Промени тема
Контакт

Ванковска: Алтернативи има, сами си ги сечеме можностите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

,,БРИКС е еден од одговорите на она дека немаме друга алтернатива. Нашето приближување кон БРИКС е нешто што лежи на маса, и кое треба да се искористи. Појас и Пат, кинеската иницијатива, која гради инфраструктури, секаде каде што ќе најде добар одговор, јас сум и за тоа. Јас сум и за Движењето на неврзаните. А ние, си ги пресековме сами можностите со воведување на санкции кон Русија. Ние трпиме штета, следејќи нечии инструкции, а притоа не добиваме компезации за тоа

Кај нас политиката се персонализира, и тоа за жал, околу лидерот на партијата. Не во случајот на оваа партија со која јас чекорам. Ние тука многу внимаваме на законските норми. Во претседателската кампања медиумите формираат една завршена трка. Ми пречи кога некој фаворизира некого однапред. Веќе зборуваат за двајца фаворити кои ќе се најдат во вториот круг.

— реклама —

Претседателот на државата треба да ја користи надлежноста која му ја дава Уставот. Тоа што го правеа до сега претседателите, беа многу пасивни, и прилично само набљудувачи на тоа што се случуваше. Додека целата иницијатива се остава на Владата и на Парламентот, кои одат само со козметички промени.

Јас пишував научен труд за т.н. Октроирани Устави, или наметнати Устави, кои ја одземаат волјата на народот да си донесе свој Устав. Прво дојде 2001 војната. После Преспанскиот договор, тотално нетранспарентен. Сега сме повторно пед некаков ултиматум, за уште една уставна измена. И притоа забораваме дека самиот уставен систем е дефектен, и најголема одговорност и тежина наоѓам во Рамковниот договор. Уредување по етнички клуч, е она што го дели општеството.

— реклама —

Меѓународната заедница не е Западот, Брисел и Вашингтон. Меѓународната заедница се сите држави кои членуваат во ООН. Тој Запад, тие не живеат тука, во нашето уредување, не ги познаваат нашите корени, ни нашата фрустрација со Бугарија. И тука не зборуваме за народот, туку за власт која во одреден момент на историјата била окупаторска.

Мојата понуда е нов граѓански Устав, кој ќе биде нова реалност. Добро е да направиме граѓански Устав, и тогаш никој не може да лицитира колку души сме напишале во нашата Преамбула. На нашиов Устав не можете крајот да му го фатите. Има толку многу амандмани, кои се противречат на себе. А и политичката пракса покажа дека Уставот се заобиколува кому како ќе му текне. И сега имаме една етно-трибалистичка политика, во која две етнички групи доминираат. А другите? Ако донесеме граѓански Устав, ако воспоставиме вистинска демократија, јас се согласувам со програмата на партијата која ме поддржува, дека етнички партии не смее да има.

Јас сум и за излез од НАТО, заради променетата геополитичка ситуација, која се плашам дека наместо бенефит што ни ветуваа, влегуваме се повеѓе во воени задолжувања. Мислам дека е многу паметно да прогласиме воена неутралност. И Ирска и Австрија се во ЕУ, но се воено неутрални.

— реклама —

Како Претседател на државата, јас ќе го искористам моето право на вето, особено за олигархиски закони, како и за закони кои задираат во социјалата.

Кога зборуваме за бившите претседатели на државата и нивните привилегии, мислам дека оној што ќе си ја отслужи својата должност пред народот, треба да си го предаде клучот заедно со привилегиите, и потоа да биде нормален граѓанин.

— реклама —

БРИКС е еден од одговорите на она дека немаме друга алтернатива. Нашето приближување кон БРИКС е нешто што лежи на маса, и кое треба да се искористи. Појас и Пат, кинеската иницијатива, која гради инфраструктури, секаде каде што ќе најде добар одговор, јас сум и за тоа. Јас сум и за Движењето на неврзаните. А ние, си ги пресековме сами можностите со воведување на санкции кон Русија. Ние трпиме штета, следејќи нечии инструкции, а притоа не добиваме компезации за тоа.

Ме прашувате зошто граѓаните да гласаат за мене? Затоа што сум поразлична од сите, затоа што за разлика од другите кандидати, нудам нешто различно, еве низ овој разговор кажав што и како, и затоа што немам политички багаж.”, вели кандидатот за претседател на Левица, проф. Билјана Ванковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 21 час

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања