ЛОКАЛНИ25

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Денеска Гаши ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.Рокот за поднесување на листите, според законот е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначалници.Државната изборна комисија ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 27 септември да ги утврди листите.Изборната кампања ќе трае започнува на 30 септември.Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.т

Македонија | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

10 милиони евра за локалните избори – најголемиот дел за партиско рекламирање

Државата ќе потроши околу 10 милиони евра за спроведување на локалните избори закажани за 19 октомври. Дури две третини од парите, односно над 6,5 милиони евра, ќе завршат за политичко рекламирање на кандидатите во медиумите. Останатите средства се наменети за надоместоци на членовите на изборните одбори, транспорт и логистика за гласачкиот материјал. Сумирано – изборите ќе чинат околу 5 евра по секој полнолетен граѓанин.Собранието до сабота, 9 август, мора официјално да ги распише изборите, по што Државната изборна комисија ќе го објави календарот со сите рокови и обврски. До крајот на месецот, ќе треба да се ангажираат 21.000 администратори за 3.500 избирачки места, како и уште 14.000 партиски предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН.Проверката на Избирачкиот список ќе почне 15 дена по распишувањето и ќе трае 20 дена, период во кој граѓаните ќе можат да поднесат барања за исправки на податоците.

Македонија | пред 5 месеци

medziti

Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир – ВЛЕН ги соопшти кандидатите за локалните избори

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира актуелниот градоначалник Билал Касами, додека во Струга поддршка ќе добие независниот кандидат Менди Ќира. За Кичево, ВЛЕН ќе го промовира министерот за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани.Во трката за градоначалник на Скопје, коалицијата ќе настапи со Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во УКЦ Скопје. Во другите општини, ВЛЕН ги кандидира следниве личности:Дебар: Фисник Мела, заменик-директор на УЈПСарај: Мухамед Елмази, директор на „Номагас“Липково: Неџмедин Садику, директор на Државните резерви на нафтаАрачиново: Даут БеќириЖелино: Блерим Сејдиу, актуелен градоначалникТеарце: Даут Мемиши, директор на Бирото за регионален развојБрвеница: Хаќим Рамадани, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправаВЛЕН со оваа листа покажува сериозна намера да се наметне како водечки албански политички блок на локално ниво, најавувајќи директна политичка пресметка со ДУИ во повеќе општини.

Македонија | пред 6 месеци

bujar-izet

Изет ќе се судри со Бујар во Чаир?

Се уште непотврдени, но многу сериозни најави велат дека Општина Чаир ќе биде епицентар на албанскиот политички судир на претстојните локални избори. Според неофицијални информации, се подготвува директна изборна пресметка помеѓу Бујар Османи (ДУИ) и Изет Меџити (ВЛЕН)Кандидатурата на Бујар Османи веќе е потврдена, а со себе носи партиска поддршка, дипломатски капитал и искуство на високи државни функции, последно како министер за надворешни работи. За разлика од него, Изет Меџити сè уште не ја потврдил официјално својата кандидатура, но внатрепартиските извори велат дека одлуката е речиси донесена. Ако настапи, ќе значи враќање на теренот каде што тој остави силен локален белег – како поранешен градоначалник и моментален прв заменик премиер.Изборната трка во Чаир би можела да прерасне во најава на поширока пресметка за влијанието во албанскиот политички блок, особено по последните тензии и поделби меѓу ДУИ и ВЛЕН. Два силни табора, со изразена инфраструктура и мобилизирана база, ќе се борат за довербата на граѓаните.Чаир не е само локална битка – туку показател за пошироката политичка матрица во земјава. Очекувањата се дека оваа трка ќе биде една од најжестоките и најнабљудуваните на локалните избори 2025.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.14.19

Каја Шукова почна со ветувања за Скопје: „Градот мора да дише, да се исчисти и да се врати на граѓаните“

Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова започна со ветувања за изборите. На денешната прес-конференција, Шукова ја претстави својата визија за, како што рече, чисто, уредено и безбедно Скопје – град што ќе им припаѓа на сите граѓани, без оглед на политичката припадност.„Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани, без разлика дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ или на ниту една партија. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите нас, и мора да се управува професионално“, изјави Шукова.Таа остро ја критикуваше актуелната состојба во главниот град, посочувајќи дека политичкиот инает, алчноста и бизнис-интересите на владејачката структура го довеле Скопје до, како што рече, „историско дно“. Шукова го нарече периодот на управување со Градот како „четвртата катастрофа во историјата на Скопје, по Пиколомини и земјотресот од 1963 година“.„Скопје е украден град. Го уништија за да се пресметуваат со својот градоначалник. Денес секоја улица сведочи за нивниот неуспех“, рече таа, повикувајќи на промена преку конкретни решенија и прагматичен пристап.Шукова најави дека нејзината програма ќе се базира на реални, стручни и остварливи проекти, со фокус на:чистење на Скопје и функционално управување со отпадот;намалување на загадувањето и создавање здрава животна средина;обнова на јавниот превоз и подобрување на мобилноста;запирање на урбанистичкиот хаос и враќање на контрола кај граѓаните;дигитализација, борба против корупцијата и враќање на културата во градот;зголемена безбедност на улиците и секојдневна грижа за јавниот простор.„Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Ова не е само кампања – ова е заедничко враќање на Скопје на граѓаните“, нагласи Шукова, повикувајќи ги професионалците, стручната јавност и граѓаните активно да се вклучат во создавањето на програмата.„Скопје е модел на град каде сите општини мора да се развиваат рамномерно и синхронизирано – Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Гази Баба, Чаир... Сите заедно мора да изградиме похумано Скопје“, изјави Шукова на крајот од прес-конференцијата.Таа најави дека во следниот период ќе следат серија средби со граѓани, експерти и организации, а програмата ќе се доработува во консултација со јавноста. Со кампањата, вели, нема да продава „шарени и неостварливи проекти“, туку конкретен план заснован на знаење, искуство и почит кон градот.

Скопје | пред 6 месеци

518250358_122166205460556570_7343935164577594277_n

Од Влае до Карпош 1 – Лукаровски во офанзива за нов, зелен Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукаровски, оствари три теренски активности во различни делови од општината, каде што, како што вели, сретнал над 500 граѓани, разговарал со нив и слушнал над 500 различни визии за подобар Карпош.„Секој разговор, секоја идеја и секое ракување ја потврдија мојата верба дека промената е можно, и дека Карпош заслужува многу повеќе – убав, хуман и зелен“, порача Лукаровски.Теренските средби започнале на Платото кај Порта Влае, продолжиле кај летниковецот во Карпош 1, а денот завршил со состанок во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде учествувале над 100 координатори.„Ден исполнет со енергија, искреност и надеж. Ви благодарам од срце за срдечниот пречек. Се гледаме низ Карпош“, објави Лукаровски на своите социјални мрежи.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-14.40.44

(Видео) Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснеме Скопје од сивилото

Време е Скопје да го вратиме на скопјани и да изградиме Град на кој сите ќе се гордееме, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Рече дека сообраќајниот хаос, но и прљавиот град ќе бидат први работи. Тој рече дека нема разлика помеѓу Данела Арсовска и Петре Шилегов.„Свесен сум во каква состојба е Скопје, во какво сивило живееме, но спремен сум по завршување на овие избори, да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот на сите сограѓани, без делби, ќе останам близок до сите граѓани. Не очекувајте од мене салонски политичар, покажав и овие изминати години дека не сум таков, дека сум меѓу граѓаните за да ги ислушам. Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика вера, нација, политичка припадност. Ги повикувам сите да се приклучат во оваа заедничка мисија“, рече Ѓорѓиевски.Тој рече дека почнуваат со креирање на програмата, детално ќе се разработува, дека ќе има рокови и колку ќе чини. Сѐ што ќе зацрта, тој рече дека ќе даде се од себе да биде реализирано.

Скопје | пред 6 месеци

orce-kiselavoda-2

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Ова е одлуката на Извршниот комитет, а по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.„Тој води убедливо, дури петпати, споредбено со решенијата на СДСМ. Тој со својата максимална посветеност, покажа и докажа дека умее и сака да работи за граѓаните. Од она што јас можам да го кажам за Орце, знам дека е исклучително мотивиран да победи и да победува секој ден за Скопје и скопјани. Тој е достапен и отворен, кој решава проблеми, по четири години девастирање на Градот. Кога сме кај Градот, ги научивме сите лекции, за да не згрешиме при одлука за прв човек на Градот. Тој ќе има задача да го врати на скопјани“, рече Мицкоски.Ѓорѓиевски, кој е актуелен градоначалник на општина Кисела Вода, важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски и дел од новата генерација на функционери во ВМРО-ДПМНЕ. Тој не ги криеше амбициите да биде кандидат за Скопје. На партиските анкети беа и имињата на министерот за локална самоуправа Златко Перински, како и ексградоначалникот Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски. Ѓорѓиевски имал најголема поддршка.Кандидатот Ѓорѓиевски, веќе најави дека „најдоброто допрва доаѓа“.Кандидатурата доаѓа во време на зголемени тензии во градскиот Совет, каде ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство, а со градот раководи Данела Арсовска која иако победи со помош на владејачката партија, сепак продолжи сама во дејствувањето.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-14.59.21

(Видео) Менди Ќура влегува во трката за Струга – независно, но со поддршка од „Вреди“?

Бизнисменот Менди Ќура објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Струга како независен кандидат, а неофицијално, неговата кандидатура ќе ја поддржи и владејачката коалиција „Вреди“.„Ова не е трка за власт, туку повик за обединување“, вели Ќура во објава на Фејсбук, најавувајќи програма базирана на транспарентност, развој и инвестиции.Иако во „Вреди“ сè уште нема официјална одлука за градоначалнички кандидат во Струга, упатените проценуваат дека Ќура ќе биде нивниот избор под формула „независен со поддршка“, стратегија што албанскиот блок сè почесто ја користи на локално ниво.Ќура најавува дека ќе го понуди своето искуство од економијата во служба на градот, со акцент на младите, инфраструктурата и локалната правда. Поддршката ја бара од сите – без оглед на етничка или политичка припадност.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања