Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Крмов: Лошо почна Собранието, Левица е четврта сила во Парламентот, а веќе е оштетена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

- Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија - рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата.

— реклама —

- Според член 12 став 2, Верификациската комисија се состои од претседател и четворица пратеници кои припаѓаат на различни партии. Ние тука имаме предлог за двајца членови од иста партија. На координацијата на која присуствував беше толкувано дека идната власт морало да има мнозинство, а не морало, можело членот да се смени. Зборот ,,различно" во член 20 за Комисијата за избори и именувања, се однесува на соодветна застапеност на пратениците од политичките партии, ама вие тој го толкувате како исти. Фактички, Левица ја оштетивте за еден член на оваа комисија, затоа што Левица е четврта партија во ова Собрание: прва е ВМРО-ДПМНЕ, потоа е СДСМ, па ДУИ и Левица како четврта сила со шест пратеници. Петта е ЗНАМ со шест пратеници, но Левица има поголем број гласови на изборите, а потоа следува Беса со пет пратеници. Значи, еден член требаше да има Левица. Во старт почнавте со лоши практики - рече Крмов.

— реклама —
— реклама —

Претседавачката со седницата на тоа одговори дека за ова прашање е одлучувано на координација, на која присуствуваа претставници на сите партии и дека така е утврдена листата на членови на Комисијата.

— реклама —

При гласањето само шест пратеници беа против изборот на Верификациската комисија, сите шест од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања