Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мојсоска: Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4165

За каузата на Левица зборуваше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.

— реклама —

Мојсоска го потенцираше она што често се гледа во Собрание како: трансферот на пратеници, Преспанскиот договор.

— реклама —

- Она што ние и го докажавме во претходниот мандат е дека не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име... Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата ,Бугари во Устав' - ние попрво во затвор би лежеле, отколку да гласаме за Бугари во Устав - истакна Мојсоска.

Оттука, ваквиот начин на дејствување на Левица е препознат и поддржан од народот.

— реклама —

- Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат - додава Мојсоска.

— реклама —

- И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат - како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови - поентираше првата жена - пратеничка и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања