ЛЕВИЦА

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

На денешната седница за опозициски пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна зошто министерот Муцунски не е присутен на пратенички прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на кровот на Министерството за надворешни работи.„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има." - истакна Мециновиќ.Пратеникот од Левица дополна дека ова првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.На крајот, Мециновиќ се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Тој ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?" - праша пратеникот од Левица.

Македонија | пред 1 месец

jancev

Родителите на тинејџерите од сообраќајката во Марино бараат одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Семејствата на двете малолетни жртви од септемвриската несреќа во Марино испратија официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое бараат да биде покрената постапка за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Тие велат дека се чувствуваат обесправено и дека имаат страв дека неговата политичка функција може да го наруши интегритетот на идниот судски процес.Несреќата се случи на 14 септември 2025 година, кога возило „Хјундаи Тусон“, управувано од Јанчев, се судри со мопед на кој се превезувале 16-годишниот М.Д. и 13-годишната А.Т. Повредите беа тешки за двајцата, а момчето подоцна, на 9 октомври, почина во болница. Девојчето останува на лекување и со сериозни последици од ударот.Во писмото до Собранието, родителите објаснуваат дека обвинение сè уште не е поднесено и дека токму затоа е неопходно пратеникот да не ужива дополнителна заштита која би можела да ја забави или да влијае врз постапката. Според Уставот и Деловникот, секое барање за одземање имунитет мора најпрво да се достави до претседателот на Собранието, а потоа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања одлучува дали ќе го препрати на гласање пред пратениците.По несреќата, на Јанчев му беа одземени пасошот и возачката дозвола како мерки на претпазливост. Од Левица тврдат дека тој не бил под дејство на алкохол и дека мопедот бил нерегистриран, неисправен и управуван од малолетник без дозвола и без кацига, кој се забил во возилото.Родителите, пак, инсистираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и дека одземањето на имунитетот е единствен начин да се обезбеди фер постапување на институциите. Случајот продолжува да ја бранува јавноста, која очекува брза и транспарентна реакција од Обвинителството и Собранието.

Скопје | пред 1 месец

media-library62m7usajp8t27xIhbvI

(Видео) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

Советничката од Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, остро реагира на предлог-одлуката за обезбедување простор за жртви на семејно насилство. Таа посочи дека со отстапување на единствен стан од 30 квадратни метри – за кој, како што вели, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тврди дека е „сè што градот има на располагање“ – градската власт го претставува проблемот како решен.Станувa збор, нагласи Станкоска, за мал и единствен стан кој, според предлогот, треба да стане новиот простор за најранливите жени во градот.-Град Скопје нема извршено попис на сопствениот недвижен имот, не постои јасна евиденција што поседува градот, во каква состојба е имотот, колку објекти стојат празни, неискористени или пропаѓаат. А кога институцијата не знае што има, секогаш се прогласува дека „може“ само најмалку, на штета на најранливите, истакна Станкоска, советничката од Левица и укажа дека вакво „решение“ е симптом на подлабок системски хаос.Според неа понудениот стан не претставува решение за овој сериозен проблем, туку понижувачки и импровизиран обид да се создаде впечаток дека проблемот се решава. „Жртвите на семејно насилство не смеат да се третираат како ПР-позадина, туку како сериозна обврска која бара системски пристап и одговорно управување со градскиот имот.“Во своето обраќање посочи и дека секоја година во Македонија стотици жени пријавуваат семејно насилство, а земјата веќе брои повеќе случаи на фемицид кои остануваат како траен доказ за институционалниот неуспех да се спречи ескалацијата на насилството. „Во такви услови, Левица одамна предложи законски измени семејното насилство да се гони по службена должност, со што би се спречил притисокот врз жртвите да го повлекуваат пријавувањето и би се обезбедила проактивна државна заштита - но мнозинството во Собранието, предводено од ДПМНЕ, го одби овој предлог“, рече Станкоска и додаде дека токму ова одбивање е доказ дека властите не се подготвени за суштински мерки, туку остануваат на симболични гестови кои не ја менуваат реалноста на жените кои живеат под закана.

Скопје | пред 1 месец

media-librarytnfrp9tv4ccqcwiPHMr

Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

„Овој буџет не е развоен. 90% од буџетот отпаѓа на тековни расходи. Само 9.7% одат на капитални инвестиции, дури и помалку, затоа што е ставено и НАТО во капитални инвестиции, небаре пукање бомби носат економски раст и создаваат некаква економска вредност“ -  истакна пратеникот Крмов во своето обраќање по однос на Буџетот на денешната Седница.Во продолжение, пратеникот од Левица даде посебен акцент на фактот дека секој трет денар во овој Буџет е предвидено да дојде од задолжување.„31% од овој Буџет се предвидени од задолжување. Значи секој трети денар е од странски пари. Над 1.6 милијарди враќаме долгови секоја година. Додадете ги тие пари на пензискиот фонд којшто е 2,4 милијарди евра, ние имаме буквално пола буџет којшто е долгови и пензии.“Крмов рече дека „Спрема тоа како се има трошено милијардата од Унгарија, ние гледаме како ќе се трошат 6 милијарди од Британија“ и потсети на барањето од Левица јавно да се сподели кои фирми ги добиле парите од кредитите коишто народот ќе ги плаќа, но власта одлучила да го крие нивниот идентитет. „Како прво 250 милиони кои отидоа во приватниот сектор и ден денес ги криете фирмите. Левица упати барање до Министерството да ги објавите фирмите, ние имаме добиено одговор 'дека ќе бил нарушен интересот на фирмите'. Значи приватниот интерес на фирмите е пред јавниот интерес. Тоа не носи до сомнеж дека тие пари имаат отидено кај фирмите блиски до ДПМНЕ.“Пратеникот од Левица заклучи дека Буџетот којшто го проектира власта за 2026 година е потрошувачки, и предвидува само десетина проценти за капитални инвестиции, за чијашто реализација се сомнева.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjj4pcdjof2in5Kj3dG9

Мојсоска: Трагедијата во Кочани е системски колапс, не несреќа

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица оцени дека трагедијата во Кочани не може да се нарече „несреќа“, туку последица на децениски системски пропусти.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти: дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат“, рече Мојсоска.Таа потсети дека девет месеци по пожарот нема ниту една законска измена која би спречила слична трагедија. „Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршоци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде“, нагласи таа.Мојсоска во своето излагање пред Анкетната комисија порача дека станува збор за системска, а не индивидуална вина, и дека гласот на родителите мора да биде слушнат. „Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане“, заклучи таа.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrpstfg4m9ol55xBIp21

(Видео) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

На седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани, пратеничката Јована Мојсоска упати сериозни обвинувања за децениски институционални пропусти кои, како што посочи, довеле до смртта на деца и повторување на трагедии што можеле да бидат спречени.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат.“Мојсоска потсети дека речиси една година по трагедијата институциите не донеле ниту една законска измена. „Девет месеци поминаа без ниту една законска измена која ќе спречи ваква трагедија да се повтори. Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршoци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде.“Во своето излагање таа додаде дека трагедијата не може да се сведе на индивидуален случај, туку претставува последица на системски пропусти. „Ова не е индивидуален пропуст, туку системска трагедија. Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvcvvj1utob7f7vIZYcI

Левица ја повика власта да обезбеди кворум на седницата за „Пулс“

Пред денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, партијата Левица јавно побара од пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат и да овозможат одржување на расправата за трагедијата во Кочани, која се случи пред девет месеци.Од Левица потсетуваат дека во периодот по настанот Собранието не усвоило ниту една суштинска мерка во врска со случајот, поради што, како што велат, институциите имаат обврска да покажат „сериозност и одговорност“ кон семејствата и јавноста. Според партијата, досегашното одложување на расправата испратило порака на недоволна институционална чувствителност за последиците и прашањата што ги отвори трагедијата.Одржувањето на седницата зависи од присуството на членовите (или нивните заменици) на Комисијата од редовите на владејачкото мнозинство. Меѓу нив се: Александар Велјановски, Миле Лефков, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Бране Петрушевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Фериде Хаџиу и Весна Бендевска.Левица смета дека присуството на пратениците е неопходно за Собранието да ја исполни својата надзорна улога и да се обезбеди транспарентен процес. Партијата предупреди дека евентуално ново одложување би било дочекано како продолжување на опструкциите и како сигнал дека институциите не покажуваат подготвеност да ја расчистат одговорноста за случајот.Од страна на владејачкото мнозинство засега нема официјална реакција во врска со барањето на Левица.

Македонија | пред 1 месец

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Енергетска политика на ВМРО-ДПМНЕ на „варена жаба” ја турка државата во сиромаштија

Левица излезе со остра осуда на одлуката за најновото поскапување на парното за 5%, како и најавата за раст на цената на струјата од Нова година.Овие одлуки, велат се јасен доказ за хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот удар врз стандардот на граѓаните.„Во услови на инфлација и растечка енергетска сиромаштија секое ново „само 5%” покачување претставува директен удар врз достоинствениот живот на илјадници домаќинства. Наместо вложување во домашно производство, обновливи извори и енергетска ефикасност, Владата толерира стареење на мрежата, енергетска зависност од увоз и одлив на профит кон приватен и странски капитал, а народот се третира како „варена жаба”, навикнуван на постепено уништување на сопствениот стандард”, велат од Левица.Левица, посочува. ја одбива оваа политика на тивко варење на народот и бара итно ревидирање на најновите одлуки на РЕК, јавно објавување на пресметките и проектите кои ќе се реализираат со парите од поскапувањето, независна анализа и одговорност за работењето на ЕСМ, промена на методологиите за формирање на цени со вградена заштита на стандардот на граѓаните, воведување на јавни мерки за помош на енергетски сиромашните домаќинства и транспарентни јавни расправи пред секое значајно ценовно поскапување.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

(Видео) По претставка на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс”, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 декември – Светскиот ден на човековите слободи и права.На седницата се поканети сите членови и заменици на Комисијата, претседателот и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата, како и подносителите на претставката, кои ќе имаат право на обраќање.Апасиев нагласи дека ова не е ниту надзорна, ниту јавна расправа, туку редовна седница што Комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани, пракса која и претходно постоела во парламентот. Тој потсети дека постоеле три неуспешни обиди оваа точка да се стави на дневен ред, поради што е поведена и управна постапка против претседателот на Собранието.Во однос на паралелните иницијативи за анкетни комисии од власта и опозицијата, Апасиев смета дека тие се ад хок тела со ограничен рок и квази-истражни функции, додека постојаната Комисија има континуитет и редовни обврски.

Македонија | пред 2 месеци

semejno-nasilstvo

Жртва на семејно и сексуално насилство ставила евтина спирала и стасала до операција: Левица бара субвенции за контрацепција за жртвите

 ,,Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам... Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство... Спиралата ја ставив пред 4 - 5 години, за пред некој ден да видам дека прснала, сè околу неа загноило и целата сум отечена. Од сето тоа се соочив со сериозни последици и морав итно да одам на операција", ова е сведоштво на жртва на семејно насилство што на почетокот на т.н. 16 дена активизам, им го доверила на жените од АФЖ Левица.  ,,Зошто државата да не субвенционира квалитетни спирали за жените - жртви на семејно насилство, за да не се доведуваат во ситуација да ставаат евтини спирали како мене, а повеќе од јасно е дека како жени - жртви се на работ на егзистенцијата и не можат да си дозволат нешто поскапо?", прашува, но и предлага жртвата на семејно насилство која единствена поддршка гледа во неколку организации и во АФЖ - Левица, во пратеничката Јована Мојсоска, но не и во државата. ,,Зад овој предлог, за обезбедување на квалитетни контрацептивни средства за жените - жртви, стоиме и ние од АФЖ Левица и во континуитет продолжуваме да ги застапуваме барањата и интересите на жените - жртви на насилство", велат од АФЖ.,,Не трпи! Не молчи! Едуцирај се, охрабри се! Делувај!" е слоганот на Кампањата на АФЖ - Левица по повод 16-те дена активизам.,,Нашата кампања оди во насока на обелоденување на немили сведоштва на жени - жртви на родово базирано насилство во приватниот и јавниот живот, но и жени - жртви на институционално насилство. Воедно, работиме и на онлајн - кампања за едукација на жртвите и жените воопшто од аспект на Истанбулската конвенција", додаваат од АФЖ Левица.Потсетуваат и дека насилството во Македонија е во подем, системот - во распад, фемицидот, за жал, е присутен во секојдневието. Од АФЖ Левица апелираат:,,Стоп за насилството!"

Македонија | пред 2 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица алармира: системско насилство врз бремени жени – итно да се сменат законите

Левица објави потресен случај на трудница која го изгубила бебето во 27. гестациска недела, по силен стрес предизвикан од непродолжен договор за работа. Партијата го нарекува настанот „уште еден пример на институционално и системско насилство врз жена“, обелоденет токму во пресрет на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.Жената, професионалец со 14 години работно искуство во Општата болница во Струга, била информирана дека нејзиниот договор нема да биде продолжен веднаш откако соопштила дека е бремена. „Оди дома, имаш поважна работа – бремена си“, биле зборовите на директорот, според сведочењата што ги наведе Левица.Левица најавува поднесување законски измени со кои ќе се предвиди договорите на трудниците по автоматизам да се продолжуваат, сè додека жената ги остварува правата поврзани со бременоста. Целта, велат, е да се спречат трауми какви што се случија во овој случај.Партијата ги повикува Државниот инспекторат за труд и Министерството за економија и труд ригорозно да постапат против работодавачот и да обезбедат институционална заштита за жената која го изгуби своето бебе.„Ова не смее да остане само бројка – ова е човечка трагедија што бара одговорност“, порачуваат од Левица.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybqtobm0j93tu1lX4euN

Левица – Карпош бара темелна ревизија на сите ДУП-ови и сериозни средства во буџетот за 2026

Советничката група на Левица во Советот на Општина Карпош поднесе повеќе иницијативи до локалната самоуправа, при што како најзначајна ја издвојува итната и сеопфатна ревизија на сите Детални урбанистички планови (ДУП). Според партијата, оваа постапка мора да биде спроведена транспарентно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност, за конечно да се воспостави урбанистичко планирање што ги одразува реалните потреби на заедницата и овозможува подготовка на квалитетен општински буџет.Од Левица потсетуваат дека изминатиот период покажал сериозни недостатоци во постојните ДУП-ови, кои, како што велат, не се усогласени ниту со инфраструктурниот капацитет ниту со интересите на жителите. Поради овие пропусти, претходниот Совет одби да ги изгласа плановите, што, според партијата, оставило простор за појава на дивоградби и продолжување на урбанистичкиот хаос во општината.Советниците од Левица – Карпош бараат во буџетот за 2026 година да се обезбедат сериозни финансиски средства за изработка и ревизија на урбанистичките планови. Тие предупредуваат дека досегашната практика – формално внесување на овие ставки во буџетските документи без суштинска реализација – мора да престане доколку општината сака да воспостави ред и долгорочно одржливо уредување на просторот.

Скопје | пред 2 месеци

apasiev

Апасиев најави: Ќе закажам комисиска седница во Собранието за трагедијата во Кочани

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи соопшти дека планира следната недела да закаже седница на Постојаната анкетна комисија во Собранието, со која тој претседава. Ова следува откако родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани испратиле претставка.„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша Апасиев во објавата.Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ФБ соопшти дека неговата СДСМ и Коалицијата денеска во Собранието ќе поднесат предлог за одржување на седница на Анкетната комисија посветена на целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydfkam57lpukgcPvMJ06

(Видео) Јанков од Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег

Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет.Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема би немало снег. Овој модел, како што истакна тој, ќе доведе до трошење на 40 милиони денари за неактивност.Предвидената механизација е недоволна, исто како и количината на сол и не би издржала ни до половина зима.Дополнителен проблем претставува и ангажманот на приватни фирми, кој е опишан без наведени имиња, цени или конкретни обврски, што претставува неприфатливо ниво на непрецизност за документ што треба да гарантира јавна безбедност, па оттука Програмата не нуди безбедност, туку претставува само декларативен текст.Поради овие недостатоци, советничката група на Левица гласаше против програмата, оценувајќи ја како нелогична, паушална и ризична за граѓаните и буџетот на Град Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-library73b90f5hpo9f2UA91LN

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП – нови автобуси за приватните превозници

Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес.„Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради што јавниот превоз колабираше, а градот западна во хаос. Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изиграат спасители и најавуваат нови автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП,“ стои во соопштението на партијата.Левица обвинува дека ваквиот потег отвора сомнеж дека се подготвува терен за приватизација на јавните претпријатија, наместо за нивно реформирање и модернизација.„Се поставува прашањето зошто приоритет им е набавка на автобуси за приватниците, а не за Јавното сообраќајно претпријатие? Истите тие што беа против купување нови автобуси, сега носат импровизирани решенија. Истиот двоен стандард го гледаме и со Градска хигиена – Скопје тонаше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот неред,“ порачаа од партијата.Од Левица додаваат дека нивните советници во Советот на Град Скопје ќе се спротистават на секоја одлука што го фаворизира приватниот интерес пред јавниот и нема да дозволат, како што велат, „дополнително уништување на јавните претпријатија.“„Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и политички маркетинг,“ се наведува во соопштението на Левица.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања