ЛЕВИЦА

media-libraryfrj67cq6ac5j6DvmADJ

Апасиев најави пекол во Собранието: ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ, а Мицкоски ја изгуби Западна Македонија

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ.„По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, крубан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски,“ изјави Апасиев.Тој упати порака и до своите членови и симпатизери, нагласувајќи дека Левица водела кампања со скромни ресурси, но со, како што рече, „огромен ентузијазам“.„Зарем мислевте дека со 16.000 евра на Фејсбук можевме да победиме ламја која вцица милијарда евра во овие избори? Тие ги имаа милијардите, а ние им се спротивставивме само со едно блендирано комбе,“ истакна Апасиев, додавајќи дека партијата успеала да покаже дека вистинската опозиција постои надвор од традиционалниот политички естаблишмент.Апасиев најави дека Левица ќе бара измени на Изборниот законик и поголема застапеност во Државната изборна комисија (ДИК).„Ќе имате пекол во Собранието ако не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во ДИК,“ порача тој.Во завршниот дел, Апасиев го пофали кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, кого го нарече „новото лице на Левица“ и „специјалец што достоинствено ја претставил партијата“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Левица: Во Карпош е спречен обид за „бугарски воз“ на пет гласачки места во општината

Од партијата Левица тврдат дека во Карпош на пет избирачки места во општината бил спречен обид за изборен инцидент познат како „бугарски воз“. Според нив, се работи за обид на, како што велат, „власта“ да влијае врз изборниот процес поради зголемената излезност во Карпош.„На пет гласачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од набљудувачите да бидат изнесени надвор од избирачките места,“ се наведува во објавата на партијата.Левица додава дека за овие инциденти бил составен записник и дека се известени надлежните институции, бидејќи ваквите случаи, како што велат, можат сериозно да го нарушат демократскиот процес.Таканаречениот „бугарски воз“, или „индиски стринг“ во некои земји, претставува метод на местење избори со контролирано изнесување и пополнување гласачки ливчиња надвор од избирачките места, со цел манипулирање на резултатите.Од Левица-Карпош велат дека власта е во паника поради, како што наведуваат, високата излезност во општината, која до 15:00 часот изнесувала повеќе од 32 проценти.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj995ma2jqce83FL8CRh

Мециновиќ кон Орце: Твојот мандат е окарактеризиран со пазар - дивоградба и чекате да дојдат избори за да собирате ѓубре

„Твојот мандат е окарактеризиран со дивоградбата - пазарот во Драчево. Имаш дивоградба - пазар, имаш други дивоградби", се обрати кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, во дуелот на ,,Канал 5" кон противкандидатот од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.„Првото нешто што ти го направи како кандидат за градоначалник на Град Скопје, г. Орце Ѓорѓиевски, во вториот круг е тоа што се сретна со Изет Меџити, кој е озлогласен по дивоградбите. Вашиот премиер вели дека нема да руши дивоградби", дообјасни Амар Мециновиќ, обраќајќи се кон Орце во дуелот. „Спектакл е вие да чекате да дојдат избори, за да чистите ѓубре. Четири години не ви беа под ингеренција контејнерите! Значи, четири години ти не можеш да излезеш од своите ингеренции да им ги чистиш улиците. Но кога дојде Скопскиот маратон, тогаш можеше да бидеш ,градоначалник на Град Скопје'. Така сега со Лабудович снимате рилови во центар дека собирате ѓубре", рече Амар Мециновиќ во однос на штетата од нечистотијата што ја трпат скопјани подолг период и во однос на кампањското чистење на ѓубрето од страна на Орце на само неколку дена пред избори.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3aa06colspuk2KkCjME

Ѓорѓиевски: Мециновиќ лажно се претставувал како политиколог, самиот потврди дека нема завршено високо образование

Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ наведувајќи дека Мециновиќ потврдил дека нема завршено високо образование за политиколог како што се претставувал во јавноста изминатиот период.„Вие се претставувате во јавноста цел изминат период како тој во кој што треба да се идентификуваат младите, човекот којшто е високо образован, па вечерва дознаваме дека немате високо образование тоа е првата работа, втората работа дека сте дете на транзицијата, понатаму вие алудирате на тоа дека сте дете на транзицијата но вашите двајца родители работат во државни институции целиот свој живот, така да и тоа што го кажувате не кореспондира со ралноста“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

ВЛЕН обвинува: Коалицијата на ДУИ влезе во „срамна зделка“ со Левица во Тетово

Политички скандал ја тресе изборната кампања во Тетово, откако во јавноста се појави фотографија на која се гледа Арди Исмаили, претставникот на коалицијата на ДУИ на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска.Од коалицијата ВЛЕН во соопштение тврдат дека фотографијата е најјасен доказ дека тие се подготвени да ги жртвуваат националните вредности само за да дојдат повторно на власт.Во реакцијата се наведува дека Левица е партија која, според нив, „отворено ги навреди Албанците, се изјасни против независноста на Косово, се спротивстави на членството во НАТО, бараше затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците“.„И денес НАИ седи на маса со нив за валкан изборен договор. Ова не е политика, туку срамна зделка. Ова не е стратегија, туку морален колапс“, порачаа од ВЛЕН.Оттаму додаваат дека сега е јасно – за да ги зачуваат своите позиции, тие се подготвени на компромиси со сили кои, како што велат, се против Албанците.„Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат: на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. ВЛЕН, преку своите кандидати Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот тим, претставува достоинство, развој и иднина“, се наведува во соопштението.Коалицијата ВЛЕН заклучува дека „Албанците не тргуваат со своето достоинство и не се продаваат на оние што ги навредиле“.

Македонија | пред 3 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица обвинува: Рамадани од ВРЕДИ глорифицирал Илирида, се шири етничка омраза

Од партијата Левица реагираа со остро соопштение во кое обвинија дека кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистички пораки и создаваат етнички тензии, особено кандидатот за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани.„Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина. Рамадани, во јавно обраќање од дијаспората, наместо да зборува за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ“, стои во реакцијата на Левица.Од партијата додаваат дека Рамадани потврдил обединување со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што, според Левица, ја покажува „сервилноста на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер“.„Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да ‘коленичи’, ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници“, порачуваат од Левица.Според нив, ваквите „штетни наративи од политичари заглавени во минатото“ создаваат само поделби и нетрпеливост, додека граѓаните масовно ја напуштаат земјата поради сиромаштија и корупција.„И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада.Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот карактер на Републиката?“, се вели во реакцијата на Левиц

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj995ma2jqce83FL8CRh

Мециновиќ: Изборот во Скопје е избор за демократија, не за функција

Првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, ја започна со отворање на темата што, според него, ја засенува секоја друга, нерамноправниот третман во медиумскиот простор и во вториот изборен круг затоа што АВМУ не дозволи политичко рекламирање на Левица.„Институциите кои се под политичка контрола направија преседан без преседан во македонската демократија,“ рече Мециновиќ, нагласувајќи дека само еден кандидат, оној на власта, ќе има пристап до платено рекламирање, билборди и медиумска промоција.„Тоа не е само неправда кон мене, тоа е удар врз демократијата. Ова ќе биде забележано во сите извештаи за состојбата во земјава“, додаде тој.Мециновиќ нагласи дека ќе продолжи со позитивна и проактивна кампања, иако околностите, како што рече, не се рамноправни. „Овој втор круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус-квото што го изеде градот и визијата за едно поинакво Скопје“, истакна тој.Според Мециновиќ, апсолутната власт што во моментов ја имаат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, ја довела државата во состојба на „сè поочигледна авторитарност“. Победата, вели, нема да биде негова лична победа, туку чин на отпор и демократизација на општеството.„Јас не сум најпаметен, ниту најдобар од сите скопјани“, рече тој. „Но знам дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот глас нешто значи. Локалната политика е нашето секојдневие: улиците, воздухот, јавниот превоз, зеленилото. Тие работи не смеат да зависат од партиски договори“.Мециновиќ подвлече дека нема намера да води деструктивна политика и дека ќе соработува со сите советнички групи во Советот. Потсети дека проблемите во претходниот мандат произлегле токму од партиски суети и лични конфликти. „Не ме интересира да се натпреварувам во суета. Сакам градот да функционира. Ќе соработувам со сите, затоа што Скопје мора да заживее“, истакна.Кандидатот на Левица испрати и порака до сите граѓани кои се разочарани од политиката и кои во првиот круг останале дома. „Ги повикувам сите здраворазумни Скопјани, без разлика од која партија доаѓаат, да се охрабрат и да гласаат за промена. Овојпат изборот е реален, старите партии веќе не се најголеми фактори“, порача тој.Тој ги поздрави и независните листи што успеале да влезат во Советот на градот, оценувајќи дека секој советнички мандат што нема да го добијат „старите партии поврзани со бизнис интересите“ е, како што рече, „добредојдена промена“.На крајот, Мециновиќ одговори и на новинарско прашање за поканата за телевизиски дуел со Орце Ѓорѓиевски. „Подготвен сум на дебата, но покрај вашата покана го повикувам Ѓорѓиевски на јавен дуел, под отворено небо, пред граѓаните и сите медиуми. Таму нека нè слушне народот и нека избере која опција му се допаѓа“. Со оваа прес-конференција, Мециновиќ го постави тонот на втората рунда од кампањата: помалку конфронтација, повеќе визија. „Нема повеќе вие направивте, ние направивме. Сега има само еден избор, статус-кво или промена која ќе ја градиме заедно“, порача тој.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Партиските пацови од АВМУ да донесат Упатство за платено рекламирање на Мециновиќ за втор круг

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните медиуми реагира до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми зошто не носат Упатство за право на платено политичко рекламирање на Амар Мециновиќ во вториот круг.,,Партиските пацови во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по сила на закон, мораа да донесат ново рогациско Упатство со кое на Амар Мециновиќ ќе му го овозможат правото на ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ во вториот круг!Но, овие вмроиди втор ден се прават при очи слепи. Затоа, против сите нив поименично - на чело со подлизуркото Зоран Трајчевски - ќе бидат поднесени кривични пријави и соодветни тужби за надомест на ШТЕТА (солидарна одговорност) не само од Левица како партија, туку и од Амар како физичко лице, напиша Апасиев.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0jsp6dcfiln49xxN6ra

(Видео) Со паролите за Груевски, го бодреа Амар во Левица откако влезе во втор круг

Распеана атмосфера имаше вчера во штабот на Левица, откако Амар Мециновиќ се пласираше во вториот круг. Присутните во знак на поддршка го поддржаа кандидатот со паролата „Никој ништо не ти може Амаре“, истата од 2016 година, кога за Груевски извикуваа „Никој ништо не ти може Никола“.Потоа, се скандираше „Цело Скопје, гласа Амаре“. Од партиската говорница, Мециновиќ се заблагодари на поддршката и најави дека во идниот период повторно ќе се посветат на кампањата и подобри резултати во вториот круг.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

АФЖ - Левица бара казна за Дехари: Остро го осудија сексуалното малтретирање што го вршел кичевскиот градоначалник

Антифашистичкиот фронт на жените, АФЖ - Левица, во партиското соопштение најостро го осудува одвратното, мизогино и злоупотребувачко однесување на Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, како и срамното молчење од страна на ДУИ и останатите институции.Аудио-снимките што излегоа во јавност, на кои се слуша како Дехари сексуално малтретира и понижува вработени жени во Општината, се доказ за системска злоупотреба на моќ и родово насилство на работно место, а тоа е нешто што заслужува и кривична одговорност, не само - политичка оставка!Ниту една жена не треба да биде предмет на понижување, заплашување или сексуално изживување, особено не од страна на функционер платен со парите на граѓаните. Ова е скандал преку злоупотреба на функција, полов мобинг и родово засновано насилство, наведуват во соопштението АФЖ - Левица бара:• Јавна реакција од жените-функционерки во ДУИ;• Реакција од Комисијата за заштита од дискриминација;• Кривична одговорност и казни за насилникот!АФЖ - Левица не остапува од својата борба, додека насилниците не одговараат. Ние нема да бидеме дел од културата на молк: ниту во Кичево, ниту на кое било друго место во Македонија!

Македонија | пред 3 месеци

media-library7t9ajnsc2qev0wDkuo7

Судски удар и политички отпор – Уставниот суд против Левица, спорот оди кон Европскиот суд за човекови права

По денешната (15 октомври) седница, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, одржа прес-конференција на која ја образложи одлуката Судот да не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица за оценување на уставноста на Упатството на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за распределба на рекламниот простор во изборниот процес.„Одлуката беше едногласна. Судот ги ценеше трите околности: содржината на упатството, времето на одлучување и постојната уставно-судска пракса“, изјави Костадиновски.Тој објасни дека Упатството, како подзаконски акт, не претставува ништо друго освен техничка операционализација на законската одредба од член 75-ѓ на Изборниот законик, и дека АВМУ би ги пречекорила своите овластувања доколку постапела поинаку.Претседателот на Судот додаде дека иако лично смета дека самото изборно решение е проблематично, тоа прашање ќе се разгледува во посебна постапка.„Јас имам издвоено мислење од 15 страници во кое детално го објаснувам проблемот – дали е легитимно со буџетски пари да се финансира политичка кампања. Политичарите се веќе платени од јавни средства – и за време на кампањата, и по неа, и дури и по завршување на мандатот. Затоа сметам дека треба да се преиспита оправданоста на овој модел“, рече Костадиновски.Тој посочи и дека „плурализмот бара еднакви услови за сите“, нагласувајќи дека постоечкиот систем создава ситуација каде „некои партии ја почнуваат утакмицата со резултат 3:0“.Во обраќањето до медиумите, Костадиновски испрати и апел кон подносителите на иницијативи, посочувајќи дека јавните личности треба да покажат повисоко ниво на политичка, правна и академска култура.„Подносителот на иницијативата е добар правник, но понекогаш го злоупотребува знаењето за политички цели. Несоодветниот речник и навредите кон Судот не придонесуваат за дебата, туку за дискредитација на институциите“, порача тој.По одлуката, Левица остро реагираше, обвинувајќи дека Уставниот суд станал инструмент за „одржување на политичката цензура“.„Иако сме парламентарна партија, според контроверзното упатство на АВМУ, Левица нема право на ниту една секунда рекламен простор, ниту со буџетски пари, ниту со сопствени средства. Тоа е директна дискриминација и удар врз политичкиот плурализам“, соопшти партијата.Од Левица додаваат дека упатството не е објавено во Службен весник, и затоа, како општ акт, не може да има правно дејство.„Судот го разгледуваше случајот три дена пред изборите, по наша иницијатива, не по службена должност. Со ова, уставните судии покажаа дека не ја вршат својата основна функција – заштита на Уставот и демократијата. Судии, искинете си ги дипломите“, стои во реакцијата.Партијата најави дека ќе ја тужи државата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, уверена дека Македонија ќе изгуби поради повреда на основните демократски принципи.„Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре. Ќе продолжиме со правната и институционална борба за еднаквост и слобода на политичко дејствување“, порача Левица.Со денешната одлука, Уставниот суд го затвори прашањето за законитоста на упатството на АВМУ, но го отвори поширокото прашање – дали изборниот систем навистина обезбедува фер услови за сите политички субјекти. Додека Костадиновски повикува на институционален интегритет, Левица најавува меѓународна битка. Судот, како и секогаш, останува – меѓу правото и политиката.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytg7e5lbab1468X6Tuv1

Свеќаровска: Градот не се улиците и зградите, градот сме ние, луѓето!

Средбата со граѓани во Кочани, на која присуствуваше лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кандидатката за градоначалник, Жаклина Свеќаровска и кандидатите за советничка листа започна со едноминутен молк во чест на жртвите во дискотеката „Пулс“ од 16 март годинава. Свеќаровска, на почетокот на средбата, истакна дека и била потребна голема сила за да се кандидира за градоначалник на овие локални избори за да не ги изневери, како што вели, „очекувањата на нашиот град со нож во срцето“. „Ја најдов во гневот што децении пламти и во мене, како во секој чесен човек што ниту прекршок во сообраќајот нема направено, а сме казнети да живееме во беззаконие и безредие. Да, точно е дека револтот е голем а довербата речиси ја нема, но, гневот е загушен. Од стотици луѓе на вчерашниот марш бевме неколку десетици. Половина од родителите и роднините не учествуваат. Ги замолчаа со вработувања на атрактивни, добро платени работни места. Тажно, претажно. И животите на децата имале цена“, рече Свеќаровска.Зборувајќи за состојбите во Кочани, денес, беше истакнато дека младината е побегната, градот е затрупан во ѓубре, по улиците се движат глутници бездомни кучиња, а сообраќајот е во хаос. „За сето тоа има решение и ќе биде решено. Но, најважно е на народните изесници да им ставиме на знаење дека градот не се улиците и зградите, туку градот сме ние, луѓето“, рече Свеќаровска и додаде дека ќе го вложи секој атом енергија да си го вратат градот, да си го вратат достоинството и човечноста. „Не постои ништо што би ме поколебало. Одговорност мора да има! Правда мора да има! Време е не профитот, туку благосостојбата на граѓаните да биде на прво место. На 19 октомври да излеземе и да си дадеме поддршка, да гласаме за бројот шест. Нека проговори народот“, заврши таа.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya285o7ibtji6enSc0qT

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија

Во рамки на предизборните активности, народните средби на кандидатите за советници заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денес продолжија во Свети Николе. Сѐ поголемата поддршка од народот е очигледна во непосреден контакт со граѓаните.На средбите со граѓани, носителот на листа, Александар Симонов истакна:„Веќе влегуваме во последната четвртина од изборната кампања. Воглавно имаме многу позитивни реакции за она што го правиме. Главниот фокус во Општина Свети Николе е на енергетските проекти. Сметаме дека преку енергетски ефикасна општина можеме многу да заштедиме и да го зголемиме буџетот на општината. Во фокус секако, традиционално за нас, остануваат социјалните политики.“Левица во Свети Николе, како едно од клучните прашања, го истакнува прашањето за борбата против регионална депонија кое ги таргетира граѓани, но како што истакна Симонов ќе се залагаат и за сите инфраструктурни проекти вклучително и во руралните средини. Како многу значајно прашање ја издвои можноста за рурален доктор и „давање медицинска помош на старите и изнемоштени лица кои живеат надвор од градското јадро“, рече тој.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjj4pcdjof2in5Kj3dG9

Мојсоска: Домување за жртвите на семејно насилство е приоритет во програмата на Левица

„Иако локалната самоуправа има законски обврски и надлежности во заштитата од семејно насилство, фактите се дека општина Струга целосно заостанува во тој поглед. Податоците покажуваат дека сѐ повеќе жртви се охрабруваат да ги напуштат насилниците, но економската зависност е коренот на проблемот, поради кои жртвите остануваат да трпат семејно насилство“, истакна Јована Мојсоска во дискусијата одгранизирана од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во Струга. На настанот на која присуствуваше и Климе Карамитриески, носителот на советничката листа на Левица за Струга Мојсоска презентираше и дел од програмата на Левица во кој се предвидува изградба на шелтер центар за жртви на семејно насилство, финансиска поддршка за домување за жртви на семејно насилство како и предност при вработување на самохрани мајки и жртви на семејно насилство.На крајот од своето обраќање Мојсоска истакна: „ Мојата главна порака е дека игнорантноста и неспособноста на институциите не смее да кошта човечки животи“.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ: Градот мора да им служи на граѓаните не на партиите

На денешната прес-конференција на Левица, кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, ги стави во фокус работниците од јавните претпријатија и плановите за дигитализација и транспарентност на градската управа. „Сакам најпрво да им се заблагодарам на работниците во јавните претпријатија кои пред неколку дена цела ноќ работеа на терен за да ја поправат големата хаварија на водоводот. Благодарение на нивната работа, утредента скопјани имаа вода. Но, премногу често ги забораваме токму оние што ја одржуваат нормалноста во овој град,“ истакна Мециновиќ.Мециновиќ рагираше и на изјавите на дел од неговите противкандидати кои најавуваат „чистки“ меѓу јавните работници. „И за разлика од моите противкандидати кои велат дека во првите седумдесет два часа ќе ги извадат за уши работниците за да го исчистат градот и да го исчистат сметот кој тие го имаат креирано заедно со другите градоначалници од другите општини, ние сметаме дека пред сѐ треба да се поправат условите за работа за овие работници, затоа што кога зборуваме за пополнување на дупки, за собирање на смет, градоначалникот ниту ќе земе лопата, ниту ќе земе метла. Тоа треба работниците да го направат, така што тие работници треба да имаат нормални услови за работа “, рече тој.Како централна тема, Мециновиќ ја најави иницијативата за дигитализација на услугите на Град Скопје преку јавен натпревар за млади програмери, без тендери и посредници. „Планираме да организираме натпревар меѓу програмери од Скопје кои ќе развијат апликација што ќе ги интегрира сите градски услуги: плаќање даноци, сметки, паркинг, јавен превоз, па дури и поднесување поплаки и барања до градот“, објасни тој. Во проектот ќе се вклучат Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ФИНКИ, чии професори ќе ја оценуваат безбедноста и функционалноста на апликациите. „Победничкиот тим ќе добие награда од 50.000 евра и можност за трајно вработување во Град Скопје за да ја развива и одржува апликацијата,“ најави Мециновиќ.„Со ова, за првпат ќе покажеме дека може да се работи без тендер шеми и партиски вработувања. Нема да плаќаме милиони за нешто што можеме да го направиме со сопствен домашен потенцијал,“ додаде тој.Мециновиќ најави и неколку конкретни мерки за отворање на градската управа кон граѓаните: формирање партиципативно граѓанско тело што ќе го следи спроведувањето на одлуките на Советот на Град Скопје, воведување двосменско работење на шалтерите за да можат сите граѓани да добијат пристап до услугите, како и креирање на платформа „Мој советник“, на која ќе биде јавно достапно кој советник колку присуствува на седници и како гласа. „Градските власти живеат на небо. Да беа на земја, ќе ја видееја реалноста во која живеат Скопјани,“ изјави Мециновиќ.Кандидатот на Левица подвлече дека приоритет во неговиот мандат ќе биде реформа на условите за работа во јавните претпријатија. „Работниците треба да гласаат за одлуките што се однесуваат на нивните услови. Тие се срцето на градот, а не политичарите,“ нагласи тој. Мециновиќ обвини дека двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со години намерно ги туркаат претпријатијата во колапс за да ја оправдаат нивната приватизација. „Сега се најавува приватизација на ‘Комунална хигиена’ и ‘Дрисла’, а има и индиции за ЈСП. Ако не застанеме, на крај и водоводот ќе ни го приватизираат. Ќе ни ја земат и водата,“ предупреди тој.„Ние не веруваме во приватизација, веруваме во јакнење на јавниот сектор, во финансиска консолидација и во враќање на довербата на граѓаните“, додаде Мециновиќ. На крајот од прес-конференцијата, тој порача дека Скопје мора да ја искористи сопствената научна и човечка сила. „Ова не е научна фантастика. Нашите програмери, нашите работници, нашите граѓани – тие го градат градот. Треба само да им се даде можност. Затоа што градот мора да им служи на граѓаните, а не на партиите“, порача Мециновиќ.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања