Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЛЕВИЦА

apasiev-sobranie

Aпасиев до Мицкоски: Владината програма ви б'зди на одвратно десничарење

Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот. Вашите кадри би ги опишал преку два хаштага. Првиот хаштах е „ружна ви е владата“. Ова е една од трите НАЈГОЛЕМИ влади. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт имаме три најголеми влади, 24 - влада, гломазна влада, а европскиот стандард е 13 до 15 члена - истакна претседателот на Левица, Димитар АПАСИЕВ, на денешната Седница за избор на новата Влада.- Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден ШПИУН, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик и работел за косовската влада. Вие, господине Мицкоски, сте плагијатори, а не реформатори. Има 10 добри работи и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве, да го наречеме ,,Мицковизам" како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите. Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ,,Дража-михајловизам" во нашата Влада - додаде Апасиев.- Вториот хаштаг е „шверцеви властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, да пишете ,,тато ме направи асистент, Груевски - претседател на партија". Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот РАБОТНИК се споменува само два пати, зборот СИНДИКАТ нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници, додаде Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

„Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со ,,jus cogens" норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси“ - рече лидерот на опозицијата и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница, а по однос на неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции од страна на Талат Џафери.„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: Поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор поголема од пет години, настапи неспоивост со функцијата пратеник, му престане државјанството на РМ, со правосилно решение биде лишен од деловна способност или со смрт“, додава Апасиев.Во своето процедурално обраќање, лидерот на опозицијата - Апасиев, таксативно ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.- Ставот три е многу битен, којшто вели: ,,Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6". Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: ,,Собранието тоа го констатира на првата наредна седница". Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите - објасни Апасиев.Инаку, уште на 4 јуни, пратеничката група од Левица има поднесено барање врз основа на сите наведени членови.- Кај пратеникот Џафери, согласно Одлуката за верификација се констатира престанок на неговата функција без расправа со прост премин - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

245349517_4529517183795689_6140185821685523684_n-749x445-1

Богевски со шестчасовен филибастеринг за блокирање на погубен ДУП за зградите „Силекс" во Кавадарци, вели Левица

- Ќе беседам од говорница со денови, ама нема да поддржам погубен детален урбанистички план. Предлог - деталниот урбанистички план за населбата Силекс во Кавадарци е погубен и во спротивност со принципите на просторно и урбанистичко уредување - потенцираше советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски.Според Богевски, конкретниот ДУП предвидува нови улици на местото на постоечките паркови, како и една особено опасна нова улица, на ерозивно подрачје, веднаш до коритото на реката Луда Мара.- Овој ДУП повеќекратно паѓаше на јавните анкети со граѓаните кои живеат во населбата Силекс, а до Левица пристигнаа премногу реакции, нема да останеме неми на ова своеволие - додаде Богевски.Тој потсети дека пред околу два месеца почнаа постапка за амандманско блокирање на донесувањето на овој ДУП со 365 амандмани.- На претходната седница за која иницијално беше најавено донесувањето на овој ДУП, предлагачот ја повлече точката од Дневен ред. Беше кажано дека моите постапки се популистички и смислен обид да ја блокирам работата на Општината пред парламентарните избори. Имаше шпекулации во јавноста и дека јас се обидувам да ја блокирам можноста сопствениците на околните парцели да градат објекти за индивидуално домување, што не е вистина! Левица ја поддржува секоја иницијатива на млади луѓе кои сакаат да основаат дом, но во граници на законските одредби, со цел да следните генерации живеат во хумана, здрава и безбедна средина - појасни советникот Богевски.Советникот од Левица, Круме Богевски, околу шест часа часа ги презентираше амандманите, кои мнозинството не ги прифаќа, нагласувајќи дека, сепак, во планот ќе се почитуваат желбите на населението.Богевски има поднесено 365 амандмани и како што вели - со ова како партија го блокираат уништувањето на делот околу таканаречените Силекс - згради.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Денеска Собранието ги верификувашњ мандатите на 118 пратеници, додека за 2 мандата дополнително треба да се расправа поради приговори во ДИК од прегласувањето.Жестоко е во собраниската сала.Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник може да се откаже од мандат, ако го нема.Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Не соодветствува со вашиот извештај. Да видиме каде сѐ погрешивте со верификувањето на мандатите”, рече Апасиев и толкуваше дека градоначалникот на Тетово Биљал Касами немал право на своја рака да даде изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат, туку тоа требало да го констатира Собранието, а не Верификационата комисија.,, Кога се кандидираме за пратеници, поднесуваме изјава до ДИК. Оваа изјава е неотповиклива до моментот на верификацијаа на мандатот. Значи не може да повлечете нешто што немате. Овие две изјави си ги потпишал Касами, сега се откажува од мандатот поради потреба. Која потреба? Сам се кандидираше за пратеник. Како можеш да се откажеш од нешто што го немаш?Вие како Верификациона комисија имате право да оспорите мандат, а не тој сам да си го оспорува. По сила на закон, сега треба да има избори во Тетово за да се бира нов градоначаалник, бидејќи по Извештајот на ДИК Касами има мандат за пратеник.Што вели деловникот за одземање на мандат? Пратеник може да поднесе оставка, но Собранието мора да ја констатира без претрес”, рече Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

Крмов: Лошо почна Собранието, Левица е четврта сила во Парламентот, а веќе е оштетена

- Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија - рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата.- Според член 12 став 2, Верификациската комисија се состои од претседател и четворица пратеници кои припаѓаат на различни партии. Ние тука имаме предлог за двајца членови од иста партија. На координацијата на која присуствував беше толкувано дека идната власт морало да има мнозинство, а не морало, можело членот да се смени. Зборот ,,различно" во член 20 за Комисијата за избори и именувања, се однесува на соодветна застапеност на пратениците од политичките партии, ама вие тој го толкувате како исти. Фактички, Левица ја оштетивте за еден член на оваа комисија, затоа што Левица е четврта партија во ова Собрание: прва е ВМРО-ДПМНЕ, потоа е СДСМ, па ДУИ и Левица како четврта сила со шест пратеници. Петта е ЗНАМ со шест пратеници, но Левица има поголем број гласови на изборите, а потоа следува Беса со пет пратеници. Значи, еден член требаше да има Левица. Во старт почнавте со лоши практики - рече Крмов.Претседавачката со седницата на тоа одговори дека за ова прашање е одлучувано на координација, на која присуствуваа претставници на сите партии и дека така е утврдена листата на членови на Комисијата.При гласањето само шест пратеници беа против изборот на Верификациската комисија, сите шест од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_4165

Мојсоска: Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи

За каузата на Левица зборуваше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.Мојсоска го потенцираше она што често се гледа во Собрание како: трансферот на пратеници, Преспанскиот договор.- Она што ние и го докажавме во претходниот мандат е дека не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име... Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата ,Бугари во Устав' - ние попрво во затвор би лежеле, отколку да гласаме за Бугари во Устав - истакна Мојсоска.Оттука, ваквиот начин на дејствување на Левица е препознат и поддржан од народот.- Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат - додава Мојсоска.- И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат - како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови - поентираше првата жена - пратеничка и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Левица ќе биде деконструктивна опозиција

​​​​​За пасокизацијата на СДС и за тоа каква опозиција ќе биде Левица, зборуваше претседателот Димитар Апасиев при гостувањето во ,,Слободен печат".- Ние ќе бидеме на магарешка клупа како што бевме и досега со Борис. Таман - шест души собира на последната клупа во Собранието. Сега ќе бидеме посериозни, но ние, за разлика од СДС, нема да бидеме конструктивна, туку деконструктивна опозиција, бидејќи планираме да го вратиме историскиот судир на левицата и десницата - истакна Апасиев.Левица како политичка партија прва ја најави пасокизацијата на СДС што денес е веќе реалност.- Првото полувреме заврши успешно, а тоа е пасокизацијата на сдс. Ова ни на сон не ни доаѓаше, дека ќе паднат под 20 пратеника, меѓутоа индициите покажуваа. Ние се надевавме и ќе бевме среќни и под 30 да паднеа, но ова е класичен дебакл. Ако ги одземете тројцата - 2 од НСДП, 1 од ЛДП - тие се практично 15. Во меѓувреме, таму може и да фрчат некои оставки од пратеници и да дојде некоја втора постава - потенцираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мојсоска: Прв закон што ќе го поднесеме е Законот за една изборна единица

Тоа што Левица сега има пратеничка група, значи дека шесте пратеника сега имаат и многу подобра позиција за преговарање во смисла на условување - ова е тезата изречена од пратеничката Јована Мојсоска во гостувањето на ТВ 24.- Имаме подобра позиција, за да се најдат некои линии и да се поддржат нашите предлог - законски решенија. Најискрено, мислам дека прв закон што ќе го поднесеме, за кој ВМРО - ДПМНЕ викаше дека се залага во предизборието е Законот за една изборна единица - истакна Мојсоска.Актуелниот Д'Онтов модел, метаматички е неправеден и на Левица ù краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници. Сето тоа Мојсоска го потврдува со факти.- И на овие избори се потврди дека, еве, еден пратеник на Левица, условно кажано - вреди 11.000 гласа, додека, условно кажано - најевтиниот пратеник беше на ДУИ со 7.200 гласа, така што ние сè додека имаме еден таков диспаритет во однос на гласовите, во однос на изборниот модел, не можеме ни да говориме дека имаме основни демократски принципи - потенцираше Мојсоска.Генералниот секретар на Левица и првата жена - пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, ја поентираше главната заложба на Партијата.- Поради сè наведено, една од нашите главни заложби ќе биде токму барањето за една изборна единица, за да може подеднакво гласот на секој да биде вреднуван - рече Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мециновиќ: Северна Македонија е национален срам за Македонците

Дека потписот на претседателот на државата беше повеќе од битен кога СДС и ДУИ го објавија Преспанскиот договор во ,,Службен весник" - уште еднаш потврди пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во ,,КЛАН дебата".- Ова е национален срам. Национален срам за Македонците е Северна Македонија. Апсолутно, го чувствуваат како национален срам. Тоа е капитулација и не вадам нова теза. Ова е општо познато - истакна Мециновиќ.- Дали има друг пример во историјата на светот каде што држава променила име поради друга држава? Дали има друг пример - една држава име да смени заради волјата на друга држава? Е, па, нема! Тоа е национален срам! И тој национален срам ќе тргне од некаде да се митигира. Тоа што претседателката го направи е коректно - додаде Мециновиќ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади

,, Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да создадат писмо за својот јазик, да шират просвета, „за слепи да прогледаат и глуви да чујат“.Беа на страната на послабите и обесправените, во одбрана на оние кои немаа писмо и книги на свој јазик, создавајќи им слово, преведувајќи книги од грчки на словенски.Се бореа со мудра мисла и со моќта на ЗБОРОТ. Правично, правдоборно и со факти.Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на Солун, Кирил ја создава првата словенска азбука - глаголицата.Нивната мисија нема само просветителска кауза, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска, а меѓу другото, и во смисла на декомпонирање на јазично-теолошкиот систем на тогашното германско свештенство.Солунските браќа се бореа и против тријазичноста:„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“Кирил Филозоф своевремено ги бранеше јазикот и писмото пред многу векови. Денешните наши тенденции се да ги поттикнуваме граѓаните на критичко мислење, а особено младите. Кирил Филозоф нека биде пример пред сите нив и пред сите нас за одбрана, конструктивност и правдоборност!Кирил и Методиј создадоа азбука, преведуваа, просветуваа. Проблемот го решија трајно, но оставија АМАНЕТ.АМАНЕТ за да си ги браниме јазикот, азбуката и просветата од сите внатрешни и надворешни напади!Денес напади има повеќе од било кога! Но денес имаме и АРГУМЕНТИ за одбрана повеќе од било кога!Да се продолжи достојно влогот на Кирил и Методиј!Честит празник на сесловенските просветители!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Југославија го обели образот на Европа

Во интервјуто за ,,Слободен печат", лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.,,Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да учи од Југославија. Кога летале авиони, (гледате документарци во Кина!), Југославија ја перципирале како напредна земја, а тие тогаш биле третиот свет.Апасиев потенцираше дека Југославија го обели образот на Европа.,,Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки... Тие мислеа на идеи", рече Апасиев.,,Сега во третиот свет, во Кина, во Азија, во Африка кога ќе кажете Југославија, ви текнува на ,Томос - моторчиња' во Африка и на ,Тома Винковиќ - трактори' во Индија, на црнци кои студираат во Белград... Немало нешто што не се произведува во Југославија, буквално, од игла до локомотива. Па не одете подалеку, во Скопје автобуси сме произведувале, сега не можеме да си ги купиме! Значи, тоа било држава по сите нишани", додава Апасиев.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка"

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување.Пратеникот Сашко Јанчев даде поддршка на блокадата.,,Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето на турско - америчкиот конзорциум ,Бехтел и Енка'. Од минирањето загрозени и загадени се извори на вода од кои и ден денес пијат вода Прилеп и селата околу Прилеп. Во селото Ореовец оштетени се куќи, загрозени се ендемични видови на животни коишто ги има само тука..."Ова е последица на оној криминален и противзаконски договор којшто го направи претходната влада со турско - америчкиот конзорциум на ,,Бехтел и Енка", па поради тоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машини и работници да доаѓаат и да продолжат со работа.,,Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание, спроведувањето на договорот со Бехтел и Енка со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена", истакна Јанчев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт" - институциите не постапуваат

,,До политичката партија Левица пристигнаа информации од вработени во компанијата „Кромберг и Шуберт", кои се жалат на бруталните услови под кои се принудени да работат во оваа екстра - профитабилна компанија. Работниците се жалат дека се принудени да работат дури по 12 часа на ден, без нивна согласност - во спротивно биле УЦЕНУВАНИ дека ќе им биде прекинат работниот однос нив или на нивните блиски.Иако претходно било пријавувано, НЕМА никаква постапка од страна на Државниот инспекторат за труд, кој со децении со неговиот пасивен однос се става во заштита на крупниот капитал, наместо да ги штити експлоатираните работници.Левица и претходно има реагирано за бруталната експлоатација во оваа странска компанија, од која единствено добивме закани за ТУЖБИ - кои никогаш не беа доставени, затоа што очигледно е кој манипулира со јавноста и кој го крши законот.Алармираме и бараме одговорност од директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, за непостапувањето на оваа институција пред очигледното кршење на работничките права.Се работи за економски гигант, кој во 2023 година остварил приход од 300 милиони евра, со што уште еднаш се потврди дека профитите на олигархијата извираат од ЕКСПЛОАТАЦИЈАТА на работничката класа, која во ваков незауздан капитализам е целосно незаштитена од владејачките партии.Македонија, како држава на периферија на капитализмот, стана рај за странските инвеститори и ПЕКОЛ за работниците, додека партиите на естаблишментот се вазални на странскиот капитал и интерес, кој државата ја претвори во потчинета колонија, каде сите ресурси (вклучително и човечкиот) се брутално експлотирани за туѓите интереси.Сè додека партии кои се предводени од милионери се дел од секоја власт, тие ќе ги штитат интересите на сопственичката класа од која доаѓаат, додека работниците ќе бидат брутално експлоатирани и незаштитени за милионските профити на странските моќници.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година

,,Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“.Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица - патните трошоци да бидат укинати", изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог - закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде

,,Донтовиот изборен модел, поделен во шест изборни единици, заедно со неколкукратно спроведуваниот геримандеринг на нивните граници, уште еднаш ги сруши темелите на демократијата и еднаквоста како уставни категории! Ваквиот изборен модел овозможи легална изборна манипулација со гласачкото тело, што се покажува како најголем непријател за гласот на граѓаните и на штета на Левица!Согласно логиката на овој неправеден изборен модел, 23.725 гласови односно 34.55% од добиените гласови на Левица, не се валоризирани во пратенички мандати. Овој изборен модел го ПОНИШТИЛ СЕКОЈ ТРЕТ ГЛАС ЗА ЛЕВИЦА! Па така, за Левица да добие еден пратеник биле потребни околу 11.000 гласови, додека за еден пратеник на ДПМНЕ или ДУИ било потребно нешто над 7000 гласови.Доколку гласовите беа вреднувани еднакво, Левица во овој пратенички состав ќе имаше најмалку 2 пратеника повеќе во овој парламентарен состав.Ако се земе предвид и ваквиот дефицит од претходните парламентарни избори, во текот на овие осум години, со овој изборен модел, на партијата ù се скратени најмалку 5 пратеници што е еднакво на парламентарна група.Ваквиот демократски дефицит кој го создава овој изборен модел не смее да продолжи! Гласот на граѓаните мора еднакво да биде вреднуван! Заради тоа, услов на Левица, за било каква идна влада, ќе биде промена на изборниот модел, воведување на една изборна единица и императивен мандат на пратениците.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања