„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

левица

Нема фотографија

Левица: Уставниот суд ги врати работниците во 19 век - ќе работат по 72 часа неделно

,,Во текот на вчерашниот ден, Уставниот суд на Република Македонија одлучи да не поведува постапка за Иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоривме законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно. Ваквата скандалозна одлука е, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум ,,Бехтел и Енка", со што Македонија, дефакто, станува КОЛОНИЈА на странскиот капитал!Потсетуваме дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници.Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед на тоа дека 8-часовното работно време е цивилизациска придобивка, стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата!Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството - работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето.За ваквата скандалозна одлука гласала Претседателката Добрила КАЦАРСКА, заедно со следниве уставни судии:1. Насер АЈДАРИ2. Осман КАДРИУ3. Фатмир СКЕНДЕР4. Татјана Васиќ - БОЗАЏИЕВА5. Елизабета ДУКОВСКА6. Јадранка Дабовиќ - АНАСТАСОВСКА7. Ана Павловска - ДАНЕВАУставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-10.07.21

Без големи билборди, со скромна кампања, Ванковска ќе се бори за победа: На никого нема да му биде здодевно кога ќе зборувам

Нема да има големи билборди и кампањи, тоа ќе биде скромна, како што е и нашиот народ напатен - вака професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, ја претстави својата програма. Посочи дека таа ја почнува кампањата како што е предвидено со закон. Ги повика граѓаните да излезат на гласање за претседателските избори, за да гласаат за личност, без разлика што зад нив ќе стојат партии.„Јас кажав дека ќе бидам една и единствена во сите кандидати, по визијата, аргументите кои ќе ги понудам. Можеби на прв поглед слоганите ќе ви изгледаат слични, исти, збунивачки, но на крајот од кампањата мислам дека никој нема да има дилема за што се залага Ванковска со Левица. Во материјалот ќе видите дека ако треба да ја дефинирам: тоа се принципите и материјалите кои се водилка на целиот процес. Уставните норми се ригидни, сувопарни. Но личноста е таа што ја прави институцијата“, рече Ванковска.Апелот до граѓаните е да се посвети внимание на кандидатите, па вети: „чесна и интересна битка, на никого нема да му биде здодевно кога јас ќе зборувам“.„Некои личности и нанесоа голема штета на Македонија, а кампањата ја започнувам од Струмица“, додаде Ванковска.

Македонија | пред 1 година

levica

Левица: Поднесовме листи за пратеници во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори

,,Како најбрзорастечка партија во Република Македонија и најбрзорастечко левичарско движење на континентот, Левица ќе настапи самостојно и ќе цели на двоцифрен број пратеници во Собранието на РМ - фактор кој нема да можат да го забиколат буржоаските партии.На овие избори, да ја вратиме државата на народот!”, велат од Левица

Македонија | пред 1 година

Vankovska-1

Ванковска: Некои денешни ,,патриоти" врескаа на митинзи за Преспански договор

,,Како може некој да ЗНАЕ, а да има толку куса меморија што, наводно, не се сеќава дека неговиот лидер одел по митинзи и дебати, а на бина врескал во полза на Преспанскиот договор (за што има и видео снимки)! Сето тоа кога мнозинството граѓани беше под странски и внатрешни притисоци, ама го бојкотираше Референдумот…Или не знаат или не паметат... Но, ние паметиме. Ваше е дали ќе верувате на полупатриоти или тукушто откриени патриоти само кон Бугарија", вели проф. Ванковска во објавата.

Македонија | пред 1 година

IMG_3284

Отворена канцеларија на Левица во општина Чашка

,,Како одговор на потребите на народот, вечерва свечено и во позитивна атмосфера Левица ја отвори новата канцеларија во Чашка која се наоѓа во центарот на населбата.Народот се повеќе ја препознава идеологијата и вредностите на Левица - изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почива вистината, праведноста и еднаквоста.”, велат од Левица.На отворањето присуствуваа кандидатот на Левица за претседател проф. Билјана Ванковска,претседателот на Левица Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, членови на ЦК, симпатизери и гости од повеќе населени места.Покрај свеченостите, претседателот Апасиев како и проф.Ванковска се осврнаа на престојните предизвици во текот на претседателската кампања како и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието и што тој зголемен капацитет ќе значи одбрана на националните и класните интереси на македонскиот народ.,,Растот на партијата е евидентен. Претходно отворивме локални ограноци во поголемите градови, сега дојдоа на ред и помалите општини во Република Македонија. Овие средби и вашата поддршка не полнат со енергија да ја продолжиме нашата борба", истакна Крмов.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Решението за градба кај Болничкиот комплекс „Воена болница“ да се поништи веднаш

„​​​​​Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс ,Воена болница'!Политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.Од пред неколку дена е ПРАВОСИЛНО Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер.Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси!“, се вели во објавата на ЛО Левица - Карпош.

Скопје | пред 1 година

dimitar-apasiev-5

Директорот на велешката болница забранил да се дава инфузии да се заштеди, а за операција на жолчка се бара мито?, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев јавно упати прашања до директорот на Општата билница во Велес, откако добил прашање дека имало забрана за давање на инфузии, со цел да се заштеди. Апасиев, меѓудругото, е родум од Велес.„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница - Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 - за да заштеди? И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава Болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите - од 500 ЕУР "по тарифа"? Докторе Министре?“, прашува Апасиев.За ова, се уште нема јавна реакција од Министерството за здравство или Општата болница-Велес.

Македонија | пред 1 година

Vankovska-1

Ванковска до Муцунски: Уставното право не познава "одложена примена на уставни измени"

„Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија - земјата на чудата.Моето “лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”.И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови.“, вели Ванковска.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги работи спротивно на Изборниот законик

„Знаете ли дека Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со амин на Државна изборна комисија - за да им угоди на корумпираните од СДС-ДПМНЕ-ДУИ и да го оневозможи законското правото на еднаквост на претседателските кандидати, преку подзаконски акт (Упатство за радиодифузери), спротивно на Изборниот законик, се обидува да не' натера и не поттикнува да направиме кривично дело "Злоупотреба на средства за изборна кампања"? Дали сте бе вие нормални, еј?“, објави Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Levica

Левица: До каде е исплатата на ветената финансиска поддршка за учениците?

,,Пред четири месеца власта помпезно најави месечна финансиска поддршка за учениците чии семејства имаат примања до 50.000 денари; 1200 денари месечно за основците, односно 1800 денара за средношколците.Веќе четири месеца МОН објавува јавен повик за финансиска поддршка, а родителите и учениците прибираат и поднесуваат документи.Меѓутоа, финансиската помош - ја нема. Во најголем број општини и училишта на учениците кои ги исполнуваат условите за да ја добијат оваа финансиска помош и уредно, еднаш во месецот ги поднесуваат бараните документи, исплатени им се средства за еден месец, а во некои училишта- ниту за еден месец.Дека станува збор за предизборен поткуп беше јасно уште од фактот што мерката е привремена: предвидено е да трае само шест месеца, од декември до мај, а сега станува очигледно дека власта на заминување не е способна да ги реализира ниту предизборните ветувања и лаги!Срамно е да се манипулира со најранливите, семејства со мали деца кои живеат на раб од беда, бидејќи пресметаната вредност на потрошувачка кошничка за јануари 2024 година е 57.163 денари, да им се создаваат дополнителни обврски, а да не им се исплаќа ниту денар од ветените средства, па макар биле и предизборен маркетинг!", велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска: Изборот за слугата Пендаровски е избор за Санстефанска Бугарија и рушење на македонизмот

,,Најавената кандидатура на вазалот Стево Пендаровски само ја потврди анти-македонската и империјалистичката матрица на пасокизираните социјал-демократи. Македонската јавност го памети Пендаровски како безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика, кој не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам и кој сервилно го одмолчуваше секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик.Пендаровски во неговиот мандат беше марионета на бугарските негаторски политики и истиот го прифати Протоколот со Бугарија, кој беше креиран од докажаниот анти-македонист Румен Радев. Токму Радев отворено ги промовираше неговите шовинистички ставови кон македонската нација и призна дека никогаш нема да дозволи легитимација на македонизмот со влез во ЕУ!Пендаровски, иако првично бараше писмени гаранции од Бугарија и ЕУ, потоа веднаш ретерираше и прифати се што му сервираше официјална Софија, во духот на неговиот поданички менталитет. Пендаровски наместо да се спротистави на негаторските политики на официјална Софија, која усвои и Декларација со која се негира македонскиот јазик - истиот опасно релативизираше дека бугаризацијата е измислена од опозицијата.Овој слуга на Калето ќе остане запаметен по неговата анти-државничка изјава дека Македонија е мала држава и според него, „Толку можеме” да ги одбраниме македонските национални интереси. Со ваквите лузерски изјави, Пендаровски ги негираше големите жртви кои македонскиот народ ги дал во здружената борба против фашизмот на европскиот континент. Но, затоа, Пендаровски докажа дека е уште еден мал политичар, кој нема државотворен капацитет да ги одбрани националните позиции од внатрешните и надворешните закани.Поразот на Пендаровски на 8-ми мај ќе биде почеток на враќањето на суверенитетот во рацете на македонскиот народ, кој конечно ќе расчисти со ваквите кариеристи и вазали во политиката, како своевидна катарза за нов почеток во водењето на достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација на храбри македонски политичари.", вели Ванковска.

Македонија | пред 1 година

Levica

Ѓошевска: Диви депонии никнуваат низ Гази Баба

„Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба - од Бобан Стефковски, а Аеродром - од Тимчо Муцунски, се поврзани со мост од ѓубре.Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од којашто се шири ужасна смрдеа. Депонија, којашто е магнет за кучињата скитници, кои, исто така, се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром. Депонија, којашто е потенцијално жариште за ширење на заразни болести.Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми, предлагаме и на оваа локација да снимаат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата.Како советничка група во Советот на Општина Гази Баба, ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски, надлежните инспекции и ЈКП ,Гази Баба 2007' да се разбудат од зимски сон, да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!", изјави Марија Ѓошевска, советничка од Левица во Советот на Општина Гази Баба.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Советниците од ДПМНЕ и коалицијата, без ниту еден контрааргумент, безобразно го одбија предлогот на Левица за поништување на штетниот ДУП СЗ 16

,,На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе 9 Иницијативи, меѓу кои и Иницијатива со Предлог-одлука за Поништување на катаклизмичкиот ДУП СЗ 16.Левица им понуди шанса на советниците да ја отповикаат Одлуката за овој ДУП, истакнувајќи ги битните елементи и факти кои би придонеле до колапс на општина Ѓорче Петров и градот Скопје.Сепак, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, ГРОМ и Демократски сојуз кои месечно граѓаните ги плаќаат над 260.000 денари за да ги застапуваат и работат во полза на жителите - одлучија воопшто да не обрнат внимание на аргументите за штетноста на ДУП-от СЗ 16.Имено, тие, без ниту еден контрааргумент, ноншалантно, одбија Дневниот ред да се дополни со Предлог-одлука за поништување на ДУП-от.Наместо со овој ДУП (кој се протега паралелно од пазарот во Ѓорче Петров, до Александрија) да се решат актуелните проблеми на Општината, за жал истите значително ќе се продлабочат.Левица нема да отстапи од борбата против урбаната мафија и ќе продолжи да вложува напори за да го спречи спроведувањето на овој криминоген план", велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ванковска: Од Европа не третираат како инфатилни, а ЕУ одамна не е место на благосостојба

”Како што беше за јавноста изненадување кога се појавив на онаа прес конференција дека настапуваме заедно (со Левица) за предстојните претседателски избори, така претходно беше и за мене изненадување кога се најдов соочена со таква понуда” – искоментира проф. Ванковска, кандидатот за претседателската функција на Република Македонија од редовите на Левица за понудата на проф. Апасиев.”Јас не сум член на Левица, и не се мешам во политиката на партијата.Но, ние функционираме фантастично. Тие ја почитуваат мојата лична автономија и моите ставови”.”Во предстојната изборна кампања јас ви ветувам непредвидливост и бурни дебати, и теми кои ќе бидат потполно различни. Имено, постои еден принцип кој се вика “нема друга алтернатива”. А тоа е нешто што се вергла веќе 30 години. Значи, тука имаме догма, која не смее да се преиспитува, не смее да се доведе во прашање”На прашањето дали НАТО е наметнат или стратешки наратив веќе последните 30 години, проф. Ванковска ја разобличува ситуацијата, потенцирајќи го нејзиното анти НАТО расположение. “Се создаде еден вештачки наратив дека нема друга алтернатива и дека ние отсекогаш сме биле за НАТО. Проблемот е што ние во 90-ите никогаш не отворивме демократска дебата за алтернативи на безбедносното опкружување и консолидирање на малите држави”.”Јас размислувам за големата слика на светот, кој денес радикално се менува. НАТО придонесе многу заоваа небезбедност во светот, почнувајќи од интервенцијата во 1999 година, кршејќи ја Повелбата на ООН. Во нивните нелегални интервенции, оставија куп земји разурнати. Претседателот на државата е некој кој треба да ги користи дипломатските средства, а не да се сили со војска. НАТО многу допринесе и за небезбедноста во светот и во регионот. Во регионот кое прашање е затворено? Почнете од ова на релација Приштина-Белград, па Република Српска, Босна ви е незавршена држава. Па и Македонија тука малку се ниша во тие темели”...“Aлтернатива секогаш мора да постои. Неутралноста е опција. Ние сме на линијата на фронтот, а тоа не ни е комотната опција. Само за да на нив им се затвори мозаикот, не втурнаа во НАТО, и тоа по цена на промена на името. Дури и ако сте во НАТО, ако големите сили не се вразумат, овој свет оди кон една апокалиптична судбина. И тука јас не знам колку нашето членство во НАТО ќе не заштити”.По прашањето за програмата за предстојните претседателски избори, проф. Ванковска посочи дека програмата самата ја има изготвено. “Мојот тим е повеќе логистички и активистички, особени во фазата на собирање на потписи...Левица е далеку од машинерија, што мене многу ме радува. Тоа се обични луѓе, и има една убава атмосфера”.”Во врска со слоганот за изборната кампања, имаме неколку слогани. Многу се насочени кон мобилизација на граѓаните, затоа што постои апатија, а постои и страв. Мојата агенда е борбена. И мојата програма е борбена”.Проф. Ванковска потврди дека светот се враќа во едно глобално мнозинство, каде Западот е во еден страшен пад. “Македонија ја гледам во една мирољубива коегзистенција и мултивекторска отвореност кон сите што сакаат да ни бидат пријатели, но не да ни бидат тутори. Не да не третираат како колонија, и сите оние кои не цицаат, а ние уште одозгора и со буџет ги наградуваме. Тоа е такво злосторство врз сопствената нација”. – заклучи на крајот проф. Ванковска.”Светот оди напред, додека ние чекаме што Брисел ќе ни каже за нашиот напредок. Тоа не е напредок, туку назадок”. – посочи Билјана Ванковска.-“ Европа се милитализира. И наместо повеќе за социјала, тие издвојуваат за оружје. Јас не велам да ги прекинеме односите со Европската Унија, но тие ем не третираат како инфитилни, ем тие нивни барања воопшто немаат смисла. А ние и понатаму веруваме дека е земја на благосостојба. Јас сакам да ја видам ЕУ како сила на мирот”.Проф. Ванковска уште еднаш обрна внимание на овластувањата и работните задачи на претседателот на државата. – Претседателот може многу да направи. Пред се, да си ја врши надлежноста што му е запишана во Уставот. Тој е тој кој ги потпишува меѓународните договори, затоа и Преспанскиот договор е невалиден зошто го има потпишано министер за надворешни работи. Јас, би си ја вршела мојата работа, би комуницирала со целата меѓународна заедница. Ти ја претставуваш земјата во светот, пишуваш ноти, таму каде треба можеш и да покренеш постапка за носење на нов Устав. Нас ни треба сосема нов Устав. – заклучи Ванковска.

Македонија | пред 1 година

Vankovska-1

Ванковска: Со немањето нови документи, на стотици илјади граѓани им е оневозможено или гласачкото право или правото на движење

“Јас и Левица се најдовме на иста бранова должина... “– изјави Ванковска, на прашањето: Зошто токму Левица? “Она што јас сум го пласирала како мои позиции, уверувања, вредносен систем, и тоа што тие на организиран начин како политичка партија го правеа, доведе до точка на спојување кај овие избори.”“Задоволна сум од коректноста, подготвеноста да помогнат и љубезноста на вработените во ДИК, меѓутоа не може а да не се забележат руинираните канцеларии во последниве десет години, кои се само слика на државата која се распаѓа. Исто така, ништо во самата логика на изборниот процес не е направено да се демократизира, да се олесни, и да се модернизира. Има земји каде што и самото гласање е електронско, а не собирањето потписи”. Проф. Ванковска не го изостави и болниот факт дека и дијаспората е оневозможена да се приклучи во овој дел од процесот.“Немањето нови документи за гласање е тешка дамка. На стотици илјади граѓани им е оневозможено или гласачкото право или правото на движење. Гледано од страна, може да се каже дека овој процес е нефер, од самиот старт.” Проф. Ванковска забележува дека самиот процес почнува со еден тежок минус за државната структура, освен ако не се работи за некаков инжињеринг. “Не сакам да верувам дека некој намерно сакал одредена популација да не може да гласа, а една друга популација, за која еден од кандидатите за претседател, кој е министер за надворешни работи, отиде лично да се погрижи да одредена категорија на граѓани во странство добие по брза постапка документи за да можат да гласаат”.Проф. Ванковска отворено зборува за Преспанскиот договор, Охридскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, и го потенцира фактот дека овие договори се еден сплет на околности, кои практично ја удавија македонската државност. “Јас ги нарекувам Бермудски Триаголник, во кој македонската државност потона”. – вели Проф. Ванковска. “Тие го уништија Уставот, ни оневозможија да имаме сопствен Устав како суверена нација, како граѓани кои ќе си ја скројат својата политичка заедница и судбина, без мешање од надвор. Ако до пред некоја година велеа дека сме заробена држава, сега изгледа дека сме окупирана држава, или држава во изумирање, ако не се избориме.”Проф. Ванковска потврди дека на овие избори политичките партии ќе влијаат многу на ставовите на нивните претседателски кандидати, од проста причина што имаме паралелни избори, и според аналитичарите, резултатите од првиот круг на претседателски избори ќе има ефект на гласачкото тело и врз т.н. “коалициски капацитет”.“Тоа значи, тие калкулираат со своите кандидати како со паричка за поткусурување во една поважна игра, а тоа е формирањето на влада. Тоа не е случај со мене. Јас имам слобода да бидам тоа што сум и да ги ги изнесувам моите ставови. Мислам дека сме добра комбинација со Левица и со лидерот Апасиев, кој јас сега првпат забележувам колку младата популација го поддржува и гледа во него некој свој херој”.“Не очекувам фер изборна кампања”, -потврди проф. Ванковска. – “Зошто во стартот сме врзани. Едните трчаат со сто метри предност, и со моќ во вид на мејнстрим медиуми, национални телевизии, во кои едноставно или нема да ве поканат или ќе ве поканат само поради минутажа и соочувањата. Меѓутоа, Апасиев не е поканет со години. Едноставно му е забрането да влезе во некои телевизии. Ние тука стартуваме со огромен хендикеп, затоа што во политиката комуникацијата е важна.”

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања