ЛОКАЛНИ25

gradonacalnici

СДСМ објави: Игор Христов кандидат за градоначалник на Кочани, Жика Стојановски на Илинден

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници.Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:▫️Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.▫️Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.▫️Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.▫️Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 4 месеци

saban-saliu

Шабан Салиу ќе се трка за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја претстави својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.„Стојам пред вас со чувство на гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот што ја води ромската заедница, место каде секој камен ја прераскажува нашата историја, култура и непокорлив дух. Денес заедно одлучуваме за иднината – за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу пред присутните граѓани.Тој најави дека неговиот приоритет ќе биде унапредување на инфраструктурата со асфалтирани улици до секое домаќинство, проширен водовод и канализација, поставување на LED улично осветлување и изградба на безбедни пешачки патеки. Меѓу плановите се и изградба на нови социјални станови за семејствата што со години чекаат покрив над глава.„Особено ќе вложиме во образованието и културата со изградба на современо основно училиште, поддршка за културните установи и создавање услови младите да ја негуваат ромската традиција, додека стекнуваат знаење според најновите стандарди,“ рече Салиу.Програмата вклучува и формирање мобилен здравствен тим, комплетна реконструкција на амбулантата, изградба на дом за стари лица и создавање Фонд за поддршка на ранливите семејства.

Скопје | пред 4 месеци

IMG_3593

Стевче Јакимовски повторно ќе се бори градоначаничко место - ја објави кандидатурата за Карпош

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално ја објави својата нова кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори.Со ова, тој влегува во трка за уште еден мандат, откако претходно неколку пати ја извршуваше функцијата прв човек на Карпош.

Скопје | пред 4 месеци

izbori-glasanje-fingerprint-3

На полноќ завршува рокот за проверка во Избирачкиот список, досега податоците си ги провериле 5729 граѓани

На полноќ завршува можноста граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список за претстојните локални избори.До 9 септември вкупно 5729 лица ги провериле своите податоци во подрачните одделенија на Државната изборна комисија. Од нив 3397 се мажи, а 2332 жени.Во овој период, осум граѓани поднеле барање за впишување во списокот, 136 за бришење – од кои 134 поради смрт, а двајца поради отпуст од државјанство. Дополнително, 59 лица побарале промена на податоците, најчесто поради промена на презиме или адреса.По завршување на проверката, следува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори, кој истекува на полноќ во сабота, 13 септември.Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, кога граѓаните ќе ги избираат градоначалниците и советите во 80 општини и во Градот Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-115611

Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем.„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања,“ рече Шукова.Таа оцени дека додека градот се гуши во ѓубре и чад, градската власт одржува прес-конференции за, како што рече, нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште, за евтини партиски поени. „Град не се води со флоскули,“ додаде Шукова.Според неа, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и избегнува да се соочи со граѓаните. „Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам кој не допира до суштината на проблемот,“ изјави Шукова.Таа порача дека СДСМ има јасен и конкретен план за решавање на проблемот со отпадот во главниот град. Меѓу итните мерки што ги најави се: оградување и обезбедување на просторот на Вардариште со контролиран пристап само за службите на комунална хигиена, како и воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.На среден и долг рок, таа најави изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла. „Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение,“ истакна Шукова.„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден,“ порача кандидатката за градоначалничка на Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

MixCollage-08-Sep-2025-01-08-PM-5077

(Видео) Уште еден лекар во политиката: Д-р Алек Савески, носител на советничката листа за Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска преку видео објава на социјалните мрежи го најави носителот на советничката листа за општината.Станува збор за д-р Алек Савески, за кого Герасимовски истакна дека е негов пријател и дека заедно ја составувале листата на која се наоѓаат професионалци и стручни лица кои придонеле за развојот на Центар.„Утро без кафе? Нема шанси. За нови идеи и победа, заедно со д-р Алек Савески ја креираме победничката советничка листа за Центар, на која тој ќе биде нејзин носител. Верувам во заеднички успех!“, напиша Герасимовски во објавата.

Скопје | пред 4 месеци

Penov

ЛДП и ГРОМ одат заедно на локалните избори во Скопје

Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе учествува на претстојните локални избори во Скопје во партнерство со ГРОМ, партијата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше поранешниот министер за локална самоуправа и ексградоначалник на главниот град, Ристо Пенов.Тој нагласи дека заедно со доктор Никола Пановски ќе бидат носители на советничката листа. Според договорот, ЛДП ќе излезе самостојно на изборите, но ќе ги поддржи кандидатите на ГРОМ за градоначалници, додека пак ГРОМ ќе возврати со поддршка за кандидатите на ЛДП. Во моментов, ЛДП сè уште нема определено свој кандидат за градоначалник на Скопје.Пенов додаде дека партијата имала кратка размена на ставови со СДСМ за евентуален заеднички настап, а потсети и дека пред четири години ЛДП настапила самостојно, во коалиција со ДОМ, со што освоила значаен број гласови на повеќе локации, меѓу кои Скопје и Битола.

Скопје | пред 4 месеци

orce-gjorgievski142

Ѓорѓиевски со културните работници: „Скопје мора да добие ново лице во културниот живот“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со културни работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, филмски автори, МКЦ и независната културна сцена.„Разговаравме за иднината на културниот развој на Скопје, за поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство, отворањето на нови простори за културна експресија, како и за соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции“, изјави Ѓорѓиевски, кој на средбата беше придружуван од својот советник за култура, Лазе Трипков.Тој нагласи дека Скопје е „град на слоеви – град на историја, уметност и визии“ и додаде дека ваквите средби претставуваат мост помеѓу институциите и културните работници, преку кои се создаваат заеднички стратегии и проекти.„Сите идеи и иницијативи што денес ги слушнавме ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

„Движењето ЗНАМ започнува ново и силно поглавје во своето политичко делување. Преку нашите претставници во локалната самоуправа ќе покажеме како вистински се управува со општините – чесно, одговорно и со визија“, изјави Мемов.Одлуките што беа донесени се: ЗНАМ ќе настапи самостојно со листи за советници во повеќе од 50 општини; ќе има взаемна соработка со ВМРО-ДПМНЕ околу поддршка на кандидатите за градоначалници, при што ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во определени општини; за Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и претседател на движењето Максим Димитриевски, а за Центар – Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика и претседател на градската организација на ЗНАМ во Скопје.Мемов нагласи дека нивните кандидати се личности со „чист образ, интегритет и визија“, а преку советниците и градоначалниците ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење, со вложувања во инфраструктура, образование, социјална заштита, култура и спорт.На новинарско прашање зошто имаат само два кандидати за градоначалници, Мемов рече дека ЗНАМ настапува „релаксирано, без притисок да има кандидати по секоја цена“. Тој не ја исклучи можноста во наредниот период да бидат објавени и други кандидатури за градоначалници, но потврди дека сериозен акцент ќе биде ставен на советничките листи во над 50 општини.

Македонија | пред 4 месеци

dimitar-apasiev-levica

Професор, адвокат, директор, инженер: кандидатите на Левица за скопските општини

Левица најави втор бран кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во скопските општини. По долги анализи на Президиумот, партијата соопшти дека настапува со кандидати со висок професионален кредибилитет, познати во јавноста и подготвени да ги водат локалните самоуправи.Кандидати:Кисела Вода: проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет при УКИМ, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.Ѓорче Петров: адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.Карпош: Антонио Димитров, директор на Културно-информативниот центар – Скопје, со оценка дека обезбедил богата и редовна програма на институцијата.Гази Баба: Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.Во прес-изјавата е наведено и дека Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.53.27

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Град Скопје

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, дознава „Скопје1“.Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.Цаневска беше долгогодишен новинар во МРТВ и А1 телевизија, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност и правни работи во Општина Центар, Собрание и кај претседателот Стево Пендаровски.

Скопје | пред 4 месеци

goran-markovski

(Фото) Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето,“ порача кандидатот за градоначалник на Скопје проф. д-р Горан Марковски на денешната прес-конференција во Парк Авионче, спроти депонијата Вардариште, која повторно гори и денеска.Заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатската листа за советници од граѓанската платформа „Независни заедно“, Марковски истакна дека постојат бројни студии, акциски планови и препораки за решавање на проблемот со Вардариште (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но никогаш не била покажана политичка волја да се спроведат.„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите кои се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија кои ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште,“ рече Марковски.Тој објасни дека едно од можните решенија е со систем на цевки да се собере метанот и потоа да се искористи, меѓу другото, и за производство на електрична енергија. „Постојат и други методи кои веќе се применуваат на над 200 локации во Европа,“ додаде Марковски.Белчева Андреевска нагласи дека иако за Вардариште одамна постојат стручни насоки, тие се игнорирани. „Ако се следеле чекорите од ЛЕАП: чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови и усогласување со безбедносните стандарди,“ рече таа.Според Белчева Андреевска, планот за решавање мора да биде и реален и модерен – со затворање на просторот за диво депонирање, 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, употреба на термални камери и дронови со спектрални сензори за откривање на жаришта уште во зародиш, а сите податоци да се интегрираат во систем со јавна отчетност.„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина,“ порача Белчева Андреевска.„Независни заедно“ е платформа што ги обединува независните советници и локалните иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Тие најавуваат борба за град Скопје, но и поддршка за кандидатурата на антикорупционерката Билјана Ивановска во Центар. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ порачуваат од платформата.

Скопје | пред 4 месеци

mickoski

Мицкоски: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се со план, програма и визија, очекувам убедлива победа на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настан од општина Брвеница, прашан за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на синоќешниот ИК, и кој е најголемиот адут на партијата на овие избори, истакна дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.„Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски.Претседателот дополни дека Владата ги зајакнува темелите, истите оние кои претходната влада се обиде да ги урниса.„За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

bujar

Османи: Одлучуваме дали државата ќе остане на европскиот пат или ќе биде под влијание на српско-руската орбита

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, предупреди дека земјата е исправена пред сериозна закана да се врати под влијание на српско-руската орбита, надвор од европските вредности.„Тоа е една мрачна зона каде што нема демократија, туку авторитарност и понижување. Ако дозволиме тоа да се случи, ниту историјата ниту нашите деца нема да ни го простат молкот,“ порача Османи.Тој нагласи дека Албанците, но и државата во целина, се соочуваат со драматична историска ретроградност, како резултат на актуелната власт која, според него, го негира државотворниот концепт на Албанците.„Ни се ускратува и правото на јазикот – албанскиот јазик исчезна од институциите и официјалните документи. Затоа 19 октомври не се само избори за Чаир, туку одлука дали ќе прифатиме држава изолирана од Европската унија,“ изјави Османи.Тој додаде дека иако анкетите покажуваат пораз на коалицијата „Вреди“ со резултат три спрема еден, тоа не е суштината на овие избори. „19 октомври е единствената шанса – не за да ја победиме ‘Вреди’, тоа веќе го покажуваат истражувањата, туку за да спречиме создавање нова ‘Вреди’, за да не се уништи идејата дека Албанците се државотворен народ. Ако не ја сопреме таа идеја во корен, ништо не сме направиле,“ порача Османи.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања