Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието - ова е една од пораките на претседателот Апасиев, вечерва од Штип.

,,Целта на Левица на овие Избори е да го кутне сдс под 20 и, конечно, да ја пасокизираме сдс. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува", истакна Апасиев.

— реклама —

Она што се случи на Претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат се учествува првпат.

— реклама —

,,На Парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик... Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица", истакна Апасиев.

Левица пред штипјани ја претстави и својата програма, којашто е единствена различна од сите други програми.

— реклама —

,,Само ние имаме програма со централно планирање, затоа што ние имаме Централна планска агенција, којашто треба да ја развие државата рамномерно, тоа што никој друг го нема. Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефит", рече носителот на ИЕ3, Борислав Крмов од Штип.

— реклама —

На народниот собир се обрати и Александар Симонов, коносител на листа на ИЕ3:

,,Планираме воведувањето на прогресивниот данок, како и ограничувањето на каматните стапки, укинувањето на извршителите останува една од главните определби кои имаме намера да ги воведеме со цел да ги заштитиме работниците, кои најчесто се класа на луѓе кои страдаат од овие неправди".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања