ЛЕВИЦА

dimitar-apasiev9

Апасиев: Уставните судии да не се плашат пред налетот на необалистичките пискотници

Фејсбук објава на лидерот на Политичката партија Левица, проф. д-р Димитар Апасиев:„т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна двојазичност мора да биде поништен!Од стручен аспект, формално-правните причини (без да навлегуваме во материјална расправа) се следниве:1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа!Оттука, уставните судии мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не да бидат уплашени пред налетот на необалистичките пискотници! Оти, како што вели професорот од Универзитетот во Гент – Ван Кенеген: „Па, каква корист имаме ние од судиите ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!?

Македонија | пред 1 година

IMG_4322

Уставниот суд стана жртва на етнички уцени, реагира Левица

„Левица - како подносител на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците - најавениот бојкот од уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари го оценува како скандалозен и неприфатлив. Политичкиот бојкот не е ништо помалку од обид за насилно одржување на неуставната двојазичност, иако Европската унија и Венецијанската комисија веќе ја оценија како спротивна на владеењето на правото“ велат од Левица и додаваат:Оваа ситуација ја разоткрива и суштинската слабост на Бадентеровиот принцип, кој се претвори исклучиво во алатка за етнички диктат и блокирање на институциите. Наместо правна стабилност, добиваме парализирани институции подложни на политички и етнички манипулации.Дополнително, овој случај ја потврдува итната потреба од дефинирање на критериумите за избор на уставни судии наспроти флоскулата ‘истакнат правник’. Моменталната практика на произволен избор, заснована исклучиво на партиски, етнички и субјективни критериуми, доведе и до ситуација каде судии отворено одбиваат да одлучуваат по прашања што ги сметаат за „етнички чувствителни“. Пратениците од Левица во минатиот мандат поднесоа предлог-закон во оваа насока, со цел прецизно дефинирање на поимот ‘истакнат правник’, но тој не доби поддршка. Одлучни сме повторно да го предложиме, бидејќи без вакви реформи, Уставниот суд ќе продолжи да биде инструмент на етнички и политички интереси, а не на правдата.Го повикуваме претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадинов, да ги преиспита процедурите, да го смени заклучокот за одлучување во полн состав за т.н. Закон за двојазичност и да обезбеди функционалност на Судот. Судот мора да одлучува врз основа на правото, а не под притисок на етнички и политички уцени. Доколку не се обезбеди функционалност, ќе стане јасно дека Уставниот суд не е заштитник на Уставот, туку заложник на етничките калкулации и политичкиот терор.Уставниот суд треба да биде бастион на правото и владеењето на законите – а не арена за политички и етнички бојкоти и манипулации.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-125635

Крмов: Системски се гради анти-македонизам под покровителство на СДС и ДПМНЕ

Македонското знаме беше палено, газено. Полицијата не реагираше како што треба. ДУИ прво најавуваше жешко лето, па жешка есен и еве жешката есен им се случи, а тие излегоа неспремни. Ама јас сакам да ја поставам тезата дека ова за жал не треба да нè изненадува, јас мислам дека албанскиот политички фактор работи на ова од 2001, под покровителство на условно речено големите македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За жал, кај нас граѓанинот по потекло Албанец е дефиниран како анти-Македонец и тој не го може да го слави Денот на албанското знаме, ако не го гази македонското знаме, истакна Борислав Крмов, пратеникот на Левица, во видеоинтервју за Слободен печат.По однос на изјавите на Африм Гаши за инциденотот, Крмов истакна дека неговата изјава дека „не си патриот ако го сакаш само сопственото знаме, туку треба да го почитуваш и туѓото“ е всушност концептот на една албанска нација во три држави.„Слично соопштение, во сличен манир, имаше и ВРЕДИ, државното знаме беше окарактеризирано како знаме на друга заедница. Се гаи анти-македонизам, непочит спрема државата, непочит спрема законите, спрема државните инсигнии, химната… Во такви ситуации, каков сигнал праќаат политичките претставници на албанското етничко малцинство, кога велат дека ако воопшто треба да се почитува македонското знаме, тоа е затоа што е знаме на ‘друга заедница’, наместо да се почитува бидејќи е тоа наше знаме. Никаде зборот ‘наше знаме’ не беше употребен“, акцентираше пратеникот Крмов.За актуелната политичка ситуација и досегашното владеење на ДПМНЕ, истакна дека знаците што ги покажале во првите шест месеци се лоши. Лошите знаци ги гледа во ретерирање од неупотреба на придавката Северна, зголемување на министерските места, зголемување на трошоците, зголемување на плати на администрација во влада, отварање на измислени функционерски места во царина за да се удоволи на коалициониот партнер, всушност, делување спротивно на она што го ветуваа.За претстојните локални избори Крмов смета дека Левица кај македонскиот електорат полека се профилира како најсилна опозиција. Според него досега колку и да биле лоши една од големите партии од македонскиот блок сепак се знаело дека и е загарантирано второто место.„Сега тоа веќе не е така. Во многу општини Левица е втора партија. А голем дел од разочараните гласачи на ДПМНЕ и СДСМ се вртат на кај нас“, вели Крмов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-112154

(Видео) Јанчев од Левица: ДПМНЕ шверцува двојазичност преку ненадлежна собраниска комисија

На собраниската Комисија за енергетика, пратеникот од Левица - Сашко Јанчев побара да се тргне од дневен ред предлог-Законот за заштита на децата, поради ненадлежност на оваа комисија. Јанчев потенцира дека овој закон треба да се препрати на Комисијата за социјална политика, но претседателот на Комисијата - Бојан Стојаноски од ДПМНЕ го одби ова барање. Со предложениот закон, се воведува противуставна двојазичност на лиценците и испити, овој пат преку шверц на ненадлежна комисија од страна на ДПМНЕ, велат од Левица.Во своето излагање, пратеникот Јанчев истакна дека матично тело за конкретниот предлог-закон не е Комисијата за енергетика, туку Комисијата за социјална политика и тоа се гледа во самиот предлог закон, каде стои дека лиценци од вакви испити дава министерот за социјална политика, демографија и млади, а не министерот за енергетика. Дополнително, Јанчев потенцира дека овој закон интервенира и во називот на Министерството на социјална политика.Потсетуваме дека токму ДПМНЕ во минатото го спореше т.н. Закон за двојазичност, за сега коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да ја продолжи неуставната двојазичност која ја почна режимот на СДС и ДУИ, додаваат од Левица.

Македонија | пред 1 година

271677508_733133437657379_5055645123946271102_n

Да се формира инспекторат за државните симболи, бара Левица

„Поради континуираното непочитување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната, Левица до Собранието ќе поднесе предлог-Закон за воведување на Државен инспекторат за инсигнии. Овој инспекторат ќе биде задолжен за контрола и надзор над правилната употреба на грбот, знамето и химната од страна на државните органи, општините и приватните субјекти“, велат од Левица и додаваат:Скандалозно е што сите политички елити досега не формирале ваков Инспекторат, во услови кога на секој чекор македонското знаме не се почитува, како единствен симбол кој треба да ја обедини македонската нација.Левица повторно најостро го осудува скорешното палење, непочитување и сквернавење на македонското државно знаме за време на прославата на денот на албанското знаме, кое помина без санкции и јасна реакција од надлежните институции. Овој чин е уште еден доказ за потребата од системски пристап и јасен инспекциски надзор врз употребата на државните симболи.Согласно член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната, како и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме е кривично дело. Но, отсуството на соодветен механизам за надзор овозможува ваквите акти да поминуваат неказнето.Потсетуваме дека Левица ова прашање го истакна уште во својата Македонска платформа за пост-изборно коалицирање, како една од петте клучни точки:„Строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.... задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери.“Македонската платформа на Левица е клучен инструмент за зачувување на унитарноста и достоинството на Република Македонија. Повторно апелираме до сите политички партии ова прашање да го третираат како црвена линија, која не смее да биде предмет на политички компромиси.

Македонија | пред 1 година

jancev1

Левица поднесе пријава до Антикорупциска за соработници на „пцујачот Јованчев кои земаат двојни паушали“

„Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) против Андон Лазаров и Атанас Ризов, блиски соработници на пратеникот Јованчев. Пријавените лица истовремено извршуваат повеќе функции, што создава судир на интереси и го става под сомнение кредибилитетот на јавните институции во кои се ангажирани“, велат од Левица.„Првопријавениот Андон Лазаров е раководител на подружница на АД „Пошта на Македонија“ во Кавадарци и истовремено прецедател на Надзорен одбор во ЈП „Комуналец“ Кавадарци - функција која е неспоива со првата.Второпријавениот Атанас Ризов, ја врши функцијата раководител на подружница на АД „Водостопанство“ – Тиквеш, додека паралелно е и прецедател на Управен одбор во ЈП Комуналец Кавадарци. Ова е директно спротивно на член 44 и член 49 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Согласно Законот, ваквото кумулирање на функции е строго забрането и претставува флагрантно прекршување на правниот поредок. Нашата пријава до ДКСК е заснована на цврсти докази, вклучувајќи официјални документи и изјави, кои го потврдуваат незаконското дејствување на пријавените.Да потсетиме, Јованчев неодамна стана познат по срамниот инцидент со навредите кон сестрата на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев. Наместо да се посвети на решавање на проблемите на граѓаните, тој ја користи својата позиција за промовирање на лицата во Кавадарци познати како негови потрчковци, кои незаконски, од народни пари, ги полнат своите џебови, притоа бескрупулозно ги злоупотребуваат јавните функции.Ова е само почеток! Уште еднаш покажуваме дека нема да премолчиме пред коруптивните практики на било која власт. Оваа пријава е само дел од нашата посветеност во борбата против злоупотребата на државните ресурси. Левица ќе продолжи со поднесување пријави против сите кои ги злоупотребуваат своите позиции – од највисоките функционери до нивните сервилни потрчковци. Нема да дозволиме паразитите на власта да ја уништуваат државата!“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

anb-480x288-1

АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда, вели Левица

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен пропуст на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој предизвика оправдано прашање за нивната ефикасност.„Имено, се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил забранет влез во Република Македонија поради безбедносни причини. Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, кој ја претставува оџата Беким Халими(поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици“, велат од Левица„Прашањето што се поставува е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата.Левица бара одговор од новиот директор на АНБ - Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам. Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-03-at-08.43.21

Сопартиец на Меџити и портпарол на ВРЕДИ го сместуваат во Советот на обвинители, обвинува Левица

„Иако Законот за Советот на јавните обвинители на РМ предвидува децидна забрана за членување во политичка партија на членовите на Советот - коалицијата ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со одлучна дрскост, сепак реши за член на Советот на ЈО да го смести Адриан Демири којшто е истакнат сопартиец на вицепремиерот Изет Меџити и често портпарол на коалицијата ВРЕДИ“, вели Левица и додава:.Наместо универзитетски професори, поранешни судии на Уставниот суд, меѓународни судии, истакнати правници како што наложува Законот - владејачката гарнитура која ветуваше реформи во правосудниот систем, одлучи да продолжи по теркот на СДС и ДУИ, па како ‘гарант’ за правда, инсистира на Демири со просек 6,97 на додипломските студии. Неговата биографија и прилози не содржат никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.Имено, Ардиан Демири личната биографија ја започнува со функциите и позициите на неговиот покоен татко, а на една страна од вкупно три, објаснува за статусот на неговото семејство. На втората страна објаснува за неговото вработување во Општина Струга уште за време на неговите средношколски денови и позициите во Општината обезбедни од страна на градоначалникот Рамиз Мерко. На третата страна како доказ за неговата истакнатост, наведува шест гостувања на Алсат ТВ.Демири неговата проактивност и стручност ја докажува и со дури пет приложени сертификати, и тоа за: Подготовка за полагање на правосуден испит; Учество на обука за стратешко планирање за општините; Учество на обука за правда прилагодена за децата; Семинар за набљудување на судските процеси; Семинар за договорите за финансиски лизинг.Од јавно достапните информации, а согласно доставената документација како кандидат, евидентно е дека предлогот на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ за член на Советот на ЈО, Адриан Демири, запишал, но не ги завршил постдипломските студии од областа на граѓанското право.Според јавните објави на Демири на социјалните мрежи, може да се заклучи дека врв на неговата правничка кариера е успехот да го ослободи од казна затвор албанскиот играорец кој на Велигден постави големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид изјавувајќи дека Охрид е албански град.Македонските граѓани повеќе од три децении се ускратени од правда и правна сигурност од некомпетентен и корумпиран правосуден систем во распад со 2% доверба. Бизнис елитите на криминалните политички партии ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, со секое доаѓање на власт, брзаат со поставување на свои партиски послушници на чело на правосудните тела, а со цел обезбедување на комоција во криминалното владеење и зацврствуање на сопствената моќ.Овој предлог доаѓа во време на најавите на власта дека започнува чистка на обвинителите и судиите блиски до претходната власт, со што јасно се обелоденува вистинската намера на новите властодршци - узурпација преку поставување на сопствени кадри избрани во партиските штабови, далеку од предизборното ветување за борба со криминалот и решавање на овој горлив проблем на македонското општество.

Македонија | пред 1 година

468618827_1149633926519670_5110735198712976608_n

Крајна неспособност и кукавичлук на Тошковски - оставка веднаш, бара Левица

„Бализам, иредентизам, шовинизам, сецесионизам беа пораките кои одекнуваат во неколку градови во Македонија, а најмногу во Скопје, за време на вчерашното дивеење по повод „прослава“ на Денот на албанското знаме. Министерството раководено од Тошковски, во име нa коалицискиот мир и стабилност во Влада, покажа дека нема намера, ниту капацитет, да ги обезбеди безбедноста и достоинството на македонските граѓани“, соопшти Левица.„Во моменти кога граѓаните бараа одговори и реакција, премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски избраа молк и кукавички се сокрија од јавноста. Нивната коалиција со структури како ВРЕДИ, кои отворено дивееја и ја понижуваа Македонија, само го потврдува нивното учество во организираниот хаос.Левица го повикува обвинителството да постапи според член 319 од Кривичниот законик, согласно којшто загрозувањето на сигурноста, подбив со националните, етничките и верските симболи, сторителите се казнуваат со затвор од една до пет години. На фотографиите и видеата, јасно се гледаат лицата и регистарските ознаки на автомобилите, што овозможува МВР да ги идентификува сторителите. Доколку ова не биде направено, тогаш власта станува соучесник во ваквите настани.Државата не смее да си дозволи сервилност додека се сквернават националните симболи, се спроведува неред и насилство и се кршат законите. Владата која не може да обезбеди ред во еден ден, не може да ја води државата низ сложени политички и безбедносни предизвици.Министерството за внатрешни работи, под водство на Тошковски, покажа дека нема ниту капацитет, ниту визија да спречи инциденти. Оттука, по низата претходни скандали и неразјаснети престрелки во градот, бараме итна оставка на Министерот Панче Тошковски!“, се додава во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

mkd-zname-bitpazar

Со газење и палење на македонското знаме се славеше Денот на албанското знаме - Левица бара одговорност

„Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта“, велат од Левица.„Особено вознемирувачки за мнозинскиот македонски народ е фактот што се пееја песни со содржина дека Скопје е албански град, што претставува директна провокација и навреда за Македонците. Дополнително, Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски, и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир.Кога се работи за самоволието на албанската заедница, потсетуваме дека за време на 2 Август, еден од најголемите национални празници на Македонија, наместо да се организираат свечености за подигање на македонската свест, бевме сведоци како се игра шота пред Собрание на Македонија.Левица бара од надлежните органи ИТНО да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани. Потсетуваме дека со молчење кон понижувањата не се гради соживот, туку само се потпомага во остварување на крајната цел на иредентизмот на ДУИ и ВРЕДИ, а тоа е федерализација и распарчување на Македонија“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

jovana-mojsoska

(Видео) Левица поднесе измени на Кривичниот законик - семејно насилство да се гони по службена должност

„Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик. Имено, додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое што се води по предлог, Законот за спречување семејно насилство го третира семејното насилство како јавно прашање и наложува гонење по службена должност“, кажа на прес-конференција, пратеничката од Левица - Јована Мојсоска.„Токму поради ова, пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на член 130, став 5 од Кривичниот законик, со кои измени предлагаме и телесната повреда при семејно насилство да се гони по службена должност.Праксата покажува дека најголем дел од кривичните пријави за семејно насилство се гонат токму по овој член и во голем дел од случаите, самите жртви на семејно насилство го повлекуваат предлогот за гонење на сторителот.Сметаме дека е штетна одредбата која предвидува писмена согласност од жртвата за гонење на делото телесна повреда при семејно насилство.Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони по службена должност, тоа ќе ја олесни позицијата на жртвите и ќе обезбеди независна интервенција од страна на државата“, изјави Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

468523038_910332417865627_5305738201406599333_n

Наместо домаќинско работење, општина Илинден се луксузира со народни пари, потрошени речиси 9000 евра за 3-дневна обука во Нови Сад, велат од Левица

„Иако ДПМНЕ ветуваше дека домаќински ќе работи на локално ниво пред локалните избори, иако се жалеше дека претходното раководство ја донела локалната самоуправа пред банкрот, дека буџетот бил празен, фактите говорат сосема друго, Општина Илинден за викенд обука за 20 лица успеала да потроши неверојатни 9000 евра народни пари“, соопшти Левица.„Според нас, како политичка партија, се работи за луксузен туристички викенд под превезот на обична обука бидејќи за овој престој во луксузен хотел со 4 ѕвезди во странство, со јадење, пиење, со превоз со високо туристички автобус, се потрошиле речиси 9000 евра народни пари.Интересен факт е тоа што обуката ја крстиле "Ефикасно управување со буџетите на локалната самоуправа: Решенија и предизвици", што сосема се коси со начинот на реализација бидејќи се работи за очигледно расипништво и душманско расфрлање со народните пари.На жителите на Општина Илинден им е јасно зошто во општината нема канализација, зошто улиците се во катастрофална состојба со дупки, зошто градинките добиваат спонзорства од кладилниците, зошто жителите се лечат во полураспадната амбуланта, а тоа е токму поради ваквиот начин на луксузирање на локалните власти предводени од ДПМНЕ.Општината, за да постапи домаќински и економично, требала обуката да ја реализира во рамки на работното време на службениците и во рамки на самата институција, но за жал тие се одлучиле да патуваат и да се гоштеваат во Република Србија, Нови Сад.Локалните избори се ближат, жителите на Илинден ќе имаат можност за брзо време да го казнат ваквото расипништво на ДПМНЕ во Општина Илинден!“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-27-115837

(Видео) ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани, поднесен од пратеникот, Борислав Крмов.- Проектот мора да го завршите до 2026. Тоа значи дека уште 2 години има потенцијал да гори таа депонија и да ги труе кочанчани со канцероген чад. Како пратеник од Левица, барам еден милион евра тоа да не се случува. Тоа не се мои лични барања, тоа се барања на кочанчани, на вашите сограѓани - истакна Крмов, обраќајќи се кон Миле Лефков од Кочани, пратеник од ДПМНЕ.Крмов потенцираше дека Јавното претпријатие „Водовод“ - Кочани, кое во два мандати го водеше членот на ДПМНЕ и сегашен градоначалник, Љупчо Папазов, е руинирано.- ЈП „Водовод“ не може ни кочанското ѓубре да го сврти. Со она што го правите со 30 метра ограда, со две смешни камери, со чувари кои не се ни соодветни и за кои не знаеме дали биле таму или не, нема ништо да постигнете. Сонувале кочанчани за регионална депонија кај Мечкуевци. Таму е, исто така, огромен проблем, додаде пратеникот од Левица.На коментарот од Лефков дека депонијата 7 години горела, Крмов потсети дека и во 2021 во Кочани ДПМНЕ ја држеше локалната власт, којашто е надлежна за депонијата.- Јас сум против несоодветен проект којшто ќе го претвори Св. Николе во ѓубриште. Не е поентата да се пресели хаваријата од едно место во друго. Не е поентата да се реши проблемот за кочанчани, а да се створи проблем кај светиниколчани. Проблемот треба да се реши за сите, што значи дека треба да ги прифатите овие еден милион евра за соодветно да се третира депонијата до нејзино затворање и понатаму - да го прекинете тој проект за регионална депонија и да го почнете од почеток.За сличен проект во Словенија, минимум 5 години е правена примарна селекција на ѓубре, пред да се стави шајка на регионалната фабрика, не - депонија, за преработка на отпад. Вие немате почнато ништо! Тоа ќе биде хаос каде што 320.000 жители ќе депонираат ѓубре во депонија блиску до гратче со 7000 жители. Тоа се 18 општини, кои неселектиран отпад ќе носат на депонијата - пластика измешана со стакло и сл.; органскиот отпад ќе ви тече од камионите по регионалните патишта кои не се соодветни за да се донесе ѓубрето до регионалната депонија. Само камионите од Куманово и од Крива Паланка што треба да депонираат отпад до Св. Николе, ќе треба да поминат низ центарот на Св. Николе и пола отпад ќе го остават на улиците - образложи Крмов.Тој апелираше за итно решавање на проблемот, а го повика Лефков „да излезе и самиот да им каже на светиниколчани како ќе се решава проблемот на нивни грб“.

Македонија | пред 1 година

468184550_1147866753363054_2317023603394508491_n

Левица во Пекинг на дијалог со Комунистичката партија на Кина

Потпретседателот на Левица,Реџеп Исмаил, заедно со портпаролот на Партијата, Амар Мециновиќ, на покана на Комунистичката Партија на Кина, земаа учество во Дијалогот за соработка на КПК со политичките партии од земјите на Централна и Источна Европа, кој во рамките на иницијативата CEEC се одржа во главниот град на НР Кина - Пекинг, извести Левица.Темата на овој дијалог е „Модернизацијата на НР Кина и новите перспективи и можности за соработка со земјите од Централна и Источна Европа: Придонесот на политичките партии".Во рамки на првата сесија на Дијалогот, која се одржа вчера, како претставник на Левица, единствена партија од Република Македонија, се обрати Потпретседателот на партијата и пратеник во Собранието на РМ, Реџеп Исмаил.Исмаил, истакнувајќи ја важноста на соработката со НР Кина за целиот регион, подвлече дека искуството и модернизацијата на НР Кина е пример за успешноста на социјализмот наспроти либералниот капитализам кој ги разори поранешните социјалистичките земји од Источна и Централна Европа.Развојот на НР Кина е сведоштво и доказ за правилните одлуки на КПК, додека пак социјализмот со домашни карактеристики, како идеен темел, претставува светлост кон патот до праведно општество.Во своето излагање Исмаил се осврна на важноста на соработката со НР Кина на земјите од нашиот регион, идентификувајќи три предности во рамките и можностите на оваа соработа:Политичка предност од соработката со НР Кина, поради принципите на заедничка корист, подеднаков, фер третман и целосна почит кон суверенитетот, кои ја карактеризираат соработката на НР Кина со другите земји.Економската и финансиска предност поради веќе докажаната стабилна и просперитетна економија на НР Кина која е во корист на својот народ, но и другите околу него.И третата предност од соработката, Исмаил ја идентификува во географската положба на регионот како мост на трговијата помеѓу целиот европски континент и НР Кина - со што на целиот регион му дава можност да ја зацврсти својата положба во меѓународните односи и да обезбеди благосостојба за своите граѓани.Крајно, земајќи ја предвид економската криза која се наговестува во ЕУ, логично е НР Кина да се наметне и да претставува важен партнер на Европа во развивањето на економијата и создавање на позитивни последици за сите земји на ЕУ, како и останати земји на континентот, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

BRANE

Петрушевски: Провокациите и насилството се алатки на Левица за да биде видлива

На вчерашното гостување на 24 Телевизија во емисијата „Анализа 24” присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој се осврна на новоизбраното раководство на СДСМ и го образложи назначувањето на новата заменик претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.„Ако се погледне изворот на нивното централно раководство таму се сите личности коишто изминатиов период биле носители на високи функции на владите на СДСМ што довело до најголемиот историски дебакл на СДСМ со најслаб резултат и логично да се претпостави дека таквите луѓе не можат да донесат ништо ново во СДСМ. И од втора перспектива премиерот секогаш зборува за обединување и за конструктивна опозиција така што колку и да е од партиска гледна точка, како ВМРО-ДПМНЕ ни одговара едно вакво СДСМ, слабо СДСМ без идејно сепак тоа не е добро за државата и од таа перспектива и премиерот Мицкоски е разочаран што во СДСМ не може да препознаеме достоен соработник за претстојните предизвици низ коишто треба да помине Република Македонија“, рече Петрушевски.Во врска со инцидентот којшто се случи во Собранието помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Петрушевски објасни:„Оваа ситуација се случува за прв пат затоа што за прв пат ја имаме оваа алатка за опозициски прашања и веднаш ја антиципираме она што Левица нонстоп сака да го прави а тоа е театар и циркус во Собранието затоа што токму Крмов е потписник на едно писмо за најава на поставување на пратенички прашања односно согласно деловникот секоја пратеничка група од опозиција до претседателот најавува кој пратеник ќе постави прашање и кому тоа прашање ќе биде упатено со цел да може да се обезбеди присуство на тие министри кон кои се поставуваат прашањата“, објасни Петрушевски.Петрушевски го објасни процесот за поставување прашања и нагласи дека суштината и целта на Левица била секогаш интриги и позадина а никогаш суштина.„Што направи Левица како и секогаш интриги и позадина никогаш суштина најпрво го сменија редоследот на оние коишто требаше да поставуваат. Процедурално излезе нашиот координатор за да укаже дека е во ред тука е премиерот ќе одговори на ова ваше прашање меѓутоа за во иднина да воспоставиме принципи врз коишто ќе работиме ако е најавено прашање до одреден функционер да го поставуваме тоа прашање а не да поставуваме кон други. Ако се поминеше ова така, неприметно ќе се воспостави пракса во којашто тие утре ќе поставуваат прашања до еден министер а ќе излегуваат и ќе поставуваат прашања до друг министер којшто нема да е моментално во салата па ќе правеа циркуси, тензии. Провокациите, насилството се единствен начин на Левица да биде видлива, од нив конструктивен предлог или идеја за некаков проблем да се реши не може да најде“ рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања