Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мојсоска: Прв закон што ќе го поднесеме е Законот за една изборна единица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Тоа што Левица сега има пратеничка група, значи дека шесте пратеника сега имаат и многу подобра позиција за преговарање во смисла на условување - ова е тезата изречена од пратеничката Јована Мојсоска во гостувањето на ТВ 24.

— реклама —

- Имаме подобра позиција, за да се најдат некои линии и да се поддржат нашите предлог - законски решенија. Најискрено, мислам дека прв закон што ќе го поднесеме, за кој ВМРО - ДПМНЕ викаше дека се залага во предизборието е Законот за една изборна единица - истакна Мојсоска.

— реклама —

Актуелниот Д'Онтов модел, метаматички е неправеден и на Левица ù краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници. Сето тоа Мојсоска го потврдува со факти.

- И на овие избори се потврди дека, еве, еден пратеник на Левица, условно кажано - вреди 11.000 гласа, додека, условно кажано - најевтиниот пратеник беше на ДУИ со 7.200 гласа, така што ние сè додека имаме еден таков диспаритет во однос на гласовите, во однос на изборниот модел, не можеме ни да говориме дека имаме основни демократски принципи - потенцираше Мојсоска.

— реклама —

Генералниот секретар на Левица и првата жена - пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, ја поентираше главната заложба на Партијата.

— реклама —

- Поради сè наведено, една од нашите главни заложби ќе биде токму барањето за една изборна единица, за да може подеднакво гласот на секој да биде вреднуван - рече Мојсоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања