока. Раководството од братучедите Мемеди, поддржани од министерот Таравари, се директно одговорни за овие трагедии. Уште колку детски животи треба да згаснат за монструмот Мемеди да биде тргнат од директорската функција?!

Македонија | пред 1 година

5

Македонија повторно на страна на Нацизмот во ООН, вели Левица

„Владата на ДПМНЕ продолжува да ги претставува туѓите интереси, наместо да ги застапува принципите и вредностите на македонскиот народ. Со гласањето „ПРОТИВ“ Резолуцијата за осуда на нацизмот, Македонија уште еднаш покажа дека нејзината надворешна политика останува заробеник на колективниот Запад“, соопшти Левица.„На 17 декември, во Њујорк, за време на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои поттикнуваат расизам и ксенофобија. Документот доби поддршка од 119 држави, додека Македонија, со срамното гласање „ПРОТИВ“, повторно ги поткопа своите антифашистички традиции.Уште позагрижувачки е фактот што Македонија, преку својот претставник Душко Узуновски, се вброи во малцинството од 53 држави кои ја отфрлија резолуцијата, и тоа во година кога светот ја одбележува 80-годишнината од Победата над фашизмот. Со овој чин, Владата демонстрира дека не ги почитува жртвите на антифашистичката борба ниту вредностите на АСНОМ, кои се темел на нашата државност.Ова е континуитет на поразителната надворешна политика која дозволи прифаќање на диктати од Бугарија, со кои се поткопуваат македонската историја и антифашистичкото наследство, и продолжува со ова отворено величење на нацизмот преку игнорирање на ваквите меѓународни иницијативи.Левица повторно потсетува дека уште во 2022 година нашите пратеници предложија Резолуција против рехабилитација на фашизмот, но таа остана заклучена во фиоките на власта. Владата тогаш, како и оваа сега, го игнорира македонскиот народ, не признавајќи го неговото антифашистичко наследство.Левица ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и единствениот политички субјект кој доследно ги брани антифашистичките вредности на Македонија. Време е да се стави крај на вазалскиот пристап во надворешната политика!“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Власта ја избра партиската суета наместо заштита на жртвите на семејно насилство, вели Левица

„На вчерашната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлог-измените на Кривичниот законик, со кој Левица предлагаше кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност, без предлог на жртвата. Ваквата партиска суета и ароганција на владејачкото мнозинство, јавноста ја сведочи во континуитет. Додека декларативно се залагаат за борба против семејното насилство, нивното вистинско лице е лицемерие – зборови без дела, кампањи без конкретни чекори“, соопшти Левица.„Потсетуваме дека пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на Кривичниот законик (односно, измена на членот 130, став 5) во насока на зголемена превенција во борбата против семејното насилство. Емпириските податоци говорат дека сегашното законско решение, кое бара писмена согласност од жртвата за гонење на телесната повреда при семејно насилство, не само што е нефункционално, туку е и штетно.Фактичката состојба укажува дека законодавецот не ги зел предвид психолошката состојба на жртвата, заканите, притисоците и надворешните фактори на емотивно ранливата жртва. Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони без предлог од жртвата, тоа ја олеснува позицијата на жртвите и обезбедува независна интервенција од страна на државата. Во повеќе трагични случаи на фемицид, токму ваквиот пропуст, кога жртвата го повлекува предлогот за гонење под притисок, резултираше со изгубени животи кои државата можеше да ги спаси!Тоа што пратениците од власта ја одбија измената на Кривичниот законик, само поради тоа што доаѓа од Левица, ја покажува нивната ниска политичка свест и совест, која не може да ги надмине теснопартиските интереси. За жал, ваквото штетно политичко делување на владејачкото мнозинство, ќе се рефлектира директно врз жртвите на семејното насилство, кои освен формални кампањи и празни флоскули во борбата против семејното насилство - се целосно оставени сами од страна на државата.Со ова, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ ја презема целосната одговорност за идните трагедии кои можеа да бидат спречени со еден глас за промена. Ова не е само прашање на закон, туку прашање на човечност и обврска кон оние кои немаат глас, но имаат право на живот, достоинство и заштита“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

apasiev

Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти, вели Левица

“Уставниот суд одби да отвори предмет по уставната иницијатива на Левица со која беше оспорена Одлуката за промена на улиците по балистички и шовинистички ликови, донесена од страна на Советот на Град Скопје во мандатот на Петре Шилегов”, вели Левица и додава:Оваа скандалозна Одлука, донесена од тогашната локална власт на СДС и ДУИ, освен што претставуваше популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од албанското гласачко тело, истата е директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади. Имено, оваа Одлука ги навредува националните чувства на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија.Улиците кои се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, коишто не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава. Потсетуваме дека со ваквата одлука беа избришани имиња на улици кои ја симболизираат антифашистичката борба на македонската нација, како улиците „Втора македонска бригада“ и „Македонска Косовска Бригада“.Тенденцијата на ваквите одлуки е јасна - системско бришење на заедничката борба против фашизмот врз која почива македонската држава и инсталирање врховистичко-балистички елементи, како дел од ревизионизмот на македонскиот идентитет.Левица оценува дека е скандалозен потегот на Уставниот суд да ја отфрли поднесената иницијатива и со тоа да му даде легитимитет на процесот на бришење на АСНОМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_20241213_075215_788

Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ, вели Левица

„Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за нов член на критикуваниот Судски совет скандалозно ја инсталира сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој доаѓа токму од ДПМНЕ. Данка Ристова е избрана за член на Судскиот совет на местото на Лорета Ѓорѓиева од Струмица, за која во јавноста гласно се говореше дека е од „тефтерчето" на Заев, со што фамозното „тефтерче" за избор на подобни партиски судии, повторно премина во рацете на ДПМНЕ!“, велат од Левица.„Со ваквиот избор се потврдија укажувањата на Левица, дека бизнис - елитите на криминалните политички партии, ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, изминативе години константно го партизираат судството со избор на свои подобни партиски судии, без никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.Оваа одлука го демонстрира истиот шаблон на поставување партиски кадри во клучните правосудни тела, а со цел цементирање на политичката контрола и обезбедување на комоција во криминалното владеење.Овој избор доаѓа во време кога премиерот Мицкоски најавуваше сериозни реформи, дури и распуштање на Судскиот совет поради неговото катастрофално работење. Очигледно, Мицкоски ќе продолжи да го зајакнува системот што го критикуваше.Левица ја предупредува јавноста дека Мицковизмот не само што ќе го наследи, туку и ќе го надгради Заевизмот. Она што го критикуваше, Мицкоски сега совршено го копира, дополнувајќи го со нови механизми за зацврстување на партиската контрола врз правосудството и државните институции. Ова не е промена, туку продлабочување на истиот гнил систем којшто ја задушува Македонија и ја урива довербата на граѓаните“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-10.27.57

Левица со кривична против пратеникот Велјановски, го нарекуваат „насилник“

Левица поднесе кривична пријава за Александар Велјановски од ДПМНЕ за кривично дело - Несовесно работење во службата, казниво по чл. 353 - в, од Кривичниот законик. Причината е тоа што насилникот Велјановски го прекрши Деловникот на Собранието и го прекрши уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа.„Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ.Левица тогаш поднесе 2673 амандмани. Согласно Деловникот, матичната комисија и Законодавно-правната комисија, пратениците имаат рок за расправа од по три дена од отворањето на расправата. Но, спротивно на Деловникот, претседателот на Законодавно-правната комисија од ДПМНЕ Велјановски, кој воедно е и човекот кој во Собранието имаше обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев, одлучи расправата да трае само петнаесет минути.И покрај тоа што со новиот Деловник, практично е невозможно да се блокираат штетните закони од коалицијата на власт, насилникот Велјановски одлучи да го ускрати дури и правото на пратениците од опозицијата да го искажат своето мислење и образложат амандманите. Очекуваме институциите да се одважат по оваа пријава, затоа што во спротивно, ова би било поддршка за насилничкото носење на закони од власта, без никаква политичка или институционална контрола“, вели Левица.

Свет | пред 1 година

apasiev

(Видео) Апасиев: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

„Оваа прес-конференција ја свикавме како едни од тринаесетте подносители на Иницијативата за оценка на уставноста на Закон за употреба на јазиците, познат како Закон за двојазичност. Сметаме дека има четири основи по кои овој закон мора да биде поништен. Во случајов ќе наведеме две“, кажа пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев.„И покрај тоа што Деловникот на Уставен суд предвидува тримесечен (брз рок на итност), еве, дочекавме после шест години скоро, Уставниот суд да закаже подготвителна седница за истиот.Првиот основ поради којшто овој закон мора да биде поништен е тоа што е пробиен преклузивниот рок за објава, односно не е испочитуван членот 52 од Уставот, што бара уставен рок од седум дена за објава. Овој закон е објавен после една година. Дека има многу правни преседани за ова се решенијата, коишто Кренар Лога, како тогашен министер за правда им ги поништи правилниците на многу свои колеги министри токму по тоа образложение. Еве ја одлуката на Уставниот суд каде што тој вели дека објавата во рок од седум дена не е техничко прашање, туку е прашање на владеење на правото.Вакви има дузина пресуди! Уставниот суд самиот си воспостави судска пракса на коишто е потпишана Добрила Кацарска, поради којшто овој закон, без да навлегува во материјално-правно оценување на Законот, мора да биде поништен!Вториот е УКАЗОТ за прогласување на Законот, за којшто Уставниот суд има интенција. Нашите информации велат дека ДПМНЕ и ВРЕДИ одат да го „бајпасираат“, односно да го саботираат овој процес преку нивните инсталации во Уставниот суд, односно да го остават „статус квото“ - Уставниот суд да се прогласи ненадлежен за оценка на Указот којшто е патем објавен без потпис од тогашниот Претседател. Тоа, патем се нема случено во досегашната уставно-правна историја.Еве, една уставно-судска пракса од '98 година, кога Претседател на Судот бил Тодор Џунов. Тогашниот Спикер - Тито Петковски објавува закон без потпис на Киро Глигоров како претседател и тогаш Уставниот суд, под претседателство на проф. д-р Милан Нетков, го укинува Указот за прогласување на Законот за употреба на знамињата. Оттука, Уставниот суд има своја судска пракса која не смее да ја погази, а тоа е да го преоцени, односно да го поништи указот којшто е без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.Сметаме дека уставните судии мора да покажат кредибилитет и да не подлегнат на нео-балистичките уцени коишто им се сервираат овие години, како и на притисоците на власта и да се повикаат само на сопствената судска пракса досега без да навлегуваат во материјална оценка на Законот. Сè што ќе биде спротивно на одлука за поништување на овој закон, ние ќе го сметаме за пораз на правото и правдата“, потенцираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев: Законот за двојазичност е премногу дури и за федерални држави

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, како подносител на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, ги образложи „правните заврзлами“ околу овој закон, или, како што вели „јас го нарекувам таканаречен, затоа што не е закон. Тоа е тоалетна хартија која е објавена во ’Службен весник’ без никаков правен преседан во нашата историја. Значи ние не сме држава од вчера, ние имаме некои уставни обичаи од кои што влечеме корени и можеме да споредиме и вакво нешто се нема случено“.Како што истакна, прекршен е Деловникот, прекршена е процедурата, ставено е вето на овој закон од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а кога се става вето мнозинството од 41 пратеник се подига на 61 пратеник, промашен е рокот, па така место во рок од 30 дена донесен е после 60 дена, десетина членови од законот се вратени како спорни на повторно разгледување, а за кои опозицијата има право да поднесува амандмани.„ДПМНЕ поднесе 19 000 амандмани и Џафери брутално им ги фрли во корпа, со што стори кривично дело. Претходно ДУИ имаа 15 500 амандмани на изборен законик кога се требаше да се воведе една изборна единица. Значи имате двојни стандарди и политичка дискриминација. Пробиен е рокот, рокот е седум дена, а овој закон е објавен дури после година дена од носењето заедно со Преспанскиот, знаете кога има гужва па да помине и тој“ - истакна Апасиев.Понатаму во излагањето Апасиев образложи дека Законот за јазици треба да падне на Уставен суд исто како Законот за матична евиденција и Упатството за воведување националност во изводите од матично, кој беше пред Судот на иницијатива на Левица.„Што ние направивме. Кога Кренар Лога, необалистов, беше министер за правда и сакаше да воведе националност во изводи од матично. Ние му го оспоривме Упатството пред Уставен суд и му го кутнавме и после тоа го оспоривме и законот и исто така успешно го кутнавме. Роковите се најбитни во правото. Ние велевме дека тој рок е преклузивен, тој се бранеше дека е ориентационен. Тогаш, со одлуката, Уставниот суд си постави преседан и само по овој основ треба да се укине законот“, рече Апасиев.Апасиев во интервјуто го потенцираше и тоа дека за првпат во историјата од АСНОМ до денес, има закон кој влегува во сила без потпис на Претседателот.„Тоа е познатото фамозно ’џебно вето’ на претседателите. И видете, Ѓорѓе Иванов не е првиот кој го употребува џебното вето. Имаме два преседана претходно. Првиот е Глигоров во 1997 година, тогашниот Закон за кривична постапка, кој е патем речено квалифициран двотретински закон, одбива да го потпише и го потпишува многу подоцна, и дури тогаш влегува во сила - значи, додека нема потпис, нема Закон.Следниот е Борис Трајковски во 2001 година, за Законот за пратеници, со кој пратениците сакаа да си ги кренат привилегиите но, Трајковски не им го потпиша законот и тој никогаш не влезе во сила. Значи овој преседан на Ѓорѓе Иванов е трет. Е сега не можете вие на два преседана имате еден аршин, а за третиот друг аршин“, вели Апасиев.Како преседан, а за споредба со случајот со Законот за јазици кој е потпишан од Талат Џафери наместо од претседателот Иванов, Апасиев, објасни уште еден случај од 1997 година, кога Тито Петковски, како тогашен спикер на Парламентот, се обидува да го заобиколи Киро Глигоров за Законот за употребата на знамињата, и без потпис на Киро Глигоров да објави закон. Тогаш Уставниот суд носи една одлука во која се вели дека само во четири случаи спикер може да замени претседател: кога ќе умре, кога ќе даде оставка, трајно е спречен или кога ќе му престане мандатот по сила на Устав.„Во овој случај, Талат Џафери знаете што направи? Фуснота ставил кај потписот на Ѓорѓе Иванов и се потпишал некојси заменик генерален секретар од ДУИ, Неџбедин Ибраими и вика, ние мораме да го објавиме. Па кои сте бе вие да го објавувате во Службен весник? Во Службен весник знаете како оди објавувањето? Собрание го праќа кај претседателот и претседателот го праќа указот до Службен весник, не Собранието. Значи каша попара е направено и само поради овие причини, меѓудругото го нема и двотретинското мнозинство, донесен е со 64 пратеника, а не со 80, доволно е за да се поништи законот“, истакна Апасиев и додаде дека го Левица го чека исходот од Уставниот суд.„Ние чекаме исход сега во среда, за да знаеме дали да го оспориме и материјално - правно. Венецијанска комисија им го оспори практично, ги направи каша попара внатре, затоа што тој е нефункционален, го парализира правниот поредок и не можете да функционирате. Ваков закон дури и за федерални држави е ту мач, а не, пак, унитарни“ - потенцираше Апасиев.Соопштение од Левица

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања