Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЛЕВИЦА

Screenshot-2024-12-03-at-08.43.21

Сопартиец на Меџити и портпарол на ВРЕДИ го сместуваат во Советот на обвинители, обвинува Левица

„Иако Законот за Советот на јавните обвинители на РМ предвидува децидна забрана за членување во политичка партија на членовите на Советот - коалицијата ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со одлучна дрскост, сепак реши за член на Советот на ЈО да го смести Адриан Демири којшто е истакнат сопартиец на вицепремиерот Изет Меџити и често портпарол на коалицијата ВРЕДИ“, вели Левица и додава:.Наместо универзитетски професори, поранешни судии на Уставниот суд, меѓународни судии, истакнати правници како што наложува Законот - владејачката гарнитура која ветуваше реформи во правосудниот систем, одлучи да продолжи по теркот на СДС и ДУИ, па како ‘гарант’ за правда, инсистира на Демири со просек 6,97 на додипломските студии. Неговата биографија и прилози не содржат никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.Имено, Ардиан Демири личната биографија ја започнува со функциите и позициите на неговиот покоен татко, а на една страна од вкупно три, објаснува за статусот на неговото семејство. На втората страна објаснува за неговото вработување во Општина Струга уште за време на неговите средношколски денови и позициите во Општината обезбедни од страна на градоначалникот Рамиз Мерко. На третата страна како доказ за неговата истакнатост, наведува шест гостувања на Алсат ТВ.Демири неговата проактивност и стручност ја докажува и со дури пет приложени сертификати, и тоа за: Подготовка за полагање на правосуден испит; Учество на обука за стратешко планирање за општините; Учество на обука за правда прилагодена за децата; Семинар за набљудување на судските процеси; Семинар за договорите за финансиски лизинг.Од јавно достапните информации, а согласно доставената документација како кандидат, евидентно е дека предлогот на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ за член на Советот на ЈО, Адриан Демири, запишал, но не ги завршил постдипломските студии од областа на граѓанското право.Според јавните објави на Демири на социјалните мрежи, може да се заклучи дека врв на неговата правничка кариера е успехот да го ослободи од казна затвор албанскиот играорец кој на Велигден постави големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид изјавувајќи дека Охрид е албански град.Македонските граѓани повеќе од три децении се ускратени од правда и правна сигурност од некомпетентен и корумпиран правосуден систем во распад со 2% доверба. Бизнис елитите на криминалните политички партии ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, со секое доаѓање на власт, брзаат со поставување на свои партиски послушници на чело на правосудните тела, а со цел обезбедување на комоција во криминалното владеење и зацврствуање на сопствената моќ.Овој предлог доаѓа во време на најавите на власта дека започнува чистка на обвинителите и судиите блиски до претходната власт, со што јасно се обелоденува вистинската намера на новите властодршци - узурпација преку поставување на сопствени кадри избрани во партиските штабови, далеку од предизборното ветување за борба со криминалот и решавање на овој горлив проблем на македонското општество.

Македонија | пред 1 година

468618827_1149633926519670_5110735198712976608_n

Крајна неспособност и кукавичлук на Тошковски - оставка веднаш, бара Левица

„Бализам, иредентизам, шовинизам, сецесионизам беа пораките кои одекнуваат во неколку градови во Македонија, а најмногу во Скопје, за време на вчерашното дивеење по повод „прослава“ на Денот на албанското знаме. Министерството раководено од Тошковски, во име нa коалицискиот мир и стабилност во Влада, покажа дека нема намера, ниту капацитет, да ги обезбеди безбедноста и достоинството на македонските граѓани“, соопшти Левица.„Во моменти кога граѓаните бараа одговори и реакција, премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски избраа молк и кукавички се сокрија од јавноста. Нивната коалиција со структури како ВРЕДИ, кои отворено дивееја и ја понижуваа Македонија, само го потврдува нивното учество во организираниот хаос.Левица го повикува обвинителството да постапи според член 319 од Кривичниот законик, согласно којшто загрозувањето на сигурноста, подбив со националните, етничките и верските симболи, сторителите се казнуваат со затвор од една до пет години. На фотографиите и видеата, јасно се гледаат лицата и регистарските ознаки на автомобилите, што овозможува МВР да ги идентификува сторителите. Доколку ова не биде направено, тогаш власта станува соучесник во ваквите настани.Државата не смее да си дозволи сервилност додека се сквернават националните симболи, се спроведува неред и насилство и се кршат законите. Владата која не може да обезбеди ред во еден ден, не може да ја води државата низ сложени политички и безбедносни предизвици.Министерството за внатрешни работи, под водство на Тошковски, покажа дека нема ниту капацитет, ниту визија да спречи инциденти. Оттука, по низата претходни скандали и неразјаснети престрелки во градот, бараме итна оставка на Министерот Панче Тошковски!“, се додава во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

mkd-zname-bitpazar

Со газење и палење на македонското знаме се славеше Денот на албанското знаме - Левица бара одговорност

„Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта“, велат од Левица.„Особено вознемирувачки за мнозинскиот македонски народ е фактот што се пееја песни со содржина дека Скопје е албански град, што претставува директна провокација и навреда за Македонците. Дополнително, Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски, и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир.Кога се работи за самоволието на албанската заедница, потсетуваме дека за време на 2 Август, еден од најголемите национални празници на Македонија, наместо да се организираат свечености за подигање на македонската свест, бевме сведоци како се игра шота пред Собрание на Македонија.Левица бара од надлежните органи ИТНО да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани. Потсетуваме дека со молчење кон понижувањата не се гради соживот, туку само се потпомага во остварување на крајната цел на иредентизмот на ДУИ и ВРЕДИ, а тоа е федерализација и распарчување на Македонија“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

jovana-mojsoska

(Видео) Левица поднесе измени на Кривичниот законик - семејно насилство да се гони по службена должност

„Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик. Имено, додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое што се води по предлог, Законот за спречување семејно насилство го третира семејното насилство како јавно прашање и наложува гонење по службена должност“, кажа на прес-конференција, пратеничката од Левица - Јована Мојсоска.„Токму поради ова, пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на член 130, став 5 од Кривичниот законик, со кои измени предлагаме и телесната повреда при семејно насилство да се гони по службена должност.Праксата покажува дека најголем дел од кривичните пријави за семејно насилство се гонат токму по овој член и во голем дел од случаите, самите жртви на семејно насилство го повлекуваат предлогот за гонење на сторителот.Сметаме дека е штетна одредбата која предвидува писмена согласност од жртвата за гонење на делото телесна повреда при семејно насилство.Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони по службена должност, тоа ќе ја олесни позицијата на жртвите и ќе обезбеди независна интервенција од страна на државата“, изјави Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

468523038_910332417865627_5305738201406599333_n

Наместо домаќинско работење, општина Илинден се луксузира со народни пари, потрошени речиси 9000 евра за 3-дневна обука во Нови Сад, велат од Левица

„Иако ДПМНЕ ветуваше дека домаќински ќе работи на локално ниво пред локалните избори, иако се жалеше дека претходното раководство ја донела локалната самоуправа пред банкрот, дека буџетот бил празен, фактите говорат сосема друго, Општина Илинден за викенд обука за 20 лица успеала да потроши неверојатни 9000 евра народни пари“, соопшти Левица.„Според нас, како политичка партија, се работи за луксузен туристички викенд под превезот на обична обука бидејќи за овој престој во луксузен хотел со 4 ѕвезди во странство, со јадење, пиење, со превоз со високо туристички автобус, се потрошиле речиси 9000 евра народни пари.Интересен факт е тоа што обуката ја крстиле "Ефикасно управување со буџетите на локалната самоуправа: Решенија и предизвици", што сосема се коси со начинот на реализација бидејќи се работи за очигледно расипништво и душманско расфрлање со народните пари.На жителите на Општина Илинден им е јасно зошто во општината нема канализација, зошто улиците се во катастрофална состојба со дупки, зошто градинките добиваат спонзорства од кладилниците, зошто жителите се лечат во полураспадната амбуланта, а тоа е токму поради ваквиот начин на луксузирање на локалните власти предводени од ДПМНЕ.Општината, за да постапи домаќински и економично, требала обуката да ја реализира во рамки на работното време на службениците и во рамки на самата институција, но за жал тие се одлучиле да патуваат и да се гоштеваат во Република Србија, Нови Сад.Локалните избори се ближат, жителите на Илинден ќе имаат можност за брзо време да го казнат ваквото расипништво на ДПМНЕ во Општина Илинден!“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-27-115837

(Видео) ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

ДПМНЕ го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани, поднесен од пратеникот, Борислав Крмов.- Проектот мора да го завршите до 2026. Тоа значи дека уште 2 години има потенцијал да гори таа депонија и да ги труе кочанчани со канцероген чад. Како пратеник од Левица, барам еден милион евра тоа да не се случува. Тоа не се мои лични барања, тоа се барања на кочанчани, на вашите сограѓани - истакна Крмов, обраќајќи се кон Миле Лефков од Кочани, пратеник од ДПМНЕ.Крмов потенцираше дека Јавното претпријатие „Водовод“ - Кочани, кое во два мандати го водеше членот на ДПМНЕ и сегашен градоначалник, Љупчо Папазов, е руинирано.- ЈП „Водовод“ не може ни кочанското ѓубре да го сврти. Со она што го правите со 30 метра ограда, со две смешни камери, со чувари кои не се ни соодветни и за кои не знаеме дали биле таму или не, нема ништо да постигнете. Сонувале кочанчани за регионална депонија кај Мечкуевци. Таму е, исто така, огромен проблем, додаде пратеникот од Левица.На коментарот од Лефков дека депонијата 7 години горела, Крмов потсети дека и во 2021 во Кочани ДПМНЕ ја држеше локалната власт, којашто е надлежна за депонијата.- Јас сум против несоодветен проект којшто ќе го претвори Св. Николе во ѓубриште. Не е поентата да се пресели хаваријата од едно место во друго. Не е поентата да се реши проблемот за кочанчани, а да се створи проблем кај светиниколчани. Проблемот треба да се реши за сите, што значи дека треба да ги прифатите овие еден милион евра за соодветно да се третира депонијата до нејзино затворање и понатаму - да го прекинете тој проект за регионална депонија и да го почнете од почеток.За сличен проект во Словенија, минимум 5 години е правена примарна селекција на ѓубре, пред да се стави шајка на регионалната фабрика, не - депонија, за преработка на отпад. Вие немате почнато ништо! Тоа ќе биде хаос каде што 320.000 жители ќе депонираат ѓубре во депонија блиску до гратче со 7000 жители. Тоа се 18 општини, кои неселектиран отпад ќе носат на депонијата - пластика измешана со стакло и сл.; органскиот отпад ќе ви тече од камионите по регионалните патишта кои не се соодветни за да се донесе ѓубрето до регионалната депонија. Само камионите од Куманово и од Крива Паланка што треба да депонираат отпад до Св. Николе, ќе треба да поминат низ центарот на Св. Николе и пола отпад ќе го остават на улиците - образложи Крмов.Тој апелираше за итно решавање на проблемот, а го повика Лефков „да излезе и самиот да им каже на светиниколчани како ќе се решава проблемот на нивни грб“.

Македонија | пред 1 година

468184550_1147866753363054_2317023603394508491_n

Левица во Пекинг на дијалог со Комунистичката партија на Кина

Потпретседателот на Левица,Реџеп Исмаил, заедно со портпаролот на Партијата, Амар Мециновиќ, на покана на Комунистичката Партија на Кина, земаа учество во Дијалогот за соработка на КПК со политичките партии од земјите на Централна и Источна Европа, кој во рамките на иницијативата CEEC се одржа во главниот град на НР Кина - Пекинг, извести Левица.Темата на овој дијалог е „Модернизацијата на НР Кина и новите перспективи и можности за соработка со земјите од Централна и Источна Европа: Придонесот на политичките партии".Во рамки на првата сесија на Дијалогот, која се одржа вчера, како претставник на Левица, единствена партија од Република Македонија, се обрати Потпретседателот на партијата и пратеник во Собранието на РМ, Реџеп Исмаил.Исмаил, истакнувајќи ја важноста на соработката со НР Кина за целиот регион, подвлече дека искуството и модернизацијата на НР Кина е пример за успешноста на социјализмот наспроти либералниот капитализам кој ги разори поранешните социјалистичките земји од Источна и Централна Европа.Развојот на НР Кина е сведоштво и доказ за правилните одлуки на КПК, додека пак социјализмот со домашни карактеристики, како идеен темел, претставува светлост кон патот до праведно општество.Во своето излагање Исмаил се осврна на важноста на соработката со НР Кина на земјите од нашиот регион, идентификувајќи три предности во рамките и можностите на оваа соработа:Политичка предност од соработката со НР Кина, поради принципите на заедничка корист, подеднаков, фер третман и целосна почит кон суверенитетот, кои ја карактеризираат соработката на НР Кина со другите земји.Економската и финансиска предност поради веќе докажаната стабилна и просперитетна економија на НР Кина која е во корист на својот народ, но и другите околу него.И третата предност од соработката, Исмаил ја идентификува во географската положба на регионот како мост на трговијата помеѓу целиот европски континент и НР Кина - со што на целиот регион му дава можност да ја зацврсти својата положба во меѓународните односи и да обезбеди благосостојба за своите граѓани.Крајно, земајќи ја предвид економската криза која се наговестува во ЕУ, логично е НР Кина да се наметне и да претставува важен партнер на Европа во развивањето на економијата и создавање на позитивни последици за сите земји на ЕУ, како и останати земји на континентот, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

BRANE

Петрушевски: Провокациите и насилството се алатки на Левица за да биде видлива

На вчерашното гостување на 24 Телевизија во емисијата „Анализа 24” присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој се осврна на новоизбраното раководство на СДСМ и го образложи назначувањето на новата заменик претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.„Ако се погледне изворот на нивното централно раководство таму се сите личности коишто изминатиов период биле носители на високи функции на владите на СДСМ што довело до најголемиот историски дебакл на СДСМ со најслаб резултат и логично да се претпостави дека таквите луѓе не можат да донесат ништо ново во СДСМ. И од втора перспектива премиерот секогаш зборува за обединување и за конструктивна опозиција така што колку и да е од партиска гледна точка, како ВМРО-ДПМНЕ ни одговара едно вакво СДСМ, слабо СДСМ без идејно сепак тоа не е добро за државата и од таа перспектива и премиерот Мицкоски е разочаран што во СДСМ не може да препознаеме достоен соработник за претстојните предизвици низ коишто треба да помине Република Македонија“, рече Петрушевски.Во врска со инцидентот којшто се случи во Собранието помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Петрушевски објасни:„Оваа ситуација се случува за прв пат затоа што за прв пат ја имаме оваа алатка за опозициски прашања и веднаш ја антиципираме она што Левица нонстоп сака да го прави а тоа е театар и циркус во Собранието затоа што токму Крмов е потписник на едно писмо за најава на поставување на пратенички прашања односно согласно деловникот секоја пратеничка група од опозиција до претседателот најавува кој пратеник ќе постави прашање и кому тоа прашање ќе биде упатено со цел да може да се обезбеди присуство на тие министри кон кои се поставуваат прашањата“, објасни Петрушевски.Петрушевски го објасни процесот за поставување прашања и нагласи дека суштината и целта на Левица била секогаш интриги и позадина а никогаш суштина.„Што направи Левица како и секогаш интриги и позадина никогаш суштина најпрво го сменија редоследот на оние коишто требаше да поставуваат. Процедурално излезе нашиот координатор за да укаже дека е во ред тука е премиерот ќе одговори на ова ваше прашање меѓутоа за во иднина да воспоставиме принципи врз коишто ќе работиме ако е најавено прашање до одреден функционер да го поставуваме тоа прашање а не да поставуваме кон други. Ако се поминеше ова така, неприметно ќе се воспостави пракса во којашто тие утре ќе поставуваат прашања до еден министер а ќе излегуваат и ќе поставуваат прашања до друг министер којшто нема да е моментално во салата па ќе правеа циркуси, тензии. Провокациите, насилството се единствен начин на Левица да биде видлива, од нив конструктивен предлог или идеја за некаков проблем да се реши не може да најде“ рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-25-081047

(Видео) Одбивањето на амандманот за заштита од пожари од страна на ДПМНЕ е чин на директна негрижа и нагон за доуништување на Македонија, велат од Левица

Пратеникот Сашко Јанчев говореше на Комисијата за финансирање и буџет по повод поднесениот амандман од страна на Политичката партија Левица со кој се бараше повеќе, односно соодветна, намена на средства за противпожарна заштита.„Секоја чест за хероите коишто се бореа со огнените стихии, но во ваква катастрофална ситуација со пожари, да не се предвидат повеќе средства за заштита од пожари не е показател на неодговорност, туку симптом на самоуништување. Затоа, предлагаме 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини и да се прераспределат на територијалните противпожарни единици.Ситуацијата со шумските пожари во Македонија е алармантна! Секоја година, особено во летните периоди, Македонија се претвора буквално во пекол и просекот на изгорена површина во периодот од 2006 до 2023 година е околу 12.000 хектари, а тоа кулминираше во 2024. Само во 2024 година, во шумски пожари изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 3,6% од цела територија на државата“, рече Јанчев.„Секоја година ние се соочуваме со истите проблеми кога се во прашање шумските пожари. Недоволна опременост на противпожарните единици, нашите противпожарни единици влегуваат во оган со несоодветни обувки, со стара опрема и облека, а опремата пожарникарска не е како обична облека која може да се носи 5-10 години, таа си има рок на траење и тоа е краток рок, откако ќе помине рокот таа веќе не ги штити пожарникарите.Пожарникарите користат стари боци за кислород коишто се под притисок и коишто во такви ситуации - сами по себе се опасни по живот.Имаме стари противпожарни возила, се соочуваме со недостаток на модерни и мобилни противпожарни возила.Имаме проблем со несервисирани авиони, имаме недостаток на персонал. Годинава се доведовме во ситуација пензионери да летаат авиони и да гаснат пожари“, соопшти Јанчев.„Одбивањето на амандманот за заштита од пожари од страна на ДПМНЕ е чин на директна негрижа и нагон за доуништување на Македонија. Наместо да го остават политиканството настрана и да го приоретизираат животот, здравјето, безбедноста на граѓаните, како и нашата природа и територија - тие продолжуваат со својата деструктивна политика“, додаваат од Левица

Македонија | пред 1 година

208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште - Ганиу продолжува по стапките на Меџити, обвинува Левица

„Во официјално најгусто населената општина во Европа - Чаир, јавниот простор забрзано се узурпира од страна на урбанистичката мафија, со амин и на актуелната власт. И новата коалиција, составена од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, ги штити моќниците во Чаир по примерот на владеењето на Изет Меџити, кој самиот призна дека како градоначалник незаконски, со антидатирање, легализирал дивоградби!“, обвинува Левица и додава:Левица за јаноста открива нов скандал со дивоградба во општина Чаир, каде на државен имот и без одобрение за градба, фирмата „МАС КОНСТРУКЦИОН” ДОО Скопје, интензивно врши незаконски градежни активности наспроти стадионот во Чаир, додека надлежните институции не постапуваат. Иако група граѓани поднесоа барање за инспекциски надзор до овластениот градежен инспектор во општина Чаир, бидејќи инвеститорот работи без одобрение за градба, речиси два месеци нема никаква реакција по поднесеното барање. Дополнително, за ваквото флагрантно вршење кривични дела, поднесена е и КРИВИЧНА пријава до Основното јавно обвинителство, кое повеќе од три месеци не постапува, со што се пречекорени сите законски рокови за постапување, додека на местото речиси е “никната” новата зграда.Потсетуваме дека дивиот инвеститор во Чаир врши две кривични дела: Бесправно градење и Узурпација на недвижности, казниви по член 244-а и 225 од Кривичниот законик. Иако сите надлежни институции, вклучително и градоначалникот Висар Ганиу, се информирани за ваквото урбанистичко дивеење, нивното непостапување потврдува само едно - дека се работи за криминал заштитен од највисоките ешалони на власта во општината со која владее коалициониот партнер на Мицкоски, ВРЕДИ.Јавно прашуваме, дали Изет Меџити ја доби вицепремиерската функција во новата влада со единствена цел - градежните моќници да продолжат да дивеат во општината со која тој владееше 12 години? Дали ДПМНЕ и Мицкоски се обврзале пред коалиционите партнери дека нема да се “мешаат” во општините и ресорите кои се под контрола на ВРЕДИ, па оттаму власта го штити криминалот кој узурпира државно земјиште во центарот на Скопје?!Токму општина Чаир стана рекордер по дивоградби додека градоначалник беше Изет Меџити,а истата пракса продолжува и со актуелниот градоначалник Висар Ганиу, овој пат под покровителство на ДПМНЕ. Очигледно е дека ветувањата за расчистување со криминалот и воспоставување владеење на право и правда беа само празни ветувања на ДПМНЕ, кои продолжуваат онаму каде што застана режимот на СДС и ДУИ.

Скопје | пред 1 година

jancev1

(Видео) Нашиот левичарски нарав е таков - за сестра се умира, вели Јанчев

Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието. Тој објасни дека инцидентот започнал по провокација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, којшто прв упатил навреди и ја спомнал сестрата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Вчерашниот инцидент настана за тоа дали премиерот Мицкоски треба да одговара на пратенички прашања и дали конкретно треба да биде повикан или не. Тој веќе беше во салата, беше повикан од нашите членови за опозициски прашања. Во моментот кога настана забуната, пратеникот од Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, беа упатени навреди и беше спомната сестрата на Апасиев. Нашиот левичарски нарав е таков - насилство не трпиме! Мене ми е жал за инцидентот, но беше спомната сестра, а за сестра се умира!“, потенцираше Јанчев„Не сакаме да се случуваат вакви инциденти, но не се плашиме и никогаш нема да премолчиме на вакви реакции и навреди. Не се плашевме кога бевме двајца, не се плашевме во времето на Мијалков, а сега па воопшто не се плашиме“, кажа пратеникот од Левица

Македонија | пред 1 година

levica-dpmne

Мојсоска: Извинете што во партијата ви труе на криминалци, багабонти и предавници

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска одговори на „лицемерието од Пешевска од ДПМНЕ“ која побара извинување од пратениците од Левица за вчерашното случување во Собранието.Во продолжение – целата фејсбук објава на пратеничката Мојсоска:„Колешката Жаклина Пешевска барала извинување, затоа што во нивната арогантна уфилманост - само нивните мајки и сестри се битни. Впрочем, како што и 30 години ги третираат како граѓани од втор ред сите оние кои не се партиски подлизурковци на нивната партија! Еве, јас ќе ѝ се извинам на колешката.Извинете што бедни крадачи на вода како Зоранчо Јованчев добиваат пратенички функции.Извинете што вашите уфилмани пратеници како Јованчев си градат дивоградби затоа што партијата ги штити.Извинете што лик како Јованчев си ја има вработено пола фамилија во Кавадарци и тоа му е единствен "придонес" за државата.Извинете што Зоранчо Јованчев стана познат единствено како пцујач во Собранието, затоа што во два мандати како пратеник одвај 10 пати излегол на говорницаИзвинете што во партијата ви смрди и труе на криминалци, багабонти и предавници.И за крај, извинете што дојдоа нова генерација во Македонија која не ви се плаши (како што сте навикнати да владеете) и генерација која нема да ги толерира вашите простачки дивјаци да ги пцујат нашите фамилии. И извинете што нашите фамилии, другари и кауза сме спремни бескомпромисно да ги браниме - нешто што вие никогаш нема да го научите!“

Македонија | пред 1 година

zaklina

(Видео) Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Левица: И вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста

„На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом“, рече Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.„Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените.Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка.Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста!Тоа најмногу говори за вас. Срамота!“, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-22-094221

(Видео) „Предлогот на Левица за набавка на нови автобуси ДПМНЕ повторно го одби“

„Факт е дека хаосот со јавниот превоз во Скопје може да се реши единствено со набавка на нови автобуси. Во таа насока, советничката од Левица, Катерина Јовановска, предложи да се одржи суштинска вонредна седница на која би се изгласала набавка на 250 нови автобуси. Но, ДПМНЕ повторно го одби предлогот и со тоа реши скопјани да продолжат со нивното мачно и неизвесно секојдневие“, велат од Левица.„Ве молам, сериозно прифатете ја ситуацијава! На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања, од овие борби на суети и его! Ова е само театар за деца и младинци, нема никакво суштинско решение… за што сме ние тука денес собрани?! Дадете коретни решенија, три години го збориме истото со советниците од Левица. Ова е само фластер на рана. Сега ќе заврши вонредната седница, Владата ќе донира нафта, ќе има автобуси - после месец дена, нешто пак ќе се расипаат калимерите во коалицијата „За модерно Скопје“ и пак ќе немаме автобуси, и пак ќе свикуваме вонредни седници…“ - истакна советничката од Левица во град Скопје, Катерина Јовановска.„Вчерашната вонредна седница на Советот на град Скопје е фарса, свикана за изразување на благодарности на причинителот за ова безредие во Скопје – Мицкоски. Имено, наместо да се дискутира и одлучува за трајни решенија, советниците се заблагодаруваа на “соломонското решение“ на Владата за донацијата на нафта на ЈСП.Причината поради која автобусите останаа без нафта е поништениот тендер од страна на Бирото за јавни набавки кое е управувано од директор на ДПМНЕ. Доколку Владата ги имала овие информации, можеше да ја донира нафтата пред да настане хаосот. Но, стратегијата на ДПМНЕ беше да настане хаос за Владата излезе дека ги спасува скопјани.Игрите на ДПМНЕ се провидни – се креираат кризи за потоа тие да бидат ‘спасители’“, соопшти Левица.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-22-092512

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, вели Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор од владините функционери на ДПМНЕ коишто продолжуваат по стапките на нивните претходници од СДС“, велат од Левица.„Прашањето на пратеникот од Левица, кое не наиде на одговор беше: Зошто и владата предводена од ДПМНЕ, наместо да ја укине т.н. мешовита историска комисија, која е надлежна да ја ‘ревидира’ историјата на Македонија - тие ја ‘реконструираат’, во целост го почитуваат францускиот предлог и договорот со Бугарија?!За да избегнат одговор на ова прашање, функционерите од ДПМНЕ предизвикаа тепачка во Собранието, провоцирајќи, силејќи и пцуејќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговото семејство“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања