ЛЕВИЦА

motor-18-

Почина момчето кое со мотор удри во џипот на Сашко Јанчев од Левица

Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало вчера како последица на повредите од сообраќајката.Сообраќајката се случи во Марино - Општина Илинден, а во неа со тешки телесни повреди се здобија 16 годишното момче кое беше возач на мотоциклот и неговата 13-годишна сопатничка. Јанчев со сопатникот исто така се здобија со телесни повреди.Полицијата изврши увид на местото на несреата а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот беше лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик.Од партијата на Јанчев тогаш информираа дека малолетникот возел неисправен мотор, без светло и дека моторот се забил во вратата од автомобилот.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Отфрлена тужбата на Левица за „цензурата“ преку необезбедување на простор за рекламирање, вели АВМУ

Управниот Суд, донесе Решение со кое ја отфрли тужбата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, известија од институцијата.„Во образложението на Решението на Управниот суд, меѓу другото е наведено дека Агенцијата  „во согласност со своите надлежности како јавен орган донела Упатство со кое го пропишува начинот на постапување во извршувањето на одделни одредби од Изборниот законик“. Имено, со донесеното Упатство се појаснува начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес“, тврди Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Тие додаваат: „Со ова, како и со претходно донесеното Решение на Основниот граѓански суд - со кое како неоснован се одбива предлогот на политичката партија Левица за издавање привремена мерка за забрана на доставување на Упатството до комерцијалните медиуми, како и за доставување на извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање до ДИК - само уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и професионално ги спроведува законските решенија“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5osbeoh65v3q87lHTvn

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи“, рече пратеничката и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. На својата официјална промоција пред стружани посочи дека градоначалничката трка ја трча со надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за изгубена.„Ова е порака дека Струга не може секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите играчи, дека не може политиките во Струга да се решаваат во Скопје на лидерски маси, дека Македонија е подалеку и од Групчин, и дека овој дел од Македонија не треба да биде заборавен, и да биде предмет за нечии коалициски апетити“, истакна Мојсоска.Во однос на црната кампања и обвинувањата дека Левица соработува со ДУИ, Мојсоска одговори дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица никогаш не амнестирала заедно со ДУИ, ниту пак дозволила функционери како Артан Груби да избегаат неказнето.Според неа овие избори ќе бидат најбрутални.„Апел на овие избори ќе биде дека не можеме 35 години нашиот глас да го продаваме за работно место, за работа во државна администрација. Таквите политики што сега ќе ги гледаме каде ќе уценуваат и купуваат гласови, стигна до тоа во Македонија секоја година да ни се случува една колективна трагедија од системски пропусти“, изјави Мојсоска.Таа истакна дека корупцијата, партизацијата и нефункционалниот систем чинат човечки животи, а борбата против овие појави е нејзината најголема мотивација и причината поради која е дел од Левица. „Верувам дека нема ништо поскапо од човечкиот образ“, порача Мојсоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.,,Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.Мицкоски зборуваше за коалицијата  Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.,,Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.„ Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган ,,Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5c1c3fdlek9m2PZfxTw

Левица со народен собир во Кичево - Советниците ќе бидат гласот на народот

Во Кичево денеска се одржа народен собир на Левица, на кој беше промовирана советничката листа и програмата за локалните избори. На настанот присуствуваа носителот на листата за советници Бојан Мишковски, генералниот секретар на партијата и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, како и претседателот на Левица, Димитар Апасиев.„Денес сме овде заедно со граѓаните на Кичево за да ја промовираме нашата кандидатура и она што Левица сака да го застапува во градот. Се надеваме дека ќе добиеме доволен број на гласови за да имаме два, три, па дури и пет советници кои ќе можат реално да влијаат врз локалните политики“, изјави носителот на листата Бојан Мишковски.Тој истакна дека Левица има силна програма која се осврнува на клучните проблеми на Кичево. „Иако сме во 21 век, има места кои немаат канализација, вода за пиење, ниту асфалтирани патишта. Градот се соочува со огромно иселување – резултат на лошите политики и на локално и на централно ниво. Нашата цел е Кичево да заживее и да се создадат основни услови за достоинствен живот. Дополнително ќе вложиме во културата, спортот и секојдневниот живот на кичевчани“, порача Мишковски.Тој додаде дека програмата на Левица е достапна во дигитална форма на веб-страницата на партијата и повика граѓаните активно да комуницираат со кандидатите. „Отворени сме секој понеделник и среда од 19 часот за сите критики, поплаки или идеи што може да се имплементираат во нашето делување“, нагласи Мишковски.На новинарско прашање за ставот кон кандидатите за градоначалници, бидејќи Левица во Кичево настапува само со советничка листа, Мишковски одговори: „Левица предизборно не прави коалиции и не поддржува ниту еден кандидат. Ги повикуваме граѓаните да излезат на гласање и да си го искажат своето право, а за кого ќе гласаат е нивна одлука и нивна слобода“.Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, во своето обраќање го претстави носителот на листата Бојан Мишковски како препознатлив активист меѓу кичевчани, кој беше еден од предводниците на протестите против депонијата – „рак рана на Кичево“.Мојсоска истакна и поширок политички контекст на овие избори. „Ние како опозиција настапуваме во избирачки систем со тоталитарни услови, креирани од една авторитарна власт која не бира методи за да го угуши секој глас. Народот тоа го гледа секојдневно, преку цензурата на Левица, преку противзаконското следење на опозициски пратеници, сè со цел да се спаси рејтингот на една влада која имаше најлош старт во последните 35 години“, нагласи таа.Таа додаде дека Левица, и покрај црната кампања наметната од власта, води позитивна изборна кампања. „Како парламентарна партија во изминатата година покажавме и докажавме дека имаме предлози и проекти што отстапуваат од сите други партии. Иако поради ароганцијата на власта не беа прифатени во Собранието, убедени сме дека граѓаните ќе го препознаат тоа“, рече Мојсоска.„Она што ме радува е што Левица ќе има свои претставници во Советот на Општина Кичево. Како што во Собранието ја подигнавме транспарентноста и политичкото делување, истото ќе го направиме и во Советот на Кичево, конечно советниците ќе бидат вистинскиот глас на народот“, порача Мојсоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo0grbg5hck474dHyjsM

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

„Општина Карпош има сериозен потенцијал, особено во делот на културата, спортот и младите, но тој потенцијал досега не е искористен. Нашата програма е заснована на реконструкција и репарирање на постојната инфраструктура на културните објекти, отколку на нови градби. Мислам дека е доволно изградено, во изминатите мандати се отиде многу јако со градење згради, претежно на државно земјиште“, истакна Антонио Димитров, кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош во видеоинтервју за „Слободен печат“.Димитров објаснува дека програмата се фокусира на обновување на постојните културни центри. „Меѓутоа, нашата идеја изразена во програмата е да одиме повеќе кон некаква реконструкција на тоа што е изградено уште во социјализмот. Порано во секоја општина имало културен центар. Кино имало во Влае и во Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош. Сето тоа е или приватизирано или руинирано, зошто да не го вратиме тој концепт на културни центри во секоја општина, како што било замислено некогаш. Скопје е европски град на културата за две години отсега. Тоа е во технички термини утре.“Димитров истакнува дека враќањето на културните центри не значи само обновување на објектите, туку и обновување на културниот живот во општината, со достапност на културни активности за сите граѓани. „Нашата идеја е да одиме кон реконструкција на тоа што е изградено уште во социјализмот и да ги обновиме културните центри во секоја општина“, додава тој.Тој потенцира дека многу од старите културни објекти се приватизирани или во лоша состојба, па е неопходно повторно да се врати концептот на културни центри за граѓаните.Со наближувањето на статусот на Скопје како Европски град на културата, според Димитров, инвестирањето во културната инфраструктура станува уште поважна и стратегиска цел. „Скопје ќе биде Европски град на културата за две години, и тоа е дополнителен мотив да инвестираме во културната инфраструктура“, заклучува тој.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarykun0sn2mbqmrfEj0Kh1

Крмов: Забраната за рекламирање на Левица е политичка цензура

На народниот собир во Велес, освен претседателот на партијата Димитар Апасиев, присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов, кој е и координатор на Изборна единица 3. Крмов се обрати пред граѓаните и зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица.„Претседателот Апасиев и јас, како пратеник од оваа Изборна единица, сме тука за да дадеме поддршка на нашите членови од советничката листа. За локалните проблеми тие зборуваа и тие најдобро ги познаваат. Јас сакам да се осврнам на главната вест – забраната за рекламирање на Левица,“ рече Крмов.Тој нагласи дека ова не е обична мерка, туку чекор карактеристичен за авторитарни режими:„Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица?“Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите:„Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи.“И покрај забраната, Левица најавува дека овој срамен чекор на власта ќе го претвори во предност:„Нашиот наводен хендикеп, што нема да нè има во медиумите, ќе го претвориме во сила. Со тоа што Левица е единствената партија на која ѝ се забранува рекламирање, нè издвојуваат како единствена сила надвор од мноштвото. Ја акцентираат Левица како единствената партија што му прави проблем на ВМРО-ДПМНЕ и на целиот систем, како страно тело кое тие сакаат да го исфрлат.“Крмов порача дека токму тоа е надежта на граѓаните:„Луѓето триесет години чекаат нова, вистинска опција. Тоа е Левица – фактички, единствената опција на овие избори.“

Македонија | пред 3 месеци

media-library3jmn8kg048696JeN0EQ

Левица до Мицкоски: Наместо манипулации за коалиции, одговорете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Левица со остра реакција му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за манипулации и контрадикторни изјави, како и за недоследности во однос на неговото владеење и коалициските партнери.„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас,“ велат од Левица.Од партијата го обвинуваат премиерот дека секојдневно ја дискредитира функцијата со спротивставени ставови, наведувајќи дека „наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица“.„Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели,“ стои во реакцијата.Според Левица, Мицкоски во обид за политички маркетинг се понижува во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. Тие потсетуваат дека на митинг на ВМРО-ДПМНЕ премиерот ги повикал своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, а го претставувал како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар.„Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?“ прашуваат од партијата.Тие потсетуваат и на времето кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Зоран Заев, наведувајќи дека тогаш Левица била дел од процесот, додека Мицкоски „објавувал слики како вади масно ткиво“.„Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?“ додаваат од Левица.Во соопштението, тие повторно го отвораат и прашањето за случајот со Артан Груби. „А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере?“ завршуваат од Левица.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6

Апасиев од Велес: Левица се факторизира како втора партија во државата

,,Левица за првпат има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата. Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават", истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од средбата со граѓани во Велес.- Оттука, од мојот роден град, Титов Велес, традиционално, ја почнуваме кампањата. Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Од што сме цензурирани? Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, директна порака, од медиуми, значи, од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија. Судовите се паднати од Марс, секаде се обративме, сите се прават „на Тошо“. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но ќе заврши по две - три години и затоа овие избори Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е - ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори - образложи лидерот на Левица, Апасиев.Тој ја истакна и штетата што е нанесена од ваквото цензурирање.- Штетата изразена во евра е околу 400.000 евра, коишто ни се ускратени за платено политичко рекламирање, а коишто ние не можеме да ги дистрибуираме до медиумите. Тоа е паричната штета, политичката штета е поголема, огромна. Нашите кандидати на трка од 100 метра тргнуваат од нула, а тие тргнуваат од 90 метра. Тоа е сликовито каков е теренот, меѓутоа она во што ние полагаме надеж се младите, коишто полека, но сигурно, се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата компаративна предност. Очекуваме, како што кажав, историски скор и конкретно - во Велес очекуваме и да го зголемиме бројот на советници, досега беа тројца, ќе влезат, можеби, и повеќе. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го чувствува и се враќаат кон послабиот, кон оној кому му се прави неправда. И оттука, очекувам да се сврти во наша полза - рече Апасиев.- Иако одбранбените механизми кои ни стојат на располагање веќе ги исцрпивме - Уставниот суд спие, Основниот граѓански суд се огласи како ненадлежен, Правниот суд - исто така, Комисијата за спречување на дискриминација дава само мислење, нема егзекутивно многу, така што овие избори ќе бидат низ вода, практично, за нас. Но ќе ги добиеме пред Стразбур, а потоа некој ќе треба да сноси не само политичка, туку и материјална одговорност, односно, ние ќе си ги бараме по судски пат овие пари коишто ни следуваат.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryh01oo0qt11nndVmUfTB

(Видео) Мециновиќ се залага за укинување на приватниот превоз во Скопје

Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Град Скопје во Претрес со Ландов рече дека мора да има реформи во јавните претпријатија. Мециновиќ се залага за укинување на приватниот превоз.,,Во клучните јавни услуги не треба приватизирање.Јавниот превоз е клучна јавна услуга и не може да се даде на приватник исто како и Водовод или Дрисла.Вработените ќе бидат ангажирани во ЈСП”, рече Мециновиќ.Најгорливи прашања според него е да се исчисти градот и да се уреди јавниот простор.Следете не на следниов линк:https://www.youtube.com/live/Hd9gFcHRRYc?si=w-D0Mygh15tt_Pdq

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryfurb4q2qmfjcfNbpzuv

(Видео) Мециновиќ: Од ВМРО-ДПМНЕ тешко дека бетер ќе станеме

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје на Левица е гостин во Претрес со Ландов.Апелираше граѓаните сериозно да ги сфатат овие локални избори и освен за градоначалник да ја подржат и советничката листа.Од политичарите вели, долго време очекуваме да не лажат.,, Отворен сум за соработка со централната власт ако бидам избран за градоначалник.Ако е градот блокиран веднаш ќе си поднесам оставка. Нема да го ставам градот во заложништво.Од ВМРО-ДПМНЕ тешко бетер да станеме. 600.000 скопјани стравуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ни го прават она што ни го правеа до сега”, рече Мециновиќ и вети транспарентно работење.Следете не на следниов линк:https://www.youtube.com/live/Hd9gFcHRRYc?si=w-D0Mygh15tt_Pdq

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка?

Кандидатката за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски и надлежните институции околу отворањето на приватна градинка од страна на градоначалникот на заминување, Рамиз Мерко.„Како е можно токму во мандатот на владата на Мицкоски, прочуениот градоначалник од ДУИ да отвори приватна градинка во рамки на неговиот контроверзен универзитет?“, праша Мојсоска.Таа посочи дека е нејасно дали министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, издал дозвола за работа на оваа установа или таа функционира без законска основа, додека Министерството за образование и Министерството за социјална политика молчат.Мојсоска потсети дека во текот на мандатот на Мерко во Струга не била отворена ниту една нова градинка, а една од постојните била затворена, со што се продлабочил проблемот со долгите листи за чекање.„Градоначалникот кој не обезбеди простор за децата на Струга во јавни градинки, токму во време на ДПМНЕ отвора приватна градинка во рамки на универзитет за кој и ресорната министерка Јаневска утврди неправилности, но наместо санкции – сега таму се отвора воспитно-образовна установа. Додека стружани едвај можат да упишат дете во обична градинка, се создава привилегирана приватна институција“, рече Мојсоска.Таа додаде дека на граѓаните им е јасно „кој со кого се амнестирал и кој со кого се пазари изминативе 35 години“, алудирајќи на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8fm05i3pi0ljblSxyw8

(Видео) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица

„Забраната за политичко рекламирање нема да ја сфатиме како пресудна пречка во оваа кампања. Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од сабајле до навечер присутни на улиците каде што Скопјани и секој поединачно ќе може да дојде до нас и да разговара“, порача Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, на денешната прес конференција.Во следните дваесет дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација, а како пример ја даде депонијата Дрисла.„Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да се симнеме кај работниците. Со сите работници на јавните претпријатија ќе седнеме и ќе разговараме за условите во кои тие работат“, рече Мециновиќ.Според него јавните претпријатија со години се запоставувани намерно, за да се оправда нивната приватизација. „На 6 септември најавивме дека постои план за приватизација на Комунална хигиена и на Дрисла. Четири дена подоцна, премиерот Христијан Мицкоски, кој ја оркестрира и забраната за Левица, тоа го потврди – рече дека ќе има јавно-приватно партнерство за претпријатијата, вклучително и за ЈСП“, додаде Мециновиќ и истакна дека  Дрисла е единственото јавно претпријатие кое генерира приходи за Град Скопје а неговата приватизација би значела директен удар врз јавниот интерес.„Дрисла треба да се унапреди, а не да се приватизира. Но, не можеме друго да очекуваме од партии чија единствена цел е приватизација на капацитетите на државата и на градот, партии кои во последните четири години го уништуваа и блокираа јавниот интерес на граѓаните на Скопје“, нагласи тој.Во однос на забраната за политичко рекламирање Мециновиќ истакна дека ваквите мерки се сериозен удар врз демократијата и е само еден чекор кој наговестува авторитарен режим. „Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта“.  Според него ваквиот потег ќе биде нотиран и во извештаите на ОБСЕ и Европската комисија. „Нашите пријатели од Европскиот парламент и од Австрија беа вчудоневидени од методите што ги користи овој режим. Вакви методи на континентот не се познати од седумдесеттите години. Вакви методи на репресија! И ова е само увод во тоа што понатаму може да се случи,“ порача Мециновиќ.

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградба во Струга доби нов кат

Пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради надградба на објект во центарот на градот за кој претходно биле констатирани неправилности во градењето.„И покрај констатирани неправилности во градењето – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат“, објави Мојсоска на социјалните мрежи, нагласувајќи дека случајот е „олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“.Таа посочува дека во градот се јавува феномен на узурпација на државно земјиште и незаконска градба сред бел ден, при што ниту МВР, ниту обвинителството, ниту општината не преземаат мерки за спречување на бесправната изградба.Во ургенцијата, Мојсоска бара продолжување на постапката за бесправно градење и узурпација на државно земјиште, потенцирајќи дека и покрај започнатите управни и кривични постапки, работите на терен не запираат.„Проблемот не е во една изолирана институција, туку во комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“, наведува таа.Мојсоска ја поврза оваа состојба со пошироката ситуација во земјата, оценувајќи дека „во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhpie9d2osd9d85piDJG

Левица со ОБСЕ-ОДИХР за забраната за рекламирање на медиуми

Адвокатката Катерина Јовановска, како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич, правен аналитичар во мисијата на ОБСЕ-ОДИХР.На средбата, како што информираат од партијата, било разговарано за правните механизми што досега ги презела Левица во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Според Левица, со ова упатство партијата е директно оштетена, бидејќи ѝ е забрането политички да се рекламира на медиумите за време на целата кампања.Дополнително биле разгледани и идните правни чекори што Левица ќе ги преземе за заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Од партијата велат дека средбата била конструктивна и двете страни изразиле подготвеност за понатамошна соработка, со цел навремено информирање за исходот од судските постапки, но и за постапките што се водат пред другите надлежни институции во земјава, како и можната иницијатива пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Некатегоризирани | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања