МАРИХУАНА

media-library28plki67uefgeTxR3CO

(Видео) Први официјални информации: Запленети над 40 тони марихуана и над 1.300 шишиња масло од канабис, се испитува врска со заплената во Србија

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.@Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавност“, информираат од МВР.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryo5s4n44pvfppcTPItUp

„Билка“ предупредува: Заплените со канабис се последица на погрешни политики и отсуство на институционален надзор

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА со сериозна загриженост ги следи последните настани поврзани со заплената на пет тона македонски канабис во Србија, како и десетици тона канабис запленети во Македонија, оценувајќи дека станува збор за директна последица на долгорочно погрешни јавни политики и слаб институционален надзор.Од здружението посочуваат дека ваквата состојба е резултат на децениска погрешна политика, несоодветни законски решенија и нивна погрешна или селективна имплементација. Според БИЛКА, постојните законски рамки со години наназад исклучиво го фаворизирале бизнис-секторот, додека пациентите, за кои формално и декларативно бил наменет медицинскиот канабис, биле оставени на маргините.БИЛКА потсетува дека во повеќе наврати јавно алармирала и доставувала конкретни предлози за законски измени, кои требало да овозможат квалитетни медицински производи од канабис, достапни за пациентите, како и дестигматизација и декриминализација на рекреативните корисници. Наместо тоа, како што наведуваат, системските пропусти довеле до ширење на сивата зона и до сериозни злоупотреби.Во реакцијата се отфрлаат барањата на дел од помалите политички партии за целосно укинување на можноста за одгледување медицински канабис. Според здружението, таквите барања се беспредметни и погрешно насочени, бидејќи злоупотребите не произлегуваат од самата можност за одгледување, туку од повеќегодишниот пропуштен надзор и неисполнување на законските обврски од страна на надлежните институции, пред сè Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и Министерството за внатрешни работи.БИЛКА упати итен апел до сите парламентарни партии да започнат сериозна и одговорна работа на носење Lex Canabis, како посебен закон, кој конечно и системски ќе го уреди ова прашање. Според здружението, вакво законско решение е неопходно за пациентите да не зависат од црниот пазар, рекреативните корисници да не бидат криминализирани, индустрискиот коноп повторно да се врати на македонското поднебје, а во исто време државата да воспостави транспарентен и контролиран систем кој, секундарно, може да придонесе и за полнење на буџетот.Од БИЛКА порачуваат дека без суштински законски промени и вистинска политичка волја, актуелните скандали со канабис ќе продолжат, а штетата ќе ја плаќаат и пациентите и општеството во целина.

Македонија | пред 1 ден

media-librarytsf62np03c0k1J4idRR

Надминати првичните проценки – заплената на марихуана достигна околу 40 тони, но нема информации за уапсени

Над 30 тони марихуана достигнала заплената во струмичкиот регион, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Во кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на фирмата „Алфафарм ДОО Скопје“, одземени се нешто над 10 тони. Со ова, вкупната количина марихуана која е изнесена од двете локации изнесува околу 40 тони, што значително ги надминува првичните проценки дека во Скопје има девет, а во струмичко околу 18 тони.Акцијата трае повеќе денови и сè уште не е целосно завршена. Засега нема информации за уапсени лица или повикани на информативен разговор.Од двете локации излегоа десетици возила – комбиња, камиони, мини-камиони, патнички возила, а во струмичкиот регион за првпат беше ангажиран и шлепер, што укажува на обемот и тежината на запленетата дрога. На терен, покрај полицијата и истражителите, биле присутни и екипи на Царинската управа, како и медицински лица.Оваа акција следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа запленети пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека потекнуваат од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена, според сознанијата, била клучниот момент кој ја забрзал и проширил истрагата и на македонска територија.Компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“ е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, а според податоците од Централниот регистар, во изминатиот период имало промени во сопственичката структура. Токму законитоста на производството, складирањето и трасата на движење на марихуаната се во фокусот на истражните органи.Од МВР и од ОЈО ГОКК и понатаму не изнесуваат детали, со образложение дека постапувањето на терен е во тек. Официјални информации за бројот на осомничени лица, евентуални приведувања и квалификацијата на кривичните дела се очекуваат по целосното завршување на акцијата.Според извори во истрагата, се проверуваат повеќе линии на одговорност – од евентуално незаконско производство, преку складирање, до шверц на дрогата надвор од државата. Со оглед на количините, случајот отвора сериозни прашања за институционалниот надзор врз производството на медицински канабис и можните пропусти на повеќе државни органи во изминатиот период.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryf6pgriig8jtl5KAEBTa

(Видео) По дводневна акција: со десет возила и шлепер oд струмичко изнесени уште околу 18 тони марихуана, вкупно над 27 тони

По два дена интензивна акција, утрово од локацијата во струмичко, каде што се вршеше претрес и заплена, излегоа вкупно 190 возила натоварени со заплена. Според информациите на „Скопје1“, од теренот заминаа четири комбиња, еден мини-камион, пет камиони, осум патнички возила и еден шлепер, со што неофицијално е заокружена заплената на околу 18 тони марихуана од оваа локација.За разлика од претходната заплена во Скопје, во струмичко за првпат беше вклучен и шлепер, што дополнително укажува на обемот и логистиката на криминалната операција. Според сознанијата, токму оваа локација претставува вториот клучен крак на истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Детали за акцијата и натаму не се откриваат. Во јавноста нема информации за сторени кривични дела, ниту за осомничени лица. На ниво на шпекулација е информацијата дека марихуанта се запленува бидејќи е произведена надвор од пропишаните граници на производство кои што биле дозволени. Но ова не е потврдено од ниту една институција.Претходно, од кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, беа изнесени околу девет тони марихуана. Таму, според нашите извори, беа ангажирани комбиња, камиони и патнички возила, а на теренот, покрај полицијата и истражителите на Обвинителството, имало и медицински екипи, како и возила на Царинската управа.Со струмичката заплена, вкупната количина одземена марихуана достигнува околу 27 тони, што претставува најголема конфискација на наркотична дрога во Македонија за која досега има сознанија во јавноста.Акцијата следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во околината на Крушевац, а во тој предмет се осомничени најмалку пет лица, од кои дел сè уште се недостапни за органите на прогонот.Во фокусот на македонската истрага е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана за одгледување и преработка на медицински канабис, кај која, според податоците од Централниот регистар, биле забележани промени во сопственичката структура непосредно пред српската заплена.Од МВР и од Обвинителството засега не соопштуваат дополнителни детали, со образложение дека постапките на терен сè уште траат. Јавноста, како што најавуваат институциите, ќе биде официјално информирана по целосното завршување на акцијата и комплетирањето на истражната постапка, кога се очекува да бидат соопштени и бројот на осомничени лица, како и кривичните дела што ќе им се стават на товар.

Настани | пред 1 ден

demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Контролата на медицински канабис затаила, потребни се итни законски промени

Демократскиот сојуз бара Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на канабис за медициски цели.„Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели. Повеќе од јасно е дека контролата затаила, поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу наркомафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи наркомафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, соопшти партијата.Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно, се додава во соопштението.„Јавно да бидат објавени сопствениците, формални и неформални, на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн. Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен. Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој наркобизнис, кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата“, соопшти ДС.Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите, се додава во соопштението.„Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, соопшти Демократскиот сојуз.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrco19lsa37svc9jLkl6

Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана кои беа запленети во Србија

Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, сместена во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрага поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма.Истражните органи ги проверуваат и повеќе други објекти на компании со лиценца за одгледување канабис за медицински цели.„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.Во рамки на меѓународната полициска акција, еден од ко-сопствениците на фирмата е уапсен во Србија, додека по друг ко-сопственик се трага и тој е во бегство.

Македонија | пред 3 дена

dacic

Дачиќ: Не е точно дека властите сакале да ја сокријат информацијата за заплената на 5 тони марихуана

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес ги демантираше тврдењата дека властите сакале да ја сокријат информацијата за заплената на пет тони марихуана во близина на Крушевец, оценувајќи дека полицијата не се интересира за нечија политичка припадност.Тој, гостувајќи на телевизија Пинк, изјави дека новинарите биле присутни кога се случила заплената и дека таа телевизија имала „ексклузивни снимки од терен“.„Да некој сакал нешто да сокрие, сигурно не би ги повикал новинарите“, рече Дачиќ.Според неговите зборови, сите полицајци кои учествувале во акцијата треба да бидат наградени затоа што „ги спасиле децата од труење“.Министерот наведе дека марихуаната била спакувана за дистрибуција и дека веројатно била испратена во Србија од Македонија или Албанија, но дека со истрага ќе бидат утврдени сите детали.Дачиќ додаде дека во акцијата не учествувале странци, туку само српската полиција.

Свет | пред 6 дена

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Србија не е вмешана во заплената на пет тони марихуана со потекло од Македонија, тврди Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека Србија не е вмешана во поседувањето на петтe тони марихуана со потекло од Македонија.Тој изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“, па сега тврдат дека во скандалот околу откриените пет тони марихуана – стои државата.„Пред неколку дена, луѓе од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот или и синот и таткото знаеле за тоа, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме таа акција“, рече Вучиќ, за ТВ Пинк, зборувајќи за запленувањето на пет тони марихуана на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.Тој изјави дека неговите противници сега велат: „бидејќи не е на насловната страница на ниту еден од таблоидите, државата сигурно е вмешана во тоа“.Пет лица се осомничени во случајот со рекордната заплена на повеќе од пет тони марихуана пронајдени во четвртокот во селото Коњух, во близина на Крушевац, и  се бранеа со молчење пред Обвинителството за организиран криминал на Србија.

Свет | пред 6 дена

vucic-45345

Вучиќ се огласи за нарко-афера која води до Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи по повод неодамнешната заплена на голема количина дрога во близина на Крушевац која дошла од Македонија, оценувајќи дека дел од јавноста и политичките актери се обидуваат секој успех на државата да го претстават во негативен контекст.„Што и да се случи, каде и да се случи, тие ќе свртат сѐ наопаку и за секој успех на државата ќе ја обвинат токму државата“, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм, реагирајќи на коментарите и критиките поврзани со случајот.Во меѓувреме, Посебното одделение за организиран криминал при Вишиот суд во Белград на 31 јануари 2026 година донесе решение со кое им одреди притвор на осомничените Н.С., Р.С. и И.Д., во траење до 30 дена. Притворот е изречен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, ризик од повторување на кривичното дело, како и поради тежината на делото и вознемиреноста на јавноста.Според судското решение, осомничените се товарат за кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, за кое е предвидена затворска казна подолга од десет години. Судот оценил дека начинот на извршување и последиците од делото можат да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка доколку осомничените се бранат од слобода.Против решението за притвор е дозволена жалба до кривичното вонпретресно веќе на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.

Свет | пред 1 седмица

media-library0vqk3sgqrbgs3LWFe4e

(Видео) Синот и сопругот знаеја дека чуваат дрога, раскажа мајката и сопруга на уапсените за тоните марихуана поврзани со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот во околината на Крушевац, случај кој српските власти го оценуваат како една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на земјата.Ана Спасојевиќ во изјава за српскиот таблоид „Република“ изјави дека семејството било угледно и дека не била свесна што се чува на имотот. Таа наведе дека знаеле нејзиниот сопруг и синот, но дека, според она што ѝ било кажано, станувало збор за нешто што привремено било оставено таму, само неколку дена.„Не ми е важно кој го сторил тоа, сè ќе се открие во истрагата. Ова ни се случува првпат во животот, ништо слично никогаш не сме имале“, изјави Спасојевиќ, додавајќи дека целата ситуација тешко ѝ паѓа и дека поради стресот не може да спие и зема терапија за смирување.И соседите изразуваат неверување. Комшиката Радмила Тодосијевиќ изјави дека веста за пронаоѓањето на дрогата ја затекнала и ја вознемирила, нагласувајќи дека семејството го познавала како работливо и чесно. Таа посочи дека Спасојевиќи со години живеат таму и се занимаваат со земјоделство, одгледување овошје и зеленчук, додавајќи дека немала никакви сознанија за нелегални активности.Во меѓувреме, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ им честиташе на припадниците на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните служби за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција кај Крушевац. Според него, станува збор за еден од најголемите и најзначајни успеси на српската полиција во борбата против организираниот криминал.„Оваа историска акција јасно покажува дека во Србија нема заштитени и дека секој што ќе помисли дека може да се сокрие зад партиска книшка за да врши кривични дела – нема да успее. Секој што се занимава со криминал ќе биде најстрого казнет и процесуиран согласно законот“, порача Гашиќ, нагласувајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е апсолутен приоритет на државата и дека се води без компромиси и без исклучоци.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq88cosuvfga65mJwSsc

Полицијата пронајде пет тони марихуана во Крушевац

Полицијата во Србија вчера изврши рекордна заплена на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац, при што се уапсени три лица, меѓу кои и таткото и синот Раде (68) и Небојша (40) Спасојевиќ. Дрогата беше пронајдена во магацинот на компанијата „Флораком доо“, која се занимава со одгледување саден материјал и производство и откуп на кисели краставички.Според информациите, Раде Спасојевиќ е советник на владејачката Српска напредна партија (СНС), а неговата компанија била центар за складирање и дистрибуција на марихуаната на територијата на Белград. Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека вредноста на дрогата на уличниот пазар се проценува на околу 50 милиони евра.Покрај марихуаната, полицијата пронашла и огнено оружје – најмалку четири автоматски пушки и еден пиштол – како и пари во износ од над 1.500.000 динари.Опозицискиот политичар Мирослав Алексиќ посочи дека, покрај тоа што е советник на СНС, Раде Спасојевиќ наводно е и близок соработник на министерката за одбрана Братислава Гашиќ.Ова претставува најголема полициска заплена на дрога во историјата на Србија и отвора сериозни прашања за врските меѓу политика и организиран криминал.

Свет | пред 1 седмица

marihuana

Полицијата пресече синџир на криумчарење дрога: Црногорец фатен со 56 килограми марихуана

Граничната полиција на преминот Јабука, на границата меѓу Србија и Црна Гора, пресекле уште еден синџир на криумчарење наркотици, откривајќи рекордна количина дрога скриена во специјално изработен бункер на возило.„Со заедничка акција на граничната полиција и царината на преминот Јабука, запленивме околу 56 килограми марихуана. Дрогата беше откриена при детална контрола на товарно комбе, при што беше уапсен возачот, државјанин на Црна Гора“, соопштија надлежните.Иако на прв поглед возилото делувало празно, искусните цариници и полицајци посомневале во конструкцијата на подот. При деталниот преглед со употреба на соодветен алат, откриено е двојно дно. Во внатрешноста на специјално изработениот бункер биле пронајдени десетици пакети обвиени со лента, кои содржеле сушена билна материја зелена боја, за која тестирањето потврдило дека е марихуана.Возачот веднаш бил лишен од слобода на лице место, а комбото со преработен под е одземено. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. На него му е определено задржување до 48 часа, по што ќе биде предаден на надлежното обвинителст

Свет | пред 1 седмица

media-library1gidp34bpug3eZ5IWTB

Пронајдени две торби марихуана во Скопје – лишени од слобода две лица

На 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје. При преглед на неговото возило беа пронајдени две патнички торби со марихуана.Следниот ден, на 27 јануари, околу 00:10 часот, на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од истата единица го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, кај кого беше пронајдена марихуана.По целосно документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Пронајдена марихуана во автомобил на кумановец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, поради основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Како што информираат од Обвинителството, при полициска контрола во Скопје, во автомобилот со кој управувал осомничениот биле пронајдени околу пет килограми марихуана. Дрогата била спакувана во вакумирани најлонски ќеси и сместена во куфер во багажниот простор на возилото.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 2 седмици

Marihuana

Фатен Србин кој се обидел да пренесе 130 килограми марихуана скриена во ладилник на приколка на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопшти ОЈО

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања