Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЛЕВИЦА

Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника, вели Левица

„Директорот на Клиниката за детски болести - Реџеп Мемеди ќе плати и втора казна во само два месеци затоа што одбива да ги отстрани сериозните недостатоци на самата клиника! Двата извештаи на инспекцискиот надзор го откриваат колапсот на клиниката, вклучувајќи нестручни лекари и одбивање прием на деца без никакво образложение“, вели Левица и додава:На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат!Според Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), директорот Мемеди и неговиот тим не презеле соодветни мерки и сè уште не го исполниле наложеното решение, со што ги оставаат пациентите во опасност.Бидејќи Мемеди одбива да преземе мерки за санирање на колабираната состојба, пред неколку дена Инспекторатот изрече глоба од 4000 евра за Клиниката, а за Мемеди како нејзин директор 1200 евра. Додека во текот на вчерашниот ден, Инспекторат по втор пат изрече казна за оваа клиника, бидејќи не издале писмено образложение за причините за одбивањето на приемот на седуммесечното бебе кое почина пред 5 дена.Само во последните шест месеци, 20 деца починале на клиниката, што ја прави стапката на смртност застрашувачки висока. Раководството од братучедите Мемеди, поддржани од министерот Таравари, се директно одговорни за овие трагедии. Уште колку детски животи треба да згаснат за монструмот Мемеди да биде тргнат од директорската функција?!

Македонија | пред 1 година

5

Македонија повторно на страна на Нацизмот во ООН, вели Левица

„Владата на ДПМНЕ продолжува да ги претставува туѓите интереси, наместо да ги застапува принципите и вредностите на македонскиот народ. Со гласањето „ПРОТИВ“ Резолуцијата за осуда на нацизмот, Македонија уште еднаш покажа дека нејзината надворешна политика останува заробеник на колективниот Запад“, соопшти Левица.„На 17 декември, во Њујорк, за време на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои поттикнуваат расизам и ксенофобија. Документот доби поддршка од 119 држави, додека Македонија, со срамното гласање „ПРОТИВ“, повторно ги поткопа своите антифашистички традиции.Уште позагрижувачки е фактот што Македонија, преку својот претставник Душко Узуновски, се вброи во малцинството од 53 држави кои ја отфрлија резолуцијата, и тоа во година кога светот ја одбележува 80-годишнината од Победата над фашизмот. Со овој чин, Владата демонстрира дека не ги почитува жртвите на антифашистичката борба ниту вредностите на АСНОМ, кои се темел на нашата државност.Ова е континуитет на поразителната надворешна политика која дозволи прифаќање на диктати од Бугарија, со кои се поткопуваат македонската историја и антифашистичкото наследство, и продолжува со ова отворено величење на нацизмот преку игнорирање на ваквите меѓународни иницијативи.Левица повторно потсетува дека уште во 2022 година нашите пратеници предложија Резолуција против рехабилитација на фашизмот, но таа остана заклучена во фиоките на власта. Владата тогаш, како и оваа сега, го игнорира македонскиот народ, не признавајќи го неговото антифашистичко наследство.Левица ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и единствениот политички субјект кој доследно ги брани антифашистичките вредности на Македонија. Време е да се стави крај на вазалскиот пристап во надворешната политика!“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Власта ја избра партиската суета наместо заштита на жртвите на семејно насилство, вели Левица

„На вчерашната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлог-измените на Кривичниот законик, со кој Левица предлагаше кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност, без предлог на жртвата. Ваквата партиска суета и ароганција на владејачкото мнозинство, јавноста ја сведочи во континуитет. Додека декларативно се залагаат за борба против семејното насилство, нивното вистинско лице е лицемерие – зборови без дела, кампањи без конкретни чекори“, соопшти Левица.„Потсетуваме дека пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на Кривичниот законик (односно, измена на членот 130, став 5) во насока на зголемена превенција во борбата против семејното насилство. Емпириските податоци говорат дека сегашното законско решение, кое бара писмена согласност од жртвата за гонење на телесната повреда при семејно насилство, не само што е нефункционално, туку е и штетно.Фактичката состојба укажува дека законодавецот не ги зел предвид психолошката состојба на жртвата, заканите, притисоците и надворешните фактори на емотивно ранливата жртва. Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони без предлог од жртвата, тоа ја олеснува позицијата на жртвите и обезбедува независна интервенција од страна на државата. Во повеќе трагични случаи на фемицид, токму ваквиот пропуст, кога жртвата го повлекува предлогот за гонење под притисок, резултираше со изгубени животи кои државата можеше да ги спаси!Тоа што пратениците од власта ја одбија измената на Кривичниот законик, само поради тоа што доаѓа од Левица, ја покажува нивната ниска политичка свест и совест, која не може да ги надмине теснопартиските интереси. За жал, ваквото штетно политичко делување на владејачкото мнозинство, ќе се рефлектира директно врз жртвите на семејното насилство, кои освен формални кампањи и празни флоскули во борбата против семејното насилство - се целосно оставени сами од страна на државата.Со ова, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ ја презема целосната одговорност за идните трагедии кои можеа да бидат спречени со еден глас за промена. Ова не е само прашање на закон, туку прашање на човечност и обврска кон оние кои немаат глас, но имаат право на живот, достоинство и заштита“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

apasiev

Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти, вели Левица

“Уставниот суд одби да отвори предмет по уставната иницијатива на Левица со која беше оспорена Одлуката за промена на улиците по балистички и шовинистички ликови, донесена од страна на Советот на Град Скопје во мандатот на Петре Шилегов”, вели Левица и додава:Оваа скандалозна Одлука, донесена од тогашната локална власт на СДС и ДУИ, освен што претставуваше популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од албанското гласачко тело, истата е директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади. Имено, оваа Одлука ги навредува националните чувства на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија.Улиците кои се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, коишто не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава. Потсетуваме дека со ваквата одлука беа избришани имиња на улици кои ја симболизираат антифашистичката борба на македонската нација, како улиците „Втора македонска бригада“ и „Македонска Косовска Бригада“.Тенденцијата на ваквите одлуки е јасна - системско бришење на заедничката борба против фашизмот врз која почива македонската држава и инсталирање врховистичко-балистички елементи, како дел од ревизионизмот на македонскиот идентитет.Левица оценува дека е скандалозен потегот на Уставниот суд да ја отфрли поднесената иницијатива и со тоа да му даде легитимитет на процесот на бришење на АСНОМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_20241213_075215_788

Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ, вели Левица

„Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за нов член на критикуваниот Судски совет скандалозно ја инсталира сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој доаѓа токму од ДПМНЕ. Данка Ристова е избрана за член на Судскиот совет на местото на Лорета Ѓорѓиева од Струмица, за која во јавноста гласно се говореше дека е од „тефтерчето" на Заев, со што фамозното „тефтерче" за избор на подобни партиски судии, повторно премина во рацете на ДПМНЕ!“, велат од Левица.„Со ваквиот избор се потврдија укажувањата на Левица, дека бизнис - елитите на криминалните политички партии, ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, изминативе години константно го партизираат судството со избор на свои подобни партиски судии, без никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.Оваа одлука го демонстрира истиот шаблон на поставување партиски кадри во клучните правосудни тела, а со цел цементирање на политичката контрола и обезбедување на комоција во криминалното владеење.Овој избор доаѓа во време кога премиерот Мицкоски најавуваше сериозни реформи, дури и распуштање на Судскиот совет поради неговото катастрофално работење. Очигледно, Мицкоски ќе продолжи да го зајакнува системот што го критикуваше.Левица ја предупредува јавноста дека Мицковизмот не само што ќе го наследи, туку и ќе го надгради Заевизмот. Она што го критикуваше, Мицкоски сега совршено го копира, дополнувајќи го со нови механизми за зацврстување на партиската контрола врз правосудството и државните институции. Ова не е промена, туку продлабочување на истиот гнил систем којшто ја задушува Македонија и ја урива довербата на граѓаните“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-10.27.57

Левица со кривична против пратеникот Велјановски, го нарекуваат „насилник“

Левица поднесе кривична пријава за Александар Велјановски од ДПМНЕ за кривично дело - Несовесно работење во службата, казниво по чл. 353 - в, од Кривичниот законик. Причината е тоа што насилникот Велјановски го прекрши Деловникот на Собранието и го прекрши уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа.„Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ.Левица тогаш поднесе 2673 амандмани. Согласно Деловникот, матичната комисија и Законодавно-правната комисија, пратениците имаат рок за расправа од по три дена од отворањето на расправата. Но, спротивно на Деловникот, претседателот на Законодавно-правната комисија од ДПМНЕ Велјановски, кој воедно е и човекот кој во Собранието имаше обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев, одлучи расправата да трае само петнаесет минути.И покрај тоа што со новиот Деловник, практично е невозможно да се блокираат штетните закони од коалицијата на власт, насилникот Велјановски одлучи да го ускрати дури и правото на пратениците од опозицијата да го искажат своето мислење и образложат амандманите. Очекуваме институциите да се одважат по оваа пријава, затоа што во спротивно, ова би било поддршка за насилничкото носење на закони од власта, без никаква политичка или институционална контрола“, вели Левица.

Свет | пред 1 година

apasiev

(Видео) Апасиев: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

„Оваа прес-конференција ја свикавме како едни од тринаесетте подносители на Иницијативата за оценка на уставноста на Закон за употреба на јазиците, познат како Закон за двојазичност. Сметаме дека има четири основи по кои овој закон мора да биде поништен. Во случајов ќе наведеме две“, кажа пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев.„И покрај тоа што Деловникот на Уставен суд предвидува тримесечен (брз рок на итност), еве, дочекавме после шест години скоро, Уставниот суд да закаже подготвителна седница за истиот.Првиот основ поради којшто овој закон мора да биде поништен е тоа што е пробиен преклузивниот рок за објава, односно не е испочитуван членот 52 од Уставот, што бара уставен рок од седум дена за објава. Овој закон е објавен после една година. Дека има многу правни преседани за ова се решенијата, коишто Кренар Лога, како тогашен министер за правда им ги поништи правилниците на многу свои колеги министри токму по тоа образложение. Еве ја одлуката на Уставниот суд каде што тој вели дека објавата во рок од седум дена не е техничко прашање, туку е прашање на владеење на правото.Вакви има дузина пресуди! Уставниот суд самиот си воспостави судска пракса на коишто е потпишана Добрила Кацарска, поради којшто овој закон, без да навлегува во материјално-правно оценување на Законот, мора да биде поништен!Вториот е УКАЗОТ за прогласување на Законот, за којшто Уставниот суд има интенција. Нашите информации велат дека ДПМНЕ и ВРЕДИ одат да го „бајпасираат“, односно да го саботираат овој процес преку нивните инсталации во Уставниот суд, односно да го остават „статус квото“ - Уставниот суд да се прогласи ненадлежен за оценка на Указот којшто е патем објавен без потпис од тогашниот Претседател. Тоа, патем се нема случено во досегашната уставно-правна историја.Еве, една уставно-судска пракса од '98 година, кога Претседател на Судот бил Тодор Џунов. Тогашниот Спикер - Тито Петковски објавува закон без потпис на Киро Глигоров како претседател и тогаш Уставниот суд, под претседателство на проф. д-р Милан Нетков, го укинува Указот за прогласување на Законот за употреба на знамињата. Оттука, Уставниот суд има своја судска пракса која не смее да ја погази, а тоа е да го преоцени, односно да го поништи указот којшто е без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.Сметаме дека уставните судии мора да покажат кредибилитет и да не подлегнат на нео-балистичките уцени коишто им се сервираат овие години, како и на притисоците на власта и да се повикаат само на сопствената судска пракса досега без да навлегуваат во материјална оценка на Законот. Сè што ќе биде спротивно на одлука за поништување на овој закон, ние ќе го сметаме за пораз на правото и правдата“, потенцираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев: Законот за двојазичност е премногу дури и за федерални држави

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, како подносител на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, ги образложи „правните заврзлами“ околу овој закон, или, како што вели „јас го нарекувам таканаречен, затоа што не е закон. Тоа е тоалетна хартија која е објавена во ’Службен весник’ без никаков правен преседан во нашата историја. Значи ние не сме држава од вчера, ние имаме некои уставни обичаи од кои што влечеме корени и можеме да споредиме и вакво нешто се нема случено“.Како што истакна, прекршен е Деловникот, прекршена е процедурата, ставено е вето на овој закон од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а кога се става вето мнозинството од 41 пратеник се подига на 61 пратеник, промашен е рокот, па така место во рок од 30 дена донесен е после 60 дена, десетина членови од законот се вратени како спорни на повторно разгледување, а за кои опозицијата има право да поднесува амандмани.„ДПМНЕ поднесе 19 000 амандмани и Џафери брутално им ги фрли во корпа, со што стори кривично дело. Претходно ДУИ имаа 15 500 амандмани на изборен законик кога се требаше да се воведе една изборна единица. Значи имате двојни стандарди и политичка дискриминација. Пробиен е рокот, рокот е седум дена, а овој закон е објавен дури после година дена од носењето заедно со Преспанскиот, знаете кога има гужва па да помине и тој“ - истакна Апасиев.Понатаму во излагањето Апасиев образложи дека Законот за јазици треба да падне на Уставен суд исто како Законот за матична евиденција и Упатството за воведување националност во изводите од матично, кој беше пред Судот на иницијатива на Левица.„Што ние направивме. Кога Кренар Лога, необалистов, беше министер за правда и сакаше да воведе националност во изводи од матично. Ние му го оспоривме Упатството пред Уставен суд и му го кутнавме и после тоа го оспоривме и законот и исто така успешно го кутнавме. Роковите се најбитни во правото. Ние велевме дека тој рок е преклузивен, тој се бранеше дека е ориентационен. Тогаш, со одлуката, Уставниот суд си постави преседан и само по овој основ треба да се укине законот“, рече Апасиев.Апасиев во интервјуто го потенцираше и тоа дека за првпат во историјата од АСНОМ до денес, има закон кој влегува во сила без потпис на Претседателот.„Тоа е познатото фамозно ’џебно вето’ на претседателите. И видете, Ѓорѓе Иванов не е првиот кој го употребува џебното вето. Имаме два преседана претходно. Првиот е Глигоров во 1997 година, тогашниот Закон за кривична постапка, кој е патем речено квалифициран двотретински закон, одбива да го потпише и го потпишува многу подоцна, и дури тогаш влегува во сила - значи, додека нема потпис, нема Закон.Следниот е Борис Трајковски во 2001 година, за Законот за пратеници, со кој пратениците сакаа да си ги кренат привилегиите но, Трајковски не им го потпиша законот и тој никогаш не влезе во сила. Значи овој преседан на Ѓорѓе Иванов е трет. Е сега не можете вие на два преседана имате еден аршин, а за третиот друг аршин“, вели Апасиев.Како преседан, а за споредба со случајот со Законот за јазици кој е потпишан од Талат Џафери наместо од претседателот Иванов, Апасиев, објасни уште еден случај од 1997 година, кога Тито Петковски, како тогашен спикер на Парламентот, се обидува да го заобиколи Киро Глигоров за Законот за употребата на знамињата, и без потпис на Киро Глигоров да објави закон. Тогаш Уставниот суд носи една одлука во која се вели дека само во четири случаи спикер може да замени претседател: кога ќе умре, кога ќе даде оставка, трајно е спречен или кога ќе му престане мандатот по сила на Устав.„Во овој случај, Талат Џафери знаете што направи? Фуснота ставил кај потписот на Ѓорѓе Иванов и се потпишал некојси заменик генерален секретар од ДУИ, Неџбедин Ибраими и вика, ние мораме да го објавиме. Па кои сте бе вие да го објавувате во Службен весник? Во Службен весник знаете како оди објавувањето? Собрание го праќа кај претседателот и претседателот го праќа указот до Службен весник, не Собранието. Значи каша попара е направено и само поради овие причини, меѓудругото го нема и двотретинското мнозинство, донесен е со 64 пратеника, а не со 80, доволно е за да се поништи законот“, истакна Апасиев и додаде дека го Левица го чека исходот од Уставниот суд.„Ние чекаме исход сега во среда, за да знаеме дали да го оспориме и материјално - правно. Венецијанска комисија им го оспори практично, ги направи каша попара внатре, затоа што тој е нефункционален, го парализира правниот поредок и не можете да функционирате. Ваков закон дури и за федерални држави е ту мач, а не, пак, унитарни“ - потенцираше Апасиев.Соопштение од Левица

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev9

Апасиев: Уставните судии да не се плашат пред налетот на необалистичките пискотници

Фејсбук објава на лидерот на Политичката партија Левица, проф. д-р Димитар Апасиев:„т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна двојазичност мора да биде поништен!Од стручен аспект, формално-правните причини (без да навлегуваме во материјална расправа) се следниве:1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа!Оттука, уставните судии мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не да бидат уплашени пред налетот на необалистичките пискотници! Оти, како што вели професорот од Универзитетот во Гент – Ван Кенеген: „Па, каква корист имаме ние од судиите ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!?

Македонија | пред 1 година

IMG_4322

Уставниот суд стана жртва на етнички уцени, реагира Левица

„Левица - како подносител на Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците - најавениот бојкот од уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари го оценува како скандалозен и неприфатлив. Политичкиот бојкот не е ништо помалку од обид за насилно одржување на неуставната двојазичност, иако Европската унија и Венецијанската комисија веќе ја оценија како спротивна на владеењето на правото“ велат од Левица и додаваат:Оваа ситуација ја разоткрива и суштинската слабост на Бадентеровиот принцип, кој се претвори исклучиво во алатка за етнички диктат и блокирање на институциите. Наместо правна стабилност, добиваме парализирани институции подложни на политички и етнички манипулации.Дополнително, овој случај ја потврдува итната потреба од дефинирање на критериумите за избор на уставни судии наспроти флоскулата ‘истакнат правник’. Моменталната практика на произволен избор, заснована исклучиво на партиски, етнички и субјективни критериуми, доведе и до ситуација каде судии отворено одбиваат да одлучуваат по прашања што ги сметаат за „етнички чувствителни“. Пратениците од Левица во минатиот мандат поднесоа предлог-закон во оваа насока, со цел прецизно дефинирање на поимот ‘истакнат правник’, но тој не доби поддршка. Одлучни сме повторно да го предложиме, бидејќи без вакви реформи, Уставниот суд ќе продолжи да биде инструмент на етнички и политички интереси, а не на правдата.Го повикуваме претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадинов, да ги преиспита процедурите, да го смени заклучокот за одлучување во полн состав за т.н. Закон за двојазичност и да обезбеди функционалност на Судот. Судот мора да одлучува врз основа на правото, а не под притисок на етнички и политички уцени. Доколку не се обезбеди функционалност, ќе стане јасно дека Уставниот суд не е заштитник на Уставот, туку заложник на етничките калкулации и политичкиот терор.Уставниот суд треба да биде бастион на правото и владеењето на законите – а не арена за политички и етнички бојкоти и манипулации.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-125635

Крмов: Системски се гради анти-македонизам под покровителство на СДС и ДПМНЕ

Македонското знаме беше палено, газено. Полицијата не реагираше како што треба. ДУИ прво најавуваше жешко лето, па жешка есен и еве жешката есен им се случи, а тие излегоа неспремни. Ама јас сакам да ја поставам тезата дека ова за жал не треба да нè изненадува, јас мислам дека албанскиот политички фактор работи на ова од 2001, под покровителство на условно речено големите македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За жал, кај нас граѓанинот по потекло Албанец е дефиниран како анти-Македонец и тој не го може да го слави Денот на албанското знаме, ако не го гази македонското знаме, истакна Борислав Крмов, пратеникот на Левица, во видеоинтервју за Слободен печат.По однос на изјавите на Африм Гаши за инциденотот, Крмов истакна дека неговата изјава дека „не си патриот ако го сакаш само сопственото знаме, туку треба да го почитуваш и туѓото“ е всушност концептот на една албанска нација во три држави.„Слично соопштение, во сличен манир, имаше и ВРЕДИ, државното знаме беше окарактеризирано како знаме на друга заедница. Се гаи анти-македонизам, непочит спрема државата, непочит спрема законите, спрема државните инсигнии, химната… Во такви ситуации, каков сигнал праќаат политичките претставници на албанското етничко малцинство, кога велат дека ако воопшто треба да се почитува македонското знаме, тоа е затоа што е знаме на ‘друга заедница’, наместо да се почитува бидејќи е тоа наше знаме. Никаде зборот ‘наше знаме’ не беше употребен“, акцентираше пратеникот Крмов.За актуелната политичка ситуација и досегашното владеење на ДПМНЕ, истакна дека знаците што ги покажале во првите шест месеци се лоши. Лошите знаци ги гледа во ретерирање од неупотреба на придавката Северна, зголемување на министерските места, зголемување на трошоците, зголемување на плати на администрација во влада, отварање на измислени функционерски места во царина за да се удоволи на коалициониот партнер, всушност, делување спротивно на она што го ветуваа.За претстојните локални избори Крмов смета дека Левица кај македонскиот електорат полека се профилира како најсилна опозиција. Според него досега колку и да биле лоши една од големите партии од македонскиот блок сепак се знаело дека и е загарантирано второто место.„Сега тоа веќе не е така. Во многу општини Левица е втора партија. А голем дел од разочараните гласачи на ДПМНЕ и СДСМ се вртат на кај нас“, вели Крмов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-112154

(Видео) Јанчев од Левица: ДПМНЕ шверцува двојазичност преку ненадлежна собраниска комисија

На собраниската Комисија за енергетика, пратеникот од Левица - Сашко Јанчев побара да се тргне од дневен ред предлог-Законот за заштита на децата, поради ненадлежност на оваа комисија. Јанчев потенцира дека овој закон треба да се препрати на Комисијата за социјална политика, но претседателот на Комисијата - Бојан Стојаноски од ДПМНЕ го одби ова барање. Со предложениот закон, се воведува противуставна двојазичност на лиценците и испити, овој пат преку шверц на ненадлежна комисија од страна на ДПМНЕ, велат од Левица.Во своето излагање, пратеникот Јанчев истакна дека матично тело за конкретниот предлог-закон не е Комисијата за енергетика, туку Комисијата за социјална политика и тоа се гледа во самиот предлог закон, каде стои дека лиценци од вакви испити дава министерот за социјална политика, демографија и млади, а не министерот за енергетика. Дополнително, Јанчев потенцира дека овој закон интервенира и во називот на Министерството на социјална политика.Потсетуваме дека токму ДПМНЕ во минатото го спореше т.н. Закон за двојазичност, за сега коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да ја продолжи неуставната двојазичност која ја почна режимот на СДС и ДУИ, додаваат од Левица.

Македонија | пред 1 година

271677508_733133437657379_5055645123946271102_n

Да се формира инспекторат за државните симболи, бара Левица

„Поради континуираното непочитување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната, Левица до Собранието ќе поднесе предлог-Закон за воведување на Државен инспекторат за инсигнии. Овој инспекторат ќе биде задолжен за контрола и надзор над правилната употреба на грбот, знамето и химната од страна на државните органи, општините и приватните субјекти“, велат од Левица и додаваат:Скандалозно е што сите политички елити досега не формирале ваков Инспекторат, во услови кога на секој чекор македонското знаме не се почитува, како единствен симбол кој треба да ја обедини македонската нација.Левица повторно најостро го осудува скорешното палење, непочитување и сквернавење на македонското државно знаме за време на прославата на денот на албанското знаме, кое помина без санкции и јасна реакција од надлежните институции. Овој чин е уште еден доказ за потребата од системски пристап и јасен инспекциски надзор врз употребата на државните симболи.Согласно член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната, како и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме е кривично дело. Но, отсуството на соодветен механизам за надзор овозможува ваквите акти да поминуваат неказнето.Потсетуваме дека Левица ова прашање го истакна уште во својата Македонска платформа за пост-изборно коалицирање, како една од петте клучни точки:„Строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.... задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери.“Македонската платформа на Левица е клучен инструмент за зачувување на унитарноста и достоинството на Република Македонија. Повторно апелираме до сите политички партии ова прашање да го третираат како црвена линија, која не смее да биде предмет на политички компромиси.

Македонија | пред 1 година

jancev1

Левица поднесе пријава до Антикорупциска за соработници на „пцујачот Јованчев кои земаат двојни паушали“

„Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) против Андон Лазаров и Атанас Ризов, блиски соработници на пратеникот Јованчев. Пријавените лица истовремено извршуваат повеќе функции, што создава судир на интереси и го става под сомнение кредибилитетот на јавните институции во кои се ангажирани“, велат од Левица.„Првопријавениот Андон Лазаров е раководител на подружница на АД „Пошта на Македонија“ во Кавадарци и истовремено прецедател на Надзорен одбор во ЈП „Комуналец“ Кавадарци - функција која е неспоива со првата.Второпријавениот Атанас Ризов, ја врши функцијата раководител на подружница на АД „Водостопанство“ – Тиквеш, додека паралелно е и прецедател на Управен одбор во ЈП Комуналец Кавадарци. Ова е директно спротивно на член 44 и член 49 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Согласно Законот, ваквото кумулирање на функции е строго забрането и претставува флагрантно прекршување на правниот поредок. Нашата пријава до ДКСК е заснована на цврсти докази, вклучувајќи официјални документи и изјави, кои го потврдуваат незаконското дејствување на пријавените.Да потсетиме, Јованчев неодамна стана познат по срамниот инцидент со навредите кон сестрата на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев. Наместо да се посвети на решавање на проблемите на граѓаните, тој ја користи својата позиција за промовирање на лицата во Кавадарци познати како негови потрчковци, кои незаконски, од народни пари, ги полнат своите џебови, притоа бескрупулозно ги злоупотребуваат јавните функции.Ова е само почеток! Уште еднаш покажуваме дека нема да премолчиме пред коруптивните практики на било која власт. Оваа пријава е само дел од нашата посветеност во борбата против злоупотребата на државните ресурси. Левица ќе продолжи со поднесување пријави против сите кои ги злоупотребуваат своите позиции – од највисоките функционери до нивните сервилни потрчковци. Нема да дозволиме паразитите на власта да ја уништуваат државата!“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

anb-480x288-1

АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда, вели Левица

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен пропуст на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој предизвика оправдано прашање за нивната ефикасност.„Имено, се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил забранет влез во Република Македонија поради безбедносни причини. Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, кој ја претставува оџата Беким Халими(поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици“, велат од Левица„Прашањето што се поставува е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата.Левица бара одговор од новиот директор на АНБ - Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам. Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања